Набавка на роба на големо за во бутик ?

  • Креатор на темата Креатор на темата brzi82
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 декември 2009
Мислења
292
Поени од реакции
103
Имам во план да почнам со таков бизнис да отворам бутик - конктерно за кондури (машки,женски),за женски ташни и за бижутерија,па како што кажува и самиот наслов ме интересира дали некој знаете да ме посочите каде би можел да набавувам роба на големо,дали знаете каде дуќанџиите ја набавуваат робата,дали има некои магацини кои продаваат на големо и каде се наоѓаат дали во Скопје или по другите градови или пак робата ја набавуваат сами директно од Турција (претпоставувам пошто гледам повеќето роба по бутициве е турска) или незнам од каде...

Ве молам за помош кој знаете да ми кажете,ви благодарам.
 
Искрено ја незнам како туку-така си се решил да почнуваш ваков бизнис кога ни самиот немаш појма како функционира и од каде уопште роба да увезуваш... И на кајгана прашуваш за помош...

Мој совет, најдобро не ни отварај бутик оти очигледно не си баш за тоа, без навреда али ова стварно покажува колку сериозен и добар ќе ти биде бизнисот...
 
А зошто некој од овие што водат таков бизнис учен се родил кога почнал ?
Нормално дека кога нешто ме интересира ке прашам да се информирам,а може да види и некој друг што можда го интересира тоа,а инаку од твојов непотребен коментар никој нема корист па така да немаше потреба од твојот пост без навреда и ти.
 
Е па голем дел од продавачите набавка на роба вршат од ШУТКА каде земаат 3 за стотка, а после во скопските населби се продава на големи цени. Иначе сета роба кај нас е кинеска затоа немаме ништо квалитетно во македонија, а ако веќе сакаш МАЛЦЕ за цм поквалитетна роба одиш до бугарија, таму ти е мешовите робатра турска и кинеска, али турската важи за подобра. Ќе си набавиш еден куп турска роба од ИЛИЕНЦИ во бугарија и ќе си бркаш бизниси тука и ќе ги лажиш луѓето, демек ова е оригинал од него нема кинење, дури не му го продајш, а дали ќе истрпи чевлата не се ни знае.
А да, последно време народот избегава да купува кинеска роба а продавачите лажат демек: Им лепеле made in china налепници поевтин бил увозот со нив, а иначе кинески се.

Ако сакаш веќе бутик да отвораш, еве ти пример за шо мојш да крениш ќар:

Бутик за фармерки, дуксерки пантоломи, јакни итн, тие нон стоп се купуваат и повеќе од чевли и ташни.
Бутик за женска долна облека женски чорапи итн (и тие имаат нон стоп ќар)
Шминкање, комезтички ствари итн, и тие нон стоп бркаат раб.

Ти види си шо е најпродавано па одбери си тоа да продаваш:-)
 
Бутик за танги :icon_lol:.

И тоа машки :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 
Фала ви на одговорите :)
 
Зависи какви чевли ќе продаваш.Ако сакаш „марки“ тогаш ги набавуваат од Италија директно.
Ако сакаш глумење на марки набавуваат од Турција.
И ако сакаш чевли кој се купуваат на големо за 3 евра,тогаш набавуваш од Унгарија. Се разбира не се Унгарско производство туку со контејнер ги носат од Кина. Купувањето оди лично и утоварот е со лично присуство на газдата. Тоа се како паркинзи на кој се шитка робата.

п.с. мислев дека руре прашува за нов бизнис :icon_lol:
 
Прво кажи ми какви патики и чевли сакаш, јас можам да те поврзам со еден дечко кои продава на големо во цела Македонија.

Ме интересира за нормални обични како сите што носат- нормален народ,не барав марка да се некои скапи пошто народот нема пари за марки,а тој твој пријател со каква роба се бави и од кај е робата ? Оригинали само или секаква роба турска или веќе какви ли се?Има магацин или ?Напиши ми број негов на пп па кога ке дојде време ќе го исконтактирам.
 
Еднаш имав купено кондури во ГТЦ , потоа ми кажаа дека исти виделе у Шутка.

Некои зимаат роба од Турција , одат таму лично. Еднаш видов во еден бутик , во ноќните часови растоваруваа роба од турски камион, во големи црни најлони залепени со селотејп , а потоа ги продаваат како брендирана роба.

Брзи82 , не очекувај од тие што водат таков бизнис да ти кажат од кај набавуваат, имаш и во старата скопска чаршија продавници што продаваат наголемо ( од Мустафа Пашината џамија има една удолница што води кон пластичарска , целата е со продавници на големо) оди таму гледај. Треба да знаеш да одбереш добри кондури, да знаеш што се бара.
 
Еднаш имав купено кондури во ГТЦ , потоа ми кажаа дека исти виделе у Шутка.

Некои зимаат роба од Турција , одат таму лично. Еднаш видов во еден бутик , во ноќните часови растоваруваа роба од турски камион, во големи црни најлони залепени со селотејп , а потоа ги продаваат како брендирана роба.

Брзи82 , не очекувај од тие што водат таков бизнис да ти кажат од кај набавуваат, имаш и во старата скопска чаршија продавници што продаваат наголемо ( од Мустафа Пашината џамија има една удолница што води кон пластичарска , целата е со продавници на големо) оди таму гледај. Треба да знаеш да одбереш добри кондури, да знаеш што се бара.

Во право си јас и не очекував дека ке ми каже некој каде има ама пак еве добив неколку одговори за тоа што ме интересираше одприлика,и во право си дека треба да се знае што да се одбере не да бидат било какви туку да бидат убави добри некои,фала ти и поздрав.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom