На денешен ден!

1628.Роден е францускиот писател Шарл Перо, автор на прочуените збирки бајки „Вилински приказни“, „Мачорот во чизми“, „Црвенкапа“, „Заспаната убавица“ и други.
1773 Во Чарлстон во Јужна Каролина е основан првиот музеј во САД.
1829 Умре германскиот писател Фридрих фон Шлегел, најзначаен теоретичар на германскиот романтизам и еден од првите европски модернисти. Дела: „Луцинда“, „Историја на старата и новата книжевност“ (еден од првите прегледи на светската литература).
1839 Францускиот сликар Едгар Дега го прикажа во Париз својот пронајдок - фотографирање со помош на сребрени или посребрени бакарни плочки покриени со пласт од јодит на сребро. Ова беше првата фотографска постапка, наречена според својот пронаоѓач дегеротипија, што овозможи да се добие еден позитив со помош на живина пареа.
1852 Роден е францускиот маршал Жозеф Жак Сезер Жофр, творец на воениот план на Франција во Првата светска војна и победник во битката на Марни во 1914 година. Кон крајот на 1916 година сменет е од функцијата главен командант на француската армија поради неуспехот во операциите во 1915 и во 1916 година.
1876 Во Сан Франциско е роден Џек Лондон (вистинското име му е Џон Грифит), американски писател, социјалист, наречен американски Горки поради симпатиите спрема луѓето од дното. Најпознати негови дела се "Железната петица", "Мартин Идн", "Луѓе од бездната", "Кралот алкохол", "Повик на дивината", "Морски волк", "Белиот песјак". Умре во Глен Елен, на 22 ноември 1916 година.
1876 Роден е италијанскиот композитор од германско потекло Ермано Волф-Ферари, обновувач на италијанската комична опера, кој компонирал главно според комедиите на италијанскиот писател Карло Голдони. Компонирал и инструментални композиции и кантати. Дела: оперите „Четворицата грубијани“, „Љубопитни жени“, „Школо за очуви“, „Сузанина тајна“.
1878 Роден е унгарскиот писател Геренц Молнар, творец на публистичкиот стил во унгарската литература, кој со романот „Јунаците од Павловата улица“ создаде класично дело за младинската книжевност. Дела: драми и комедии „Лилиом“, „Волк“, „Гардист“, „Црвена воденица“, „Чудо меѓу брдата“, „Лебед“, „Олимпија“, „Игра во дворецот“.
1893 Роден е германскиот воен злосторник Херман Вилхелм Геринг, рајхсмаршал во Третиот рајх и основач на злогласната нацистичка политичка полиција Гестапо. Познат е и како организатор на незапаметените кражби на културното благо ширум окупираната Европа. Како министер за воздухопловство бил одговорен за бомбрдирање на незаштитените градови и масовното страдање на цивилите во Втората светска војна. По смртната пресуда која заради воените злосторства му ја изрече Меѓународниот суд во Нирнберг, се самоуби во октомври во 1946 година, испивајќи отров.
1899 Роден е швајцарскиот биохемичар Паул Херман Милер, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1948 година, кој го откри инсектицидот DDT.
1915 Претседателскиот дом на САД го отфрли предлогот жените да добијат право на глас.
1932 Хети Каравај, демократ од Арканзас, стана првата жена избрана во американскиот Сенат.
1945 Во текот на жестоките борби во Ардените, советските сили тргнаа во голема офанзива против Третиот рајх. Челичниот валјак брзо ја проби непријателската одбрана во длабочина од 150 километри, а на 3 февруари првите советски тенкови стигнаа до Кистрин и Франкфурт, само 80 километри од Берлин.
1964 Со симнувањето на султанот во Занзибар, по еден месец, бидејќи островската африканска држава во Индијскиот Океан стана независна, заврши востанието и беше прогласена за република со претседателот Абеид Каруме. Занзибар четири месеци подоцна се обедини со Тангањика и Танзанија.
1976 Умре англиската писателка Агата Кристи, автор на многу детективски романи, но и на драмски дела. Напишала и необично интересна автобиографија. Дела: „Убиството на Роџер Ајкрофт“, „Леш во саркофаг“, „Убиство во Ориент експрес“, „Никотин“, „Отворени карти“, „Убиство во Месопотамија“ и други.
1978 Советскиот вселенски брод „Сојуз 27“ се спои со системот „Сојуз 6 - Сојуз 26“ и така првпат околу Земјината орбита е создаден пилотиран научно-истражувачки комплекс што го сочинуваат орбитална станица и два транспортни брода.
1987 Во Москва умре Анатолиј Ефрос, познат советски режисер. Неговите режии повеќе од три децении го свртуваа вниманието на публиката како во Советскиот Сојуз, така и во земјите во кои гостуваа претставите од БИТЕФ. Во 1985 година во Скопје настапи и ансамблот на театарот "Таганка" од Москва со три претстави во режија на Ефрос: "На дното" од Горки, "Вишновата градина" од Чехов и "Војната нема женско лице". Роден е во 1925 година.
1987 Во Битола умре Васка Бошкова, артистка на Народниот театар во Битола и една од пионерките на овој драмски ансамбл. На сцената стапи со неполни 17 години, а нејзиниот прв поголем успех беше улогата на Петрунела во Држиќевиот „Дундо Марое“. Роден е во 1926 година.
1990 Романскиот претседател Јон Илиеску соопшти дека Комунистичката партија на Романија е ставена вон законот.
1990 Во манастирот "Свети Гаврил Лесновски", умре епископот велички Гаврил (Парнаџиев). Роден е во Штип, на 10 март 1926 година.
1991 Американскиот Конгрес му одобри на претседателот Џорџ Буш со воена сила да ја отстрани ирачката армија од Кувајт.
1992 Алжирската влада ден по оставката на шефот на државата Бенџедид Шади ја одложи втората рунда од парламентарните избори, образложувајќи го тоа „со неможност да продолжи изборниот процес“. На изборите водеше исламскиот Фронт на националниот спас, а исламистите на тоа набрзо одговорија со терористички напади.
1993 Во Скопје умре Чедо Јакимовски, македонски писател и новинар. Автор е на книгите „Нарциса“, „Лажно море“ и „Халеевата комета“. Роден е во Кратово, на 22 февруари 1940 година.
1995 Во Скопје умре Климе Савин, македонски пливачки маратонец и спортски работник. Роден е на 19 јануари 1941 година.
1998 Канаѓанката Луиз Решет е наименувана за заменик на генералниот секретар на Обединетите нации, функција која дотогаш не постоеше во светската организација.
1998 Германија востанови фонд од 200 милиони марки заради обесштетување на околу 18.000 Евреи од источноевропските земји, жртви на нацизмот во Втората светска војна.
2000 Турската влада ја одложи смртната казна со бесење на курдскиот бунтовник Абдулах Оџалан.
2000 Велика Британија им дозволи на хомосексуалците да работат во службите на оружените сили.
2002 Во њујоршката болница „Синај“ умре некогашниот државен секретар на САД Сајрус Венс (84). Во 1991 година беше на функцијата специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации Хавиер Перес де Куљеар во поранешна Југославија.
2004 Во Скопје умре Благоја Ѓорѓиоски - Лактински, македонски писател и новинар. Автор е на книгата „Атом на мојата постела“. Роден е во селото Лактиње, Охридско, на 10 март 1942 година.
2005 Европскиот парламент го ратифиуваше Уставот на Европската унија.
2006 Во стамбедо меѓу верниците, на последниот ден на молитвените обреди во Мина, источно од светиот град Мека, загинаа 363 луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.
2006 Турчинот Мехмет Али Агџа, кој во 1981 година се обиде да го убие папата Јован Павле Втори, е пуштен на слобода по одлежани скоро 25 години затвор во италијански и турски затвори заради атентат врз папата и убиство на турски новинар.
 
Три години по трагичната несреќа кај катлановско Блаце, во која животот го загубија 11 припадници на Aрмијата. Сеуште не се познати причините за уривањето на воениот хеликоптер.

Нека почиваат во мир !
 
1806.Во Вршац е роден Јован Стерија Поповиќ, српски писател, комедиограф и еден од првите големи поети на поновата српска книжевност. Познати се неговите комедии „Лажење и надлажување“, „Покондирена тиква“, „Злобна жена“, „Кир Јања“ и „Родољубци“, романот „Роман без роман“ и збирката поезија „Даворје“. Умре во Вршац, на 10 март 1856 година.
1854 По биртанско-кинеската војна, која на Европјаните им овозможи продор на Далечниот Исток, американски и руски бродови впловија во пристаништето Урага кај Еда (денешен Токио), каде е потпишан договор со кој Јапонија ја отвори вратата за американската трговија.
1893 Основана е британската Лабуристичка партија, чиј претседател стана шкотскиот работнички водач Џејмс Кир Харди.
1898 Францускиот писател Емил Зола го напиша својот најпознат запис „Обвинувам“, а по повод „Драјфусовата афера“. Во писмото до тогашниот претседател на Републиката Феликс Форе, Зола укажа на махинациите на највисоките воени кругови и, убеден во невиноста на осудениот Драјфурс (француски офицер, по потекло Евреин, во 1894 година лажно осуден на доживотна робија за шпионажа во корист на Германија), побара негово ослободување.
1906 Умре рускиот физичар и електроинжењер Александар Степанович Попов, кој ја пронајде и ја воспостави првата радиотелеграфска врска. Го направи првиот радио приемник, пред италијанскиот пронаоѓач Гиљел Маркони.
1915 Централна Италија ја зафати катастрофален земјотрес во кој загинаа околу 30.000 луѓе.
1917 Во Велика Британија стапи во сила нов изборен закон според кој жените беа изедначени во политичките права со мажите.
1920 Во Струмица е роден проф. Христо Стамболиев, еден од основачите на Технолошко - металургискиот факултет во Скопје и негов прв декан. Негова преокупација беше остварување на научната мисла во неорганската хемија, аналитичката хемија и технологијата на силикатите. Умре на 2 јули 1989 година.
1935 Во областа Сар, со која врз основа на мандатот на Друштвото на народите управувала Франција, мнозинството гласало за припојување со Германија. Германскиот водач Адолф Хитлер истата година ја искористил попустливоста на сојузниците и самоволно ги отфрлил сите ограничувања, вклучувајќи ја забраната за вооружување, наметната по поразот на Германија во Првата светска војна со мировниот договор од Версај.
1941 Во Цирих умре Џејм Џојс, ирски писател, еден од основоположниците на современиот роман, новатор на раскажувачките форми и предвесник на модерниот израз. Најпознато негово дело е „Улис“, а потоа следуваат „Камерна музика“, „Деблинци“ и други. Роден е во Даблин, на 2 февруари 1882 година.
1945 Советската армија во Втората светска војна ја започна големата офанзива против Германија при што 180 советски дивизии набрзо ги пробија германските позиции во Полска и во источна Прусија во длабочина од околу 150 километри.
1963 Во воениот удар, убиен е првиот претседател на Того, Силванус Олимпио, а војската на власт го донесе Николас Границки, кој од 1961 година се наоѓал во бегство. Истиот ден во 1967 година со воен удар без пролевање крв власта од Границки ја презеде потполковникот Етјен Гнасингбе Ејадем.
1972 Војската во Гана ја собори цивилната влада на претседателот Едвард Акуф Ад, а власта ја презеде полковникот Игнациус Ачемпонг.
1977 Во Париз умре Жорж Клузо, француски филмски режисер и сценарист. Најпознати негови филмови се "Убиецот живее во бр. 21", "Кеј Орфевр", "Надница за страв" и "Мистеријата Пикасо". Добитник е на "Златна палма" за режија во Кан, во 1956 година. Роден е во 1907 година.
1984 Во Скопје умре Васка Циривири, носител на "Партизанска споменица 1941", прв претседател на АФЖ на Македонија, мајка на две ќерки - борци кои храбро загинаа во НОВ. Родена е во Прилеп, на 18 октомври 1898 година.
1985 При падот на воз во бездна, околу 250 километри источно од главниот град на Етиопија, Адис Абеба, загинаа најмалку 428 патници.
1994 Во Скопје умре Добри Ставревски, еден од најпознатите пејачи на македонската естрада. Роден е во 1934 година.
1998 Падот на транспортен авион на авганистанската компанија „Аријана Афган ерлајнз“ во планинската област на северозападен Пакистан не го преживеа никој од 51 патник и членови на екипажот.
2000 Бил Гејтс, коосновачот на „Мајкрософт“ и фоцијално најбогатиот човек во светот, му ја препушти функцијата извршен директор на компанијата на „бројот два“ Стив Балмер.
2001 Во земјотресот со епицентар во близина на Сан Салвадор, главниот град на централоамериканската држава Ел Салвадор, загинаа најмлаку 725 луѓе.
 
1742.Во Лондон умре Едмунд Халеј, англиски астроном и геофизичар. Меѓу другото, прв откри дека ѕвездите се движат. Најмногу набљудувана и најпозната е според него наречената Халеова комета. Роден е во 1659 година.
1784 САД го ратификуваа мировниот договор со Велика Британија, со што и формално заврши Американската војна за независност.
1809 Британија и Шпанија склучија сојуз против францускиот цар Наполеон I.
1839 Во Штип е роден Јосиф Ковачев, учител, педагог, основоположник на современото школство во Македонија, еден од најобразованите луѓе во Македонија во тоа време. Умре во Софија, на 31 декември 1898 година.
1850 Роден е францускиот писател Луј Мари Жилиен Вио, познат како Пјер Лоти. Дела: „Во харемот“, „Лотиевата женидба“, „Морнар“. „Исландски рибар“.

1875 Во Кајзерберг, Франција, е роден Алберт Швајцер, познат хуманист, лекар, филозоф, теолог и музичар. Од 1913 година работеше како лекар - мисионер во организирањето на здравствената служба во Екваторијална Африка. Во 1952 година ја доби Нобеловата награда за мир. Умре во Ламберане, денешен Габон, на 4 септември 1965 година.
1881 Во Кукуш е роден Милан Стоилов, македонски револуционер, еден од основачите и секретар на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург, член на Тајниот македонско-одрински кружок и учесник во Илинденското востание. Загина во селото Витошево, Кочанско, во борба против турската војска, на 6 септември 1903 година.
1898 Умре англискиот писател и математичар Луис Керол. Дела: „Алиса во земјата на чудата“, „Низ огледало“.
1906 Во Кавадарци е роден Васил Хаџиманов, македонски етномузиколог и педагог. Неговиот творечки опус е мошне богат. Меѓу најзначајните негови дела се вбројуваат "Зборникот на македонски народни песни", "Македонски борбени народни песни", "Македонски народни песни, Моми Тиквешанки". Умре во Скопје на 16 декември 1969 година.
1907 Земјотресот кој го разори Кингстон на Јамајка усмрти околу илјада луѓе.
1914 Хенри Форд, "крал на американската автомобилска индустрија", ја пушти во работа првата бескрајна производна лента. Тоа значеше пресвртница, бидејќи го забрза производството на автомобили и придонесе за големо намалување на нивната цена.
1914 Во селото Долени, Костурско, е роден Паскал Паскалевски, македонски револуционер, писател, новинар и учесник во Граѓанската војна во Грција (1945 - 1949). Автор е на стихозбирките „Пролет над Егеј“, „Народни песни од Егејска Македонија“ и други. Умре во Скопје, во 2003 година.
1925 Роден е јапонскиот писател Јукио Мишимо. Дела: романите „Исповед на една маска“, „Шумот на брановите“, „Златен павиљон“, „После банкетот“, „Морнарот кој го изневери морето“, драмата „Пет модерни `no` игри“.

1932 Во селото Присовјани, Струшко, е роден Јован Котески, македонски писател. Меѓу неговите дела познати се „Земја и страст“, „Злодоба“, „Зелени порти“, „Хераклеја“ и други. Умре во Скопје, на 12 јули 2001 година.
1943 Во велешките касарни бугарските фашисти на најѕверски начин ги убија Благој Страчковски, народен херој на Југославија, од Македонија и Славе Петков, двајцата борци на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.
1957 Умре американскиот филмски актер Хемфри Дефорест Богарт, добитник на Оскар во 1951 година за филмот „Африканска кралица“. Филмови: „Казабланка“, „Малтешки сокол“, „Длабок сон“, „Богатството на Сиера Мадре“, „Р`тот Ларго“, „Да се има и да се нема“, „Босоногата контеса“, „Тежок пад“.
1965 За првпат по осамостојувањето на Ирска се состанаа премиерите на Република Ирска и биританска Северна Ирска.
1969 Во СССР се лансирани во вселената бродовите "Сојуз-4" и "Сојуз-5" и за првпат во историјата е формирана експериментална вселенска станица.
1977 Умре англискиот државник Роберт Ентони Идн, премиер на Велика Британија од 1955 до 1957 година. Од 1935 до 1938, потоа од 1941 до 1945 и од 1951 до 1955 година беше шеф на дипломатијата. Во 1955 година се повлече од оваа функција и стана премиер и шеф на Конзервативната партија. Поднесе оставка во јануари во 1957 година по неуспехот на британско-француско-израелската агресија врз Египет во октомври 1956 година.
1977 Умре американската писателка од фрацнуско-шпанско потекло Анаис Нин. Дела: „Куќа на инцеси“, „Децата на Албатрос“, „Под стаклен ѕвон“, „Птички“, „Роман на иднината“.
1986 Во Холивуд умре Дона Рид, американска филмска и телевизиска актерка. Во 1958 година ја доби наградата "Оскар" за улогата на девојка за забава во познатиот воен филм "Од овде до вечноста". Родена е во 1922 година.
1986 Винсио Сересо по 16 години ја презеде должноста претседател на Гватемала како прв цивилен шеф на оваа централноамериканска држава.
1988 Умре советскиот политичар Георги Максимилијанович Маљенков. Во 1953 година го наследи починатиот Сталин на функцијата претседател на влада. Во февруари 1955 година поднесе оставка и стана еден од потпретседателите во владата на Николај Булгањин. Во јуни 1957 година беше симнат од функциите во владата. Беше исклучен од Политбирото и Централниот комитет на владејачката Комунистичка партија на Советскиот Сојуз, под обвинение дека учествува во заговор за соборување на Никита Хрушчов.

1989 На магинстралниот пат Охрид - Кичево, во близина на месноста Лавчанско Рачиште, во сообраќајна несреќа загина Цветанка Трпкова, долгогодишен член на Драмското судио на Радио Скопје, автор на повеќе драмски текстови, режисер и толкувач на улоги во голем број радио-драми и автор на две прозни книги. Родена е во Прилеп, во 1939 година.
1991 Во Тунис се убиени тројца блиски соработници на Јасер Арафат, вклучувајќи го и Абу Ијад, еден од основачите на Палестинската ослободителна организација. Ова и нанесе огромни штети на ПЛО, бидејќи беше очигледно дека антетаторот беше близок до врвот на оваа организација.
1994 Фудбалскиот сојуз на Македонија стана придружен член на Европската фудбалска унија.
1996 Претседателот на Гватемала Алваро Арс преземајќи ја должноста шеф на државата, апелираше до левичарските герилци да започнат преговори за ставање крај на граѓанската војна која 35 години ја потресуваше оваа земја во Средна Америка.
2000 Умре Томислав Зографски, македонски музички творец, композитор, професор и публицист. Роден е во Велес, на 29 март 1934 година.
2003 Десетици илјади луѓе демонстрираа во Никозија, најголем протест во историјта на Кипар под турска окупација, барајќи ставање крај на изолацијата која траеше со децении.
2005 По седумгодишното патување европската сонда „Хајгенс“ успеа да се спушти на Сатурновиот месец Титан и да ги испрати првите фотографии во контролата на летање во Дармштат.
 
1547.Кнезот Иван Четврти, во историјата познат како Иван Грозни, во Москва е крунисан за руски цар. За време на неговото владеење посебно до израз дојдоа царскиот апсолутизам и централизација на земјата во која дотогаш големо значење имаа угледните семејства.
1581 Англискиот парламент изгласа строги мерки против римокатолиците, зацврстувајќи ја превласта на националната англиканска црква.
1749 Роден е италијанскиот писател Виторио Алфиери, патриотски поет и драмски писател. Завршил Воена академија во Торино, а потоа пропатувал низ повеќе европски држави. Дела: трагедиите „Саул“, „Орест“, „Марија Стјуарт“, „Филип“, „Клеопатра“, Антигона“, автобиографскиот акт „Животот на Виторио Алфиери“.
1778 Франција ја призна независноста на САД кои водеа ослободителна војна против британското колонијално владеење. Во борбата на страната на Американците учествуваа неколку илјади Французи, меѓу кои и маркизот Ла Фаст, еден од најистакнатите воени соработници на Џорџ Вашингтон. Победата на САД и демократското уредување на новата држава имаше голем одек во Франција, каде што набрзо дојде до буржоаската револуција.
1794 Умре англискиот историчар Едвард Гибон. Во делото „Паѓањето и пропаста на Римското царство“ ја опфатил историјата на Рим и Византија од вториот до 15. век.
1864 Во настојувањето да ги приграби покраините Шлезвиг и Холштајн, германскиот канцелар Ото фон Бизмарк ја придоби дотогаш непријателска Виена. И двете сили ултимативно побараа од Данска да го укине штотуку изгласениот сутав кој ги зацврсти нејзините врски со овие две покраини. Во војната која многу набрзо изби Данците беа поразени, а спорните војводства и припаднаа на Прусија.
1920 Во САД е воведена прохибиција на производството, на точењето и уживањето на алкохолни пијалоци. Оваа мерка не доведе до подобрување на општествените прилики, туку, напротив, лавината на корупцијата и на ганстерството доби уште поголем замав. Прохибицијата во 1933 година ја укина претседателот Франклин Рузвелт, отфрлајќи ја како штетна, утопистичка идеја.
1920 Во Париз е одржан првиот состанок на Советот на Друштвото на народите, но без учество на САД, чиј претседател Вудро Вилсон значително придонесе во создавањето на меѓународната организација. Претходно амерканскиот сенат одби да го ратификува Версајскиот мировен договор склучен по Првата светска војна, со кој Вилсон беше дезавуиран, а САД трајно останаа надвор од Друштвото на народите.
1944 Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер во Втората светска војна беше назначен за главен командант на западните сојузнички сили. Од него истовремено беше побарано да го направи планот за отворање на вториот фронт во Западна Европа поради борбите против германските трупи.
1945 Во Ардени со победа на сојузничките сили под команда на генералот Бернард Монтгомери и Омар Бредли, кои претходно ја приклештија германската дивизија, беше нанесен огромен пораз на Германците во Западнот фронт, со што беше уништен и последниот обид на Адолф Хитлер да го измени исходот на Втората светска војна.
1957 Во Њујорк умре Артуро Тосканини, италијански оперски и симфониски диригент, еден од најпознатите диригенти на сите времиња. Роден е во Парма, на 25 март 1867 година.
1962 Во САД умре Иван Мештровиќ, вајар, еден од најголемите светски уметници. Изработи голем број релјефи, фигури и портрети, како и многу други монументални споменици. Роден е во Врполе, на 15 август 1883 година.
1969 Во центарот на Прага се самозапали чешкиот студент Јан Палах во знак на протест поради тоа што силите на Варшавскиот пакт ја окупираа Чехословачка, во август 1968 година.
1979 Реза Пахлави под притисок на исламската теократија која ја презеде власта го напушти Иран.
1987 Шефот на Комунистичката партија на Кина Ху Јаобанг поднесе оставка, прифаќајќи ја вината за политичките грешки кои предизвикаа студентски немири, а функцијата генерален секретар ја презеде Џао Цијанг.
1991 Силите предводени од САД во Заливската војна со масовни воздушни удари по воените и индустриските цели во Ирак и Кувајт ја почнаа операцијата „Пустинска луња“.
1991 Во Белград умре Густав Влахов, првоборец, носител на "Партизанска споменица 1941" и општествено-политички работник.
1994 Радикалниот црнечки Панафрикански Конгрес се откажа од вооружените борби три месеци во очи на првиот серасен избор во Јужна Африка.
1996 Одржано е Основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22 март 1996 година, а промовирана на 14 јуни 1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски.
1997 Во Скопје умре Олга Милосавлева, македонска балерина, кореограф и педагог. Родена е во 1935 година.
1998 Во експлозија на метан во рудникот „Соко“ во Читлук кај Соко Бања загинаа 29 рудари.
2002 Во ерупцијата на вулканот Њирагонго во Демократска Република Конго разоран е градот Гома при што загинаа најмалку 50, а по три дена во истиот град експлодира и бензинска пумпа која усмрти уште околу 100 луѓе.
2003 Американскиот шатл „Колумбија“ го понесе во вселената првиот израелски астронаут. Леталото се распадна на 1 февруари при враќањето на Земјата при што никој од седумтемина во леталото не преживеа.
2004 Уставниот суд на Шпанија ја забрани басијската сепаратистичка партија Батасуна, обвинувајќи ја за поврзаност со терористичката организација ЕТА. Батасуна е првата политичката партија забранета во Шпанија од 1975 година.
2006 Елен Џонсон Серлиф положи заклетва како нов претседател на Либерија со што стана првата жена претседател на држава на Африканскиот континент.
2007 Умре Рудолф Аугуст Еткер, „Кралот на пудингот“. Од фабриката за прашак за пециво создаде гигант каде вработи 23.000 луѓе и оствари огромни обрти. Во светот на бизнисот Еткер влезе во 1944 година, кога го наследи својот очув. Семејниот бизнис го прошири со производство на храна и пиво, потоа банкастрво и хемиска индустрија, хотелиерство, па и бродарство. Еткер беше и страствен собирач на антиквитети и уметнички дела. На својот роден на Билефелд му подари уметничка галерија.
2007 Повеќе од 100 Ирачани загинаа, а преку 190 беа ранети во неколку одвоени напади во Багдад. Во експлозија на автомобил-бомба на влезот на универзитетот загинаа 65, а 110 беа ранети, повеќето студенти. Неколку минути подоцна бомбаш-самоубиец себе се дигна во воздух кај вториот влез на универзитетот додека луѓето бегаа од првата експлозија.
 
395. Умре византискиот (римски) цар Теодосие Први, наречен Теодосие Велики, кој владееше од 379 до 392 година, кога успеа да го обнови Царството во целосен обем. До смртта владееше со Рим како последен владетел на единствената империја.
1377 Папата Григур Единаесетти од Авињон го врати средиштето на римокатоличките поглавари во Рим.
1706 Шпанската престолнина од Мадрид е преместена во Ваљадолид.
1706 Во Бостон е роден Бенџамин Франклин, американски политичар и дипломат, работник, печатар, филозоф и државник, кој најмногу остана запаметен како пронаоѓач на громобранот. Умре во Филаделфија, на 17 април 1790 година.
1773 Англискиот морепловец Џејмс Кук со бродот „Резолушн“ прв го премина Антартичкиот круг.
1820 Родена е англиската писателка од ирско потекло Ана Бронте, најмладата од трите сестри писателки. Дела: романите „Агнес Греј“, „Станарката Вајлдфел Хол“.
1863 Роден е Константин Сергеевич Алексеев, познат како Станиславски, руски режисер, актер и основач на Московскиот художествен театар, во кој го афирмира сценскиот реализам. Своите сфаќања, проверени низ практичната работа ги изложи во делата "Мојот живот во уметноста" и "Работата на актерот над себе". Умре на 7 август 1938 година.
1863 Роден е англискиот државник Дејвид Лојд Џорџ, кој беше неколку пати премиер на Велика Британија. Во 1911 година ја ограничи власта на Горниот дом на Парламентот. Му припаѓал на левото крило на Либералната партија, а подоцна станал и нејзин шеф. Меѓу 1906 и 1911 година го втемелил англиското работничко законодавство: осумчасовна работа за потешките работи, системот на панзија, помош во случај на болест, повреди на работа и невработеност. Во надворешната политика значитело ги бранел интересите на британската империја и се залагал за силно ангажирање на европскиот контитнент во Првата светска војна, вклучувајќи го и отворањето на сојузничкиот фронт на Балканот. Беше еден од главните учесници на мировната конференција во Версај и значително влијаел на приликите во повоена Европа. Напишал мемоари „Дваесет и пет години“, во кои го опфатил периодот од 1892 до 1916 година.
1912 Ескпедицијата на англискиот истражувач, поморскиот капетан Роберт Скот стигна на Јужниот пол, еден месец по експедицијата на Норвежанецот Руал Амундсен. Скот и преостанатите четворица членови на експедицијата умреа од глад и студ при враќањето од Јужниот пол.
1919 Полскиот композитор Игнац Јан Падеревски, пијанист од светски глас, стана првиот претседател на владата на Полска, воспоставена по завршувањето на Првата светска војна. Успеал да го убеди претседателот на САД Вудро Вилсон во својот план од „14 точки“, кој стана основа на Версајскиот мировен договор, да ја внесе одредбата за независност на Полска.
1939 Со учество на многу жандарми и војници во Велес беа задушени тридневните демонстрации на монополските работници и на другите граѓани. Демонстрациите имаа големо економско и политичко значење во тоа време.
1942 Роден е американскиот боксер од африканско потекло Касијус Клеј, познат како Мухамед Али. Клеј е единствениот боксер кој трипати ја освои титулата светски првак во тешка категорија.
1944 Сојузничките сили во Втората светска војна кај Монте Касино го почнаа пробивот на германската „Густавова линија“. Во жестоките борби на Апенините страдаа градот Касино и прастариот бенедиктски манастир, кој во 529 година го подигна основачот на римокатоличкиот ред Свети Бенедикт од Нурси. Монте Касино беше центар на Бенедиктскиот ред и средиште на пребогата архива, библиотека и ризница. Беше потполно разорен и уништен.
1945 Црвената армија во Втората светска војна ја ослободи Варшава, која беше повеќе од пет години под германска окупација.
1953 Во Скопје излезе првиот број на "Стопански весник", весник на Стопанската комора и стопанството на Македонија. Во почетокот се појави како орган на Трговската угостителска комора на НР Македонија. Од 1983 година излегува како ревија која стручно и аналитички ја третира стопанската проблематика во Македонија и светот. Од 1984 година се појавува со поднасловот: Ревија на Стопанската комора на Македонија.
1959 Со создавањето на унијата на Република Сенегал и Француски Судан е донесена одлука за основање на федералната држава Мали. Одлуката стапи на сила во април во 1959 година. Денешна Мали одговара на територијата на поранешен Француски Судан бидејќи Сенегал се одвои веќе во август 1960 година.
1961 По налог на Моис Чомбе, белите платеници го убија законскиот конгоански премиер Патрис Лумумба, творец на конгоанската независност и херој на "црна Африка".
1966 Врз Шпанија се судрија американскиот бомбардер „В-52“ и теретен авион за снабдување со гориво, при што загинаа осум лица, а бомбардерот беше принуден во Атлантскиот океан да ја исфрли хидрогенската бомба, која не експлодира.
1986 Во Скопје умре Станко Липша, оперски пејач, повеќе од три децении носител на баритонскиот репертоар на Операта при Македонскиот народен театар и долгогодишен вокален педагог. Дебитираше со ликот на Ескамилио во "Кармен", а последен пат на сцената настапи како Амонасро во "Аида". Речиси нема оперски пејач кој бил или е член на Операта при МНТ кој не поминал низ "студиото" на Липша. Роден е во Бакар, кај Задар, во Хрватска на 13 ноември 1915 година.
1991 Американското воздухопловство и западните сојузници во Заливската војна во операцијата „Пустинска луња“ ги изведоа вториот и третиот бран на масовно бомбардирање на цели во Ирак и Кувајт кои беа под окупација на ирачката армија.
1994 Во земјотрес во Лос Анѓелос загинаа 61 лице.
1995 Во земјотресот кој зафати пошироко подрајче на јапонскиот град Кобе загинаа повеќе од 6.400 луѓе, а материјалната штета беше проценета на 85,5 милијарди долари.
1996 Во Скопје и во Атина се отворени канцелариите за врски на Република Македонија и на Република Грција.
1997 Во Даблин судот го прогласи првиот развод на брак во историјата на Ирска, врз основа на законот одобрен на референдум, на што жестоко се противела црквата (католичка).
1997 Умре проф. Славко Поп Антовски, еден од основачите на Земјоделско - шумарскиот факултет во Скопје и негов прв декан. Роден е во Прилеп, во 1913 година.
1998 Претседателот на САД Бил Клинтон беше принуден да, како прв шеф на државата во американската историја, сведочи во своја одбрана по повод обвинувањето од страна на Пол Џонс за сексуално вознемирување.
2001 Во Скопје, во организација на телевизиската куќа БТР, излезе првиот број на весникот „Рома тајмс“, на македонски и на англиски јазик.
2002 Умре шпанскиот писател Камило Хосе Села, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1989 година. Напишал околу 70 книги, вклучувајќи ги и романите „Семејството Паскал Дуарте“, „Кошничка“, „Тајниот речник“ и други.
2005 Во старечки дом во предградие на Лос Анѓелес, умре Вирџинија Мајо, холивудска актерка, ѕвезда на голем број филмови од четириесеттите години на 20. век. Родена е во Сент Луис, во 1920 година.
2005 Умре кинескиот политичар Џао Цијанг, поранешен генерален секретар на Комунистичката партија на Кина. Беше сменет во 1989 година поради спротивставувањето на насилното гушење на демонстрациите на плоштадот Тјенанмен.
 
Македонската православна црква денеска го слави Богојавление - Водици, голем христијански празник во спомен на денот кога Јован Крстител на реката Јордан го крстил Исус Христос. Додека Христос излегувал од водата небото се отворило и на него, во облик на гулаб, се спуштил Светиот дух, при што се слушнал гласот Божји: „Мои љубени, ова е Синот на мојата волја“.
1419 Во Стогодишната војна меѓу Франција и Англија, бранителите на францускиот град Руан и се предадоа на војската на англискиот крал Хенри Петти, по што тој го заврши освојувањето на Нормандија.
1736 Во Гринок, Шкотска, е роден Џејмс Ват, англиски научник и пронаоѓач, конструктор на првата ефикасна парна машина (ја патентира во 1769 година). Заедно со Метју Балтон во 1782 година во Сан, крај Бирмингем, основа прва фабрика за парни машини во светот. Во знак на признание на овој голем научник единицата за моќ во физиката е наречена "ват". Умре во Витфилд на 25 август 1819 година.
1747 Роден е германскиот астроном Јохан Елерт Боде, кој со помош на низа броеви (Бодеова низа) приближно ја востанови средната оддалеченот на првите седум планети од Сонцето. Беше директор на Британската опсерваторија, а во 1774 година го основал „Балканскиот астрономски годишник“ кој излегувал до 1957 година.
1798 Роден е францускиот филозоф и математичар Огист Конт, еден од основачите на филозофијата на позитивност и основач на социологијата. Дела: „Курсот на позитивната филозофија“, „Системот на позитивната политика“ и други.
1809 Во Бостон е роден Едгар Алан По, северноамерикански поет и раскажувач. Неговата лирика се одликува со меланхоличност и тага. Автор е на кусите раскази на ужасот "Црна мачка". Умре во Балтимор, на 7 октомври 1849 година.
1813 Роден е англискиот инженер Хенри Бесемер, кој во 1855 година ја пронајде постапката за преработка на суровото железо во челик, наречена „Бесемерова постапка“. Челичарницата која во 1859 година ја подигна во Шефилд и денеска произведува челик.
1839 Роден е Пол Сезан, прочуен француски сликар. Во почетокот го следеше импресионистичкиот правец, но подоцна создаде оригинален стил со синтеза на облици на тонови во природата. Неговото сваќање на уметноста е револуционерно и предизвика преобразба на сликарството во светот. Познати се неговите пејзажи, мртви природи и капачки. Од делата најпознати му се "Сина ваза", "Коцкари", "Планината Сен - Виктор", "Капачки" и други. Умре на 22 октомври 1906 година.
1865 Умре фрнцускиот економист и политички филозоф Пјер Жозеф Прудот, чија доктрина стана основа за подоцнежните радикални и анархистички теории.Неговите дела послужија како прирачник за различните радикални политички концепции и на левицата и на десницата.
1871 Во селото Смилево, Демирхисарско, е роден Даме Груев, еден од великаните на националното ослободително движење на македонскиот народ кон крајот на 20. век, револуционер, учител, идеолог и еден од организаторите и основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Загина во борба против османлиската војска на врвот Петлец, кај селото Русиново, Беровско, на 23 декември 1906 година. Селаните од Русиново го закопаа мртвото тело на Даме во дворот на црквата во селото, а подоцна му ги пренесоа останките во родното Смилево.
1920 Роден е перуанскиот дипломат Хавиер Перес де Куељар, кој во 1982 година е избран за генеален секретар на Обединетите нации. На оваа функција беше 10 години.
1925 Во Битола е роден Кирил Македонски, македонски композитор чие име е поврзано со настанувањето на првата македонска национална опера „Гоце“, која својата прва премиера ја доживеа во Скопје, во 1954 година. Пред операта „Гоце“ го привлече вниманието на себе со синфониската поема „Танчарка“. На 5 ноември 1968 година на сцената на Операта при МНТ во Скопје беше изведена неговата втора опера во четири чина со епилог „Цар Самуил“. Покрај камерни творби, тој пишуваше музика и за радиодрами и театарски пиеси, за краткометражни филмови, како и за играниот филм „Македонска крвава свадба“. Умре во Скопје, на 2 јуни 1984 година.
1938 Умре српсиот писател Бранислав Нушиќ, голем комедиограф, член на Српската кралска академија. Дела: „Сомнително лице“, „Госпоѓа министерка“, „Народен пратеник“, „Протекции“, „Патот околу светот“, „Д-р“, „Свет“, „Мистер долар“ и многу други.
1938 Во шпанската граѓанска војна воздухопловството на генералот Франциско Франко, подоцна диктатор на Шпанија, ги бомбардираше Барселона и Валенсија при што загинаа најмалку 700 луѓе.
1945 Советската армија го ослободи Краков.
1947 Во Скопје е основано Друштвото на музичарите на Македонија.
1949 Британските синдикати излегоа од светската синдикална федерација. Истото тоа набрзо го направија и синдикатите на другите западни земји. Истата година е основана „меѓународната конфедерација на слободни работнички синдикати“, па врз основа на блоковската поделба на светот настана расцепување и во меѓународното синдикално движење.
1960 САД и Јапнија потпишаа договор за меѓународна безбедност.
1966 Индира Ганди е избрана првпат за шеф на владата на Индија, осум дена по ненадејната смрт на премиерот Лал Бахадур Шастри.
1974 Од Кина под обвинение за шпионажа се протерани советски граѓани, вклучувајќи еден диломат и двајца членови на амбасадата во Пекинг.
1975 Британските власти и Ирската републиканска армија соопштија дека се одржани привите директни преговори, пет години по почетокот на нередите во Северна Ирска.
1983 Во Боливија е уапсен германскиот воен злосторник Клаус Барби, озогласен СС-шеф на Лион во окупираната Франција во Втората светска војна.
1988 Во Игало умре Павле Бидев, првиот македонски шаховски мајстор. Тој ја има издадено и првата шаховска книга во Македонија, "Шах", симбол на космосот. Роден е во 1912 година.
1989 Советскиот Сојуз соопшти дека еднострано од Европа ќе повлече дел од нуклеарните ракети со краток домет.
1990 Во Белград умре Боро Личеноски, учесник во НОВ на Македонија и началник на АСНОМ.
1993 По крахот на воената интервенција на САД во Сомалија, првите американски единици ја напуштија Сомалија.
1994 Во Скопје, во издание на Асоцијацијата на европските студентски структури - АЕЖЕ при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", е промовиран првиот број на студентскиот магазин "Јуроп".
1995 Пред налетот на руските трупи чеченските исламски сепаратисти побегнаа од претседателската палата во Грозни, главниот град на руската република Чеченија.
1996 Во близина на Истанбул се предадоа чеченските исламски терористи, кои четири дена пред тоа на Црно Море киднапираа еден руски ферибот, заканувајќи се дека ќе убијат повеќе од 240 заложници.
1997 Во Скопје умре Тодор Тони Шулевски, македонски балетски играч, првенец на Балетот на МНТ. Зад себе остви осумдесеттина улоги. Роден е во 1932 година.
1998 Со потпишувањето на договорот во Тегусигалпи, Хондурас и Салвадор формално го решија пограничниот спор поради кој и своевремено војувале.
2000 Умре поранешниот италијански премиер Бетино Кракси, кој во бегство во Тунис живеел од 1994 година кога беше обвинет за корупција.
2000 Израелската војска во воздух ја дигна зградата на радио-станицата Гласот на Палестина во Рамали, на Западниот Брег.
2000 Во Скопје, во Воената болница, под раководство на кардиохирургот д-р Жан Митрев, е отворен првиот Центар за кардиохирургија во Република Македонија.
2006 Умре американскиот соло пејач Вилсон Пикет, кој во 60-ите години се прослави со хитовите како што се „Mustang Sally“ и „In The Midnight Hour“.
2006 Американската агенција за вселенски истражувања НАСА ја лансира првата своја сонда на Плутон.
2006 Во несреќата на словачкиот воен авион, кој се урна во северисточна Унгарија, загинаа 35 словачки војници од составот на меѓународните косовски сили КФОР, и осум членови на екипажот.
2007 Умре Дени Доерти, член на популарната фолк-рок група од 60-ите години „Mamas edn Papas“, позната по хитовите како што се „Kalifornija drimin“ и „Mandej, mandej“.
 
1265.Првпат е свикан англискиот Парламент со што беше ограничена власта на монархијата.
1327 Англискиот крал Едвард Втори го принуди високото племство да абдицира во корист на синот Едвард Трети.
1649 Заробениот крал Чарлс Први на крајот на граѓанската војна меѓу монархистите и следбениците на парламентот во Англија беше изведен на суд обвинет за предавство, односно за тајни преговори со Шкотите. Наброзо беше осуден на смрт и погубен 10 дена подоцна.
1667 По 13-годишните борби Русија ја порази Полска во војната која изби во 1654 година по победата над полската војска. По мирен пат во Андрусова, Полска се одрече од Киев, Смоленска и од делови на Украина на левиот брег од реката Дњепар.
1713 Во Виена умре Павао Ритер Витезовиќ, историчар, географ, филолог, поет, политичар, бакрорезец, печатар, претходник на илирското движење. Најзначајно негово дело е „Стематографија“, издадена на латински јазик, во кое се содржат грбовите на јужнословенските народи. Роден е во Сењ (во фамилија на германски доселеници), на 7 јануари 1652 година.
1898 Во Шабац умре Коста Абрашевиќ, македонски пролетерски поет. Се школуваше во Охрид. По преселувањето на неговото семејство во Шабац, го продолжи образованието и мошне млад почна да пишува песни, љубовни и патриотски. Во 1894 година се запозна со социјалистичките идеи на кои им остана приврзан до крајот на животот. Тој беше против општествените разлики, против силата и богатството. Пишуваше на српскохрватски јазик и е еден од најзначајните поети Македонци кои твореа на друг јазик. Роден е во Охрид, на 29 мај 1879 година.
1900 Умре англискиот писател и критичар Џон Раскин. Тој сметал дека само здрав народ може да создава големи уметнички дела. Се залагал за образование на сите слоеви на народот и ги критикувал економските и политичките сфаќања на утилитаристите. Дела: „Модерен сликар“, „Камените на Венеција“, „Две патеки“, „До последниот“ и други.
1902 Роден е Назим Хикмет, пролетерски писател и револуционер, еден од најзначајните турски поети на 20. век. Ги напушти традиционалните форми и прв го воведе слободниот стих. Поради револуционерните идеи е осуден на 28 години. Ги напиша делата „Џоконда и Сијан“, „Следните тројца“, „Зошто Бенерџи сакала да се убие“ и други. Умре на 3 јуни 1963 година.
1920 Роден е италијанскиот филмски режисер Федерико Фелини, еден од најголемите синеисти на 20. век. Филмови: „Лица“, (Оскар), „Пробисвет“, „Кабириени ноќи“ (Оскар), „Сладок живот“ (прва награда во Кан), „Осум и пол“ (Оскар), „Џулиета и духови“ (Златен глобус), „Кловнови“, „Амаркорд“, „Казанова“, „Градот на жените“, „Бродот плови“, „Џенифер и Фред“.
1936 Инвазиските италијански фашистички трупи, кои на почетокот на октомври 1935 година без објава на војна упаднаа во Етиопија, презедоа решителна офанзива против етиопските сили, успеаја да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат таа земја.
1941 Франклин Делано Рузвелт, водач на Демократската партија, по трет пат е избран за претседател на САД. Првиот мандат го презеде во 1932 година, во времето на големата економска криза, а во 1945 година по четврти пат е избран за претседател, што е единствен случај во историјата на САД.
1945 Во Воденско, Егејска Македонија, е формирана Тајната македонска ослободителна револуционерна организација (ТМОРО). Иницијатор, организатор и раководител на организацијата беше Вангел Ајановски - Оче. Целта на организацијата беше да се бори за извојување на националните права на Македонците, против силите што им се спротивставуваа на овие стремежи, да се бори за нормализирање на односите со КПГ и со другите грчки прогресивни сили.
1973 Во Конакри, платеници на португалскиот колонијализам го убија генралниот секретар на Африканската партија за независност на Гвинеа - Бисао и еден од најеминентните лидери на африканската борба против португалскиот колонијализам - Амилкар Кабрал.
1981 Републиканецот Роналд Реган, на 70-годишна возраст ја презеде функцијата претседател на државата, станувајќи најстар претседател во американската историја.
1981 По 444 денови во заробеништво, од амбасадата на САД во Техеран беа ослободени 52 американски заложници.
1984 Во Акапулко, Мексико, умре американскиот спортист и филмски глумец Џони Вајсмилер, првиот човек кој преплива 100 метри побрзо од една минута, и толкувач на многу главни улоги во низа филмови за Тарзан. Оствари три златни медали на Олимписките игри во 1924 и две во 1928 година. Филмови: „Тарзановото враќање“, „Тарзан и неговата дружина“ и други. Роден е во Виндбар, Пенсилванија, на 2 јуни 1904 година.
1984 Во Акапулко, Мексико, умре Џони Вајсмилер, американски артист, популарен креатор на Тарзан. Во филмовите беше ангажиран како одличен спортист и пливач. Роден е во Виндбар, Пенсилванија, на 2 јуни 1904 година.
1992 Падот на „Ербас А-230“ јужно од францускиот град Стразбур го преживеаја само девет од вкупно 96 луѓе во авионот.
1993 Во Лозана умре Одри Хепберн, американска филмска артистка, од холандско потекло, една од најголемите холивудски ѕвезди, амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. Се прослави со филмот "Празник во Рим", за кој доби "Оскар". Меѓу познатите филмови во кои играше се "Појадок кај Тифани", "Сабрина", "Смешно лице" и други. Родена е во 1929 година.
1996 На изборите во Газа и на Западниот брег, одржани според договорот меѓу Израел и Палестинците, водачот на ПЛО Јасер Арафат стана првиот демократски избран лидер на палестинскиот народ.
2001 Потпрестедателот на Филипини Глорија Аројо ја презеде должноста шеф на државата, бидејќи филипинскиот Врховен суд пресуди дека сменетиот претседател Џозеф Естрад не можел да ја обавува оваа функција.
 
1516.Умре шпанскиот крал Фердинанд Втори и Петти Католички (како Фердинанд Втори владеел со Арагонија, а како Фердинанд Петти со Кастиља и Леон). Неговото доаѓање на престолот на Арагонија во 1479 година го означи почетокот на историјата на обединување на Шпанија. Изабела Прва во 1474 година стана кралица на Кастиља, а тој го наследи таткото Хуан Втори во Арагон со што овие две земји се обединија, за да подоцна од нив настане Шпанија. Во 1480 година го втемели судот на инквизицијата, а во 1492 година „како неверници“ ги протера Евреите од Шпанија. Борбите со Маварите победнички ги заврши во 1492 година, протервуајќи ги од јужната шпанска покраина Гранада. Истата година ја опреми експедицијата на Кристофер Колумбо која ја откри Америка. Од Франција во 1503 година го протера Неаполското кралство (Кралството на двете Сицилии).
1719 Со обединувње на Вадуц и Шеленберг создадено е кнежеството Лихтенштајн.
1744 Умре италијанскиот филозоф, историограф и теоретичар на правото Џовани Батиста Вико, или Џамбатист, основач на филозофијата на историјата и идната модерна теорија на естетиката. Роден е како син на сиромашен книжар. На универзитетот во родниот Неапол во 1697 година станал професор по реторика. Неаполскиот крал Карло Трети во 1735 година го именувал за кралски историограф. Дела: „Принципи на новата наука на заедничка природа на нацијата“, „Универзално право“, „Автобиографија“.
1783 Во Гренобл е роден Мари Анри Бејл, познат по псевдонимот Стендал, основоположник на големата епоха на францускиот реализам. Во својот роман "Црвено и црно" се покажа како одличен хроничар, аналитичар и критичар на француското општество во времето на реставрацијата. Најпознат негов роман е "Пармски катузијански манастир". Умре во 1842 година.
1806 Умре англискиот државник Вилијам Пит Младиот, кој во 1783 година стана најмладиот премиер во историјата на Велика Британија. Додека бил прмиер до 1801 и од 1804 до 1806 година, водел експанзивна колонијална политика, а во Индија ја зацврстил британската власт реформирајќи ја адмиистрацијата. Како заколнат непријател на Француската револуција, бил главен организатор на европската коалиција против револуционерна и Наполеонова Франција.
1832 Во Париз е роден Едуар Мане, француски сликар, непосреден претходник на импресионистите. Неговото платно "Појадок во природа", претставува една од првите слики, со која отстапи од конвенционалниот академски начин на сликање. Највеќе сликаше во масло и тоа портрети (Зола, Клемансо, Пруст и други), но една од најомилените теми му беше сликањето во природа. Умре во Париз, на 30 април 1883 година.
1862 Во Цариград умре Димитрија Миладинов, македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист и научник. Беше собирач на народни умотворби и основач на македонската етнографија. Неговата поезија е со изразит лирски темперамент, а неговото творештво се состои од неколку лирски целини. Заедно со својот помлад брат Константин водеше организирана борба против денационализаторството, пенелизмот и практиката на грчката влада на македонските подрачја. Роден е во Струга, во 1810 година.
1878 Во Виница, Словенија, е роден Отон Жупанчич, еден од најголемите словенечки поети. Во своето творештво, уметнички ги одрази националните и социјалните проблеми на својот народ. Словенечката поезија ја збогати со слободен ритам и динамичен стил. Негови познати збирки се "Чаша на опојноста", "Цицибан", "Преку полињата" и други. Умре во Љубљана, на 11 јуни 1949 година.
1888 Умре францускиот писател Езен Мартин Лабиш. Дела: „Сламен шешир“, „Патот на господионот Перисон“.
1891 Роден е италијанскиот револуционер и теоретичар Антонио Грамси, озновач на Комунистичката партија на Италија во 1921 година. Ги уредувал весниците „Il grido del popolo“, „Avanti“ и „Ordine nuovo“. Фашистите го уапсија во 1926 година, а во 1928 година бил осуден на 20 години затвор. Бил осолободен во 1936 година, но бидејќи во затворот бил многу измачуван и малтретиран набрзо умрел. Дела: „Историскиот материјализам и филозофијата на Бедет Кроче“, „Интелектуалци и градба на културата“, „Белешки за Макијевели, политика и модерна држава“, „Книжевност и национален живот“, „Минато и сегашност“, „Писма од затвор“.
1898 Роден е рускиот филмски режисер Сергеј Михајлович Ејзенштејн, еден од најголемите теоретичари и стилисти во светскиот филм. По професија бил архитект и во почетокот цртал плакати, работел како сценограф и театарски режисер кој внесувајќи новини тежнеел кон чисти релаистички елементи и во театарот. Филмови: „Штрајк“, „Октомври“, „Старо и ново“, „Сентиментална романса“ (снимен во Франција), „Да живее Мексико“, „Александар Невски“, „Иван Грозни“, книгите „Филмски чувства“, „Филмски облик“.
1901 Во Солун турската полиција ги уапси Александар Ников, секретар на ЦК на ТМРО и Милан Михаилов, службеник во ЦК на ТМРО. Тоа беше и почеток на една од најкрупните и најбучните провали, која имаше тешки последици за ТМРО.
1928 Родена е француската филмска глумица Жана Моро, кој се прослави во филмовите на францускиот „нов бран“ по Втората светска војна. Филмови: „Љубовници“, „Опасна врска“, „Модерато кантабиле“, „Ноќ“, „Жил и Џим“, „Процес“, „Ева“, „Дневникот на една собарка“, „Вива Марија“, „Катарина Велика“. Според сопствено сценарио го режирала филмот „Светло“.
1931 Умре руската балерина Ана Павловна Павлова, најголем балетски уметник на класичниот стил во почетокот на 20. век. Кариерата ја почна во Петроград настапувајќи заедно со прочуениот Вацлав Нижниски во Рускиот балет на Сергеј Жагиљев. Потоа основа своја сопствена група со која настапуи ширум светот, посебно воодушевувајќи ја публиката со играта во балетите „Лебедова смрт“, „Пепертуки“, „Лебедово езеро“, „Жизела“, „Рајмонда“.
1943 Британскaта Осма армија во Втората светска војна ги победи Германците и ги зазеде Триполи и италијанската колонија Либија.
1944 Умре норвешкиот сликар Едвард Мунк, светски препознатлив по сликата „Крик“.
1968 Во севернокорејските води морнарицата на ДНР Кореја го зароби американскиот брод "Пуебло", кој служеше како пловечка шпионска станица и беше опремен со најмодерни апарати за прислушкување и за дешифрирање. Случајот "Пуебло" предизвика голема напнатост во односите меѓу двете земји. ДНР Кореја подоцна го ослободи екипажот кој се врати во САД.
1989 Умре шпанскиот сликар Салвадор Дали, ексцентрик со висок стил, еден од најголемите сликари во 20. век, кој ги потресе темелите на сликарството. Поминал низ фазите на футуризмот, кубизмот и апстрактниот рационализам, за да се задржи на надреализмот, секогаш со цртежите изведени до перфекција. Во триесеттите години ги наслика делата кои предизвикаа шок „Големиот мастурбатор“, „Предвидување на граѓанската војна“. Работел и како костимограф и сценограф во филмовите на Лаус Буљуел „Андалузиско куче“ и „Златна доба“. Го напишал автобиографското дело „Тајниот живот на Славадор Дали“.
1991 Конституирано е првото повеќепартиско еднодомно Собрание на Град Скопје. За претседател е избран Милан Талевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
1992 Претседателот на владата на Естонија Едгар Сависар поднесе оставка поради недостаток на храна и енергија во неговата држава која се отцепи од Советскиот Сојуз.
1995 Умре Вањо Хаџиев, повеќегодишен соработник на весникот "Нова Македонија" и на речиси сите други изданија на НИП "Нова Македонија".
1998 Поранешниот претседател на Јужна Африка Питер Вилхелм Бота изјави, во судот каде се појави под обвинение за опструкција на работата на Комисијата за испитување на вистината за злоупотреби во текот на ерата на апартхејдот, дека после се не постои ништо за што би требало да се извини.
2000 Повеќе од милион луѓе демонстрираа во центарот на Мадрид против обновување на кампањата на насилство кон која пребегна баскиската терористичка организација ЕТА.
2000 Во Скопје умре Александар Христовски, македонски писател. Негови познати дела се „Коњи под месечина“, „Кореја“ и „Којче од Коњари“. Роден е во селото Лазарополе, на 24 мај 1933 година.
2000 Во Скопје умре Владимир Шопов, македонски поет и публицист. Автор е на неколку книги поезија за деца, меѓу кои „Луцидна интервала“, „Креда“ и други. Роден е во Белград, на 16 декември 1948 година.
2000 Во Битола умре Ранко Струмениковски, македонски академски сликар, еден од најугледните македонски мајстори на ликовната графика, цртежот и дизајнот. Роден во 1936 година.
2002 Новинарот на „Волстрит журнал“ Даниел Перл го киднапираа исламски терористи во Карача, во Пакистан, додека се обидувал да воспостави контакт со пакистанските радикални исламистички групи. Киднаперите го убија на 22 февруари.
2003 Умре италијанскиот индустријалец Џовани Ањели кој семејната автомобилска компанија „Фијат“ ја преобразил во еден од најзначајните светски произведувачи на автомобили. Ањели, чиј дедо во 1899 година ја основал компанијата во Торино, стана извршен директор во 1963, а претседател во 1966 година, останувајќи на таа функција во „Фијат“ 30 години.
2004 Европскиот сателит „Марс експрес“ испрати снимки од мразот на јужниот пол од Марс.
2005 Македонија и Тајланд воспоставија дипломатски односи.
2006 Во железничка несреќа во близина на Подгорица загинаа 46 патници, а 364 беа повредени, кога воз на релација Бијело Поле - Бар излета од шините и се преврте во бездна длабока повеќе од 30 метри.
 
На денешен ден "25 јануари" е роден македонскиот ангел Тодор Тоше Проески. Не го забораваме, нека почива во мир. :cuc: :cry:
 
1533.Англискиот крал Хенри Осми се ожени со Ана Болен, спротивно на ставот на папата кој не му дозволи развод од првата сопруга Катарина Арагонска. Хенри Трети се женел повеќе пати бидејќи немал машки потомок.
1579 Во Утрехт побунетите провинции Холандија, Зеланд, Утрехт, Галдерленд, Фризија, Гронинген и Оверајсел, поради пропаднатите обиди за смирување со шпанската управа, создадоа Утрехтска унија за борба против Шпанија. Провинциите во 1581 година се отцепија од Шпанија, а со Вестфалскиот мир во 1648 година добија независност. Протестнатските Холанѓани не се помирија со строгата католичка политика на Шпанија.
1627 Роден е Роберт Бојл, англиски физичар и хемичар. Тој прв ги забележал разликите меѓу хемиските елементи и соединенијата и значително придонесе за развојот на хемијата. Умре во 1691 година.
1736 Роден е францускиот математичар, механичар и астроном Луј Ларганз, кој со само 19 години станал професор по математика на Ариљериската школа во Торино, а потоа работел во Акдемијата на науките во Берлин и на Политехичката школа во Париз. Многу од Лагранзовите откритија го носат неговото име. Дела: „Аналитичка механика“, „Теорија на аналитичките функции I-II“, „За теоријата на Јупитеровите сателити“.
1823 Умре Едвард Џенер, англиски лекар и хирург. Тој го задолжи човештвото, пронаоѓајќи ја вакцината (1796) против смртоносните големи сипаници. Благодарејќи му на нему, во почетокот на 19. век беа искоренети опасните епидемии. Роден е во 1749 година.
1824 Умре Теодор Жерико, француски сликар и графичар. Стилски припаѓа на доцниот класицизам. Сликаше теми со историска содржина, современи драматични настани и друго. Со светска слава се здоби со сликата "Сплавот Медуза". Роден е во 1791 година.
1852 Во Кратово е роден Ефрем Цветков Каранов, собирач на македонски народни умотвроби. Тој, заедно со Ѓ. Пулевски, П. Гиновски, Ѓ. Абаџиев, В. Икономов и други, се појави како значаен популаризатор на македонското народно поетско творшетво. Тој е основач и претседател на Македонското емигрантско друштво во Ќустендил. Умре во Ќустендил, на 6 декември 1927 година.
1874 Роден е Вилијам Сомерсет Мом, англиски писател. Главни негови дела се романите „Човечки окови“, „Месечината и стопарето“, „Театарот“, „Шарениот превез“, збирките раскази „Трепетот на листот“, „Исток и Запад“, драмите „Леди Фредерика“, „Лебови и риби“ и „Свет пламен“. Умре на 16 декември 1965 година.
1822 Родена е англиската писателка Вирџинија Вулф, а нејзиното право име беше Аделина Вирџинија Стивн. Оствари мајсторски портрети, посебно за жените од високите слоеви на англиското општество. Осетлива, згрозена од војната во 1941 година се самоуби. Дела: романите „Излет на светилникот“, „Госпоѓа Деловеј“, „Години“ „Бранови“, „Орландо“, есеите „Сопствена соба“, „Обичен читател“ и други.
1904 Излезе првиот број на белградскиот весник "Политика".
1918 Со цел да згасне контрареволуционерната побуна беше создадена Црвената армија. Набрзо се покажа како многу ефикасна која успешно се пресмета и со странската воена интервенција против советска Русија, која ја порази Германија во Втората светска војна.
1920 Во Париз умре Амадео Модилјани, италијански сликар. Поголемиот дел од животот го помина во Париз. Тој е еден од претставниците на "Париската школа", но со препознатлив стил, бидејќи неговите ликови имаат стилизирани издолжени форми. Најмногу сликаше женски актови и фигури на работници. Роден е во Ливорно, на 12 јули 1884 година.
1921 Зборот „робот“ првпат јавно се слушна во Народниот театар во Прага во премиерота „ПУР“ на Карел Чапек, кој ги означувал ликовите како работници кои се појавуваат во претставата, а потекнува од стариот грчки збор „робота“, кој некогаш означувал ропска работа, а сега само работа.
1924 Во францускиот град Шамони почнаа првите зимски Олимписки игри.
1935 Роден е португалскиот државник Антонио Рамаљо Јанеш, претседател на Португалија од 1976 до 1986 година.
1942 Тајланд во Втората светска војна им објави војна на Велика Британија и САД.
1949 Во Москва е основан Совет за заемна економска помош (СЕВ), заради унапредување и плански развој на економските и трговските односи меѓу земјите членки на овој совет (СССР, Полска, Чехословачка, Романија, Бугарија, НР Монголија и Куба). Член беше и Албанија, но таа ја напушти оваа организација во 1961 година.
1954 Во Скопје, во издание на Институтот за македонски јазик, излезе првиот број на списанието "Литературен збор", орган на Друштвото за македонски јазик и литература.
1955 Президиумот на Врховниот совет на СССР издаде указ за окончување на воената состојба меѓу СССР и Германија.
1961 ВО Скопје умре д-р Сотир Ставридис, македонски хирург и уролог, прв асистент на Хируршката клиника во Скопје, основана во 1947 година, а подоцна нејзин долгогодишен директор. Тој е основач и раководител на Уролошкото одделение на Хируршката клиника. Во својот творечки живот објави повеќе од 20 стручни трудови од областа на хирургијата и урологијата. Роден е во Скопје, на 10 октомври 1904 година.
1971 Генералот Иди Амин со воен удар го собори претседателот на Уганда Милтон Оботеа и набрзо се прогаласи за претседател на државата.
1981 Во Прилеп е роден Тоше Проески. Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Лифе“. Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“. Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ - верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ - верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ - верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ -хрватска верзија (2007). Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највиските места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина. Неговото издание „Божилак“ е компилација од 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година. Негови најпознати хитови се „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“ и други. Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера во светски рамки. Последниот концерт во Македонија го одржа на 5-ти октомври на Градскиот стадион во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава. Постхумно Владата на Република Макегонија го прогласи за заслужен граѓанин на државата. Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.
1983 Кинеските власти на Мао Цудункогвата вдовица Ѓанг Чин и ја заменија смртната казна со доживотен затвор изречена истиот ден во 1981 година.
1991 Собранието на Република Македонија усвои Декларација за независност.
1996 Република Македонија и Белизе воспоставија дипломатски односи.
1996 Парламентарното Собрание на Советот на Европа одлучи да ја прими Русија наспроти острите критики поради воената интервенција во Чеченија.
1998 Папата Јован Павле Втори ја заврши петдневната посета на Куба.
1999 Во централниот дел на Колумбија во земјотрес загинаа најмалку 1.200 луѓе.
2005 Повеќе од 300 хиндуистички верници загинаа во стампедо во еден храм во западната индиска држава Махараштра.
2006 На парламентарните избори во Палестина победи радикалното движење Хамас.
2007 Умре Хауард Хант, агент на ЦИА, клучен актер во аферата „Вотергејт“ која ја предизвика оставката на американскиот претседател Ричард Никсон и стана синоним за скандал и злоупотреба на власта. Хауард Хант ги регрутираше луѓето кои провалија во зградата „Votergejt svisotel“ во Вашингтон, каде се наоѓаше средиштето на тогаш опозиционата Демократска партија во текот на претседателската кампања во 1972 година. Аферата ја открија два новинари на „Вашингтон пост“, Боб Вудворд и Калр Берстин. Кога аферата беше разоткриена до крај новинарите беа наградени со Пулицеровата награда.
2007 Умре рускиот народен уметник Георгиј Селезљов, водечки руски бас. Дипломирал на Ленинградскиот конзеваториум каде од 1977 до 1993 година беше еден од водечките солисти во Болшојскиот театар. Пеел и во Кировскиот театар, опера и балет, а голем дел од неговиот репертоар се состоел од руска класика. Најзабележителна негова партија беше Борис Годунов од истоимената опера Модест Мусорски. Селезњов беше првиот изведувач на партија бас во операта Модест Мусорски „Саламбо“. Раководел со катедрата за соло пеење на петербуршкиот Конзерваториум.
 
1756.Во Салцбург е роден Волфганг Амадеус Моцарт, голем австриски композитор, автор на голем број музички дела со кои даде печат на совршенството и на неповторливиот личен израз. Негови најпознати дела се оперите "Волшебната флејта", "Дон Жуан" и други. Умре во Виена, на 5 декември 1791 година.
1775 Роден е Вилхелм Шелинг, германски филозоф, последен претставник на германската класична филозофија. Во своето учење го поврзуваше Фихтеовиот идеализам со Спинозовиот пантеизам. Умре на 20 април 1854 година.
1822 На собрание во Епидаур, грчките востаници прогласија независност на Грција, која Османлиското царство ја призна дури во 1829 година, по жестоките борби и интервенцијата на европските сили.
1823 Во Лил е роден Едуард Лало, француски композитор од шпанско потекло Со своите инструментални дела и со драмската музика, како и соло-песните, придонесе за обновување на француската музика во втората половина на 19. век. Умре во Париз, на 22 април 1892 година.
1932 Роден е англискиот писател и математичар Лаус Керол. Правото име му беше Чарлс Латвиџ Доџсон. Неговата проза ја одликуваат хумор и фантастика. Дела: „Алиса во земјата на чудата“, „Низ огледало“.
1859 Роден е германскиот цар и пруски крал Фридрих Вилхелм Втори Виктор Алберт, предизвикувач на повеќе воено-дипломатски кризи, вклучувајќи го објавувањето на војна спрема Србија во 1914 година што предизвика неизбежна светска војна.
1865 Шпанија ја призна независноста на Перу.
1885 Роден е американскиот композитор Џери Керн, татко на мјузиклот. Неговата оперета „Пловечки театар“, е една од најдобрите во историјата на театарот на САД. Компонирал и филмска музика.
1901 Во Милано умре Џузепе Верди, италијански композитор, еден од најголемите творци на опери во 19 век. Земајќи за свои либрета, дела од големите писатели (Иго, Шекспир, Бајрон и други), компонира повеќе опери што му донесоа светска слава. Неговите најдобри опери "Аида", "Риголето", "Трубадур", "Травијата" и други се наоѓаат и денес на репертоарите на оперските куќи во целиот свет. Роден е во Ронколе, на 10 октомври 1813 година.
1916 Во Берлин е формирана социјалистичката револуционерна организација "Сојуз на спартаковците", на чие чело се наоѓаа Роза Луксембург и Карл Либкнехт.
1919 Умре унгарскиот писател Ендре Ади, чија поезија го означи преломот на модерната унгарска лирика. Со сугестивна сила на визија и со нови асоцијални погледи го подигна унгарскиот поетски јазик на завидно ниво. Дела: „Нови песни“, „Крв и злато“, „Би сакал да ме сакаат“, „Кој ме виде мене“, „На чело на мртвите“.
1926 Англискиот пронаоѓач Џон Логи Берд во Лондон првпат јавно демонстрираше телевизија.
1942 Се случи Игмански марш - кога повеќето од Првата пролетерска бригада (во текот на втората непријателска офанзива) препешачија 100 километри од Јахорина до Фоча, преку сараевските полиња и планината Игман. Маршот во кој учествуваа повеќе од 700 борци, од кои 50 ранети и болни, траеше околу 18 часа. Низ длабокиот снег, на температура од минус 32 степени многу од нив страдаа, а некои од нив поради замрзнување останаа инвалиди.
1944 По дводневни тешки борби е разбиена германската блокада на Ленинград. Она што го издржа Ленинград е единствено во историјата, бидејќи од јулските денови во 1941 година во германскиот обрач се наоѓаа околу три милиони граѓани, од кои половина милион деца.
1945 Црвената армија го ослободи Аушвиц, најголемиот и најстраотниот логор во Втората светска војна.
1949 Во Скопје, во Македонскиот народен театар, е прикажана првата балетска претстава „Валпуриска ноќ“, диригент Трајко Прокопиев, сценограф Василие Поповиќ - Цицо, а нацртот на костимите беше на Милица Бабиќ - Јовановиќ.
1964 Франција воспостави дипломатски односи со Кина.
1967 Подготвувајќи се за лет на Месечината, тројца американски астронаути загинаа во вселенскиот брод „Аполо 1“, во кој изби пожар.
1967 Советскиот Сојуз, САД и други 60 земји потпишаа договор за забрана на нуклеарни експерименти во стратосферата.
1973 Во Париз министрите за надворешни работи на САД, Северен Виетнам и привремената револуционерна влада на Јужен Виетнам потпишаа договор за престанок на војната во Виетнам. Војната сепак траеше до крајот на април 1975 година која заврши со пораз на САД.
1981 Најмалку 500 луѓе загинаа на индонезискиот ферибот „Тампомас II, кој по пожарот потона во Јаванското Море.
1991 Американската авијација во Заливската војна почна со масовно бомбардирање на вториот по големина ирачки град Басра.
1991 Собранието на Република Македонија со тајно изјаснување и со мнозинство гласови за претседател на Републиката го избра Киро Глигоров.
1992 Во Скопје, во издание на Лигата на Власите во Македонија, е промовиран првиот број на првиот весник на влашки јазик „Феникс“.
1993 Во селото Бистрица, Битолско, умре Благоја Фотев, првоборец и носител на „Партизанска споменица 1941“, учесник на АСНОМ, претседател на Президиумот на Народното собрание на НР Македонија. Роден е во селото Герман, во егејскиот дел на Македонија, на 14 август 1900 година.
1995 Бурманските војници постигнаа клучна победа над каренските бунтовници, освојувајќи ја главната база во џунглата покрај границата со Тајланд. Побуната на Карените (повеќе од три милоини луѓе во планините на источна Бурма), започна набрзо откако Бурма во 1948 година доби независност од Велика Британија.
1995 Република Молдавија и Република Македонија воспоставија дипломатски односи.
1995 Во Скопје умре Лилјана Белева, македонска писателка. Познати и се делата „Моето парче земја“, „Жолтата амфора“, „Перниче од ружи“ и други. Родена е во Заечар, на 22 март 1940 година.
1996 Во Нигер со воен удар е соборен првиот демократски избран претседател Махаман Усман.
2002 Во експлозија во складиштето за оружје во главниот град на Нигерија Лагос загинаа повеќе од илјада луѓе.
2006 Умре германскиот политичар Јоханес Рау, поранешен претседател на Германија и долгогодишен министер и претседател на покраината Северна Рајна - Вестфалија.
 
1821.Прокламирана е независноста на Перу, со што, сепак, не било дефинитивно завршено речиси 300-годишното колонијално владеење на Шпанија во таа латинскоамериканска земја. Шпанија се обидуваше уште три години да ја наметне својата власт во Перу.
1871 Франција капитилираше во војната со Прусија и го предаде Париз.
1878 Во Њу Хевн, САД пуштена е во употреба првата телефонска централа, по две години откако Александар Грејем Бел го патентираше телефонот.
1887 Во Лоѓ, Полска, е роден Артур Рубинштајн, пијанист и еден од најголемите интерпретатори на класичната музика во 20 век. Познат е по тоа што сакаше да ја комбинира страста за музиката со страста за животот. Прв пат седна да свири клавир во својата четврта година, а на шест години имаше прв јавен настап во Варшава, на еден концерт за добротворни цели. Пред да наполни 20 години стана познат музичар, одржувајќи концерти во САД, во Латинска Америка и во Европа. Особено беше познат како хуманист. Јавно настапуваше до 1976 година. Умре во Женева, на 20 декември 1982 година.
1918 Владимир Илич Ленин, од името на Советот на народните комесари на Советска Русија, потпиша декрет за формирање на Црвената армија.
1945 Во Скопје е отворена првата градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им беа обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители беа на работа.
1986 Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод "Челенџер", експлодира над Кејп Канаверал и во парчиња се урна во водите на Атлантикот. Тоа беше најголемата несреќа што се случила во космичките летови во која загинаа сите седум членови на екипажот.
 
1573 Под присуство на Матија Губец, во Хрватска избувна Селанската буна против неподносливите услови за живот што ги наметнаа австриските и унгарските феудалци. Тоа беше една од најголемите селански буни во Европа во тоа време. Востанието беше крваво задушено, а Матија Губец беше погубен во Загреб, на 15.02.1573 година. Хрватскиот писател Август Шеноа по тој повод го напиша романот "Селанска буна".
1860 Во Таганрог е роден Антон Павловиќ Чехов, руски новелист, раскажувач и драмски писател. Изврши големо влијание врз развојот на новелистиката и драмската книжевност во светот. Во своите новели дава голем број карактеристики на руското секојдневие и цела галерија промашени, несреќни и несфатливи луѓе. Најпознати дела му се драмите "Галеб", "Три сестри", "Вујко Вања" и "Вишновата градина", како и збирките раскази "Човекот во футрола", "Куќа на кат", "Селани" и други. Умре во Баденвалер, во Германија на 15.07.1904 година.
1866 Роден е Ромен Ролан, француски раскажувач, романсиер, драматург, музиколог и борец за мир и демократија. Познати се неговите дела "Жан Кристоф", "Кола Брењон", "Маѓепсана душа", "Четиринаесетти јули", "Дантон", потоа делата за животот на Бетовен, на Микеланџело и на Толстој. Во 1915 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре на 30.12.1894 година.
1963 Францускиот претседател Шарл де Гол стави вето на приемот на Велика Британија во Европската економска заедница.
1973 Во Адис Абеба почна заседанието на Советот за безбедност на ООН, прво заседание на овој орган на ООН на африканскиот континент.
1992 Во Скопје умре Иван Дојчинов, борец во Шпанската граѓанска војна, учесник на Првото заседание на АСНОМ, член на Главниот штаб на НОВ на Македонија и носител на "Партизанска споменица 1941".
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom