Најдобар македонски клуб?

  • Креатор на темата Креатор на темата Quaresma^7
  • Време на започнување Време на започнување

За кој Македонски клуб навивате?

  • Работнички Кометал

    Гласови: 49 17,3%
  • Вардар

    Гласови: 125 44,0%
  • Пелистер

    Гласови: 24 8,5%
  • Победа

    Гласови: 20 7,0%
  • Шкендија

    Гласови: 7 2,5%
  • Македонија Ѓ.П.

    Гласови: 35 12,3%
  • Башкими

    Гласови: 1 0,4%
  • Напредок

    Гласови: 7 2,5%
  • Силекс

    Гласови: 3 1,1%
  • Ренова

    Гласови: 5 1,8%
  • Брегалница

    Гласови: 5 1,8%
  • Влазрими

    Гласови: 3 1,1%

  • Вкупно гласачи
    284
Жално, но се повеќе вистинито е дека само спомени остануваат од големото ривалство Пелистер - Вардар. Секој со своите проблеми скопјани и битолчани одиграа второ реми без голови сезонава.
Трендот нерешени натпревари се повтори уште на три стадиони низ земјава. Застана и лидерот, Македонија Ѓорче Петров на блиското гостување во Автокоманда кај Металург.
Металург остана доследен на сериозните намери за опстанок и против лидерот во првенството Македонија Ѓорче Петров.
Прволигашот од Автокоманда рамноправно влезе во дуелот и не се плашеше да нападне. Показател за тоа се 10-те корнери кои ги изведе во првиот дел, кој сепак заврши со почетниот резултат.
Македонија ги зеде работите под своја контрола на стартот од вториот дел и силно напаѓаше и од игра и од прекини.
Валоризација на трудот стигна во 78-та минута кога Клечкаровски погоди за водство.
Сепак само две минути подоцна Крсте Велковски ја искористи невнимателноста на противничката одбрана и го совлада Павловиќ поставувајќи ги конечните 1:1.

Постигнати се следниве резултати:
  • Хоризонт Турново - Силекс 1:0
  • Пелистер - Вардар 0:0
  • Напредок - Милано 1:1
  • Победа - Ренова 2:2
  • Металург - Македонија Ѓ.П. 1:1
Слободен беше Работнички.

Табела:
  1. Македонија Ѓ.П. 48 (бодови)
  2. Ренова 41
  3. Милано 40
  4. Вардар 35
  5. Работнички 32 (-1 натпревар)
  6. Хоризонт Турново 27 (-1 натпревар)
  7. Силекс 23
  8. Победа 20
  9. Металург 20
  10. Напредок 19
  11. Пелистер 19
 
Пато се е ОК,но мислам дека има тема за македонското првенство,ако нема отвори ти..И мислам дека оваа не е тема Македонско првенство(за да ставаш резултати) туку Најдобар македонски клуб.
 
Фудбал на домашното боиште. Победа не можеше да посака потешко гостување во понезгоден момент. Во саботното велигденско 25. коло од Првата лига прилепчани гостуваат во Ѓорче Петров, кај водечката Македонија.
Лошиот абер од УЕФА веројатно ќе биде психолошки товар плус во жестоката борба за опстанок. И бод за Победа реално ќе биде голем успех.
Македонија пак, ако сака да одбројува до гаранција за титулата нема друга опција освен триумф.
„Очекуваме да не изгубиме, одиме на нерешен резултат, да се бориме, па се надеваме дека ќе извадиме поволен резултат и дека нема Македонија лесно да триумфира како минатите два пати“, рече Илија Несторовски, ФК Победа.
„Се надеваме дека ќе освоиме барем еден бод, а зошто не и трите бода. Иако одиме без неколку стандардни играчи, се надеваме на позитивен резултат“, вели Филип Мирчески, ФК Победа.
„Домашниот терен, екипата којашто во моментов мислам дека е поквалитетна, секако би требало да е наша предност, но ќе кажам уште еднаш, нема лесен натпревар, секој натпревар за нас е многу важен и секој натпревар значи чекор поблиску до освојувањето на титулата. Без разлика на сите случувања коишто во моментов се во Победа, ние си ја гледаме нашата работа и се надевам дека ќе ја извршиме коректно до крај“, изјави тренерот на Македонија ЃП Илчо Ѓорѓиевски.

Двојки за 25. коло:
  • Силекс - Металург
  • Македонија Ѓ.П. - Победа
  • Ренова - Напредок
  • Милано - Пелистер
  • Работнички - Хоризонт
Слободен во ова коло е тимот на Вардар.

Табела:
  • Македонија Ѓ.П. 48
  • Ренова 41
  • Милано 40
  • Вардар 35
  • Работнички 32 (-1 нат.)
  • Хоризонт Турново 27 (-1 нат.)
  • Силекс 23
  • Металург 20
  • Победа 20
  • Напредок 19
  • Пелистер 19
ИЗВОР - http://www.a1.com.mk/vesti/fudbal/default.asp
 
Тебе и господ тешко е да те разбере, верувај...Не им е лесно на админиве и модераториве!
 
Тебе и господ тешко е да те разбере, верувај...Не им е лесно на админиве и модераториве!

Зашто тешко да го разбериме...Јас еве супер го разбирам...:img:
 
Зашто тешко да го разбериме...Јас еве супер го разбирам...:img:

Темата гласи “НАЈДОБАР МАКЕДОНСКИ КЛУБ“! Не гласи МФЛ!! Има посебна тема за Македонска лига, и може слободно таму да си го копира ова, а не овде.
 
Темата гласи “НАЈДОБАР МАКЕДОНСКИ КЛУБ“! Не гласи МФЛ!! Има посебна тема за Македонска лига, и може слободно таму да си го копира ова, а не овде.
Кај има бе???
 
Кај има бе???

Незнам дали има или нема, важно оваа тема не е за тоа. Ако нема отвори и готово. Ајде ако нема за нешто што сакам ја тема, ќе пишем у некоја друга, што нема врска со тоа. Така? Отвори тема за Прва МФЛ и готово.
 
Резултати:
  • Македонија ЃП - Победа 3:0
  • Милано - Пелистер 4:1
  • Работнички - Турново 3:1
  • Ренова - Напредок 3:0
  • Силекс - Металург 0:3
 
Вардар, се разбира.:smir::helou:
 
Денеска со почеток во 16:00 часот, се играат натпреварите од 26-то коло во Првата македонска фудбалска лига.
Се среќаваат:
  • Работнички - Силекс
  • Хоризонт Турново - Вардар
  • Пелистер - Ренова
  • Напредок - Македонија Ѓ.П.
  • Победа - Металург
Слободна во ова коло е екипата на Милано.
Табела:
  1. Македонија Ѓ.П. 51 бод
  2. Ренова 44
  3. Милано 43
  4. Работнички 35 (-1 натпревар)
  5. Вардар 35 (-1)
  6. Хоризонт Турново 27 (-1)
  7. Силекс 23
  8. Металург 23
  9. Победа 20
  10. Напредок 19
  11. Пелистер 19
 
terenot pod tumbe kafe e mnogu mokar:pos2:
Ова ти беше јако.
Инаку екипите на Металург Вардар и Македонија Ѓ.П. одиграа реми на гостувањата ова коло со идентчни 1-1 во сите 3 натпревари.
Пелистер на домашен терен против Ренова победи со 1-0 а Силекс на гостувањето кај Работнички победи со 1-2.
НАПРЕД МЕТАЛУРГ
 
А бе друже дај разбери се бе . Темава е НАјдобар Македонски Фудбалски Клуб и за кој Македонски Фудбалски Клуб Навивате . А не ти прегледи на коло да си правиш тука . РАзбери се веќе еднаш . Не ти враќав мислев ќе се оправиш ама ти продолжуваш . Ова ти го кажувам за да не бидеш досаден на сите . :helou:
 
Епа го пребарав цел подфорум и само оваа е тема за македонската прва лига.Отворив тема за Македонско првенство Фантом ми пишува имало тема.Е кај има де,кога само оваа е.Можеби мислел на втора лига шознам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom