Најди ја топката (фото)

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
За денес имаме една тешка задача. Треба да ја најдете топката на сликата :D

Неколку фотографии од натпреварот од Општинската фудбалска лига Охрид помеѓу Куратица Рудар - Дебрца:
off.net.mk-10201.jpgoff.net.mk-10203.jpgoff.net.mk-10202.jpg

Погледнете на каков "Стадион играат" Еве ја нашата фудбалска иднина :confused:

Едноставно немам некој посебен коментар 3 слики 30.000 зборови :facepalm:
 
А јас вака ненаспан си мислев дека ова е некоја форумска игра, па петнаесет (добро, помалку) минути зјапав во првава слика барајќи ја топката и не сакав да скролувам надоле зошто мислев дека на следната слика е "решението"...
 
:pos::pos::pos::pos: хахах ме изнасмеа :pos::pos::pos:
 
Чудно... судијата не би смеел да дозволи натпревар на ваков терен - се разбира ако натрпреварот не е пријателски, одигран чисто за некаква рекреација
 
Легендата бели дека во едно планинско село во Македонија теренот бил на мал рид и кога ќе била во напад противничката екипа еден од фудбалерите стоел на врвот од ридчето како извидник и кажувал кога идат противниците за да се организира одбраната.
Стоел и викал "Бате идат".
 
1. Преку ноќ пораснала,вчера не беше вака-изјава на надлежните
2. Зошто во Македонија не се сее памук - нема кој да го собере.
3. Овие играчи каде тренирале,од понеделник до петок-во метрополата.
4. Метрополските идни мозоци на државата отишле да се рекреираат,-дома.
5. Ај колку сакам да косам трева,место да седам со часови пред монитор.
6. Кој вели нема трева за пасење,јас велам нема овци-сите станаа лавови.
7. И сега некој ќе ме убедува дека сме сељаци-а еве се гледа сељаци нема
8. Се отварат нови дисперзирани студии во Охрид за - ВС косачи на трева.
9. И џамлијата има центар и провинција,и теренов ама и Македонија.
10. Сега конечно сватиф дека на некој им е мозокот во нозете- види слика.
 
Легендата бели дека во едно планинско село во Македонија теренот бил на мал рид и кога ќе била во напад противничката екипа еден од фудбалерите стоел на врвот од ридчето како извидник и кажувал кога идат противниците за да се организира одбраната.
Стоел и викал "Бате идат".

Заедно со „имам еден братучед во волците беше и ми кажуваше за Тетово 2001“, и „абе шо имам една братучетка, капацитет, сите десетки, абе комјутер“, оаа приказна е најраспространета и најуниверзална. Сите имаат братучед, или познаник што во рандом село гледал натпревар на “кривиот терен“.
 
Тоа е како концертот на Пистолси во Манчестер, на него биле документирани со камера околу 30/40 луѓе, а кога правеле документарка за нив во интервју пола Манчестер се колнеле дека биле на концертот. :D

http://www.bbc.co.uk/manchester/content/articles/2006/05/11/110506_sex_pistols_gig_feature.shtml
 
Баш е убаво бе, зелено сето, цвеќиња расцутени... пролет!
 
незнам толку шо се запнале со ова...никогаш не се коселе селските терени па сега
едноставно поќе дожд и израсна поќе и немаше време да ги пуштат кравите и овците да ја испасат (како шо е на сите селски терени)
ама и зошто прифатиле да се игра стварно незнам
 
за Хари ова е Градски Терен
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom