На денешен ден!

1747.Во лондонската болница „Лок“ е отворена првата клиника во светот за лечење на венерични болести.
1797 Во Лихтентал до Виена, е роден Франц Шуберт, австриски композитор, значаен претставник на музичкиот романтизам и најголем композитор на соло песната. Компонира неколку стотици такви песни, потоа опери, сценска музика, симфонии и камерна музика. Умре во Виена, на 19 ноември 1828 година.
1808 Дубровничката Република и формално престана да постои. Речиси две години градот беше под окупација на Франција (маршал Мармон, тогаш генерал). По падот на Наполеон и Виенскиот конгрес во 1815 година, градот и припадна на Австрија. Во 1918 година го ослободија Србите кога беше приопен кон Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Во 1991 година по распаѓањето на Југославија, Дубровник и припадна на Хрватска.
1882 Родена е руската балерина Ана Павловна Павлова, една од најпознатите балерини во светот во класичен стил во почетокот на 20. век. Кариерата ја почна во Петроград, каде игра со Вацлав Нижински во рускиот балет на Сергеј Ѓагриљев. Потоа ја основа сопствената група со која со огромен успех настапува ширум светот, посебно одушевувајќи ја публиката со игрите во балетите „Лебедовата смрт“, „Пеперутки“, „Шопенијана“, „Лебедово езеро“, Жизела“, „Рајмонда“.
1917 Германија во Првата светска војна објави „тотална војна на море“, со намера да ја принуди Британија на капитулација. Торпедските бомбардирања ги натера неутралните САД да влезат во војна против централните сили.
1918 Во Русија 31 јануари беше последниот ден на сметање на времето по Јулијанскиот календар. Следниот ден датумот беше означен како 14 февруари, според Грегоријанскиот календар, кој од тогаш стана службен.
1929 Еден од водачите на Октомвриската револуција Лав Троцки по налог на Сталин беше протеран од тлото на Советскиот Сојуз.
1930 Отворена е Лондонската поморска конференција на која учествуваа Велика Британија, САД, Франција, Италија и Јапонија, на која обидот за запирање на трката за вооружување и спречување војна беше неуспешен.
1933 Умре Џон Голсфорди, англиски писател. Автор е на познатата трилогија на семејството Форсајт ("Сага за Форсајтовите", "Модерна комедија" и "Крај на делото"). Во 1932 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е на 14 август 1867 година.
1943 На крајот на Сталинградската битка во Втората светска војна остатокот од германската армија го откажа отпорот, а германскиот командант фелдмаршалот Фридрих фон Паулус потпиша безусловна капитулација и се предаде заедно со 90.000 војници и офицери. Поразот кај Сталинград го означи почетокот на крајот на Третиот рајх. За шест месеци Германија во тешките борби загуби повеќе од милион војници, а 75 дивизии беа целосно разбиени.
1945 Со решение број 581 на Президиумот на АСНОМ е основан Македонскиот народен театар. Првата драмска претстава ја прикажа на 3 април истата година. Тоа беше драмската претстава "Платон Кречет" од советскиот драматург Александар Корнејчук, а во режија на Димитар Костаров.
1946 Собранието го изгласа првиот Устав на ФНРЈ (Федеративна Народна Република Југославија) во кој беше усвоен принципот на федрално уредување на земјата.
1950 Претседателот на САД Хари Труман соопшти дека наредил да се произведуваат хидрогенски бомби.
1956 Умре англискиот писател Ален Александер Милн, автор на многу популарните романи за деца. Дела: романите: „Кога бевме многу млади“, „Вини Пу“, „Куќа на Пуовиот агол“, „Сега сме шестмина“.
1958 САД го лансираа во орбитата околу Земјата, својот прв вештачки сателит "Експлорер 1".
1964 Кон Месечината беше лансирана советската автоматска станица „Луна 9“, која три дена подоцна благо се спушти и ги емитуваше првите ТВ-снимки од површината на Месечината.
1971 Меѓу источен и западен Берлин воспоставен е ограничен телефонски сообраќај, првпат по 19 години.
1974 Умре американскиот филмски продуцент Семјуел Голдвин, еден од пионерите во филмската индустрија. Во 1923 година ја основа филмската компанија „Семјуел Голдвин Продакшнс“, која во 1924 година се здружи со уште две филмски куќи и компании „Метро-Голдвин-Маер“, но потоа повторно стана самостоен продуцент. Филмови: „Стела Далас“, „Темниот ангел“, „Ќор-сокак“, „Западњак“, „Мали лисици“, „Најубавите години од нашиот живот“, „Тајниот живот на Волтер Митиј“, „Момчиња и девојки“, „Порги и Бес“.
1994 Во главнот град на Сомалија Могадиш американските маринци пратејќи го конвојот со дипломати на САД, отворија оган врз луѓето собрани покрај центарот за делење на храна при што убија најмалку пет цивили, а ранети беа многу повеќе.
1994 Алжирскиот министер за одбрана Лиамин Зеруал ја презеде функцијата шеф на државата.
1994 Швајцарската Конфедерација и Принципатот Лихтенштајн воспоставија дипломатски односи со Република Македонија.
1994 Во Скопје е формирано Друштво на македонско-турско пријателство и соработка.
1996 Тамилски терорист-самоубиец влета со камион полн со експлозив во централната банка во Шри Ланка во Коломбо, усмртувајќи околу 90 и ранувајќи повеќе од 1.400 луѓе.
1996 Во експлозија која уништи станбена зграда во централната кинеска провинција Хуман загинаа 122 луѓе.
2000 Авионот од типот МД-83 на американската компанија „Аљаска ерлајнз“ се урна во Тихиот Океан во близина на брегот на јужна Калифорнија. Несреќата не ја преживеа никој од вкупно 88 патници и членови на екипажот.
2000 Харолд Шпилман, сеемен лекар од северозападна Англија, беше осуден за убиство на 15 постари пациенти со смртоносна инјекција. Најголемиот британски сериски убиец, за кој се претпоставува дека убил повеќе од 200 пациенти, се обеси во затворската ќелија во јануари 2004 година.
2001 Поранешниот либијски таен агент Абде Бесет ел Миграхи е осуден на доживотен затвор поради подметнување бомби во авионот „Пан Американ“ кој во 1988 година експлодира врз Локерби во Шкотска, при што загинаа 270 луѓе во леталото и на тлото.
2002 Римокатоличката црква во Ирска се согласи да плати 128 милиони евра обесштетување за луѓето кои беа жртви на злоупотреба од сексуална природа додека престојуваа во детските домови под управа на римокатоличката црква.
 
На денешен ден…


Денес е 1 февруари 2011 г.
Настани:
1883 Почна изградбата на Панамскиот канал под раководство на францускиот инженер Фердинанд Лесепс, градител на Суецкиот кана. Изградбата заврши со еден од најголемите финансиски скандали во 19 век. Работите беа прекинати цели 20 години. Целосна контрола над зоната над каналот презедоа САД, со чија финансиска подршка, каналот е завршен во август 1914 година. Каналот е долг 81 километар. 1887 Основан е Холивуд, најголемиот филмски град (предградие на Лос Анџелес) во светот. Првиот филм е снимен во 1911 година. 1924 Британската лабуристичка влада го призна СССР, што значително придонесе за намалување на дипломатската изолација на првата социјалистичка земја во светот. 1946 Норвежанецот Тригве Ли е избран за прв генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации. 1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Финска на ниво на амбасади. 1996 Советот за безбедност на ООН го прифати предлогот на генералниот секретар на ООН од овој датум силите за превентивно распоредување на ООН (УНПРЕДЕП), да останат целосно независна операција во Република Македонија. 2003 Спејс шатлот Колумбија се распаѓа над небото на Тексас, убивајќи ги сите 7 астронаути. Родени:
1834 Кузман Шапкарев, собирач на народни песни. 1894 Џон Форд, американски режисер и актер (†1973) 1901 Кларк Гејбл, американски оскаровец. 1920 Славка Фиданова, македонски првоборец. 1928 Ѓорѓи Мавродиев, македонски физичар. 1931 Борис Николаевич Елцин, руски политичар (†2007) 1969 Габриел Батистута, аргентински фудбалер. 1961 Антонио Митриќески, македонски филмски режисер. Починале:
1944 Пит Мондријан, холандски сликар и теоретичар
 
1509.Португалците под команда на Франсиско де Алмејде ја уништија муслиманската флота во битката во Индискиот Океан, во близина на градот Диа, на северозапад во Индија, по што воспоставија контрола во водите околу индискиот потконтинент.
1536 Основан е Буенос Аирес, главен град на Аргентина.
1556 Во една од најголемите катастрофи во историјата на човештвото, земјотрес ги опустоши кинеските провинции Шанси, Шанхси и Хенан - загинаа повеќе од 850.000 луѓе и избриша од земјата неколку стотици населени места.
1594 Умре италијанскиот композитор Ѓовани Пјерлуиѓи да Палестрина. Компонирал дела со голема изразитост - повеќе од сто литургиски дела, околу 250 други духовни и световни парчиња, мадригали. Дела: „Миса на папата Марчело“, „Стабат Матер“.
1709 Шкотскиот морнар Александар Селкрејг, познат како Александер Делкрик, беше пронајден на пуст пацифички остров на кој во 1704 година доспеал по бродолом. Неговата животна приказна го инсприра Даниел Дефо да го напише романот „Робинзон Крусо“.
1801 Британскиот Парламент ја одржа првата седница на која присуствуваа и ирски претставници.
1848 Во градот Гваделупе Идалго, по двегодишна војна е склучен мир меѓу Мексико и САД. Мексико беше поразен и на САД мораше да им ги предаде Тексас, Ново Мексико, Аризона и Калифорнија, како и надомест од 14 милиони долари.
1879 Умре бугарскиот писател и револуционер Љубен Стојчев Каравелов. Се залагал за создавање на јужнословенска федерација, собирал доброволци и во 1876 година се борел во српско-турската војна. Дела: „Дали е крива судбината?“, „Горска судбина“, „Од мртвиот дом“.
1882 Роден е ирскиот писател Џемјс Џојс. Дела: „Портрет на уметникот и младоста“, „Финеганово бдеење“, песните „Камерна музика“.
1901 Во Вилма, Русија, е роден Јаша Хајфец, руско-американски виолинист, најдобар виолинист на светот во 20 век. Својата дарба и виртуозност ја покажа уште во првата деценија на својот живот. Соработуваше со пијанистот А. Рубинштајн и со виолончелистот Г. Пајтогорски. Поголемиот дел од животот го помина во САД. Умре во Лос Анџелес, на 11 декември 1987 година.
1904 Роден е рускиот пилот Валериј Павлович Чакалов, кој се прослави со многу потфати, вклучувајќи го и прелетувањето на Северниот пол. Во 1937 година го изврши првиот лет преку најсеверната точка на Земјата без спуштање, прелетувајќи со авионот „Ан-25“ за 64 часа и 25 минути далечина од 12.000 километри од Москва до американскиот град Ванкувер кај Портланд, што беше светски рекрод. Американците во Ванкувер во чест на овој сензационален лет му подигнаа споменик и отворија музеј. Испробувајќи го новиот тип на авион-ловец, загина во декември во 1938 година.
1907 Во Петроград умре Димитриј Иванович Менделеев, руски хемичар, еден од најпознатите научници од оваа област. Тој е татко на Периодичниот систем на хемиските елементи. Неговата книга "Основи на хемијата" е преведена на многу јазици. Роден е во Тоболск, на 8 февруари 1834 година.
1932 Во Женева почна Првата светска конференција за разоружување во чија работа учествуваа претставници на 61 земја. Користејќи ги несогласувањата меѓу поранешните победници, Германија на тој собир се залагаше за општо разоружување, но истовремено бараше право на еднаквост во вооружувањето. Неуспехот на Конференцијата беше и успех на империјалистичка Германија, бидејќи велесилите и ја признаа бараната еднаквост, што значеше дека има право повторно да се вооружува.
1950 Умре Џорџ Бернард Шо, еден од најголемите англиски писатели и драматичари од ирско потекло. Литературната кариера ја почна со пишување на романи и на театарски критики, а дури подоцна почна да пишува драми по кои стана и најпознат. Меѓу неговите најпознати дела се вбројуваат "Пигмалион", "Кандид", "Цезар и Клеопатра" и други. Во 1925 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Даблин, на 26 јули 1856 година.
1969 Умре американскиот филмски глумец од англиско потекло Борис Карлоф, кој играше во првиот хорор филм и беше четири децении заштитен знак на овој жарн. Филмови: „Законот на подземјето“, „Лудите гении“, „Франкештајн“, „Лице со лузна“, „Мумија“, „Црна мачка“, „Невестата на Франкештајн“ и други.
1970 Умре англискиот филозоф, математичар и писател Бертранд Расел, добитник на Нобеловата награда за литература во 1950 година, еден од основачите на аналитичката филозофија. Се посветил на борбата за мир и во многу акции се искажал како противник на интервенцијата на САД во Виетнам, како и на нуклеарното вооружување. Ја основа меѓународната порота која го доби називот „Раселов суд“. Дела: „Историјата на западната филозофија“, „Нашите сознанија за надворешниот свет“, „Човечко знаење“, „Принципи на социјалната реконструкција“, „Патишата кон слободата“, „Праксата и теоријата на болшевизмот“, „Слобода и организација“ и други.
1978 Двајца советски космонаути од вселенскиот брод „Саљут“ ја извршија операцијата на дотур на гориво во отворениот свемир, првпат во историјата на вселенските летови.
1986 Во Кнежеството Лихтенштајн на парламентарните избори за првпат гласаа и жените.
1990 Јужноафриканскиот претседател Фердинанд де Клерк ја укина забраната на Африканскиот национален конгрес Нелсон Мандела.
1994 Република Чешка ја призна Република Македонија.
1995 Лидерите на Израел, Јордан, Египет и ПЛО првпат се собраа на состанок во Каиро за да изнајдат мирно решение поддржувајќи го израелско-палестинскиот договор.
1996 Умре американскиот филмски глумец, режисер и балетски играч Џин Кели, една од најзначајните фигури во историјата на мјузиклот. Филмови: „Американец во Париз“, „Танц на дожд“, „Гуар“, „Во град“, „Покана за игра“.
1996 Во Скопје е потпишан Меморандум за отворање Британски информативен центар.
1998 Падот на филипинскиот патнички авион „ДЦ-9“ на југот на Филипините не го преживеа никој од 104 патници и членови на екипажот.
2005 Умре некогашниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Германецот Макс Смелинг, кој во историјата на светскиот бокс влезе во 1936 година, кога во Њујорк пред 42.000-та публика го нокаултира дотогаш непоразениот Џо Луис.
 
1509.Португалците под команда на Франсиско де Алмејде ја уништија муслиманската флота во битката во Индискиот Океан, во близина на градот Диа, на северозапад во Индија, по што воспоставија контрола во водите околу индискиот потконтинент.
1536 Основан е Буенос Аирес, главен град на Аргентина.
1556 Во една од најголемите катастрофи во историјата на човештвото, земјотрес ги опустоши кинеските провинции Шанси, Шанхси и Хенан - загинаа повеќе од 850.000 луѓе и избриша од земјата неколку стотици населени места.
1594 Умре италијанскиот композитор Ѓовани Пјерлуиѓи да Палестрина. Компонирал дела со голема изразитост - повеќе од сто литургиски дела, околу 250 други духовни и световни парчиња, мадригали. Дела: „Миса на папата Марчело“, „Стабат Матер“.
1709 Шкотскиот морнар Александар Селкрејг, познат како Александер Делкрик, беше пронајден на пуст пацифички остров на кој во 1704 година доспеал по бродолом. Неговата животна приказна го инсприра Даниел Дефо да го напише романот „Робинзон Крусо“.
1801 Британскиот Парламент ја одржа првата седница на која присуствуваа и ирски претставници.
1848 Во градот Гваделупе Идалго, по двегодишна војна е склучен мир меѓу Мексико и САД. Мексико беше поразен и на САД мораше да им ги предаде Тексас, Ново Мексико, Аризона и Калифорнија, како и надомест од 14 милиони долари.
1879 Умре бугарскиот писател и револуционер Љубен Стојчев Каравелов. Се залагал за создавање на јужнословенска федерација, собирал доброволци и во 1876 година се борел во српско-турската војна. Дела: „Дали е крива судбината?“, „Горска судбина“, „Од мртвиот дом“.
1882 Роден е ирскиот писател Џемјс Џојс. Дела: „Портрет на уметникот и младоста“, „Финеганово бдеење“, песните „Камерна музика“.
1901 Во Вилма, Русија, е роден Јаша Хајфец, руско-американски виолинист, најдобар виолинист на светот во 20 век. Својата дарба и виртуозност ја покажа уште во првата деценија на својот живот. Соработуваше со пијанистот А. Рубинштајн и со виолончелистот Г. Пајтогорски. Поголемиот дел од животот го помина во САД. Умре во Лос Анџелес, на 11 декември 1987 година.
1904 Роден е рускиот пилот Валериј Павлович Чакалов, кој се прослави со многу потфати, вклучувајќи го и прелетувањето на Северниот пол. Во 1937 година го изврши првиот лет преку најсеверната точка на Земјата без спуштање, прелетувајќи со авионот „Ан-25“ за 64 часа и 25 минути далечина од 12.000 километри од Москва до американскиот град Ванкувер кај Портланд, што беше светски рекрод. Американците во Ванкувер во чест на овој сензационален лет му подигнаа споменик и отворија музеј. Испробувајќи го новиот тип на авион-ловец, загина во декември во 1938 година.
1907 Во Петроград умре Димитриј Иванович Менделеев, руски хемичар, еден од најпознатите научници од оваа област. Тој е татко на Периодичниот систем на хемиските елементи. Неговата книга "Основи на хемијата" е преведена на многу јазици. Роден е во Тоболск, на 8 февруари 1834 година.
1932 Во Женева почна Првата светска конференција за разоружување во чија работа учествуваа претставници на 61 земја. Користејќи ги несогласувањата меѓу поранешните победници, Германија на тој собир се залагаше за општо разоружување, но истовремено бараше право на еднаквост во вооружувањето. Неуспехот на Конференцијата беше и успех на империјалистичка Германија, бидејќи велесилите и ја признаа бараната еднаквост, што значеше дека има право повторно да се вооружува.
1950 Умре Џорџ Бернард Шо, еден од најголемите англиски писатели и драматичари од ирско потекло. Литературната кариера ја почна со пишување на романи и на театарски критики, а дури подоцна почна да пишува драми по кои стана и најпознат. Меѓу неговите најпознати дела се вбројуваат "Пигмалион", "Кандид", "Цезар и Клеопатра" и други. Во 1925 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Даблин, на 26 јули 1856 година.
1969 Умре американскиот филмски глумец од англиско потекло Борис Карлоф, кој играше во првиот хорор филм и беше четири децении заштитен знак на овој жарн. Филмови: „Законот на подземјето“, „Лудите гении“, „Франкештајн“, „Лице со лузна“, „Мумија“, „Црна мачка“, „Невестата на Франкештајн“ и други.
1970 Умре англискиот филозоф, математичар и писател Бертранд Расел, добитник на Нобеловата награда за литература во 1950 година, еден од основачите на аналитичката филозофија. Се посветил на борбата за мир и во многу акции се искажал како противник на интервенцијата на САД во Виетнам, како и на нуклеарното вооружување. Ја основа меѓународната порота која го доби називот „Раселов суд“. Дела: „Историјата на западната филозофија“, „Нашите сознанија за надворешниот свет“, „Човечко знаење“, „Принципи на социјалната реконструкција“, „Патишата кон слободата“, „Праксата и теоријата на болшевизмот“, „Слобода и организација“ и други.
1978 Двајца советски космонаути од вселенскиот брод „Саљут“ ја извршија операцијата на дотур на гориво во отворениот свемир, првпат во историјата на вселенските летови.
1986 Во Кнежеството Лихтенштајн на парламентарните избори за првпат гласаа и жените.
1990 Јужноафриканскиот претседател Фердинанд де Клерк ја укина забраната на Африканскиот национален конгрес Нелсон Мандела.
1994 Република Чешка ја призна Република Македонија.
1995 Лидерите на Израел, Јордан, Египет и ПЛО првпат се собраа на состанок во Каиро за да изнајдат мирно решение поддржувајќи го израелско-палестинскиот договор.
1996 Умре американскиот филмски глумец, режисер и балетски играч Џин Кели, една од најзначајните фигури во историјата на мјузиклот. Филмови: „Американец во Париз“, „Танц на дожд“, „Гуар“, „Во град“, „Покана за игра“.
1996 Во Скопје е потпишан Меморандум за отворање Британски информативен центар.
1998 Падот на филипинскиот патнички авион „ДЦ-9“ на југот на Филипините не го преживеа никој од 104 патници и членови на екипажот.
2005 Умре некогашниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Германецот Макс Смелинг, кој во историјата на светскиот бокс влезе во 1936 година, кога во Њујорк пред 42.000-та публика го нокаултира дотогаш непоразениот Џо Луис.
 
1789.За прв претседател на САД е избран Џорџ Вашингтон. Беше американски претседател осум години, но се повлече од функцијата во 1797 година и одби по трет пат да се кандидира за шеф на државата.
1815 Во Осиек е роден Јосип Јурај Штросмаер, бискуп, политичар, културен деец, основач и покровител на Југословенската академија на науките и уметностите (ЈАЗУ) во Загреб, во 1866 година, втемелувач на хрватскиот универзитет. Се стремеше кон обединување на Јужните Словени во рамките на Австрија. Во 1861 година со негова помош, во Загреб е објавен „Зборникот на браќата Миладиновци“. Умре во Ѓаково, на 8 април 1905 година.
1872 Во Кукуш, Егејска Македонија, е роден Гоце Делчев, прв меѓу првите револуционерни синови на македонскиот народ. Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја НО борба на македонскиот народ, тој ја обиколи цела Македонија. Непријателите на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледаа најголем непријател и се обидуваа на секој начин да го ликвидираат. Така, на 4 мај 1903 година, во борба против османлиската војска во селото Баница, Серско, во егејскиот дел на Македонија, загина великанот Гоце Делчев.
1900 Роден е францускиот писател Жак Анри Мари Превер. Напиша повеќе поетски сценарија за филмовите "Брегот во магла", "Хотел Север", "Денот се раѓа" и "Вратата на ноќта". Најпознати збирки песни се "Зборови", "Голем пролетен бал" и "Дождот и убавото време".
1938 Подготвувајќи се за војна, Адолф Хитлер го презеде ресорот министер за војна на нацистичка Германија, а за шеф на дипломатијата го назначи Јоахим фон Рибентроп.
1945 Во Јалта, на Кримскиот Полуостров, почна Јалтската конференција меѓу шефовите на СССР - Јосиф Сталин, на САД - Франклин Рузвелт и на Велика Британија - Винстон Черчил за усогласување на завршните операции во Втората светска војна, како и за односите со Европа и со светот по завршувањето на војната.
1948 Цејлон (Шри Ланка) доби самоуправа во рамките на Британскиот комонвелт.
1972 Велика Британија и девет други земји го признаа Источен Пакистан како независна држава Бангладеш.
1974 Гренада прогласи независност во рамките на Британскиот комонвелт.
1976 Главниот град на Мозамбик, Лоренсо Маркес го доби името Мапуто.
1978 Џунијус Џајавордене ја презеде должноста прв претседател на Шри Ланка.
1990 Во Скопје е основано Движењето на семакедонската акција (МААК). За претседател е избран Гане Тодоровски.
1993 Во Москва умре Димче Толовски, истакнат литературен преведувач и голем афирматор на македонската литература во Русија и во земјите на поранешниот Советски Сојуз. Роден е во Кавадарци, на 17 декември 1925 година.
1993 Во Скопје, во издание на НИП „Ѓурѓа“ - Независни изданија, излезе првиот број на списанието „Ворлд прес ИЗБОР“.
1994 Во Собранието на Република Македонија е конституиран Републичкиот судски совет.
1994 Државниот секретар за соработка и развој, Ерик Дерике, во белгискиот Сенат изјави дека белгиската Влада донела одлука за воспоставување на дипломатски односи со Република Македонија.
 
1679.Умре холандскиот писател Јост ван ден Вондел, најплоден и најзначаен книжевник на холандскиот барок. Пишувал патриотски, сатирични и пригодни песни, а со драмите пишувани на библиски, антички и историски теми значително влијаел на европската литература. Дела: драмите „Пасха“, „Паламед“, „Хизбрехт ван Амател“, „Луцифер“, „Јефта“.
1782 Шпанците го презедоа од Британците средоземниот остров Минорка.
1783 Од земјотресот во Калабрија (југозападен полуостровски дел на Италија) загинаа околу 50.000 луѓе.
1840 Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд Данлоп, кој во 1887 година ја измисли пневматската гума. Изумот го комерцијализира во 1890 година, во прво време произведувајќи гуми за велосипеди, а подоцна и за автомобили, што беше еден од најважните услови за забрзан развој на автомобилската индустрија.
1840 Роден е британскиот конструктор на оружје, од американско потекло, Хајрем Стивенс Максим, чиј митраљез конструиран во 1884 година е наречен „максим“.
1881 Умре шкотскиот историчар и филозоф Томас Карлајл, чии дела поткрепени со фотографии се одликуваат со живи и драматични излагања. Дела: „Француска револуција“, „За хероите“, „Животот на Фридрих Велики“, „Сартор Резартус“, „Минато и сегашност“, Критички есеи“.
1885 Белгискиот крал Леополд Втори го прогласи Конго за личен имот под назив Независна држава Конго.
1917 Мексико стана Федеративна република составена од 29 сојузни држави, со девет територии и со еден федерален дистрикт (главниот град и неговата околина), врз основа на новиот мексикански устав кој беше напреден во многу одредби. Со неговото усвојување заврши долгогодишната борба меѓу мексиканските фракции.
1919 Роден е грчкиот државник и економист Андреас Папандреу, прв социјалистички премиер на Грција. Беше шеф на владата од 1981 до 1989 и од 1993 до јануари 1996 година, кога се повлече поради болест. Во политичкиот живот во Грција влезе во 1961 година како член на Унијата на центарот, партија на својот татко Јоргос. Во владата на неговиот татко беше министер, но даде оставка поради несогласувањето со десните струи во партијата, а од 1965 година ја напушти земјата. По враќањето, по воениот пуч во 1967 годна, беше затворен како противник на диктатурата, а од 1968 година доби дозвола да оди во САД. Се врати во 1974 година и го основа Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК), со кое доби на изборите во 1977 година, а премиер стана четири години подоцна кога ПАСОК повторно победи на изборите.
1942 Умре австрискиот писател Ендру Бартон „Бањо“ Петерсон, автор на прекрасни балади.
1945 Американски трупи под команда на генерал Даглас Макартур влегоа во Манила, главен град на Филипини. Тогаш, големи делови од овој убав град познат под името "Бисер на истокот" беа срушени и запалени. Од 1948 година седиштето на Филипинската Република е преместено во предградието на Манила, Кезон Сити.
1962 Претседателот на Франција, Шарл де Гол се заложи за давање независност на Алжир врз основа на пријателска соработка со Франција.
1971 Американските космонаути од вселенскиот брод "Аполо 14" се спуштија на површината на Месечината.
1971 Во Белфаст за време на немирите убиен е британски војник, прв по доаѓањето на британските трупи во Северна Ирска во 1969 година.
1974 Американската вселенска сонда "Маринер 10", која беше лансирана на 3 ноември 1973 година, ја надлета планетата Венера на височина од 6.000 километри и за првпат ја сними оваа планета.
1974 Силите на Обединетите нации стапија на подрачјето источно од Суецкиот Канал, создавајќи на тој начин тампон зона меѓу египетските и израелските сили.
1982 Шеснаесет африкански земји во Дакар ја ратификуваа конвенцијата за основање на панафриканска новинска агенција Пана.
1983 Во Лион е затворен Клаус Барби, озогласен нацист и еден од шефовите на Гестапо во Франција. По гнасните злосторства за време на Втората светска војна „Џелатот од Лион“, обвинет за смртта на илјадиници француски патриоти, се криеше во Боливија 32 години.
1988 Врховниот суд на Советскиот Сојуз ја укина пресудата со која во март во 1938 година беа осудени и потоа убиени Николај Бухарин, Алексеј Ериков и низа други високи советски партиски и државни раководители. Сите осудени беа рехабилитирани, бидејќи обвиненијата беа измислени по налог на Сталин.
1990 Советскиот претседател Михаил Горбачов на партискиот пленум рече дека Комунистичката партија мора да се откаже од монополот во власта.
1993 Умре американскиот режисер, сценарист и продуцент Џозеф Лео Менкевиц, добитник на два Оскара за режија и два за сценарио. Филмови: „Се за Ева“, „Писма за трите жени“, „Јулиј Цезар“, „Клеопатра“, „Босоногата контеса“, „Бегство“, „Луѓето ќе зборуваат“, „Тивкиот Американец“, „Пет прсти“.
1997 Три најголеми швајцарски банки, по силниот меѓународен притисок по шокантните откритија за нивната соработка со германските нацисти во Втората светска војна во криењето богатство одземено од убиените Евреи, основаа хуманитарен фонд од 100 милиони швајцарски франци за жртвите на холокаустот.
2005 Умре тогоанскиот претседател Гнасингбе Ејадем, кој на власт дојде со воен пуч во 1967 годна, и веднаш забрани секаква политичка активност во земјата. Од 1991 година, кога ја врати политичката слобода, трипати едно по друго победуваше на претседателските избори.
2006 Иран го повлече својот амбасадор од Данска во знак на протест поради објавувањето на стрипот за пророкот Мухамед во весникот на Јиландс Постен.
2007 Американскиот астронаут Сунит Вилијамс постигна рекорд во престој на жена во отворен простор во вселената, вкупно со три излези, во траење од 22 часа и 27 минути. Меѓутоа, американските астронаути не успеаа да постигнат апсолутен рекорд, бидејќи рускиот космонаут Анатолиј Соловјов, престојуваше во космосот 77,5 часа.
 
1564.Роден е англискиот писател Кристофер Марлоу кој битно влијаел врз Вилијам Шекспир. Дела: „Тамерлан Велики“, „Д-р Фаустус“, „Евреинот од Малта“, „Едвард Втори“.
1665 Родена е англиската кралица Ана, која владееше од 1702 до 1714 година како последен монарх од династијата Стјуард. Кралицата Ана во 1707 година ги обедини Англија и Шкотска.
1685 Умре англискиот крал Чарлс Втори Стјуарт, син на Чарлс Први кој беше погубен во граѓанската војна во 1649 година. Чарлс Втори Стјуард стана монарх во 1660 година, по укинувањето на републиката која беше воспоставена во 1653 година од Оливер Кромвел.
1793 Умре Карло Голдони, италијански комедиограф. Познати негови дела се: "Мирандолина", "Рибарски караници", "Скржавец", "Коцкар" и други. Мошне интересна е неговата драма "Далматинка" (прикажувана во 1758 година), во која го слави илирскиот народ во Далмација. Роден е во 1707 година.
1802 Роден е англискиот физичар Чарлс Витстоун, пионер на телеграфијата. Toj го пронајде методот за одредување на електричниот отпор, а ги истражувал и електрицитетот, светлината и звукот.
1804 Умре Џозеф Пристли, англиски материјалистички филозоф, физичар и хемичар. Ги откри кислородот, амонијакот, хлороводородот, сулфурната киселина, азот-диоксидот и јаглеродниот диоксид. Роден е на 13 март 1733 година.
1838 Роден е англискиот глумец Џон Хенри Бродриб, познак како Хенри Ирвинг, еден од најголемите трагичари во 19. век.
1893 Во Охрид умре Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19 век. Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите "Сердарот" и "Скендербег", и познатото дело "Автобиографија". Со поемата "Сердарот", за која на поетскиот конкурс во Атина доби ловоров венец, ја издигна македонската литература меѓу најпознатите книжевни остварувања на Балканот во своето време. Роден е во Охрид, на 30 јануари 1830 година.
1897 Роден е бразилскиот филмски режисер, сценарист и продуцент Алберто де Алмеида Кавалканти. Филмови: „Ивет“, „Воз без очи“, „Капетан Фракас“, „Одморот на ѓаволот“, „Николас Никлби“, „Првиот џентлмен“, „Земјата е секогаш земја“, „Газдата Пунтила и неговиот слуга Мати“.
1897 Грчкиот остров Крит доби автономен статус во рамките на турското царство, што беше последица на масовното востание кое изби на Крит. Островот Крит на Грција и припадна по Балканските војни во 1913 година.
1899 На Филипините избувна востание против американската окупациска армија. По Американско-шпанската војна, САД ги приграбија Куба, Порторико и Филипини, што го означи крајот на шпанското колонијално царство.
1905 Роден е полскиот политичар Владислав Гомулка, водач на Полската работничка партија (комунисти) од 1943 до 1948, и од 1956 до 1970 година. Од должноста генерален секретар беше сменет во 1948 година во времето на јакнењето на Сталинизмот, а оставката на оваа функција ја даде во 1970 година, притиснат од работничките немири.
1911 Роден е американскиот политичар и државник Роналд Реган. Републиканец, а на почетокот на својата кариера и актер. Од 1967 до 1974 година беше гувернер на американската држава Калифорнија. Како претседател на САД од 1981 до 1989 година се залагаше за цврста монетарна политика, го либерализираше пазарот, ги намали државните трошоци и инфлацијата и придонесе за зголемување на вработеноста во САД. Успешно ја реши кризата со американските заробеници во Иран и ги подобри односите со поранешниот Советски Сојуз. Десет денови по неговата инаугурација за претседател на САД, врз него е извршен атентат. Тој беше пренесен во болницата "Џорџ Вашингтон", каде што му беше направена хируршка интервенција.
1912 Родена е Ева Браун. Официјална сопруга на германскиот диктатор Адолф Хитлер стана еден ден пред заедничкото самоубиство во Хитлеровиот берлински бункер кон крајот на април 1945 година.
1922 Во Вашингтон заврши конференцијата на претставниците на САД, Велика Британија, Франција, Италија, Белгија, Холандија, Португалија, Јапонија и Кина на која е извршена нова поделба на колонии и се одредени сферите на влијание на Далечниот Исток и Тихиот Океан. Договорот што е потпишан на конференцијата предвидуваше почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина. Истиот ден, "петмината" (САД, Велика Британија, Јапонија, Франција и Италија) потпишаа Договор со кој се ограничува поморското вооружување на земјите потписнички.
1931 Родена е аргентинската танчерка, потоа државничка Марија Естела Исабелита Мартинес, позната како Исабела Перон. Беше претседател на Аргентина од 1974 до 1976 година. Функцијата шеф на државата ја стекна по смртта на својот сопруг Хуан Перон. Претходно во 1973 година стана потпретседател на Аргентина, а од власта е тргната по воениот удар, по што врз основа на одлука на воената хунта беше затворена од 1976 до 1981 година.
1932 Роден е францускиот филмски режисер Франсоа Трифо, еден од творците на „новиот бран“ во францускиот филм. Со светска слава се стекна уште со првиот филм „400 ударци“, снимен во 1959 година. Останати филмови: „Жил и Џим“, „Американска ноќ“ (Оскар), „Приказна за Адела“, „Пукајте на пијанистот“, „Дивото дете“, „Сосетка“, „Последно метро“, „Украдени бакнежи“.
1943 Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер е именуван за врховен командант на сојузничките сили во Северна Африка за време на Втората светска војна.
1945 Во Скопје почна со работа првата предучилишна установа "Орце Николов".
1952 Умре британскиот крал Џорџ Шести, која го наследи ќерката, кралицата Елизабета Прва.
1958 Во авионска несреќа на минхенскиот аеродром загинаа 23 патници, вклучувајќи и осум играчи на англискиот фудбалски клуб „Манчестер јунајтед“. Несреќата се случи по враќањето на играчите од Белград каде „Манчестер јунајтед“ играше натпревар во европскиот Куп на шампиони со „Црвена ѕвезда“.
1985 Во Охрид умре Тодор Зографски, македонски револуционер и општествено-политички работник. По завршувањето на првата светска војна активно учествуваше во македонското комунистичко и националноослободително движење. Притоа тој стана раководител на Месниот комитет на ВМРО (обединета). Во 1929 година кралскиот суд (на Кралството Југославија) за заштита на државата заедно со група македонски револуционери, е осуден на робија. Подоцна активно ја помагаше НОВ на Македонија, поради што беше и интерниран. Роден е во Велес, во 1892 година.
1989 Умре францускиот филмски режисер Андре Жан Кајат. Иако се бавеше со адвокатура, новинарство и со пишување сценарија, светската слава ја стекна како режисер. Филмови: „Сите ние сме убијци“, „Огледало со две лица“, „Љубовниците од Верона“, „Правдата е задоволена“, „Премин преку Рајна“.
1992 Република Турција ја призна Република Македонија.
1993 Умре американскиот тенисер од африканско потекло Артур Еш. Тој беше првиот црнец играч кој со триумфот во Вимблдон во 1975 година успеа да победи на Грен слем турнирот. Умре од сида бидејќи беше заразен од вирусот на оваа болест по трансфузијата на крв при операција на срце.
1994 Шефот на опозициските социјалдемократи Марти Ахтисари ги доби првите директни претседателски избори во Финска, победувајќи ја министерката за одбрана Елизабет Рен.
1995 Два вселенски брода од по 100 тони - најголеми кои некогаш биле споени во вселената, се сретнаа во првото американско-руско вселенско „матине“ после 20 години.
1996 Јован Теговски стана првиот амбасадор на Република Македонија при Европската унија.
1997 Конгресот на Еквадор го смени претседателот Абдал Букарам, прогласувајќи го за непресметлив.
2000 Вршителот на должност претседател на Русија, Владимир Путин изјави дека се завршени операциите во главниот град на Чеченија, Грозни, од кој се исфрлени исламските терористи.
2000 Поранешниот фински шеф на дипломатијата Тари Халонен победи на претседателските избори, станувајќи прва жена шеф на држава во историјата на Финска.
2004 Во експлозија која ја активира исламски бомбаш-самоубиец во метро во Москва загинаа најмалку 40 луѓе.
2007 Умре Френки Лејн познат американски пејач кој со серија хитови стана еден од најпопуларните музичари во 50-тите години од минатиот век. Со својот препознатлив глас баритон и песни како што се "That`s My Desire", "Mule Train", "Jezebel", "I Believe" i "Rawhide", Леон беше еден од „претплатените“ на топ-листите се до појавувањето на рокенролот. Во текот на седумдецениската кариера, продал повеќе од 100 милиони плочи од кои повеќе од 20 достигнаа златен статус. Имал широк репертоар кој опфаќал џез, блуз и кантри музика.
 
1478.Роден е Томас Мор, англиски хуманист, државник, писател на социјални, историски и на теолошки списи, родоначалник на утопискиот социјализам. Негово најпознато дело е политичко-филозофскиот роман "Утопија". Умре во 1535 година.
1792 Австрија и Прусија склучија сојуз против револуционерната Франција поради страв од ширење на револуцијата.
1812 Роден е Чарлс Дикенс, англиски писател, типичен претставник на реализмот во литературата. Од романите најпознати му се "Дејвид Коперфилд", "Оливер Твист" и "Пиквиковиот клуб", во кои ја прикажува целата беда на викторијанска Англија, со изразени симпатии кон угнетените. Умре во 1870 година.
1863 На британскиот воен брод „Орфеј“, кој потона покрај брегот на Нов Зеланд, загинаа 190 луѓе.
1870 Роден е австрискиот психијатар Алфред Адлер, еден од пионерите на психоанализата, основач на правецот т.н. индивидуална психологија. Дела: „Пракса и теорија за индивудалната психологија“, „Познавање на човекот“, „За нервозниот карактер“.
1876 Во Цариград умре Партенија Зографски, прв македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите културни и црковни работници од 19. век во Македонија и прв македонски митрополит. Роден е во Галичник, Гостиварско, во 1818 година.
1878 Во Рим умре папата Пио Деветти чиј потификат траеше 31 година и 236 денови.
1885 Во Сок Сентер, Минесота, во САД, е роден Синклер Хари Луис, северноамерикански писател. Негови најпознати дела се „Елмер Гентри“, „Главна улица“, „Тоа овде не е можно“, „Кралска крв“ и други. Во 1930 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Рим, на 10 јануари 1951 година.
1894 Умре белгискиот производител на дувачки инструменти Адолф Сакс, кој во 1840 година го направи музичкиот инструмент, што во негова чест е наречен саксофон.
1944 Кај селото Биљача, близу до Куманово, во борба против бугарската војска и полиција, покрај другите, загина и Христијан Тодоровски - Карпош, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во Куманово, на 3 септември 1921 година.
1947 Велика Британија предложи план за поделба на Палестина на еврејски и арапски дел кои ќе бидат економски поврзани, а во Ерусалим да биде воведен меѓународен режим. Евреите го прифатија тој план, според кој добија своја национална држава, додека Арапите го отфрлија. Во 1948 година британските трупи се повлекоа од Палестина. Истиот ден, во Палестина беше прогласена еврејска независна држава Израел, која опфаќаше 77 отсто од подрачјето на историска Палестина. Еден ден потоа, арапските држави влегоа на поранешното британско подрачје, а судирите што избувнаа, Израел ги искористи за проширување на своите територии. Тоа беше почеток на низа вооружени израелско-арапски конфликти кои се претворија во војна.
1962 Во експлозија во западногермански рудник за јаглен кај Сарбрикен загинаа 298 рудари.
1965 Силите на САД почнаа да го бомбардираат северниот дел на Виетнам.
1968 Премиерите на сите 10 канадски провинции го одобрија нацрт-уставот според кој статусот на францускиот јазик во цела Канада е изедначен со англискиот.
1971 Жените во Швајцарија на рефереднум добија право на глас.
1973 Во Скопје умре Никола Мартиноски, македонски ликовен уметник, педагог и академик, име кое четири децении беше едно од најдобрите репрезенти на македонската уметност пред светот. Тој е еден од основачите и прв директор на Уметничкото училиште во Скопје. Неговите уметнички дела се наоѓаат во колекциите на повеќе музеи и галерии, како и во голем број приватни колекции во земјата и во странство. Роден е во Крушево, на 15 август 1903 година.
1984 Американскиот космунаут Брус Мекендлс го напушти вселенскиот брод „Челенџер“ и „прошета“ по вселената како прв човек кој се движел без физичка врска со леталото, носејќи на грбот движечки мотор.
1986 Доживотниот претседател на Хаити Жан Клод Дивалије избега од земјата, ставајќи и крај на 29-годишната диктатура на семејството Дивалије во оваа карипска земја.
1990 На пленум на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз беше одлучено од уставот да биде избришана одредбата со која на партијата и се гарантира „раководната и насочувачка“ улога во општеството, одрекувајќи се со тоа од политичкиот монопол, по повеќе од 70 години.
1991 Свештеникот Жан Бертран Аристид е прогласен за претседател на Хаити, како прв демократски избран шеф на карипската држава.
1992 Во Мастрихт, Холандија, министрите за надворешни работи на "европските дванаесетмина" потпишаа Спогодба (која стапи во сила на 1 ноември 1993 година) по која започна етапа на развојот на Европа и преобразба на дотогашната Европска заедница во Европска унија.
1995 Во Скопје умре Шишман Ангеловски, македонски драмски и телевизски артист. Роден е во Битола, во 1937 година.
1996 Во „боинг 757“, кој се урна неколку минути по полетувањето од Доминиканската Република кон Германија, загинаа сите 189 патници, во најголем број германски туристи и членови на екипажот.
1997 Во Скопје умре Лазар Манчевски - Пинџур, македонски писател. Автор е на книгите поезија „Песни за татковината“, „Ми заплакало селото Ваташа“, „Алови утра“ и на други дела. Роден е во Неготино, на 21 ноември 1922 година.
1999 Умре јорданскиот крал Хусеин кој владееше со Јордан од 1952 година. На престолот на блискоисточната земја го наследи неговиот син Абдула.
2003 Во експлозија на автомобил-бомба убиени се најмалку 33 луѓе и разоран „Ел Ногал“, еден од најексклузивните клубови во колумбиската престолнина Богота.
2005 Англичанката Елен Мекартур постави нов светски рекорд во соло едрење околу светот, поминувајќи скоро 42.000 километри за 71 ден, 14 часа, 18 минути и 33 секунди.
2006 Талибанците во Авганистан го повикаа муслиманскиот свет да прогласат света војна по повод спорната карикатура на пророкот Мухамед објавена во данскиот весник „Јиландс Постен“.
 
427 г.п.н.е. - Роден е Платон, голем старогрчки филозоф, ученик на Сократ и учител на Аристотел, основач на филозофската школа во Атина која, според местото на кое што се наоѓала, е наречена Академија. Главно влијание врз Платон извршил Сократ на кој му ги посветил речиси сите свои дела - дијалози, главно компонирајќи ги како Сократови разговори со личности познати во Атина во тоа време и други градови - држави. Овие дела се зачувани во целост - вкупно 35 дијалошки расправи и 13 писма. Главни негови дела се "Држава", "Гозба", "Федон", "Софист", "Тимај" и други. Умре во 347 година пред н.е.
1587 Погубена е шкотската кралица Мери Стјуарт, која претходно 19 години помина во затвор, обвинета за заговор против англиската кралица Елизабета Прва. Поради непопуларната римокатоличка политика која се обиде да ја наметне во протестанска Шкотска, во 1568 година мораше да побегне од Англија. На судењето одржано по налог на Елизабета Прва беше осудена на смрт.
1676 Умре рускиот цар Алексеј Михајлович Романов, татко на Петар Велики. На власт дојде во 1645 година. Тој ја зацврсти централната власт, ги припои источните делови на Сибир и ја разви трговијата со Кина, Персија и со европските земји.
1725 Во Санкт Петерсбург умре Петар Велики, цар на Русија. Беше коренит реформатор на рускиот социјален, економски и општествен живот. Се истакна како војсководец на копно и на море. Беше вешт политичар и дипломат. Основа многу училишта, Академијата на науките, а престолнината ја пресели во новоизградениот Петерсбург, односно Петроград.
1805 Роден е англискиот писател и критичар Џон Раскин, кој сметал дека уметноста зависи од општествените прилики, како и тоа дека само здрав народ може да создава големи уметнички дела, бидејќи тоа би требало да биде израз на силите на целиот народ а не привилегија на поединец. Дела: за уметноста - „Модерни сликари“, „Две патеки“, за општествените и економските проблеми „До последниот“, „Мунера Пулверис“.
1828 Во Париз е роден Жил Верн, француски писател. Неговата фантазија ја окупираат научните откритија, далечните земји, храбрите пловидби, истражувачките подвизи и сето тоа што е непознато. Во своите дела, кои во тоа време наликуваа на чиста утопија, тој предвиде многу работа што современата наука успеа да ги оствари дури во наше време. Создаде нов жанр на проза и се здоби со милиони читатели. Негови најпознати дела се "Дваесет илјади милји под морето", "Децата на капетанот Гранд", "Пат околу светот за 80 дена", "Пат на Месечината", "Патувањето во центарот на Земјата" и други. Умре во Амиен, на 24 март 1905 година.
1834 Во Тоболск е роден Димитриј Иванович Мендлеев, руски хемичар, еден од најпознатите научници во светот од оваа област. Тој е татко на Периодичниот систем на елементите. Неговата книга "Основи на хемијата" е преведена на многу јазици. Умре во Петроград, на 2 февруари 1907 година.
1849 Во Крањ умре Франце Прешерн, најголемиот словенечки поет, кој словенечката книжевност со големината на својот талент ја воведе во европската литература. Негови најпознати дела се "Водениот дух", "Простување од младоста", "Сонети на љубовта", "Сонети на несреќата", "Сонетен венец" и други, кои се преведени на многу странски јазици. Роден е во Врба, кај Блед, на 3 декември 1800 година.
1861 Алабама, Флорида, Луизијана, Мисисипи и Тексас се одвоија од САД и формираа Конфедерација на јужните американски држави. На Конфедерацијата подоцна и се приклучија Арканзас, Северна Каролина, Вирџинија и Тенеси. Поделбата на САД доведе до граѓанска војна (1861 - 1865), која заврши со капитулација на јужните држави.
1878 Роден е еврејскиот писател и филозоф Мартин Бубер. Напишал повеќе значајни дела за историјата на еврејската култура. Пишувал на германски јазик, а за расказите користел мотиви од фолклорот на полските Евреи. Со Франц Розенцвајг на современ германски јазик го преведе „Стариот завет“. Пред нацизмот во 1938 година побегна од родната Австрија во Палестина и стана еден од првите професори на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим. Се залагал за заедничка еврејско-арапска држава. Дела: „Јас и ти“, „Хасидски приказни“, „Гог и Магог“, „Слики за добро и лошо“, „Мојсие“, „Средби“.
1894 Роден е американскиот филмски режисер Кинг Волис Видор. Филмови: „Алелуја“, „Голема парада“, „Лебот наш насушен“, „Цитадела“, „Двобој на сонце“, „Војна и мир“.
1904 Јапонија без најава ја нападна руската флота во Порт Артур, со што почна руско-јапонската војна. Русија се покажа немоќна во одбраната и го прифати повлекувањето од Манџурија, а ја призна и власта на Јапонија над Кореја.
1920 Родена е американската филмска глумица Џулија Џин Милдред Френсис Тарнер, позната како Лана Тарнер, една од најголемите холивудски ѕвезди во педесеттите години на 20. век. Филмови: „Тие не сакаат да заборават“, „Поштарот секогаш ѕвони двапати“, „Кас Тимберлан“, „Градчето Пејтон“, „Имитација на животот“, „Љубовта има многу лица“, „Монсуски дождови“.
1921 Умре рускиот револуционер и географ Петар Алексеевич Кропоткин. Дела: „Взаемна помош“, „Големата Француска револуција“.
1924 Гасната комора првпат е употребена за извршување смртна казна во американската држава Невада.
1925 Роден е американскиот филмски глумец Џон Улер Лемон Трети, познат како Џек Лемон. Филмови: „Мистер Робертс“ (Оскар), „Некои тоа го сакаат жешко“, „Апартман“, „Спасете го тигарот“ (Оскар), „Насловна страница“, „Киндески синдром“.
1931 Роден е американскиот филмски глумец Џејмс Бајрон, познат како Џејмс Дин, симбол на вознемирената и побунета младост по Втората светска војна. Џемс Дин (24) трагично го загуби животот во 1955 година. Филмови„: Источно од рајот“, „Бунтовник без причина“, „Див“.
1935 Умре германскиот сликар и графичар Макс Либерман, најзначаен претставник на германскиот импресионизам.
1937 Трупите на генералот Франциско Франко ја заземаа Малага во Шпанската граѓанска војна, со помош на 15.000 италијански војници.
1943 Советската армија во Втората светска војна го ослободи градот Курск кој Германците го окупираа во 1941 година.
1955 Советскиот претседател на влада Георги Маљенков е принуден да поднесе оставка, а оваа функцијата ја наследи Николај Булгањин.
1963 Претседателот на Ирак генералот Абдул Карим Касем е тргнат од власта со државен удар и е стрелан, а нов шеф на државата стана полковникот Абдул Салем Мухамед Ареф.
1975 Советски и американски космонаути почнаа заеднички подготовки за летовите „Сојуз-Аполо“.
1984 Во Сараево се отворени 14. зимски Олимписки игри, први во СФРЈ, на кои учествуваа спортисти од 49 држави.
1989 Во близина на португалскиот архипелаг Азори, во Атлантик, падна американски патнички авион со италијански туристи при што загинаа сите 144 патници.
1993 По судирот со воениот авион „Сухој“ близу Техеран, се урна иранскиот патнички авоион „Тупољев“, а во несреќата загинаа сите 132 патника и членови на екипажот, пилотот и копилотот на воениот авион.
1994 САД ја признаа Република Македонија.
1996 Република Аргентина ја призна Република Македонија.
1998 Во Њујорк умре Ото Ташковиќ, македонски и светски признат архитект. Роден е во Скопје, во 1933 година.
1999 Република Македонија и Република Кина Тајван воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
2004 Принцот Чарлс допатува во Иран, како прв член на британското кралско семејство кој ја посетил оваа земја од исламската револуција во 1979 година.
2005 Грчкиот Парламент го избра поранешниот министер за надворешни работи Каролос Папуљас за нов претседател на Грција. За изборот на 75-годишниот Папуљас, кој беше единствениот кандидат за претседател, гласаа 279 од вкупно 296-те пратеници присутни на седницата. Папуљас е член на Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК).
2005 Израелскиот преседател на влада Ариел Шарон и палестинскиот претседател Махмуд Абас по разговорите во Египет, прогласија прекин на огинот меѓу Израел и Палестинците.
2006 Во Сараево запалени се данското и норвешкото знаме, за време на протестот по повод објавувањето на навредливата карикатура на пророкот Мухамет во медиумите во поединечни западноевропски земји.
 
1540.Во местото Рудај Филдс, во близина на англискиот град Честер се одржа првата трка со коњи во светот.
1573 По поразот на востанието на Матија Губец во Стубичката битка, задушена е Селанската буна на хрватско-словенечките селани. Матија Губец е заробен, а потоа погубен во Загреб, на 15 февруари 1573 година.
1687 Во Лондон, со отсекување на главата на трупец, е погубена шкотската кралица Марија Стјуарт. Неа, три месеци порано, лондонскиот суд ја осуди на смрт под обвинение дека е „виновна затоа што го истакнувала правото на англиската круна и што одобрила и смислила разни планови со намера да ја повреди или уништи личноста на англиската кралица Елизабета“.
1849 Италијанскиот револуционер Џузепе Мацини го прогласи Рим за Република.
1861 Џеферсон Дејвис е избран за претседател, а Александер Стивенс за потпретседател на Конфедералните американски држави (робовладетелски држави отцепени од САД).
1874 Умре францускиот историчар и писател Жил Мишле, исклучителен стилист, автор на низа историски, филозофски и лирски дела. Бил противник на монархијата, црквата, хиерархијата и комунизмот, а со наклонетост пишувал за буржоарските револуции. Дела: „Историја на Франција“, „Историја на Француската револуција“, „Историја на XIX век“, „Планина“. „Птица“.
1881 Во Петроград умре Фјодор Михајлович Достоевски, голем руски и светски писател. Неговото влијание врз развојот на светската литература е од извонредно значење. Во карактерот на своите ликови го открива процесот на поделеноста на вниманието на читателот врз моралната содржина на своите романи. Конструира фабули со криминалистички заплет. Поради револуционерната активност беше прогонет во Сибир. Меѓу неговите најпознати дела се романите и расказите "Бедни луѓе", "Бели ноќи", "Злосторство и казна", "Браќата Карамазови", "Идиот", "Записи од мртвиот дом" и други. Роден е во Москва, на 11 ноември 1821 година.
1891 Роден е италијанскиот политичар Пјетро Сандро Нени, водач на италијанските социјалисти. Учествувал во Шпанската граѓанска војна, бил член на Комитетот за одбрана на Мадрид и политички комесар на дивизија. Во Втората светска војна во Франција бил уапсен од Гестапо. Веднаш по ослободувањето на земјата станал генерален секретар на Социјалистичката партија на Италија, а во 1945 година претседател. Бил првиот потпретседател во првата повоена влада, неолку месеци и шеф на дипломатијата, а во 1963 година и потретседател на владата од левиот центар. Дела: „Историја за четири години 1919-1922“, „Шест години граѓанска војна во Италија“, „Историја на класната борба во Италија“, „Злосторства на фашизмот во Африка 1936“.
1909 Франција и Германија постигнаа договор за Мароко, со кој Берлин ги призна посебните интереси на Париз во оваа северноафриканска земја во замена за економска концесија.
1922 Признато му е авторското право на францускиот композитор Пјер Дегејтер на музиката за пролетерската химна "Интернационала". Дегејтер уште во 1888 година напиша музика за текст на пролетерскиот поет Ежен Потје и таа првпат беше изведена истата година спроти празникот на здруженијата на француските социјалистички новинари. При првото изведување случајно е изоставено името на композиторот, па Дегејтер подоцна со години залудно го докажуваше своето авторство.
1923 Формирана е советската државна воздухопловна компанија "Добролет" која во 1932 година го промени името во "Аерофлот".
1934 Во Атина, Грција, Романија, Турција и Кралството Југославија го поптишаа Балакнскиот пакт заради зачувување на територијалниот поредок на Балканот, соочен со ревизорската политика на земјите поразени во Првата светска војна, посебно Бугарија и Унгарија, кои ги подржуваше Италија. Пактот се распадна под притисок на Германија и практично беше растурен пред избувнувањето на Втората светска војна.
1941 Германските трупи, под команда на генерал Ромел, од Италија поминаа во Северна Африка, што значеше вовед во тешките борби на африканскиот фронт во Втората светска војна.
1942 На францускиот патнички брод „Нормандија“, тогаш најголем и најелегантен во светот во својата категорија, изби пожар, по што бродот потона во њујоршкото пристаниште.
1943 Почна битката на Неретва, позната како Битка за ранетите, една од најзначајните битки во текот на НОВЈ против фашизмот. Битката траеше до 31 март истата година, а во неа беа спасени околу 3.500 ранети и префрлени на слободна територија.
1943 Тешките борби водени за освојување на пацифистичкиот остров Гвадалканал во Втората светска војна завршија со победа на американските сили над јапонската армија, со што пропаднаа апетитите на Токио за заземање на Австралија.
1944 Во Прилеп, во борба против бугарска војска загина Злате Малакоски, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во селото Богдево, Гостиварско, во 1926 година.
1945 Во Лос Анџелес е родена американската актерка Миа Фароу. Во 1964 година ја глуми главната улога во телевизиската серија "Гратчето Пејтон", при што стекнува голема популарност. По две години, таа ја напушти серијата и добива голем публицитет, откако стапи во брак со 30-години постариот американски пејач Френк Синатра. Во 1968 година, филмот "Бебето на Розмари" на режисерот Роман Полански во кој Фароу настапува, добива номинација за Оскар.
1945 Научникот Селман Ваксман и неговиот студент Алберт Шац го открија антибиотикот стрептомицин наменет за болните од туберкулоза. Ваксман својот прв антибиотик го откри во 1940 година, но тој се покажал како токсичен по здравјето на луѓето.
1957 Умре некогашниот регент на Унгарија грофот Миклош Хорти де Наѓбањ. Од 1920 до 1944 година беше на чело на земјата. Унгарија ја воведе во Втората светска војна на страната на Германија и учествуваше во распарчувањето на Кралството Југославија. По Втората светска војна прибежиште му пружи Салазарова Португалија, каде и умре. Југославија го прогласи за воен злосторник, но никогаш не беше изведен пред суд.
1962 Јамајка стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт.
1971 Во земјотрес во областа на американскиот град Лос Анѓелес загинаа најмалку 58 луѓе.
1977 Умре рускиот конструктор на авиони Сергеј Владимирович Иљушин, кој за три децении конструира повеќе од 50 типа авиони. Посебно е познат по оклопниот јуришен авион „Il-2“ за потребите на советското воено воздухопловство во Втората светска војна и патничките авиони конструирани по војната („Il-12“, „Il-18“, „Il-62“, „Il-86“).
1977 Советскиот Сојуз и Шпанија воспоставија дипломатски односи.
1984 Умре Јуриј Владимирович Андропов, шеф на советската држава и на владејачката Комунистичка партија, кој од 1967 до 1982 година беше претседател и на Комитетот на државната безбедност (КГБ). За генерален секретар на партијата беше избран во ноевмри 1982 година, по смртта на Леонид Брежњев, а за претседател на Президиумот на Врховниот совет на Советскиот Сојуз во јуни 1983 година.
1991 На референедум во Литванија, од кој беа исклучени граѓаните од руска националност, повеќе од 90 отсто од избирачите на оваа балтичка земја гласаа за отцепување од Советскиот Сојуз. 1993.- Патувајќи од Прилеп за Струмица, во сообраќајна несреќа загина Мину Угриновска, актерка на Народниот театар "Војдан Чернодрински" од Прилеп. Родена е на 11 октомври 1968 година.
1994 Лидерот на Палестинската ослободителна организација Јасер Арафат и шефот на израелската дипломатија Шимон Перес постигнаа договор за безбедносните прашања кои го кочеа мировниот договор меѓу ПЛО и Израел.
1995 Република Македонија и Република Индија воспоставија дипломатски односи.
1996 Во силна експлозија која ја подметна терористичката ИРА, со што после 17 години беше прекинато примирјето, во Лондон загинаа двајца, а околу 100 луѓе беа ранети.
1999 Народна Република Кина ги прекина дипломатските односи со Република Македонија поради воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Кина Тајван.
2003 Папата Јован Павле Втори упати драматичен апел против американската инвазија на Ирак, а потоа упати и личен пратеник во мировна мисија во Багдат. Тоа не го спречи Вашингтон од намерите без одобрение на Обединтеите нации да ја нападне оваа арапска земја, со изговор дека во оваа земја под режимот на Садам Хусеин има оружје за масовно уништување, што се воспостави како невистин2005.- По долго и тешко боледување почина познатиот телевизиски и радиски новинар Милован Илиќ Минимакс. Тој постигна голем успех со емисиите "Утре е петок" и "Точно на пладне", попозната како "Туп-туп", која ја водеше 22 години. Познати негови емисии се "Минимаксовизија", "Недела кај Минимакс" и "Фонто". Автор е на неколку книги со афоризми и песни, како и на многу колумни во разни весници. Роден на 5 ноември 1938 година во Липница, кај Крагуевац.
 
1650.Во Стокхолм умре Рене Декарт, француски филозоф, математичар и физичар. Неговите дела претставуваат основа на модерната филозофија, а во математиката темел на аналитичката геометрија. Најзначајни дела му се "Принципи на филозофијата", "Расправа за методите", "Геометрија" и други. Роден е на 31 март 1596 година.
1741 Роден е Андре Ернест Гретри, француски композитор и музички писател, од белгиско потекло, најистакнат композитор на комични опери во 18. век. Негови познати дела се „Ричард Лавовско Срце“, „Карван од Каиро“ и други, а пишуваше и мемоари и есеи. Умре вна 24 септември 1813 година.
1847 Роден е Томас Алва Едисон, американски техничар и пронаоѓач. Негови најзначајни пронајдоци се фонографот (грамофонот), микрофонот, акумулаторот, електричната светилка, го усоврши телефонот, меѓу првите изгради електрична централа, прв ја примени филмската лента од целулоид и изгради прво филмско ателје во светот. Умре во 1931 година.
1879 Умре Оноре Домие, француски сликар, графичар и вајар. Во своите дела, особено во графичките, беше силен сатиричар на своето време и аналитичар на негативните општествени и морални појаси. Вистинското значење на неговиот опус го сфатија дури и импресионистите. Роден е на 26 февруари 1808 година.
1929 Со потпишувањето на Латеранскиот Договор меѓу папата Пие Единаесетти и Италија, основана е ватиканската држава - "Чита дел Ватикано". Државата Ватикан се наоѓа во центарот на Рим, оградена со ѕидини и зазема површина од 44 хектари и има 3000 жители. Ватикан има своја радиостаница, телеграфска и поштенска служба, монетарен систем и железничка станица. Врховната власт ја има папата, а политичките работи ги врши државен секретар.
1945 Во Јалта на Крим, е завршена Кримската конференција на која шефовите на владите на трите големи сили на антихитлеровската коалиција, Сталин (СССР), Рузвелт (САД) и Черчил (Велика Британија), ги усогласија воените планови за окончување на војната против Германија и Јапонија. Притоа усвоија резолуција за "ослободена Европа" и се договорија за основање "општа меѓународна организација за мир и безбедност" во светот - Обединетите нации.
1963 Во Љубљана умре Фран Алберт, истакнат словенечки писател, еден од најстарите есеисти и критичари. Роден е во Камник, на 17 ноември 1889 година.
1978 Во Стокхолм умре Хари Едмунд Мартинсон, шведски писател и академик. Уште на 16 години стана морнар и низа години пловеше од Италија до Бразил. Меѓу најпознатите негови дела спаѓаат романите „Копривите цветаат“, „Заминување“, „Патување без цел“, „Кап Фарвел“ и други. Во 1974 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Јемсхег, на 6 мај 1904 година.
1985 Во Лос Анџелес умре Хенри Матавеј, славен американски филмски режисер. Добитник е на еден "Оскар", но сними дури 66 филмови, меѓу кои најпознати се неговите вестерни "Наследството на пустината", "Напад на поштенската кочија", "Ѓаволска градина" и други. Роден е во 1899 година.
1990 Во Скопје е основана Лигата за демократија. За претседател е избран Ѓорѓи Марјановиќ.
1992 Во Штип умре Методи Докузов, легендарен музички педгог на овој град и еден од основоположниците на музичката култура во Македонија. Роден е во Штип, во 1917 година.
1992 Во Сиетел умре Алекс Хајли, американски писател, автор на познатиот роман - хроника „Корени“, за кој во 1977 година ја доби Пулицеровата награда. Роден е во 1922 година.
2001 Во Тетово е поставен камен-темелник на Штуловиот колеџ, првиот приватен универзитет во Република Македонија.
2004 Во Скопје умре Томе Саздов, професор по народна литература, научен работник и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на повеќе книги, меѓу кои: „Македонски народни приказни“, „Марко К. Цепенков како собирач на македонски народни умотворби“, „Македонска народна лирика“, „Усна книжевност на Македонците“, „Историја на македонската книжевност - усна народна книжевност“, „Непознатиот Прличев“ и други. Роден е во Скопје, на 8 февруари 1934 година.
 
1804.Умре Имануел Кант, основоположник на германската класична филозофија. Во основата на неговото учење е сфаќањето дека нештата постојат независно од нашата свест. Најпознати негови дела се "Критика на чистиот ум", "Критика на практичниот ум" и "За убавото и возвишеното". Роден е на 22 април 1724 година.
1809 Роден е Чарлс Дарвин, британски научник, творец на теоријата на еволуцијата на живите суштества. Од 1813 до 1836 година учествуваше во научната експедиција на бродот "Бигл", која имаше пресудно значење за поставување на неговата теорија за органската револуција, која беше во спротивност со учењето на црквата. Неговите записи се ремек дела на научната експозиција, пишувани со јасен и логичен стил. Во своето капитално дело "Потеклото на видовите" ја изнесе суштината на трансформистичките документи наречени "дарвинизам". Умре на 19 април 1882 година.
1809 Роден е Абрахам Линколн, шеснаесеттиот претседател на САД. Беше земјоделец, дрводелец, адвокат, член на Конгресот и еден од основачите и лидер на Републиканската партија, која се бореше за укинување на ропството, а во 1860 година стана претседател на САД. Убиен е во атентат од застапниците на робовскиот систем, во 1865 година.
1818 Чиле ја прогласи независноста од Шпанија.
1832 Пацифичките острови Галапагос се припоени на Еквадор.
1851 Едвард Харгрејвс пронајде злато во Самерхил Крик во Нов Јужен Велс, предизвикувајќи златна треска во Австралија.
1912 Последниот кинески цар од династијата Манџу - Пу Ји, абдицираше, по што Кина стана република со претседателот Сун Јат Сеном. Кога Јапонија во 1932 година од североисточната кинеска провинција ја создаде сателитската држава Манџуко, Пу беше „вратен“ на престолот, станувајќи фигура во рацете на освојувачите. По Втората светска војна беше осуден, но бидејќи во затворот ја „сфатил“ грешката беше помилуван и во 1962 година стана член на Националниот конгрес. Остави мемоари под наслов „Бев кинески цар“.
1914 Во Скадар, Република Албанија, е роден Василие Поповиќ - Цицо, македонски сликар, карикатурист и сценограф, еден од основоположниците на карикатурата, на сценографијата и на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Умре во Скопје, на 10 декември 1962 година.
1923 Роден е италијанскиот филмски режисер Џанфранко Корси, познат како Франко Зефирели, кој режираше и опери и музички драми.
1944 Во местото Барбарас, кај Македонски Брод, бугарскиот окупатор стрела осум борци - учесници во Богомилскиот поход.
1953 Советскиот Сојуз ги прекина дипломатските односи со Израел по бомбашките напади на советското претставништво во Тел Авив.
1973 Северен Виетнам во текот на Виетнамската војна ја ослободи првата група американски воени заробеници.
1974 Во Москва е уапсен рускиот писател Александар Солжењицин, добитник на Нобеловата награда за литература, на кого следниот ден му беше одземено советското државјанство и беше протеран од земјата, по што во емиграција помина две децении.
1979 Умре францускиот филмски режисер Жан Реноар, син на сликарот Огист Реноар. Автор е на низа антивоени филмови со кои силно влијаеше на духовната состојба на нацијата. Ги напишал книгите: „Реноар, мојот татко“, и „Мојот живот и моите филмови“. Филмови: „Нана“; „Кучка“, „Мадам Бовари“, „Тони“, „Излет“, „Голема Илузија“, „Човек - ѕвер“, „Правила на гира“, „Оваа земја е моја“, „Жена на брегот“, „Река“...
1979 Во Родезија (сегашна Зимбабве) герилците убија 59 луѓе, соборувајќи патнички авион „Ел Родезија“.
1984 Во Париз умре Хулио Кортасар, аргентински писател. Автор е на голем број прозни дела, а негов најпознат роман е „Книгата на Мануел“ за која во 1974 година му е доделена наградата „Медисис“. Роден е во Брисел, во 1914 година.
1990 Кармен Лоренс стана премиер на Западна Австралија како прва жена шеф на влада на некоја од австралиските држави.
1992 Република Словенија и Република Хрватска ја признаа независноста на Република Македонија. И Република Македонија ја призна независноста на Република Словенија и на Република Хрватска.
1996 Јасер Арафат ја презеде должност прв палестински претседател.
1996 Република Мекедонија и Република Гана воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
1996 Во Атина официјално започна со работа Канцеларијата за врски на Република Македонија.
1997 Хваг Џанг Јоп, близок соработник на претседателот на Северна Кореја Ким Џонг Ила, побра во јужнокорејската амбасада во Пекинг политички азил во Јужна Кореја.
1999 Американскиот сенат по повод скандалозните љубовни афери на шефот на државата Бил Клинтон со приправничката во Белата куќа Моника Левински со мнозинство гласови не го прифати сменувањето на претседателот.
2002 Пред Судскиот совет во Хашкиот трибунал почна судењето на поранешниот претседател на Југославија и Србија Слободан Милошевиќ, обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото. Судењето не беше завршено бидејќи обвинетиот во текот на процесот умре.
2002 Падот на иранскиот патнички авион „Tu-154“ на запад во Иран не го преживеа никој од 117 патници и членови на екипажот.
 
1571.Умре италијанскиот вајар, златар и писател Бенвенуто Челини, чија автобиографија „Животот на Бенвенуто Челини пишуван со сопствена рака“, кај нас преведена под насловот „Мојот живот“ е значаен документ за културната историја за време на ренесансата. Водел бурен живот, работел во Фиренца и во Рим, а во Париз бил златар на францускиот крал Франсоа Први.
1633 Римокатоличката инквизиција во Рим го уапси италијанскиот астроном Галилео Галилеј затоа што ја докажа предноста на коперниковиот хелиоцентричен систем над птоломејскиот геоцентричен систем. Судот на инквизицијата, со закана за смрт, го принуди тоа учење да го прогласи за заблуда.
1668 Шпанија и формално ја призна независноста на Португалија. Меѓу 1580 и 1640 година Поругалија беше под власта на шпанската круна.
1754 Роден е францускиот свештеник и дипломат Шарл Морис де Таљеран Перигор, вешт и бескрупулозен политичар.
1768 Роден е рускиот писател Иван Андреевич Крилов. Во басните го следел грчкиот писател Езоп, но инсистирал и на рускиот фолклор. Покрај басни, пишувал и сатирични „писма“ и комедии. Со своите дела значително влијаел на европската култура. Дела: збирки басни, комедии „Модна трговија“, „Литерат во ходник“, комичните опери „Хистерично семејство“, „Кафеана“.
1787 Во Милано умре Руѓер Бошковиќ, физичар, математичар, астроном, филозоф и дипломат. Се школуваше во Дубровник, а потоа во римскиот језуитски колегиум. Од 1736 година се нижат неговите дисертации од математика, геофизика, механика, оптика, астрономија и геодезија. Многу патуваше и се занимаваше со дипломатска професија. Напиша многу научни филозофски расправии, дела, стихови и песни. Роден е во Дубровник, на 18 мај 1711 година.
1794 Велика Британија, Прусија, Австрија, Холандија, Шпанија и Сардинското Кралство склучија сојуз против револуционерна Франција.
1873 Во Казан, на Волга, е роден Фјодор Иванович Шалјапин, руски оперски пејач, еден од најголемите оперски уметници на сите времиња. Неговиот глас бас-баритон беше извонреден по дијапазон, пластичност и изразност. Останаа ненадминати неговите улоги на Борис Годунов, Мамфисто, Иван Грозни и Дон Кихот. Умре во Париз, на 12 април 1938 година.
1883 Во Венеција умре Рихард Вагнер, германски композитор, реформатор на операта и централна личност во нејзиниот развој во втората половина на 19. век. Негови најпознати дела се "Тристан и Изолда", "Лоенгрин", "Холанѓанецот скитник", "Танхојзер". Роден е во Лајпциг, на 22 мај 1813 година.
1895 Браќата Огит и Луј Лимиер, француски хемичари и индустијалци и конструктури на првата филмска камера, патентираа апарат за "примена на хронофотографски отпечатоци", наречен синематограф.
1945 Советската Црвена армија во Втората светска војна, по 50 дена опсада, ја ослободи Будимпешта, при што беа убиени 50.000 германски војници.
1945 Американски и британски авиони во Втората светска војна 14 часа го бомбардираа германскиот град Дрезден, воено безначајна цел, усмртувајќи повеќе од 35.000 луѓе, главно цивили.
1947 Во Скопје е основано Друштвото на писателите на Македонија. Основачи беа Блаже Конески (прв претседател), Димитар Митрев, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Владо Малески, Ристо Крле, Васил Иљоски и Иван Точко.
1958 Умре францускиот сликар Жорж Андри Руо, експресионист. Главни теми во неговите слики се арлекини, човечки маски и религиозни мотиви, а со задоволство сликал и на стакло.
1961 Советот за безбедност на Обединетите нации реши во Конго да се упатат мировните сили на Светската организација за да се спречи избувнување на граѓанската војна во оваа африканска земја.
1974 Рускиот писател Александар Солжењицин, добитник на Нобеловата награда за литература, на кого му беше одземено советското државјанство, е протеран од земјата.
1975 Кипарските Турци во северниот дел на островот, кој седум месеци претходно го окупира Турција, прогласија „федерална држава“, дополнително влошувајќи ја напнатата ситуација на овој медитерански остров. Формирано е „Турското уставотворно собрание“, на кое за прв „претседател“ беше избран водачот на кипарските Турци Рауф Денкташ.
1976 Умре американската оперска пејачка од француско потеко Лили Понс, еден од најголемите колоритни сопрани на 20. век. Настапувала на сцените ширум светот, со посебен успех во њујоршката Митрополитен опера, а сними и повеќе филмувани опери.
1979 Во Лос Анџелес умре Жан Реноар, француски филмски режисер, великан на францускиот и светскиот филм. Ги напиша книгите "Реноар, татко ми" и "Мојот живот и моите филмови". Режисер е на филмовите "Нана", "Кучка", "Мадам Бовари", "Голема илузија", "Марселеза". Роден е во Париз, на 15 септември 1894 година.
1983 Во италијанскиот град Торино во пожар во кино загинаа 64 луѓе.
1984 Шеф на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз и на државата стана Константин Черњенко, наследувајќи го починатиот Јуриј Андропов. На власт беше помалку од една година, а по смртта на власт дојде Михаил Горбачов, седми и последен лидер на советската држава.
1990 Советскиот Сојуз, Велика Британија, Франција, САД и двете германски држави го објавија планот за обединување на Германија.
1991 Американски бомбардери го разорија прибежитето во Багдат, идентификувано како воена цел, во кое цивилите побараа спас од воздушните напади. Според ирачки извори, загинаа околу 500 луѓе, меѓу кои многу деца и жени.
1996 Во Скопје умре Зија Бериша, актер на Албанската драма при Театарот на народностите во Скопје.
2002 Шкотскиот парламент го забрани ловот на лисици, со што Шкотска стана дел од Обединетото Кралство кое го забрани овој традицонален омилен „спорт“ на британската аристократија.
2004 Поранешниот претседател на Чеченија Зелимкан Јандараев умре од повреда здобиена во експлозија на неговиот автомобил во катарската престолнина Доха, каде живееше во бегство повеќе од три години.
2007 Постигнат е договор за нуклеарно разоружување на Северна Кореја. Шестте држави (Јужна Кореја, Кина, Русија, САД, Јапонија и Северна Кореја) во Пекинг постигнаа договор за окончување на севернокорејската нуклеарна програма бидејќи Пјонгјанг се согласи да ги затвори своите клучни нуклеарни постројки во рок од два месеца, во замена за конкретна помош, најмногу во енергетика.
 
- Денеска е Меѓународен ден за борба против ракот и леукемијата кај децата
1564 Во Пиза е роден Галилео Галилеј, италијански астроном и физичар. Ги проучуваше проблемите на механичкото слободно паѓање и хоризонталниот истрел. Конструира телескоп кој го постави на врвот на црквата "Свети Марко" во Венеција. Ги откри Јупитеровите месечини и појавата на Сончевите дамки. Поради прифаќање на Коперниковиот хелиоцентричен систем, се судри со Католичката црква. На 70-годишна возраст беше протеран од земјата. Умре на 8 јануари 1642 година.
1710 Роден е францускиот крал Луј Четиринаесетти, кој по смртта на својот прадедо Луј Шеснаесетти стапи на престолот во петтата година од животот и владееше се до смртта во 1774 година. Важи за владетел кој се однесувал непримерно, дури и расипнички, а од него наводно потекнува реченицата „после мене потоп“. Неуспешно завршија војната за австриското наследство и Седумгодишната војна по кои Франција мораше на Велика Британија да и ја отстапи Канада.
1763 Со Мировниот договор во Хубертсбург заврши непријателството меѓу Австрија и Прусија во Седумгодишната војна. Прусија ја здржа Шлезија која ја одзеде од Австрија со што стана една од водечките светски сили.
1781 Умре германскиот писател, критичар и теоретичар на уметноста Готхолд Ефраим Лесинг, голем поддржувач на образованието, како и втемелувач на современа германска литература и естетика. Дела: „Мис Сара Сампсон“, „Емилија Галоти“, „Итриот Натан“, комедијата „Мина од Барнхелм“, критиката „Писма за најновата литература“, Хамбуршка драматургија“ и други.
1839 Во Велес е роден Рајко Жинзифов, македонски писател, преродбеник и публицист. Во своите песни го опеа славното и тешко минато на македонскиот народ. Најпознато негово дело е поемата "Крвава кошула". Умре во Москва, на 15 февруари 1877 година.
1857 Во Берлин умре Михаил Иванович Глинка, руски композитор и еден од основачите на националниот музички стил во Русија. Со своите композиции го прослави рускиот музички стил низ светот. Тој ја компонира првата руска национална опера "Иван Сусањин", како и операта "Руслан и Људмила". Компонира оркестарски дела, камерна музика и романси. Роден е во Новоспаско, кај Смоленск, на 1 јуни 1804 година.
1861 Роден е англискиот филозоф Алфред Норт Вајтхед, еден од најзначајните англосаксонски мислители на 20. век. Најпрво се бавел со математичката логика и заедно со англискиот филозоф и математичар Бертранд Раселом ја напишаа „Principia mathematica“. Потоа ја разви оригиналната метафизика - космичкото гледиште за „големите објекти“. Сметаше дека филозофијата има судбинско социјално-историско значење. Останати делови: Расправа за универзалната алгебра“, „Оганизација на мислењата“, „Истражување на принципите на природните знаења“, „Науката и модерниот свет“, „Процес и реалост“, „Смети потфати на идеите“, „Религија во значајни својства“.
1898 Почна американско-шпанската војна во која САД од Шпанија ги презедоа Филипини, Гуам, Порторико и Куба (при што Куба доби независност).
1922 Во Хаг се одржа првата седница на Меѓународниот суд основан во 1920 од страна на Друштвото на народите.
1942 Јапонските војници во Втората светска војна го зазедоа Сингапур и заробија 85.000 британски војници.
1944 Средновековниот манастир Монте Касино во Италија, претворен во упориште на германските сили, во Втората светска војна е бомбардиран од страна на сојузничката авијација.
1971 Велика Британија премина на децимален паричен систем.
1984 Во Скопје умре акдемик Харалампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската литература, истакнат македонски научен и културен работник, долгогодишен редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и еден од првите членови на Македонската акедемија на науките и уметностите. Тој е автор на голем број трудови од областа на македонската уметничка и народна литература, како и од областа на другите словенски народи. Неговиот научен опус опфаќа повеќе од 1.000 библиографски единици. Роден е во Гостивар, на 30 јануари 1909 година.
1991 Лондон и Буенос Аирес ги обновија целосно дипломатските односи кои беа прекинати во 1982 година за време на неуспешниот обид на Аргентина од Велика Британија да ги одземе Фокландските острови во Атлантскиот океан.
1993 Парламентот на Словачка го избра Михал Ковач за прв претседател на на државата по распадот на Чехословачка.
1994 Северна Кореја се согласи да отвори дел од нуклеарната програма за меѓународна инспекција.
1994 Извршена е смртната казна на рускиот сериски убиец Андреј Чикатил, „Ростовски мевосек“, кој силувал и искасапил повеќе од 50 лица.
1994 Во Скопје умре Љубомир Белогаски, македонски сликар и академик. Роден е во Делчево во 1911 година.
1994 Министерот за надворешни работи на Австралија, сенаторот Герет Еванс, соопшти дека Австралија ја призна Република Македонија.
1994 Во Скопје умре Љубомир Белогаски, академски сликар, графичар и педагог, еден од основоположниците на македонското современо сликарство. Роден е во Делчево, на 15 април 1911 година.
1996 Во експлозија во складиште за муниција близу претседателската палата во Кабул, главнот град на Авганистан, загинаа најмалку 60 лица.
2001 Заедничката дипломатско-експертска комисија за утврдување и опис на државната граница меѓу Репубилка Македонија и СР Југославија ја заврши својата четиригодишна работа.
2003 Во 400 градови во 60 земји со учество на околу 10 милиони луѓе се оджаа најголемите антивоени демонстрации од војната во Виетнам. Протестите се одржаа поради намерите на САД и Велика Британија без одлука на Советот за безбедност на ОН да го нападнат Ирак.
2004 Во пожар во петкатен трговски центар во градот Ѓилин во североисточна Кина загинаа најмалку 53 лица. Неколку часа подоцна во пожар во храм во Хаининг во кинеската покраина Џеѓанг, загинаа 40 верници.
2004 Во Кина е извршена смртна казна врз Јанг Шинхаиј, еден од најлошите сериски убијци, кој за четири години убил 67 лица и силувал најмалку 20 жени.
 
1808.- Франција ја почна инвазијата врз Шпанија. За еден месец Шпанија беше покорена. Царот Наполеон Први ги донесе во Франција кралот Карлос Четврти и неговиот син Фернанд Седми, а на престолот го постави братот Жозеф Бонапарта кој со окупираната Шпанија владееше до 1813 година.
1850.- Роден е Октав Мирбо, француски писател, натуралист. Пишуваше романи, драми и книжевна критика. Главни негови дела се романот „Дневникот на една собарка“ и драмското дело „Работата е работа“. Умре во 1917 година.
1871.- Француската Влада потпиша капитулација и акт за примирје со Прусите по загубената војна.
1873.- Во Шпанија е прогласена Република, бидејќи поради внатрешните превирања во земјата, несредената стопанска ситуација и јакнење на републиканското движење, тогашниот крал Амедео Савојски се откажа од престолот. Меѓутоа, поради разединетоста на револуционерните сили, следната година генерал Серано изврши удар и го обнови монархофашистичкиот систем.
1907.- Во Болоња умре Џозуе Кардучи, голем италијански поет, книжевен историчар и неокласичар. Напиша голем број песни и книжевни, естетски и филолошки студии. Познати се неговите дела „Варварски оди“, „Рими и ритми“ и други. Во 1906 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Вал ди Кастело, Тоскана, на 27 јули 1835 година.
1918.- Англиското пристаниште Довер во Првата светска војна беше бомбардирано од германската подморница.
1926.- Роден е англискиот филмски режисер Џон Ричард Шлезинџер, близок на идеите за „слободен филм“. Филмови: „Лажливецот Били“, „Дарлинг“, „Полноќен каубој“ (Оскар), „Недела, проклета недела“, „Сјајот и бедата на Холивуд“, „Маратонец“.
1935.- Во Детроит е роден Салваторе Боно (Сони Боно), американски републикански конгресмен и пејач. Загина на скијање кај Хевели Ски Ресорт, на 6 јануари 1998 година.
1936.- На парламентарните избори во Шпанија победи листата на Народниот фронт, по што владата на социјалистите, комунистите и претставниците на синдикатот ја состави Мануел Асања. Владата веднаш издаде декрет за амнестија на политичките затвореници и ја почна аграрната реформа, но го почна и прогонот на некомунистите. Ројалистите под водство на генералот Франческо Франко, во јули 1936 година почнаа вооружена буна со што ја предизвикаа граѓанската војна во која во 1939 година беа поразени силите на владата на Народниот фронт, благодарејќи на огромната воена помош која на Франко му ја пружија нацистичка Германија и фашистичка Италија.
1937.- Најлонот е патентиран. Овој изум е плод на работата на хемичарите Волас Хјум Каротерс и неговиот истражувачки тим од компанијата „Дупонт“ во САД.
1944.- На планината Бабуна, борци на Првата македонско-косовска НОУ бригада го пронајдоа смрзнат и босоног, со празен ранец на грбот и со пушка која ја држеше со згрчените раце, својот соборец и ликовен уметник Андон Дуков. Роден е во Охрид, на 20 декември 1909 година.
1945.- Американското воздухопловство во Втората светска војна започна масовно бомбардирање на Токио.
1949.- Во Скопје излезе првиот број на „Студентски весник“, орган на Универзитетскиот комитет на Народната студентска младина.
1959.- Фидел Кастро стана премиер на Куба.
1970.- Во Њујорк умре Пејтон Франсис Раус, американски патолог, добитник на Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1966 година (заедно со Чарлс Хагинс) за откритието на тумор-индуцирачки вируси. Роден е во Балтимор, на 5 октомври 1879 година.
1972.- Група офицери на вооружените сили на Еквадор, предводени од генерал Гилермо Родригес Лара со државен удар, без крв го ослободи од власт Хосе Марие Веласко Ибара. На чело на државата дојде генерал Лара, а соборениот претседател Ибара доби азил во Венецуела.
1978.- Кина и Јапонија во Пекинг потпишаа Договор за трговија меѓу двете држави во висина од 20 милијарди американски долари.
1983.- Во пожар кој зафати големо подрачје на југот во Австралија загинаа најмалку 69 луѓе.
1986.- Во Скопје умре Стефан Таневски, македонски писател. Ги напиша историските трагедии „Иван“, „Владимир и Косара“ и „Рог“, како и збирката поезија „Ноќни бразди“. Роден е во Скопје, на 7 април 1918 година.
1986.- Во Скопје умре Мирослава Ралева, македонски книжевен и научно-стручен преведувач, долгогодишен директор на Школата за странски јазици во Скопје. Родена е во Скопје, на 6 јуни 1932 година.
1992.- Заирските сили за безбедност убија 32 демонстранти, отворајќи оган врз илјадници христијани кои почнаа мирни улични протести против режимот на претседателот на Заир (денешна Демократска Република Конго) Мобуту Сесе Секу.
1994.- Република Грција ја затвори границата кон Република Македонија и воведе трговско ембарго кон Република Македонија, ги затвори Грчкиот конзулат во Скопје и Солунското пристаниште за Македонија. Ембаргото е укинато на 15 октомври 1995 година.
1994.- Во планинското подрачје на индонезискиот остров Суматра во земјотрес загинаа најмалку 200 луѓе.
1996.- Европскиот парламент донесе одлука за пристапување на Република Македонија во Европската програма ФАРЕ за помош и развој на земјите од Централна и Источна Европа.
1998.- При падот на „Ербас А-300“ на тајванската авиокомпанија „Чајна ерлајнз“ во близина на аеродромот во Тајпеи загинаа 203 патници во авионот, вклучувајќи го и гувернерот на централната банка на Тајван, како и седум луѓе на земјата.
2000.- Русија и НАТО ги обновија односите, прекинати во 1999 година поради агресијата на Алијансата врз СР Југославија, соопштено е во Москва.
2001.- Во селото Танушевци, во близина на македонско-југословенската граница, во делот со Косово, дојде до вооружена престелка на органите за обезбедување на македонската граница со непознати вооружени лица со црни маскирни униформи.
2005.- Стапи на сила Договорот од Кјото, со кој земјите потписнички ги прифатија до тогаш најстрогите ограничувања врзани за заштита на животната средина.
2008.- Европската унија донесе еднострана одлука за испраќање мисија на Косово, без одобрение на Советот за безбедност на ОН или генеалниот секретар на ОН, и покрај острото противење на Србија. Холанѓанецот Питер Фејт е именуван за специјален претставник на ЕУ на Косово и Метохија, а поранешниот командант на КФОР, Французинот Ив де Кермабон, за шеф на мисијата ЕУЛЕКС.
2008.- Во напад на бомбаши-самоубијци во пакистанскиот град Парачинар загинаа 37 лица, а повеќе од 90 беа ранети, во близина на канцеларијата на политичарите кои ја поддржуваат партијата на убиената опозициска лидерка Беназир Буто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom