Жално, но се повеќе вистинито е дека само спомени остануваат од големото ривалство Пелистер - Вардар. Секој со своите проблеми скопјани и битолчани одиграа второ реми без голови сезонава.
Трендот нерешени натпревари се повтори уште на три стадиони низ земјава. Застана и лидерот, Македонија Ѓорче Петров на блиското гостување во Автокоманда кај Металург.
Металург остана доследен на сериозните намери за опстанок и против лидерот во првенството Македонија Ѓорче Петров.
Прволигашот од Автокоманда рамноправно влезе во дуелот и не се плашеше да нападне. Показател за тоа се 10-те корнери кои ги изведе во првиот дел, кој сепак заврши со почетниот резултат.
Македонија ги зеде работите под своја контрола на стартот од вториот дел и силно напаѓаше и од игра и од прекини.
Валоризација на трудот стигна во 78-та минута кога Клечкаровски погоди за водство.
Сепак само две минути подоцна Крсте Велковски ја искористи невнимателноста на противничката одбрана и го совлада Павловиќ поставувајќи ги конечните 1:1.
Постигнати се следниве резултати:
Табела:

- Хоризонт Турново - Силекс 1:0
- Пелистер - Вардар 0:0
- Напредок - Милано 1:1
- Победа - Ренова 2:2
- Металург - Македонија Ѓ.П. 1:1
Табела:
- Македонија Ѓ.П. 48 (бодови)
- Ренова 41
- Милано 40
- Вардар 35
- Работнички 32 (-1 натпревар)
- Хоризонт Турново 27 (-1 натпревар)
- Силекс 23
- Победа 20
- Металург 20
- Напредок 19
- Пелистер 19