Повеќе карактеристики или фактори, па од некои повеќе, од некои помалку, сплотени во едно- резултат наивност.
Може да станува збор за срамежливост. Таа срамежливост на некој начин значи и мала или никаква самодоверба. Понатаму, преголема попустливост (т.н. преголема добрина), а тоа е всушност неспособност да се каже "не". Слепа доверба во се што ќе чуеш и видиш, што па граничи со глупоста. Страв. Од се по нешто, но доволно за да бидеш оквалификуван како наивен.
А секој од нас бил, е, или ќе се најде во таква ситуација. Секој некогаш негде погрешил, бил изманипулиран, сеедно.
Ако е доволно паметен, ќе извлече поука и веќе не наседнува така лесно.
Ако е доволно наивен, продолжува со истите грешки.
А дека е некој толку мудар или искусен, па може да биде имун на наивноста, не верувам. Секогаш, ќе се наоѓа некој друг уште попаметен и уште поискусен и уште попаметен и уште поискусен...