На магистри и на доктори им нудат 12.000 денари плата

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин

Меѓу невработените магистри најмногубројни се оние по правни науки - 163 лица, а по нив се нивните колеги-магистри по економски науки, кои се вкупно 63 лица

diplomci-%2822%29.jpg

transparent.gif

ПОДОБРО ДОМА ОТКОЛКУ НА РАБОТА
„Моите родители даваа по 1.200 евра годишно само за школарината што требаше да ја платам на Факултетот за стоматологија. Магистерските студии и одбраната на магистерскиот труд чинеа дополнителни 2.000 евра. И како, по толку вложени пари во моето образование, да работам за 12.000 денари плата во некоја ординација“.

Ова е ставот на Никола Глигоров, магистер по стоматолошки науки. Тој е само еден од евидентираните 531 невработен магистер на науки во Агенцијата за вработување. Бројот на невработени високообразовани кадри расте, а тоа го покажуваат извештаите на Агенцијата за вработување.

Според последниот извештај, имаме и 26 доктори на науки што чекаат работа.

- Не потценувам никого, но не може да ме плаќаат колку што го плаќаат келнерот во кафуле.
Размислувам да специјализирам на орална хирургија или протетика, па да си отворам ординација.
Специјализацијата би ме чинела 12.000 евра, без разлика дали ќе се одлучам за ваква наобразба во земјава или во странство. Кога веќе цената е иста, размислувам да одам во Италија. Само така ќе ми се исплатат дипломата и знаењето – вели Глигоров.

Најмногубројни - правници и економисти

Во последниот извештај за невработеноста на Агенцијата за вработување има најголем број евидентирани дипломци, магистри и доктори на науки во споредба со сите претходни извештаи. Така, без работа се 21.473 дипломци, 531 магистер и 26 доктори на науки. Само пред пет години имало 18.600 дипломирани лица без работа, 150 магистри и само шест доктори на науки.

Бројките покажуваат дека меѓу невработените магистри најмногубројни се магистрите по правни науки, 163 лица, а по нив магистри по економски науки – 63 невработени лица. Без работа се 20 невработени магистри по политички науки, 19 се магистри на педагогија, а 11 се магистри на науки за јавна администрација. Освен нив, има четворица доктори на ветеринарни науки, тројца доктори по филозофија, еден доктор на економски науки, доктор на правни науки.

Според експертите, менталитетски се определуваме за студирање на правните и на економските науки.
- Атрактивноста на општествените науки е присутна веќе подолго време. Помалку ги избираме техничките науки, што е резултат на значајната трансформација на македонската економија, кога многу индустриски капацитети се затворија, а со тоа и техничките профили се намалија. Можностите за студирање економија и право се многу поголеми во однос на другите, поради бројноста на факултетите што ги има. Ги избираат овие студии и оти можат и сами да работат како економисти, да имаат свој бизнис, да станат адвокати, судии – смета Томе Неновски, професор по економија на „Американ колеџ“.

Но, додава тој, луѓето полека сфаќаат дека треба да се студираат и технички науки.

- И економијата покажува потреба за такви профили, а и странците што инвестираат кај нас се заинтересирани за т.н. технолози од општ вид. Полека се придвижува менувањето на структурата на завршените кадри, но сепак ќе доминираат оние на општествените науки – додава Неновски.

Сосила ги туркаат правниците на мастер-студии

Бројот на магистрирани правници без работа е голем зашто студентите сосила се туркаат да се запишат на мастер-студии, оти дипломата со тригодишно образование не им вреди ништо посебно, сметаат универзитетски професори.

- Конкретно, за студентите на правни студии не е добар моделот 3+2 (три години додипломски и две години мастер-студии). Мислам дека избравме лошо решение. Со тригодишни додипломски студии студентот не може да полага правосуден испит, а може да работи единствено некои административни работи во некоја адвокатска канцеларија. Сметам дека моделот 4+1, односно четири години дипломски и една година мастер беше модел што функционира и би требало да се врати – вели професорката Тања Каракамишева.

Дека е спорен моделот 3+2 тврди и професорката Гордана Силјановска, според која три години се премалку за добар профил на правник.

- Некако сосила ги туркаме студентите на мастер-студии, а веројатно кога тие би нашле работа со четири години не би оделе таму каде што не постои предизвик за нив – вели таа.
Невработени во февруари 2012:
  • 21.473 лица со високо образование

  • 531 магистер на науки
  • 26 доктори на науки
Пред точно пет години:
  • 18.600 лица со високо образование

  • 150 магистри на науки
  • 6 доктори на науки

Автор: Антонија Поповска Христов
 
Добри се, мене 10 000 ме плаќаа ќерата нивна расипана.
 
Паааа, минималната плата е 8.050 денари, 9.700 ако си завршил факултет, за магистар незнам дали има определена минимална, а за доктор е од 12.000 па нагоре, а никој не гарантира дека ќе има работа. Така остваwуваме.
 
Добри се, мене 10 000 ме плаќаа ќерата нивна расипана.

mene pak voopsto volontiram
a predhodno rabotev za 7 000 denari taka da ova e realnosta vo makedonija.
--- надополнето: 5 април 2012 во 17:15 ---
Паааа, минималната плата е 8.050 денари, 9.700 ако си завршил факултет, за магистар незнам дали има определена минимална, а за доктор е од 12.000 па нагоре, а никој не гарантира дека ќе има работа. Така остваwуваме.


minimalna plata vo Makedonija tesko ???
nekade e 6000, nekade i podolu sekade e razlicno samo edno e sigurno deka ne e 8 000 denari.
 
minimalna plata vo Makedonija tesko ???
nekade e 6000, nekade i podolu sekade e razlicno samo edno e sigurno deka ne e 8 000 denari.
8.050 е со закон, ама кој закон...

Во седум фирми во Куманово работодавачите им исплаќале плата на вработените под минималната, утврдила контролата на Регионалниот синдикален совет од Куманово и претставниците од државниот инспекторат ...
http://www.time.mk/cluster/00202f40...lakale-rabotnicite-pod-minimalnata-plata.html


Вистинскиот ефект од минималецот ќе се види деновиве бидејќи првата минимална плата веќе е исплатена. Законот е донесен минатата година, а неговата практична примена почна во јануари годинава. Социјални партнери се договорија висината да изнесува 8.050 денари или 130 евра.
http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/tribina-za-minimalnata-plata
 
Ех ова е трагедијата на нашава држава, си учел цела младост до 30 год. па и повеќе, твоите родители се оддале со илјадници евра за студирање, магистериуми, специјализации и сл. и на крај откако ќе ги земеш дипломчињата ќе си можеш да си бираш: или ќе си бидеш невработен академски граѓанин и ќе си седиш домче, или пак како академски граѓанин ќе работиш во некакви прчварии со диби-дус персони/клиентела за макс. 200 евра плата на месец за секојдневна отепувачка и смрдлива работа, додека пак некој неписмен или полуписмен(така да се изразам) келнер/ка, шофер, таксист, чувар, вратар, редар, продавач/ка, готвач/ка, кафекувар/ка, ѕидар, плочкар, чистач/ка и.т.н. и.т.н. ќе зима исто плата колку тебе, па дури и повеќе, без ниту еден ден во животот поминат над книга !
Ама тоа е тоа, животот не е фер секогаш, а живееме во една земја полна со парадокси, јас одамна го имам увидено ова и затоа се откажав од факултетот навреме уште на почетокот и работам веќе скоро 5 год. работам за мали пари, но барем не се нервирам, ако сум го завршел факултетот и пак сум седел дома или сум работел за мали пари ќе сум се нервирал !
 
mene pak voopsto volontiram
a predhodno rabotev za 7 000 denari taka da ova e realnosta vo makedonija.
--- надополнето: 5 април 2012 во 17:15 ---



minimalna plata vo Makedonija tesko ???
nekade e 6000, nekade i podolu sekade e razlicno samo edno e sigurno deka ne e 8 000 denari.

7 илјади денари аааааааааааа со тебе ќе се дружам ;)
 
Ех ова е трагедијата на нашава држава, си учел цела младост до 30 год. па и повеќе, твоите родители се оддале со илјадници евра за студирање, магистериуми, специјализации и сл. и на крај откако ќе ги земеш дипломчињата ќе си можеш да си бираш: или ќе си бидеш невработен академски граѓанин и ќе си седиш домче, или пак како академски граѓанин ќе работиш во некакви прчварии со диби-дус персони/клиентела за макс. 200 евра плата на месец за секојдневна отепувачка и смрдлива работа, додека пак некој неписмен или полуписмен(така да се изразам) келнер/ка, шофер, таксист, чувар, вратар, редар, продавач/ка, готвач/ка, кафекувар/ка, ѕидар, плочкар, чистач/ка и.т.н. и.т.н. ќе зима исто плата колку тебе, па дури и повеќе, без ниту еден ден во животот поминат над книга !
Ама тоа е тоа, животот не е фер секогаш, а живееме во една земја полна со парадокси, јас одамна го имам увидено ова и затоа се откажав од факултетот навреме уште на почетокот и работам веќе скоро 5 год. работам за мали пари, но барем не се нервирам, ако сум го завршел факултетот и пак сум седел дома или сум работел за мали пари ќе сум се нервирал !
Да не се навредуваме, ти ако си неписмен или полуписмен, има луѓе кои се покултурни од тебе кои со гордост си ја работат работичката која им е дадена.

Ништо лично до тебе, само ти се враќа во иста мера на постот твој.
 
Аааааа ти си бил ептен дебел бе, цели 10 илјадарки ти давале ! ќерата ! ;)
Што да ти кажам другар, директор :icon_mrgr:
Еве сега бркам да работам шанкер надвор, зошто и тие каде што работев дури студирав овде не ме познаваат веќе.
А на дипломиве можам комотно да им се исерам па дури и да ги поставам на плоштад сите јавно да ги исереме, што повеќе гомна, толку поубава журка.
 
Да не се навредуваме, ти ако си неписмен или полуписмен, има луѓе кои се покултурни од тебе кои со гордост си ја работат работичката која им е дадена.

Ништо лично до тебе, само ти се враќа во иста мера на постот твој.

Епа добро бе друже еве ајде кажи ми дали е фер некој што никогаш во животот не отворил книга, без навреда но нема појма од ништо, нема ниту средно школо, а и тоа средно што го завршил, го завршил едвај со мајки-шајки тетки стрини чичковци вујни вујковци и сл. а од друга страна некој навистина заслужен одличен учени/к/чка(капацитет) кој учел цела младост до 30ка па и повеќе и на крај и двајцата да земаат или иста плата или пак првите да земаат повеќе !
На пр. доктор специјалист магистер правник економист инженер и.т.н. 12.000 и на пр. келнер исто да земаат епа не иде, па дури и вториот може да земе и повеќе !
И далеку сум од неписмен или полуписмен, поентата ми беше тоа што во оваа наша држава подобро е да си чистач отколку интелектуалец и онака на крај и двајцата ќе земаат исто пари, само што чистачот не се замарал со науки во животот, за разлика од некој кој учел, студирал, магистрирал, специјализирал... до 25/30/35 или повеќе години !
Социјализам на дело ’’еднаквост‘‘ !
 
Не студирале Технички факултети па како ќе студирам нешто ако воопшто не ме привлекува тоа и не сакам да го работам ? плус ете бонус на тоа ич не ми одат електро/техничките предмети а математика појма немам ? Нормално дека ќе одиш каде што повеќе те бива и каде што сакаш да работиш, иако сега такво е времето и магистер да станеш не е сигурно дека ќе се вработиш. Затоа најубаво студирајте што ве влече а во меѓувреме пробајте/реализирајте си некаков мал бизнис, таму се парите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom