Наивност

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.156
Возраст
39
Што всушност е наивноста?Дали е неинформираност, можеби помалку и одлика на глупавост или недостаток на искуство? Сметате ли дека за некои работи сте сеуште наивни или пак мислите дека сте премногу итри и никој не може да ве надитри?
 
Мајка ми како дете викаше дека сум многу наивен :icon_lol:.
Наивност, смотаност се фини имиња за мала глупавост, гревота од Господ е глуп човек да го заебаваш и јас не го правам тоа, и секогаш се се некои префригани :icon_lol:.
Наивност е мала глупавост.
 
Мислам дека како помал кога ќе сум дошол дома ќе ме искарале БРЕЈ АМА СИ НАИВЕН КАО УСПЕАЛЕ ДА ТЕ ЗЕЗНАТ.Со грешките се учиш.Јас сеуште учам една личност како да не биди наивна зашто други биле себични па не и кажале.Најчесто добрите и срамежливите се најчесто најнаивни според мене.
 
Велат дека сум наивна затоа што им верувам на луѓето и во сите гледам добро. Ако тоа што ги сакам луѓето и им верувам и сакам да им верувам и од секој човек гледам да извадам позитивни карактеристики ме прави наивна, онда ок, ќе си ја носам таа титула, ич немам проблем.
Не знам, наивноста обично ја поврзуваат со преголемата доверба, макар што јас не се согласувам. Тоа што човек сака да ги гледа позитивните карактеристики кај луѓето (што сите луѓе ги имаат) не го прави наивен.
И покрај тоа што некој не повредил и продолжуваме да им веруваме на луѓето, не значи дека сме наивни, туку сфаќаме дека не се сите луѓе исти и дека и тоа што исто некој не повредил не го прави секогаш лош човек.
 
Наивен е лоша особина со добри карактеристики.:pos2: Озбилно, да си наивен е да си премногу добар кон некој ( или стварно глуп ) али претежно наивните се премногу добри и често тоа се злоупотребува. Затоа е лоша особина. Знам дека ќе горам негде во 7 круг од пеколот пошто досега имам еден куп наивни заебано :nesum: :smir:
 
Oф леле,ни самата незнам колку сум наивна.Секој може да ме излаже како што сака.Многу го користат тоа.На секого верувам.Велат од грешките се учи ама јас никако да научам.
 
Oф леле,ни самата незнам колку сум наивна.Секој може да ме излаже како што сака.Многу го користат тоа.На секого верувам.Велат од грешките се учи ама јас никако да научам.

Toa ти е лошо. Не треба така, со твојата наивност и на некој начин им се понижуваш на тие кои го искористуваат тоа, и се доведуваш во ситуација да неможеш да си го кажеш својот став и мислење за некоја работа, и би морала да прифаќаш некои ставови со кои не се согласуваш. Така да пробај да го смениш тоа, ќе влијае позитивно на твојата личност. :wink:
 
Oф леле,ни самата незнам колку сум наивна.Секој може да ме излаже како што сака.Многу го користат тоа.На секого верувам.Велат од грешките се учи ама јас никако да научам.

Да се надоврзам на Панда. Ти имаш недостаток на самодоверба. Тоа е причината за твојата наивност. Исто така премногу се грижиш за другите. Знам како ти е. И јас до пред 3-4 години размислував и гледав повеќе за на другите да му угодам отколку себе. Мораш да ја крениш самодовербата на поголемо ниво ако не сакаш до крајот на животот да го имаш истиот проблем. Сега е многу полесно дур си помлад, но кога ќе порасниш проблемите кои ќе ти ги прават ќе бидат поголеми и поопасни. Првин за себе, потоа за другите. Јас тоа го извежбав на следниов начин: ако некој кажи нешто и да сум свесен дека тој е повеќе во право, јас не се согласував и можеби и една недела ми требаше да најдам сам причина зошто не се согласувам. Така се гарди сопственото мислење, а сопственото мислење е прв чекор за самодовербата и губење на оваа грда особина - НАИВНОСТ :smir:
 
Наивен не би рекол дека сум, секогаш кога се запознавам со нови личности гледам од почетокот да ги проанализирам и барем колку-толку да го откријам нивните намери. Ако некој ме надитри, тоа значи дека е попаметен од мене, не дека јас сум наивен. Наивен ќе сум ако со истата финта успее да ме надитри по втор пат. :)

Одамна имам гледано еден филм не ми текнува кој беше, беше искажана многу мудра реченица. Нешто вака беше "Ако можам некако да платам, или со нешто несвесно те предизвикам да ми покажеш на што се си способен да направиш за мене, тоа е цена со која можам да живеам".
Наивно им верувам на оние кои што ми се блиски, ги сакам, секојдневно сум со нив. Не сакам ни да помислам да посомневам, дека со било која работа можат некако да ми наштетат. Подобро е на некој слепо да му верувам и ако грешам тоа да се покаже што побрзо, отколку цел живот да живеам во сомнеж.
 
наивност е кога сите можат да те вртат околу малото прсте. наивните луѓе се многу добри луѓе, сакаат на сите да им угодат а за нив не гледаат. лоша е оваа особина
 
Јас сум наивен... е сега дали сум малку глупав или пак со добро срце или во се гледам позитивно....зависи од оние кои што ја искористуваат мојата наивност. Тие за да си ја оправдаат нивната намера од мене да искористат, добијат или се послужат со нешто, во себе ќе си речат за мене: „еј види го што глуп човек“ или „еееее......“ итн...Така полесно ќе дојдат до заклучок, дали повторно ќе ја искористат мојата наивност или пак ќе ми вратат со иста таква наивност...:toe:
 
Според мене да си наивен не значи да си глупав. Наивноста е дел од карактерт на човекот, таа го гради неговиoт карактер. Но сепак наивноста може да отиде во некоја граница на глупавост но не мора да биде случај за сите.Во глупавост веке преминува кога некој ке те искористи на повеке начини и ти секогаш дозволуваш тоа да се повтроува и повторува во неповрат. КОга веке еднаш или двапати ке те искористат и ти стануваш свесен за тоа третиот пат и веке ти автоматски треба да си ја проемниш својата постапка. Коа сме биле помали речисисите сме биле наивни (добро се чест на исклучоци). Кракатерот се гради со годините и скуството. И мислам дека тука лежи одговорот на наивноста. Недостатокот од искуство не прави некогаш да направиме некои наивни постапки, за кој подоцна ке сватиме дека можеби биле глупави. Секое време со носи различни размислување и ставови, така секако никој не размислува исто на 5, 10, 15 или 25 години итн. Не сметам дека никој до вас сто е наивен е глуп само што на другите име послесно да речат ејј овој е глуп за да мошат повеке да го експлатираат. И јас сум била наиивна во некои ситуации од животот но сега коа веке сум ги преживеела истите повекепати искуството не ми дозволува да згрешам. Но сепак мислам дека секој треба да си има во себе трошка на добро и лошо бидејки има луѓе кои дефинитивно заслжуваат да си предообар со нив но и постојат такви со кој стварно треба да си -bitch:wink:
 
Наивност оправдувам само кај деца и во оние проблематични тинејџерски години.Нормален возрасен човек,со искуства зад себе треба рационално да ги пресудува ситуациите и луѓето.Да нема илузии дека сите луѓе се прекрасни,дека му го мислат најдоброто и дека може да им верува на сите.Не е се така како што изгледа-треба работите малку подлабоко да се промислат.
Да,особина е на добрите луѓе но е штетна затоа што многу лесно се искористува from the bad guys.

Сепак...нов феномен: наивноста се користи за да се прикријат вистинските чувства и вистинското лице-тивка вода,брег рони :wink:ignorance is bliss и таквимитиствари.
Затоа и не верувам на оние премногу наивни што ох...на мравка не газат :pipi: .
 
Повеќе карактеристики или фактори, па од некои повеќе, од некои помалку, сплотени во едно- резултат наивност.
Може да станува збор за срамежливост. Таа срамежливост на некој начин значи и мала или никаква самодоверба. Понатаму, преголема попустливост (т.н. преголема добрина), а тоа е всушност неспособност да се каже "не". Слепа доверба во се што ќе чуеш и видиш, што па граничи со глупоста. Страв. Од се по нешто, но доволно за да бидеш оквалификуван како наивен.
А секој од нас бил, е, или ќе се најде во таква ситуација. Секој некогаш негде погрешил, бил изманипулиран, сеедно.
Ако е доволно паметен, ќе извлече поука и веќе не наседнува така лесно.
Ако е доволно наивен, продолжува со истите грешки.
А дека е некој толку мудар или искусен, па може да биде имун на наивноста, не верувам. Секогаш, ќе се наоѓа некој друг уште попаметен и уште поискусен и уште попаметен и уште поискусен...
 
Наивноста е прекрасна особина ,зборува за човек кој има чиста душа, им верува на луѓето , ги сака ги прифаќа онакви какви се и секогаш наоѓа оправдување за нивните постапки .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom