Поставив прашање, не дадов одговор. Секако дека не сме исти, не сме адвокати на Србија. Српскиот свет не е наш свет. За време на бугарското владеење со Македонија не бил спроведен попис на населението, па затоа не знам за каков попис зборуваш.
Еве пописи од времето на Отоманската империја (не се Бугарски):
Прегледај го приврзокот 456731
Прегледај го приврзокот 456732
Прегледај го приврзокот 456733

Отоманскиот попис не бил спроведуван врз етничка, туку врз религиозна основа.
Дури и во 19 век, поделбата измеѓу христијаните и муслиманите била клучен фактор во одредувањето на тоа како луѓето го перцепирале сопствениот идентитет: покрај Словените, имало и муслимански и христијански Турци. Бугарскиот идентитет сè уште не постоел во тоа време, туку, како што е опишано погоре, бил вештачки создаден од панславистите предводени од Русија во текот на 19 век.