Филип Рикер даде изјава која e своевидно Американско зелено светло за власта во Приштина да воспостави контрола над северниот дел.
Сега во септември ќе има преговори и речиси е сигурно дека владата на Србија ќе попушти на притисокот односно ќе се согласи.
Како ќе реагира народот, тоа е друго прашање. Ситуацијата може да биде многу опасна во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите, а Србите може многу лесно да ги снајде уште една "Олуја".
Проблемот за нас е доколку има поделба на Косово. Србите го бараат северниот дел, а индиректно го отвараат прашањето на западна Македонија како компензација. Ако пак шќиптарите го изгубат северниот дел, тие ќе бараат компензација.
Се сложувам горе дека на САД не им одговара дестабилизиран Балкан, но проблемот е како го уредуваат да биде стабилизиран.