На Нова Година, "welcome to Kosova"

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Чудна работа се деси синојка...додека седев дома пред телевизор откако си честитавме Нова година, ми стигна порака:

From: ipko

Welcome to Ipko GSM network
Have a pleasant stay in Kosova.


Последен пат кога проверив низ прозор бев во Скопје, а и цела ноќ бев трезен, порака уште ја чувам...

Му стигна уште на некој ваква порака бе? :)

Да не се прошируваат накај Македонија Ипко? Кој незнае, Ипко е скоро нов мобилен оператор, во сопственост на Словенија Телеком и фирма сестра на Он.нет.
 
Тоа во која населба во СК го фати тој сигнал?
 
Еден мал совет до тебе друже на самиот мобилен сетирај мануелно барање на мрежата . Сетирајго случајно да не ти наплатат роаминг
 
Мене ме префрли автоматски на Vodafone AL, албанска мрежа... А бев во центарот на Охрид. Од преоптовареност на мрежата е десено изглеа.
 
порано кога ќе влезев во ентернет ми стигаше порака добредојдовте во косово.
 
Шојма врска во која. Скопје е одалечено од Косово едно 50 км ако не се лажам.
кога некој нема поима од радио бранови и нивно користење подобро нека не пише без врска.
Скопје не е на 50км од границата така да се лажеш
 
кога некој нема поима од радио бранови и нивно користење подобро нека не пише без врска.
Скопје не е на 50км од границата така да се лажеш
Добро, немам поима. Ај сега ти така убаво просветли ме за радио брановите и за тоа колку е оддалечен Скопје од Косово.
 
Јас живеам во Лисиче и на сестра ми и стигна :toe::toe: значи што да направи за да не и стигнуваат вакви пораки?
 
Нека намести рачно да ја одбира мрежата а не автоматски. Кога ќе откаже твојата, ако е на автоматски наместено, може да одбере некоја друга (во случајов некоја Косовска). При местење на рачно бирање, кога би се случило она погоре, ќе ти се појават на дисплеј сите мрежи што ги гледа мобилниот за да си одбереш која ја сакаш ти.
Верувам некој со поголемо разбирање околу проблематикава може да даде по логичен одговор зошто и кога се случува ова.

Околу оддалеченоста...
 
Тоа е грешка на нашите оператори во нивните системи (Зависи на кој оператор си), на фреквенција од 860/960 mhZ предавателот неможе да "дофрли" 50 км бидејки зрачи со 35mW/m2, да си бил на повисока точка можно е, aма среде град.. неможно јас еднаш од зајчев рид фатив косовска мрежа, ама ипак од таму имаш прегледност натака.. Поздрав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom