Најдобар тренер за 2012 година

  • Креатор на темата Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е најдобар тренер за 2012 година?

  • Дел Боске

    Гласови: 24 11,0%
  • Ди Матео

    Гласови: 57 26,1%
  • Прандели

    Гласови: 4 1,8%
  • Фергусон

    Гласови: 15 6,9%
  • Мурињо

    Гласови: 27 12,4%
  • Клоп

    Гласови: 66 30,3%
  • Хајнкес

    Гласови: 8 3,7%
  • Гвардиола

    Гласови: 14 6,4%
  • Манчини

    Гласови: 3 1,4%
  • Лев

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    218
M

Mario Gómez

Гостин
ФИФА и „Франс Фудбал“ ги објавија имињата на десетте кандидати кои ќе се борат за наградата најдобар тренер.

Висенте дел Боске (Шпанија)
Роберто ди Матео (Челзи)
Сер Алекс Фергусон (Манчестер Јунајтед)
Пеп Гвардиола (Барселона / без тим)
Јуп Хејнкес (Баерн)
Јирген Клоп (Борусија Дортмунд)
Јоаким Лев (Германија)
Роберто Манчини (Манчестер Сити)
Жозе Мурињо (Реал Мадрид)
Чезаре Прандели (Италија)

Нека има квалитетна дискусија! :D
 
Мојот глас оди за Клоп бидејки навистина постигна многу со Борусија Дортмунд 2 сезони по ред шампион на Германија и притоа бегајки на вториот со солидна предност пред другите.. исто така го освои ДФБ покал купот во финале против Баерн со 5-2. Немаа многу среќа лани во групната фаза но затоа годинава има шанси и како први да завршат.. одлични игри и победи против Реал и Ајакс за малку и Сити се извадија во 90+ минута..

Плус одличен осет за купување/продажба на играчи.. секој би посакал ваков тренер (y)

1.jpg
 
За мене оваа година има само еден победник - Висенте Дел Боске.

Редно е да го добие ова принание за успесите со Шпанија не само оваа година туку години уназад. Секако дека и оваа година го заслужи со освојување на ЕП.
 
4YukP4LpcUeUj7mA2c61Pw2.jpg
 
Клоп навистина брилијантен тренер.Доколку ги искористеше истите средства и имаше "готова" ќе го ставев Гвардиола пред него,но вака..
Клоп го презеде Дортмунд во не-многу добра форма и позиција на табелата, со релативно низок буџет направи екипа која што може како-така да му конкурира на Минхенски Баерн.
Клоп доста добар тактичар се покажа и во ЛШ иако несреќен беше резултатот од Сити,едноставно среќа за Сити,несреќа за Дортмунд.
Дортмунд од мал ми се допаѓаа како тим,но сега имаат посилен тим од порано. (y)
 
Сакам или Дел Боске или Клоп да ја добие, повеќе сум за првиот.
 
Штета што го нема Симеоне на анкетава,мислам прави одлична работа во Атлетико.
Инаку Клоп ми се издвојува од цела листа,со анонимни играчи млади,без милионски плачковци во составот 2 сеозни по ред им зеде титула на Баерн,предобра игра и концепт на работа.
 
Клоп ја заслужи титулата не поради оваа година, иако таа му беше врв во својот ангажман во Дортмунд и во оваа година ја круниса работата со најдобрата сезона на историјата во Дортмунд. За три години го прероди Дортмунд, од клуб пред гаснејне го врати во топ 10 во Европа. За прв пат Дортмунд го зеде шампионатот и купот, шампионатот со рекордни 81 бод. Но да не заборавиме дека во ЛШ Дортмунд немаше успех, напротив со слаби резултати одпадна.
Претежно овие награди им се даваат на играчи или селектори со успех во Европски куп или репрезентативен турнир. Тука Дел Боске е голем фаворит со освоено ЕП. Не сакам да го негирам успехот на Шпанија но мислам дека има разлики помеѓу селектор на репрезентација и селектор на клуб и би било можеби подобро да се направи посебна категорија. За мене Боске и Клоп се фаворити, можеби и Гуардиола е тука некаде.
 
Алооо бе, кај му е Роџерс во целава прича? Брендан Роџерс со Свонси без големи финансии стигна до 11 место. Моментално со клуб со поголеми финансии и со класа играчи е на само бод од 11 место. Сигурно е местена работа на Фифа.
 
Манчини :pos: :facepalm:
Клоп бидејќи успеа да ги исплеска Манчини и Мурињо. :icon_lol:
 
Манчини :pos: :facepalm:
Клоп бидејќи успеа да ги исплеска Манчини и Мурињо. :icon_lol:
Манчини сигурно е ставен како селектор на Англискиот шампион, поред повеќето најјаката лига. Ок си е во листата само тешко да земе прво место.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom