insence
VendettaQ
- Член од
- 30 јануари 2011
- Мислења
- 193
- Поени од реакции
- 12
- Локација
- Helsingborg
- Веб-сајт
- www.facebook.com
17 - Февруари 2011
- Ден на македонското новинарство
1600.- По пресудата на инквизицијата на плоштадот Кампо деи Фиори во Рим е запален Џордано Бруно, италијански филозоф, типичен претставник на антисхоластичката ренесанса на филозофијата. Ги негираше христијанските догми, сметаше дека филозофијата и теологијата се неспоиви и многу му се спротивставуваше на христијанското сфаќање на Господ како личност. Создаде пантеистичка теорија според која се се состои од вечното движење. Во науката за вселената го отфрли учењето на Аристотел и на Птоломеј и ја прифати науката на Коперник. Поради своите слободарски идеи дојде под удар на инквизицијата која, по седумгодишна истрага, во Рим конечно го запали. Роден е во Нол, во 1548 година.
1653.- Роден е Арканџело Корели, италијански композитор и виолинист, претставник на италијанската класична музика. Умре на 8 јануари 1713 година.
1673.- Умре Жан Батист Поклен Молиер, француски писател и артист, еден од најголемите комедиографи на светската книжевност. Автор е на 33 театарски дела во кои ги исмејува тогашното општество, расипаноста и лакомоста на аристократијата. Најпознати негови дела се "Тартиф", "Дон Жуан", "Жорж Данден", "Скржавец". Роден е во Париз, на 15 јануари 1622 година.
1766.- Роден е англискиот економист и демограф Томас Роберт Малтус, познат по „законот за население“, според кој тоа се зголемува геометриски, а производството на храна со аритметичка прогресија.
1827.- Умре Јохан Хајнрих Песталоци, швајцарски педагог и реформатор, духовен творец на современото основно училиште. Познати се неговите дела "Како Гертруда ги учи своите деца", "Линхард и Гертруда", "Лебедова песна". Роден е на 12 јануари 1746 година.
1856.- Во Париз умре Хајнрих Хајне, германски поет. Светската слава на Хајне се темели врз лирската „Книга на песни“ и врз подоцните збирки „Нови песни“ и „Романцеро“. Како приврзаник на Француската револуција, во 1851 година ја напушти Германија и се насели во Париз. Роден е во Диселдорф, на 13 декември 1797 година.
1864.- Јужната подморница „Ханли“ во Американската граѓанска војна во Чарлстон во Јужна Каролина со торпедо го потопи северниот брод „Хустаник“, што се смета за прв успешен напад на подморница врз воен брод во историјата.
1877.- Роден е францускиот политичар Андре Мазино, министер за труд од 1922 до 1924 и од 1929 до неговата смрт во 1932 година, по кого е наречена утврдената линија на исток во Франција, градена од 1927 до 1936 година. Големиот систем на утврдување не ја спречило во Втората светска војна армијата на нацистичка Германија во 1940 година да изведе инвазија врз Франција од правец на Белгија, заобиколувајќи ја „Мазино линијата“.
1893.- Во Лимарес е роден Андрес Сеговија, еден од најпознатите шпански музичари, гитарист, кој ја пренесе славата на шпанската гитара низ целиот свет. Умре во Мадрид, на 2 јуни 1987 година.
1909.- Умре индијанскиот поглавар Гојатлај „Оној кој се проѕева“, познат како Џеронимо, последниот поглавар на племето Апачи кој и се предаде на американската војска. Непосредно пред смртта во тврдината Форт Сил во Оклахома, ја издиктира биографијата „Џеронимо: неговата лична приказна“.
1916.- Британските и француските сили за време на Првата светска војна ја окупираа дотогашната германска колонија Камерун.
1927.- Во Кавадарци е роден Лазо Каровски, македонски писател и книжевен историчар. Од неговото обемно книжевно дело ќе ја споменеме неговата прва книга поезија за деца „Овчарче“, објавена во 1946 година, и последната, романот за деца „Нека летаат гулабите“, објавена во 1986 година. Умре во Скопје, на 3 февруари 2000 година.
1946.- Во Скопје е основано Здружението на професионалните журналисти во Македонија. За прв претседател беше избран Мито Хаџивасилев - Јасмин.
1947.- Во Битола почна со работа Нижото музичко училиште, кое во 1962 година прерасна во Средно музичко училиште.
1952.- Во Скопје умре Ангел Динев, македонски општественик и публицист, бескомпромисен борец против великобугарските фалсификации и против сите други негирања на македонската национална историја, односно на македонскиот национален индивидуалитет. Неговата книга „Македонските Славјани“ одигра значајна улога во популаризирањето и смелото истакнување на македонскиот национален индивидуалитет. Роден е во селото Смоквица, Гевгелиско, на 1 октомври 1891 година.
1979.- Кина го нападна Виетнам, но во краткотрајната војна нејзините трупи претрпеа сериозни загуби од виетнамската армија со големо борбено искуство стекнато во победоносната војна против САД која заврши во 1975 година, по што кинеските трупи се повлекоа за три недели. Повод за напад беше упадот на виетнамските сили во Камбоџа кон крајот на 1978 година и исфрлањето на маоистичкиот режим „Црвени Кмери“, одговорна за смртта на еден до два милиони луѓе.
1982.- Премиерот на Зимбабве Роберт Мугабе го исклучи од владата главниот сојузник и водач на партијата ЗАПУ Џошуа Нкома, осомничен за заговор.
1989.- Умре францускиот моден креатор Ги Ларос, еден од најголемите "модни креатори" на 20 век.
1992.- Генералниот секретар на ОН Бутрос Бутрос-Гали препорача разместување на 13.000 припадници на мировните сили на светската организација во поранешна Југославија.
1994.- Потврдена е смртта на првиот избран претседател на Грузија Звијад Гамсахурдиј, чие распаднато тело беше пронајдено и идентификувано.
1995.- Умре Благоја Корубин, македонски научен работник на полето на македонскиот литературен јазик. Роден е во Прилеп, на 1 март 1921 година.
1997.- Претседателот на Пакистан Фарук Легари кој во ноември 1996 година ја распушти Владата на Беназир Буто, го наименува Наваз Шариф за нов премиер.
1998.- Во Вилфлинген умре Ернст Јунгер, германски пистел кој беше замешан во заговорот за атентат врз Хитлер на 20 јули 1944 година. Во германската војска служеше во двете светски војни. Напиша повеќе романи со воена тематика.
2002.- Повеќе од 170 луѓе, претежно војници и полицајци беа убиени во нападот на маоистичките герилци во градот Мангалсен западно во Непал. Маоистите ги уништија сите владини згради, го демолираа аеродромот и ги ограбија банките.
2006.- По дводневните обилни врнежи, река од кал го затрупа селото Гвинсахугон на јужнофилипинскиот остров Лејти. Загинаа повеќе од 1.700 луѓе.
2007.- Умре Морис Папон, единствен француски нацистички функционер кој е осуден заради учествување во прогонот на Евреите. Папон во 1942 година беше избран за генерален секретар на областа Жиронд, задолжен за Службата за еврејски прашања. Од 1958 година беше шеф на париската полиција. Во текот на војната во Алжир ги задуши демонстрациите. Во 1968 година стана пратеник, а министер за буџет стана во 1978 година. Во 1998 година е суден на 10 години затвор. Тврдеше дека ништо не знаел за холокаустот и дека го помагал Движењето на отпорот. Пребегна во Швајцарија, но тамошната полиција и го испорача на Франција. Поради слабото здравје во септември 2002 година беше ослободен.
2008.- Седум лица го изгубија животот, а три беа тешко повредени во пожарот кој изби во кафулето „Ланч“ во Нови Сад.
2008.- Најмалку 80 лица загинаа, а десетина беа повредени во нападот на бомбаш-самоубиец во Кандарах, главниот град на истоимената провинција на југот на Авганистан. Бомбашот-самоубиец го детонираше експлозивот додека се наоѓаше меѓу масата луѓе кои ја гледаа борбата на кучиња во западниот дел на градот.
2008.- Привременото собрание на Косово ја усвои Декларација за независност на таа српска покраина. Со Декларацијата Косово е прогласено за независна и суверена држава, формирана врз основа на планот на Марти Ахтисари.