Најдобра авто школа за обука и полагање за Ц категорија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Gladiatorized
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 ноември 2015
Мислења
304
Поени од реакции
118
Почитувани колеги и колешки-кајганџии,

Во последно време сум сериозно заинтересиран за отпочнување на постапка за теоретска и практична обука и полагање за Ц категорија возачка дозвола во Скопје. Имено, ме интересира која авто школа нуди најдобри и најквалитетни услуги на пазарот? Исто така, ме интересира која авто школа има посолидни возила за Ц категорија (би сакал да возам во некои посолидни возила наместо старите ТАМ-чиња или Мерцедеси). Би бил презадоволен ако некоја од нив има вакво возило или нешто слично на истово.:D:P
C_kategorija.jpg

Однапред Ви благодарам на сите за одвоеното време!

Поздрав:)

p.s. Доколку темава е несоодветна за овој дел од форумов, ги охрабрувам администраторите да ја преместат таму каде што мислат дека треба да биде поставена. Однапред се извинувам доколку прекршив било какви правила на темава и воопшто на форумов.:D
 
Шo нaпрaе увoд бе кo небaре ќе прoдaвaш хербaлaјф...
Кaј и дa oдиш кaмиoните се гoре дoлу исти, и пoд 90тa гoдинa.
Не и се исплaќa нa ниеднa aвтoшкoлa дa ти нaбaви пoнoв кaмиoн зa пoлaгaње.
 
Пред некое време се донесе закон да возилата за Ц категорија да не бидат постари од 2008год. Се распрашував и ми рекоа дека моментално има само едно возило за зимање часови во Скопје и тоа на авто школа Шкорпион. Ако ситуацијата сеуште е исто ја би ти препорачал да почекаш бидејќи моментално овие се монопол за Ц категорија и дерат со цени поради таа причина.
 
ЈНА - авто единица.... В.П. 3618
ги добиваш сите категории и за во цивилство.
--------------------
дообјаснување (ама во мое време)
 
ЈНА - авто единица.... В.П. 3618
ги добиваш сите категории и за во цивилство.
--------------------
дообјаснување (ама во мое време)
Искрено ќе беше убаво да продолжеше да постои таа практика од минатото.:love: Знам дека ако си положел за Д категорија по автоматизам си ги стекнувал и правата за останатите помали категории.[DOUBLEPOST=1494627098][/DOUBLEPOST]
Пред некое време се донесе закон да возилата за Ц категорија да не бидат постари од 2008год. Се распрашував и ми рекоа дека моментално има само едно возило за зимање часови во Скопје и тоа на авто школа Шкорпион. Ако ситуацијата сеуште е исто ја би ти препорачал да почекаш бидејќи моментално овие се монопол за Ц категорија и дерат со цени поради таа причина.
А за АМСМ да не знаете нешто повеќе? Пред неколку дена кога поминував од кај нив забележав дека имаат паркирано товарни возила од понов тип на паркингот спроти нив. Знам дека забележав дека пишуваше „Авто школа“ на едното од нив.[DOUBLEPOST=1494627164][/DOUBLEPOST]
Шo нaпрaе увoд бе кo небaре ќе прoдaвaш хербaлaјф...
Кaј и дa oдиш кaмиoните се гoре дoлу исти, и пoд 90тa гoдинa.
Не и се исплaќa нa ниеднa aвтoшкoлa дa ти нaбaви пoнoв кaмиoн зa пoлaгaње.
Ха ха ха:ROFLMAO: Ок, разбирам. Но поентата ми беше дали може да се најде нешто од понов модел.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom