На денешен ден!

1167.Роден е англискиот крал Џон, помладиот син на Хенри II, познат како Џон без Земја. Во текот на владеењето од 1199 година, кога на престолот го наследи братот Ричард I, ја обнови војната со францускиот крал Филип II Август, кој му презеде неколку големи имоти на континентот, вклучувајќи ја и Нормандија во 1205 година. Исто така во 1208 година се судри со папата Ирохентиј III, оспорувајќи му го изборот на кентерберискиот архиепископ, поради што Ватикан во 1212 година го екскомуницира од Црквата. Во судирот со племството во 1215 година мораше да попушти и да ја потпише „Magna carta Libertatum" со која е ограничена власта на кралот и воспоставување на основите на англиската уставност и јавното право.
1491 Роден е Игнасио де Лојол, основач на јузеитскиот ред во 1534 година. Откако брше ранет во една од битките како шпански офицер, замина на студии во Барселона, а потоа и на Сорбона, каде магистрира теологија. За „генерал“ (старешина) на језуитскиот ред беше избран во 1541 година и на оваа функција остана се до смртта. Го изработи уставот на језуитскиот ред и прирачникот под назив „Духовни вежби за владеење над самиот себе“. Го изработи монашкиот ред, како и целиот духовен систем кој имаше голема улога во историјата, како и во интелектуалните католички кругови кои ги има и денес.
1524 Умре португалскиот морепловец Васко де Гама, кој во 1498 година го пронајде патот до Индија пловејќи околу Африка. Ова придонесе за развој на трговијата меѓу западна Европа и Азија и јакнење на моќта на Португалија. При второто патување во Индија во 1502 година ја воспостави португалската колонијална власт, а во текот на третото умре во Индија.
1798 Роден е Адам Мицкиевич, полски поет, драмски писател и револуционер, основач и водач на полскиот романтизам. Негови најзначајни дела се збирките песни „Балади и романси“ и „Кримски сонети“, еповите „Конрад Веленрод“, „Пан Тадеуш“ и драмата „Задушници“. Умре во Истанбул, на 26 ноември 1855 година.
1818 Роден е англискиот физичар Џејмс Прескот Џул. Во негова чест меѓународната мерна единица за енергија е наречена „џул“. Термодинамичниот процес за претворање на топлотната енергија во механичка, врз основа на која работат турбомлазните авиони, е наречен „Џулов циклус“.
1863 Во Лондон умре Вилијам Текери, англиски писател, еден од најзначајните сатиричари на 19. век. Негово најзначајно дело е „Панаѓур на суетата“. Роден е во Калкута, Индија, на 18 јули 1811 година.
1863 Во Мадрид е роден Фердинандез Арбоз, шпански диригент и виолинист. Како диригент гостуваше во Италија, во Франција, во Белгија, во Швајцарија, во СССР и во САД. Умре во Сан Себастијан, на 2 јуни 1939 година.
1865 Во местото Пуласки во американската држава Тенеси основана е расистичката организација на белците Кју-Клукс-Клан.
1914 Велика Британија во Првата светска војна за првпат во историјата доживеа напад од воздух кога германски авион исфрли една бомба над Довер.
1922 Родена е американската филмска актерка Луси Џонсон, позната како Ава Гарднер. Филмови: „Снеговите на Килиманџаро“, „Сонцето повторно се раѓа“, „Осамена ѕвезда“, „Нага Маја“, „Ноќ на игуаните“, „Педесет и пет дена во Пекинг“.
1924 Во Битола е пуштена во работа првата електроцентрала.
1942 Убиен е францускиот адмирал Жан Луј Франсоа Дарлан, командант на северноафриканските сили на марионетскиот режим на Анри Петен. Спротивно на Петеновата наредба, во текот на истоварувањето на англоамериканските трупи во северна Африка во Втората светска војна со наредбата да се прекине огнот го олесни нивниот напредок. Поради оваа наредба „Слободните Французи“ и понатаму го сметаа за предавник, а еден од поддржувачите на Шарл де Гол во Алжир врз него изврши атентат.
1942 На германскиот експериментален полигон во местото Пинемунде во Втората светска војна успешно е тестирана новата ракета земја-земја наречена „ФЗГ 76“, која подоцна стана позната како ракета „Фау 1“.
1943 Претседателот на САД Френклин Рузвелт соопшти дека со сојузничките трупи во Европа во Втората светска војна ќе командува генералот Двајт Ајзехауер.
1951 Либија е прогласена за независна држава на чело со кралот Идриз Први од семејството Сенуси.
1982 Умре францускиот писател Луј Арагон, најпрво дадаист, потоа надреалист и на крај соцреалист. Дела: збирка песни „Оган на радоста“, „Ура Урал“, „Елзините очи“, „Елза“, романите „Селанец од Париз“, „Базелски ѕвона“, „Света Недела“, „Комунисти“, есеите „Комунистички човек“, „Советска книжевност“, „За социјалистички реализам“, „Расправа за стилот“.
1991 Михаил Горбачов му ја предаде на Борис Елцин командата врз советското нуклерано оружје.
1992 Претседателот на САД Џорџ Буш го амнестираше поранешниот министер за одбрана Каспар Вајбергер со уште пет функционери вмешани во скандалот „Ирангејт“.
1994 Исламски терористи при киднапирање на француски патнички авион во Алжир убија двајца, а од 239 заложници.
1995 На парламентарните избори во Турција највеќе гласови освои исламиската Партија на просперитетот. Тоа е прва изборна победа на исламистите во 72-годишната историја на секуларна Турција.
1997 Во Токио умре Тоширо Мифуне, славен јапонски филмски артист, ѕвезда на класичните филмови „Рашомпн“, и “Седумте самураи“. Роден е во Цингтао, Кина, на 1 април 1920 година.
1997 Исламски терористи во два масакри убија 59 цивили во Алжир.
1999 Поранешниот командант на армијата на Слоновиот Брег Робер Геи соопшти дека го тргна од власта избраниот претседател Анри Конан Беди.
 
- Хриијаните кои се придржуваат на Грегоријанскиот календар денеска го слават Божик, роденденот на синот Божји Исус Христос, еден од најрадосните христијански празници. Повеќето православни христијани Божик го слават на 7 јануари (25 декември според Јулијанскиот календар).
800.Папата Лав Трети во Рим го круниса францускиот владетел Карло Велики за свет римски цар, а тоа беше титула на германските монархи до времето на Наполеон Први.
1066 Во Вестминстерската катедрала во Лондон за англиски крал беше крунисан норманскиот војвода Вилијам Први Освојувач.
1642- Во Вулстроп е роден Исак Њутн, англиски физичар, астроном и математичар. Тој ги постави темелите на класичната физика и на вишата математика, го откри природниот закон на општата гравитација, меѓусебното привлекување на сите сили, ги пронајде и основните принципи на механиката и трите основни закони за движењето, а го усоврши и телескопот. Умре во Кенсинтон, на 20 март 1727 година и е погребан во Вестминстерската опатија, со што стана првиот научник удостоен со таква чест.
1688 Во Франција пребега Џемјмс Втори, последниот англиски крал од династијата Стјуард, тргнат од престолот поради апсолутистичката политика и натурање на римокатоличката вера.
1721 Роден е англискиот писател Вилјам Колинс, еден од најзначајните англиски лирски поети во 18. век. Дела „Вечер“, „Слобода“.
1741 Шведскиот физичар Андрес Целзијус ја создаде скалата од 100 степени за мерење на температурата.
1776 Генералот Џорџ Вашингтон ги префрли силите со кои командуваше преку реката Делавер во Њу Џерси и неочекувано ги нападна германските платеници кои во Американската војна за независност се бореа на страната на Британците.
1870 Родена е германската револуционерка Роза Луксембург, една од основачите на Социјалдемократската партија на Полска во 1893 година и на Комунистичката партија на Германија во 1918 година, и претставник на левото крило на Втората интернационала. Тежнеејќи кон обединување на левицата, во почетокот на војната заедно со германскиот револуционер Карло Либкнехт ја основаа групата „Интернационала“, подоцна наречена „Спартаков сојуз“, од која настана Комунистичката партија. Беше прогонувана и честопати апсена, а по пропаѓањето на ноемвриската револуција во Германија во 1918 година, заедно со Либкнехт беа стреални на 15 јануари 1919 година. Напиша повеќе макрисистички теориски дела, вклучувајќи ја и „Акумулација на капиталот“.
1876 Роден е пакистанскиот државник Мохамед Али Џин, основач и прв претседател на Пакистан кој заедно со Махатма Ганди и Џавахарл Нехру се бореа за независност на Индија од Велика Британија. Подоцна тој со нив влезе во конфликт бидејќи побара посебна муслиманска држава. Британија во 1947 година ги призна независноста на Индија и на муслиманската држава наречена Пакистан.
1877 Во селото Мачуково, Гевгелиско, е роден Сава Михаилов (Јoсифов) - Савата, неуморен револуционер, организатор и доследен борец на македонското националноослободително движење кон крајот на 19. и почетокот на 20. vек. На 1 март 1905 година, во близина на Смол, на местото Голема Рудина, Гевгелиско, Михаилов го имаше последниот оружен судир против турската војска. Откако му приврши муницијата, за да не падне жив во рацете на непријателот, се отру.
1899 Роден е американскиот филмски глумец Хемфри Дефорест Богарт, добитник на Оскар во 1951 годна за филмот „Африканска кралица“. Филмови: „Казабланка“, „Малтешки сокол“, „Длабок сон“, „Богатството на Сијера Мадре“, „`Ртот Ларго“, „Да имаш и да немаш“, „Босоногата контеса“, „Тежок пад“.
1903- Во Софија излезе од печат книгата "За македонцките работи" од македонскиот револуционер, публицист и лингвист Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: "Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура".
1911 Во Чикаго е роден Борне Хогарт, илустратор на „Тарзан“. Умре во Париз, на 28 јануари 1996 година.
1914 Во Првата светска војна на Западниот фронт стапи на сила легендарното неофицијално „божикно примирје“, кога група британски и германски војници го откажаа пукањето, излегувајќи од рововите и сретнувајќи се на ничија територија помеѓу завојуваните страни.
1918 Роден е египетскиот државник Анвар ел Садат, претседател на Египет од октомври 1976 до октомври 1981 година кога на воена парада во Каиро беше убиен од страна на исламски терористи, огорчени поради склучувањето мир со Израел.
1920- Во Скопје е роден Јован Бошковски, македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист. Неговата збирка "Растрел" (1947) е прва македонска книга раскази. Други негови познати дела се: "Бегалци", "Блокада", "Луѓе и птици", "Солунските атентатори", и други. Автор е на сценаријата за филмовите "Солунските атентатори" и "Под исто небо", а се појавува и како соработник на сценаријата за филмовите "Мементо", и "Републиката во пламен". Умре кај селото Ерџелија, Светиниколско, на 10 ноември 1968 година.
1926 Јапонскиот регент принцот Хирохито го наследи престолот на Јапонија по смртта на неговиот татко, царот (микадо) Јошихито.
1926 Роден е Никола Солдатов, македонски новинар и ТВ-коментатор. Умре во Сремска Каменица, на 3 ноември 1989 година.
1938 Умре чешкиот писател Карел Чапек. Дела: „Бела болест“, „Мачни приказни“, „Разбојник“, „Метеор“, „Обичен живот“, „Патеписи од Италија“, „Патеписи од Англија“ и други.
1943 Министерството за надворешни работи на Велика Британија во Втората светска војна му испрати телеграма на премиерот Винстон Черчил во која пишува: „Нашата политика мора да се потпре на фактот - партизаните ќе завладеат во Југославија. Тие се за нас, од воен аспект, од голема корист и мораме да им дадеме полна поддршка. Воените причини се поважни од политичките...“.
1971 Во пожар во еден хотел во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, загинаа 139 луѓе.
1973 Умре Исмет Имени, истакнат турски политичар, министер за надворешни работи, премиер и претседател на Република Турција. Беше долгогодишен соработник на Кемал Ататурк, „таткото“ на современа Турција. Во 1939 година ја основа Републиканската народна партија која ја предводеше цели 33 години. Роден е на 24 септември 1884 година.
1977- Во швајцарскиот град Вевеј, на брегот на Женевското Езеро, умре Чарли Чаплин, најголем артист на немиот филм. Има снимено 75 краткометражни филмови, со кои ги плени срцата на милиони гледачи во светот. Роден е во Лондон, на 16 април 1889 година.
1979 Советски трупи влегоа во Авганистан, во прва воена интервенција на Советскиот Сојуз надвор од Варшавскиот пакт, а официјална Москва ова го објасни како интервенција со цел да се спречи граѓанската војна во земјата.
1983 Умре каталонскиот сликар и вајар Хуан Миро, еден од најголемите надреалистички уметници. Студираше во родната Барселона, а од 1919 година живееше во Париз.
1989 Сменетиот романски диктаторски пар Николае и Елена Чаушеску се стрелани во Трговиште по тајното и брзо судење.
1991 Советскиот претседател Михаил Горбачов поднесе оставка. Од основањето на Советскиот Сојуз во 1922 година Горбачов беше седми (и последен) лидер на државата. Негови претходници беа Ленин, Сталин, Хрушчов, Брежњев, Андропов и Черњенко.
1991 Во Штип, во издание на Културно-просветната зедница на Штип, излезе првиот број на весникот „Опсерватор“.
1995 На парламентарните избори во Турција, победија исламистите од РЕФАХ (конзервативно-исламистичката партија за просперитет), на чело со лидерот на партијата Неџмедин Ербакан.
1995 Во Беверсли Хилс умре американскиот филмски актер, пејач и забавувач Дин Мартин, кој почетната слава ја стекна во тандем со комичарот Џери Луис со кого сними 18 филмови. Играше во многу вестерни и криминалистички филмови. Филмови: „Артисти и модели“, „Холивуд или пропаст“, „Рио Браво“. Роден е во 1919 година.
1995 Во поплавите на истокот од Јужна Африка загинаа најмалку 124 лица.
1997 На Куба за првпат по три децении јавно и свечено беше прославен Божик. Претседателот Фидел Кастро го прогласи тој ден за празник во чест на папата Јован Павле Втори кој наредниот месец ја посети Куба.
1997 Во Лукано, Швајцарија, умре Џорџо Стрелер, основен и духовен водач на најпознатиот италијански театар „Пиколо“ во Милано, најпознат италијански режисер. Роден е во Трст, Варкола, на 14 август 1921 година.
2000 Во пожар кој го зафати центарот на кинескиот град Луојанг животот го загубија најмалку 309 луѓе.
2003 При падот на патничкиот авион „боинг 727“ во Атланскиот Океан набрзо по полетувањето од Бенин кон Либан загинаа 138 патници и членови на екипажот, вклучувајќи 15 офицери на армијата на Бангладеш, додека 22 лица ја преживеаја несреќата.
 
1571.Во Вајл, Германија, е роден Јохан Кеплер, германски астроном, математичар и физичар. Познат е по формулирањето на законите за движење на планетите што претставуваат основа на современата планетарна астрономија. Со своите проучувања ја докажа вредноста на хелиоцентричниот систем. Умре во Регенсбург, Баварија, на 15 ноември 1630 година.
1585- Во Париз умре Пјер Ронсар, француски писател од времето на ренесансата, водач на поетската школа "Плејада", љубител и добар познавач на грчката и на латинската книжевност. Француската поезија ја обнови со богатството на инспирации и со разновидност на поетските облици. Роден е на 11 септември 1524 година.
1822- Во Дол е роден Луј Пастер, француски хемичар и биолог, кој во првите истражувања дојде до заклучок дека топлината ги уништува штетните бактерии и со тоа ја постави основата на постапката за стерилизација при хируршките зафати, што во негова чест е наречена - пастеризација. Утврди дека ферментацијата е биолошки процес и ги проби дотогашните теории за спонтаната регенерација на микроорганизмите. Пастер го задолжи човештвото со откритието на вакцината против беснило, до која дојде по низа експерименти во 1895 година.
1831 Англискот научник Чарлс Дарвин ја започна петгодишната експедиција во која ги проучуваше геолошките формации, растенијата и животните. Ја заснова научната теорија за еволуција на живите суштества, позната под името - дарвинизам.
1904- Во Берлин е родена филмската актерка Марија Магдалена фон Лос, позната како Марлен Дитрих, една од најголемите филмски звезди во светот на 20 век. Светската слава ја стекна во американските црно-бели продукции, преминувајќи од Германија во САД, заедно со познатиот режисер Ерих фон Шрохајм, кому му ја должи својата најзапамтена креација во антологискиот филм "Синиот ангел". Умре во Париз, на 6 мај 1992 година.
1927 Со одлука на Сталин, советскиот револуционер, поранешен раководител на Црвената армија и прв шеф на советската диломатија Лав Троцки (Лав Давидович Бронштајн) е исклучен од Комунистичката партија. Две години подоцна е протеран од Советскиот Сојуз. Троцки е убиен во Мексико во 1940 година, по наредба на Сталин.
1938- Во Скопје на македонски говор првпат е изведена драмата "Парите се отепувачка" од македонскиот драмски писател Ристо Крле.
1945- Стапи во сила Договорот за основање Меѓународен монетарен фонд (ММФ), усвоен на Монетарната и финансиската конференција на Обединетите нации, во јули 1944 година, во Бертон Вудс, со учество на претставници од 44 земји, а со задача да ја унапредува меѓународната трговија, да воспоставува и да одржува валутна стабилност во светот.
1949- Холандската кралица Јулијана потпиша Документ со кој и е даден суверенитет на Индонезија, по повеќе од три века холандска колонијална управа.
1956 Флотата на Обединетите нации почна со чистење на Суетскиот канал по Суетската војна, односно воениот поход на Велика Британија, Франција и Израел на Египет, стопирана со интевенција на Советот за безбедност на Обединетите нации.
1969 Либија, Судан и Обединетата Арапска Република постигнаа договор за воен, политички и економски сојуз.
1971 Во Скопје е отворена новата зграда на Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“.
1972 Умре канадскиот државник Лестер Боулс Пирсон, шеф на дипломатијата од 1948 до 1957 година и премиер на Канада од 1963 до 1968 година, добитник на Нобеловата награда за мир во 1957 година. Се залагаше за мирно решавање на корејскиот проблем, како и за зачувување на мирот во текот на Суетската криза.
1972 Австралија ја откажа воената помош во Јужен Виетнам, со што заврши нејзиното учество во Виетнамската војна на страната на САД.
1972 Белгија, како прва НАТО-земја, воспостави дипломатски односи со Источна Германија.
1975 Повеќе од 400 рудари загинаа во експлозија во рудникот за јаглен во Часнали во индиската држава Бихар.
1978 Умре алжирскиот државник Хуари Бумедиен, кој стана претседател на Алжир во јуни 1965 година, кога без пролевање крв ја собори власта на Ахмет Бен Белa.
1979- Во Авганистан е извршен државен удар со директно воено мешање на СССР. Првпат Советскиот Сојуз изврши интервенција во земја која е членка на Варшавскиот пакт.
1985 Во истовремени напади на палестинските исламски терористи врз патници пред шалтерот на израелската авиокомпанија “Ел А1“ на аеродромите во Рим и во Виена се убиени 16 лица, повеќето од нив Американци, што беше повод за американското бомбардирање на Триполи.
1989 Египет и Сирија по 12 години ги обновија целосно дипломатските односи.
1992 Магазинот "Тајм" го именува Бил Клинтон за "човек на годината".
1992 Американските ловци урнаа ирачки воен авион врз јужен Ирак наводно заради тоа што два ирачки борбени авиони биле со намера да ги нападнат американските авиони од типот „Ф-16“.
1993 Најмалку 26 лица загинаа, а 16 исчезнаа, како последица од тајфунот "Нел", што ги погоди јужните Филипини.
1994 Исламски терористи во Алжир убија четворица римокатолички свештеници.
1995 Израелските војници го напуштија Ромал, со што заврши нивното повлекување од сите шест градови во Западниот Брег, кои врз основа на договорот меѓу Израел и ПЛО беа дадени под управа на Палестина.
2002 Во нападот на двајца бомбаши-самоубијци во зградата на чеченската влада во Грозни загинаа најмалку 83 лица.
2003 Калисто Танци, основач и поранешен раководител на „Пармалат“, гигантска италијанска прехранбена компанија, е уапсен во Милано, осомничен за исценирано банкротство и одговорен за фалсификување на сметководствените книги во кои е откриена „дупка“ од седум милијарди евра.
2005 Во Каиро е одржано основачко собрание на Арапската лига. Секоја од 22-те членки на Лигата именуваше по четворица пратеници.
2006 Умре Џералд Форд, поранешен претседател на САД. Прекарот „случаен“ го доби затоа што на местото шеф на Белата куќа неочекувано го замени Ричард Никсон, кој се повлече по аферата „Вотергејт“. Беше единствен претседател на САД кој не беше биран на избори за оваа функција. На изборите во 1976 година Форд го порази демократот Џими Картер.
 
1836.Шпанија ја призна независноста на Мексико, која го окупира меѓу 1519 и 1522 година. Под шпанската круна официјално со статусот на вицекралство Мексико конечно потпадана во 1525 година. Востанието против колонијалните управувачи изби во 1810 година. Нестабилноста во Максико ја искористија САД, одземајќи го Тексас во 1822, а во крвавата војна од 1846 до 1848 година и Ново Мексико и Калифорнија.
1856 Роден е Вудров Вилсон, дваесет и осмиот претседател на САД. Беше претседател од 1913 до 1924 година.
1879 Во несреќата на патнички воз на линијата Единбург - Данди во Шкотска, кој се излизга во река бидејќи под него попушти мостот, загинаа 90 луѓе.
1882 Роден е англискиот астроном и математичар Артур Стенли Едингтон, директор на Опсерваторијата во Кембриџ и претседател на Меѓународната астрономска унија од 1938 па се до крајот на животот во 1944 година. Се бавел со структурата на внатрешноста на ѕвездите и нивната атмосфера, со меѓуѕвездената материја, како и со движењето и распоредот на ѕвездите во нашата галаксија.
1895 Во Париз, во просториите на "Гранд кафе", браќата Луј и Огист Лимиер, организираа прва филмска проекција. Тоа беа првите "подвижни слики" во историјата, кратки филмови. Оваа филмска претстава предизвика воодушевување кај публиката и се смета за датум на раѓањето на кинетомаграфијата. Само десет години подоцна, битолските браќа Манаки, Јанаки и Милтон, го снимија првиот филмски кадар на Балканот.
1908 Од земјотрес во Месина и Калабрија, во Италија, загинаа околу 83.000 лица.
1923 Умре францускиот инженер Александар Гистав Ајфел, градител на кулата во Париз наречна по неговото име. Бил специјалист за челични конструкции и мостови и меѓу првите го применил пневматското градење на темелите на големите мостови.
1925 Во Ленинград, во состојба на тешка душевна депресија, се самоуби Сергеј Александровиќ Есенин, еден од најзначителните руски лиричари и истакнат обновувач на поетската сликовитост. Познати негови дела се "Задушница", "Триптих", "Стихови на скандалистите", "Кафеанска Москва", "Советска Русија", "Персиски мотиви" и "Ана Снегина". Роден е во селото Константиново, сега Есенино, Разјанска област, на 3 октомври 1895 година.
1937 Во Париз умре Морис Равел, француски композитор. Тој е еден од најпознатите претставници на францускиот импресионизам, творец на многу оригинален израз. Најпознати дела му се оркестарската композиција "Болеро", операта "Шпански часовник", балетот "Дафнис и Клое" и други. Роден е во Цибург, на Пиринеите, на 7 март 1875 година.
1942 Јапонија во Втората светска војна го бомбардираше индискиот град Калкута.
1943 Во селата Прждево и Клисура, кај Неготино, партизанскиот батаљон "Страшо Пинџур" ги нападна германските делови за врска и деловите за противавионски извидувања. По куса борба кај селото Прждево, загинаа седум германски војници, додека нападот врз селото Клисура, не успеа поради интервенција на бугарските единици од Кавадарци и од Демир Капија.
1944 Во Скопје почна тридневната работа на Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.
1944 Во Скопје почна да работи Радио Скопје на куси бранови од 50 метри на македонски јазик. Првата емисија што ја емитуваше беше преносот од Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.
1945 Умре американскиот писател Теодор Драјзер, бескомпромисен критичар на американското општество. Дела:„ Сестра Кари“, „Џени Герхард“, „Финансиер“, „Титан“, „Столик“, „Гениј“, „Американска трагедија“, „Трагична Америка“.
1947 Умре поранешниот италијански крал Виторио Емануел Трети, последниот монарх на Италија, кој на престолот беше од 1900 до 1946 година. Тој го поддржуваше фашистичкиот режим на Бенито Мусолини. Се прогласи за „цар на Етиопија“ во 1936 година, по агресијата на Италија врз Етиопија, а за „крал на Албанија“ во 1939 година. Абдицираше по победата на републиканците на изборите во 1946 година.
1948 Во Египет е убиен претседателот на владата Нокраш Паша, на крајот на повеќемесечните немири и насилства во земјата.
1949 Во Унгарија на сила стапи декретот за национализација на сите индустриски и трговски фирми.
1962 Во Мозамбик, португалска колонија во Африка, со обединување на трите антиколонијални групи основан е Фронтот за ослободување на Мозамбик, под чие водство земјата по долготрајните борби се стекна со независност во 1975 година, каде две децении потоа беснееше граѓанска војна.
1963 Умре германскиот композитор Паул Хиндемит. Дела: „Новости на денот“, „Кардијак“, „Сликар Матис“, „Хамронија на светот“, шест гудачки квартети, „Камерна музика оп. 36“, концерти и сонати за разни инструменти, теориските дела „Традиционална хармонија“, „Светот на композиторот“.
1994 Умре Кочо Китановски, втемелувач на македонското градежништво. Роден е во Прилеп, на 12 јануари 1927 година
1995 Од космодромот во Бајконур, Казахстан, од една руска носечка ракета, е лансиран сателит од индиско производство. Заедно со сателитот беше уште едно летало, наречено "скипер", сопственост на Универзитетот во Утах, САД.
1966 Кина ја изврши петтата нуклеарна проба. Шест месеци подоцна експлодира првата кинеска хидрогенска бомба.
1968 Во напад на аеродром во Бејрут израелски командоси уништија 13 арапски авиони.
1974 Во земјотрес кој разори села во пакистанската планинска област Карако, загинаа околу 5.200 луѓе.
1997 Долготрајните недоразбирања во Австралиската епархија на МПЦ, во Мелбурн кулминираа и со масовна тепачка меѓу приврзаниците на спротивставените страни (на приврзаниците и противниците на владиката Петар), пред редовната богослужба во МПЦ "Свети Ѓорѓи" и "Пресвета Богородица", во мелбурншкото предградие Епинг.
1984 Умре американскиот филмски режисер Сем Пекинпо, автор на вестерни и криминалистички филмови кои се карактеризираат со изразити ликови, со краен реалистички приод, совршенство на монтажа и стилска перфекција. Филмови: „Пукни попладне“, „Балада за Кејбл Хог“, „Шампион на родео“, „Бег“, „Поранешниот пријател Кид“, „Елита на убијци“, „Железен крст“.
1989 Собранието на Чехословачка го избра Алекснадра Дубчек за претседател.
1994 Директорот на американската разузнавачка агенција ЦИА Џејмс Вулзи поднесе оставка по апсењето на високиот службеник на ЦИА Олдрич Ејмс кој со години работеше за Москва.
1998 Во Скопје умре Томо Шијак, еден од најистакнатите творци и истражувачи на македонската ликовна сцена. Роден е во Косово Поле, во 1930 година.
1999 Португалија и Индонезија ги обновија целосно дипломатските односи, по прекинот од четвртиот век поради тоа што Џакарта го припои Источниот Тимор, бивша португалска колонија, која е етнички индонезиска но верски е католичка, за разлика од претежно исламската Индонезија.
2001 Во Скопје, на Клиниката за гинекологија, е родено првото бебе од епрувета во Македонија.
2004 Умре американската писателка Сузан Зонтаг, пишувач на романи и есеи за современата култура и политика. Дела: романите: „Добротвор“, „Смртна опрема“, есеите „Против интерпретацијата“, „Излет во Ханој“, „Јас и така натаму“, „За фотографиите“, „Болеста како метафора“.
2005 Во Земјената орбита лансиран е првиот од 30-те сателити на европската сателитска мрежа „Галилео“, идниот глобален навигациски систем.
 
1170.Кентерберискиот надбискуп Томас Бекет беше погубен во катедралата (соборна црква) во Кентербери по налог на англискиот крал Хенри Втори. Иако близок пријател на кралот и негов канцелар до изборите за архиепископ во 1162 година, кога се спротивстави на намерата на Хенри Втори да го ограничи авторитетот на црквата, посебно нејзиното судство, во 1164 година емигрира во Франција. По враќањето во 1170 година одби да даде заклетва на кралските „Кларендонски правила“ за односите меѓу црквата и државата. За светец беше прогласен во 1173 година, а неговиот гроб во Кентербериската катедрала стана едно од привлечните места за верниците во средновековна Европа.
1634 Во Венеција умре Клаудио Монтеверди, италијански композитор, еден од најистакнатите оперски композитори од епохата на раниот барок. Освен опери, компонираше мадригали, миси, концерти и други музички дела. Роден е во Кремона, на 4 декември 1567 година.
1721 Французите го окупираа островот Маурицијус во Индискиот Океан. Островот во 1810 година потпадна под британска власт, а независноста ја стекна во 1968 година.
1721 Родена е Жана Антоанета Поасон, позната како мадам де Помпадур, исклучително влијателна љубовница на францускиот крал Луј XV. Од 1754 година имаше силно влијание во државната политика така што го наведе кралот да влезе во Седумгодишна војна во која Франција го изгуби колонијалното царство, но многу придонесе во издигање на француската култура помагајќи ги енциклопедистите, филозофите и уметниците. Пред да умре во 1764 година, влијаејќи врз кралот во Франција, беше укинат римокатоличкиот језуитски ред.
1800 Роден е американскиот пронаоѓач Чарлс Гудјер, кој во 1839 година го откри процесот на вулканизацијата на каучукот. Неговиот изум придонесе брзо да се развие индустријата за гума, посебно во производството на автомобилските гуми.
1809 Роден е англискиот државник Вилијам Јурет Гледстон, кој како водач на либералите помеѓу 1868 и 1894 година четири пати беше премиер на Велика Британија. Во 1871 година ги легализираше работничките синдикати и во 1884 година ја изврши таканаречената трета парламентарна реформа. Обидувајќи се да го реши ирското прашање врз основа на ирска самоуправа, наиде на препреки од либералите-унионисти. Се противел на навлегувањето на Австроунгарија на Балканот и се залагал за национални права на Србите под Османлиското царство. Продолжувајќи ја освојувачката политика на конзервативците, во 1882 година го зазеде Египет.
1825 Во Брисел умре Жак Луј Давид, голем француски сликар, основач и главен претставник на класицизмот. Беше член на Конвентот и Наполеонов дворски сликар. Меѓу неговите главни дела спаѓаат "Крунисувањето на Наполеон", "Убиениот Мара" и други. Роден е во Париз, на 30 август 1748 година.
1859 Роден е мексиканскиот државник Венустијано Каранса, кој во 1917 година стана прв претседател на Мексико врз основа на уставот донесен истата година, по повеќегодишната граѓанска војна. Во текот на тригодишното владеење постојано бил во конфликт со САД, додека во 1920 година беше убиен во воениот удар.
1876 Во Вендрел, кај Барселона, е роден Пабло Казалс, шпански виолончелист со светски глас, диригент и композитор. Беше професор на Конзерваториумот во Барселона и во Париз. Од 1938 година живееше во емиграција како противник на режимот на Франко. Умре во Сан Хуан, во Порторико, на 22 октомври 1973 година.
1890 Војската на САД кај „Рането колено“ во Јужна Дакота масакрирала повеќе од 200 Индијанци од племето Сијукс, меѓу нив повеќето деца и жени.
1911 Револуционерното привремено собрание на Кина за прв претседател го избра Сун Јат Сена, со што по повеќе од три милениуми беше укината монархијата.
1914 Почна битката кај Сарикамиса во Првата светска војна во која руската војска, иако бројчано послаба, и нанесе тежок пораз на турската армија. Турците загубија 77.000 од 95.000 војници.
1920 Во Софија умре Марко Цепенков, еден од најголемите собирачи на македонски народни умотворби кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македоците. Автор е на драмското дело "Црне Војвода", а неговата автобиографија претставува богат извор за проучување на целокупниот живот во Прилеп. Творештвото на Цепенков е собрано во 10 книги. Роден е во Прилеп, на 7 ноември 1829 година.
1921 САД, Велика Британија, Франција, Италија и Јапонија го потпишаа Вашингтонскиот договор за организирање морнарско вооружување, но Јапонија истиот ден во 1934 година оттапи од договорот.
1926 Во Швајцарија умре Рајнер Марија Рилке, германски писател, еден од најголемите германски лиричари. Негови познати дела се: "Нови песни", "Песна за љубовта и за смртта на корнетот Кристофер Рилке", "Сонети за Орфеј" и други. Роден е во Прага, на 4 декември 1875 година.
1940 Германското воздухопловство го изведе најтешкото бомбардирање на Лондон во Втората светска војна со што на британската престолнина и нанесе најголеми урнатини по „големиот пожар“ во 1666 кога беа уништени четири петини од градот.
1941 Италијанскиот фашистички лидер Бенито Мусолини во писмото испратено до Адолф Хитлер во Втората светска војна нагласил дека пред пролетта, според заедничкиот план и со ангажирањето на италијанските и германските сили, мора да бидат ликвидирани жариштата на востанијата во Србија, Босна и Херцеговина и во Црна Гора.
1943 Во местото Провањеница, во атарот на селото Канарево, Кумановско, бугарската војска и полиција стрелаше осум луѓе од селото Орах, еден од селото Канарево и еден од селото Длабочица. Притоа 77 луѓе од селото Орах беа интернирани во Бугарија.
1956 Во Велес почина Андреја Карпузов, прв Македонец магистар по фармација. Роден е во Велес на 10 октомври во 1872 година. Се школувал во гимназијата во Солун, завршил Виша фармацевтска школа во Анадолија (Турција). Дипломирал на Царскиот медицински цивилен факултет во Цариград во летото 1899 година. Во Велес се враќа 1903 година и се вработил во Општинската аптека, а од 1907 до 1948 година имал своја аптека која му била национализирана. Во периодот на Балканските и Првата светска војна (1912-1918) бил активно вклучен во ликвидирањето на епидемиите на тифус и колера во Велес и Велешко. Почитуван македонски активист и конспиратор кој ги поддржувал идеите на Гоце Делчев и за време на школувањето бил поврзан со македонското револуционерно движење.
1972 При падот на патничкиот авион „Lokid L-1011“ на американската компанија „Истерн Ерлајнз“ во близината на Флорида загинаа 99 лица.
1973 Филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос, штитеник на САД, продолжи да владее по завршувањето на вториот претседателски мандат - кога според уставот не смеело да биде повторно биран. Врз основа на вонредната состојба која ја заведе во 1972 година, владеел со декрети се додека не бил тргнат од власт во 1986 година.
1986 Во Париз умре Андреј Тарковски, советски филмски режисер, кого многумина го сметаат за еден од најголемите режисери на 20. век. Роден е во Заврожје, на 4 април 1932 година.
1986 Умре англискиот државник и публицист Морис Харолд Макмилан, премиер на Велика Британија од 1957 до 1963 година. Претходно во кабинетите на конзервативците бил државен потсекретар, министер за авијација, за станбени прашања, за одбрана, за финансии и за надворешни работи. Дела: политички записи „Среден пат“, „Економски аспекти на одбраната“, мемоарите за Втората светска војна „Ветришта на промените“, „Избувнување на војна“, „Плима на среќата“.
1989 Собранието на Чехословачка за шеф на државата го избра чешкиот писател Вацлав Хавел, долгогодишен дисидент под комунистичкиот режим, кој како „државен непријател“ поминал пет години во затвор. Тој го наследи Густав Хусак кој претходно под притисок на јавноста поднесе оставка.
1992 Долниот дом на холандскиот Парламент донесе одлука за признавање на Република Македонија.
1993 Ватикан и Израел, по 2000 години главно непријателски односи меѓу римокатоличката црква и Евреите, го усвоија документот за меѓусебно признавање на Светата столица и еврејската држава.
1993 Владите на Република Македонија и на Република Полска донесоа одлуки за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете држави во ранг на вонредни и ополномоштени амбасадори. Република Полска е прва земја од централна Европа која воспостави дипломатски односи со Република Македонија. официјалните документи се разменети на 30 декември 1993 година.
1993 Во Скопје е основана Националната конвенција, невладина и непартиска организација за заштита на идентитетот на македонскиот народ.
1993 Република Македонија и Република Исланд воспоставија дипломатски односи.
1994 Во несреќата на турски патнички авион, кој се урна во источна Турција, загинаа 53 од 76 патници и членови на екипажот.
1996 Владата на Гватемала и водачот на герилското движење потпишаа договор со кој по 36 години и официјално заврши последната и најдолгата граѓанска војна во Централна Америка.
2000 Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски ја посети СР Југославија. Ова е прва посета на македонски претседател на СРЈ по смената на режимот на Слободан Милошевиќ.
2001 Во пожарот кој избувна во продавница на пиротехнички направи во трговскиот центар во Лима, престолнината на Перу, загина околу 300 луѓе.
2001 Во Скопје умре Џемаил Максут, актер во Турската драма при Театарот на народностите. Роден е во Скопје, на 8 мај 1933 година.
2006 Стотина луѓе настрадаа кога меѓу индонезиските острови Борнео и Јава во бурата потона траект со 638 патници и членови на екипажот, додека спасувачките екипи извлекоа 59 луѓе. Траектот е најачестото превозно средство во Индонезија, земја која се простира на преку 16.000 острови.
 
1865.Во Бомбај, Индија, е роден Радјард Киплинг, англиски писател. Извонредно ја познаваше таинствена Индија и пишуваше книги за деца со тематика од живописниот свет и природата воопшто. Негови најпознати дела се "Вистински приказни", "Книга за џунглата", "Ким", "Храбрите капетани" и други. Во 1907 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Лондон, на 18 јануари 1936 година.
1909 Убиен е Ѕоле Стојчев, македонски револуционер, борец против османлиската власт, против пропагандите во Леринската околија на Битолскиот револуционерен округ и против аспирациите на Бугарија, Србија и Грција спрема Македонија. Роден е во Баница, леринско, во 1867 година.
1911 Во Кина е укината монархијата, а на чело на новосоздадената република застана Сун Јат Сен, дотогашен привремен претседател и водач на кинеската Народна партија - Куоминтанг.
1943 Бугарските сили и контрачетниците од Куманово, Младо Нагоричане, Страцин, Крива Паланка, Врање, Пирот и од други места, го почнаа дејствувањето на кумановско-врањското подрачје за да ги уништат македонските, јужноморавските и косовските единици. Но, тие вешто го одбегнуваа судирот. Незадоволни од исходот на десетдневната акција, непријателските сили го собраа селаните на возраст од 19 до 50 години и повеќемина од нив интернираа во Бугарија.
1944 Во Везле умре Ромен Ролан, француски раскажувач, романсиер, драматург, музиколог и борец за мир и демократија. Познати се неговите дела "Жан Кристоф", "Кола Брењон", "Маѓепсана душа", "Дантон", потоа делата за животот на Бетовен, на Микеланџело и на Толстој. Во 1915 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Клаиси, на 29 јануари 1866 година.
1949 Во Скопје е формиран Балетскиот ансамбл при Македонскиот народен театар. Формиран е под раководство на Ѓорѓи Македонски и неговата соработничка Анелиза Асман.
1964 Основана е Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој - УНКТАД.
1996 Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека Македонија и Оман воспоставија дипломатски односи.
 
1869.Роден е Анри Матис, француски сликар и скулптор, еден од најпознатите претставници на фовизмот. Работеше ентериери, актови, мртви природи, портрети, графики, скулптури и дела од применета уметност. Умре во Ница, на 3 ноември 1954 година.
1941 Во Струга, спроти Новата 1942 година е испеана познатата песна "Денес над Македонија се раѓа - денешната химна на Република Македонија.
1946 Донесен е првиот Устав на Народна Република Македонија.
1994 Република Македонија и Република Узбекистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
 
1823.Роден е Шандор Петефи, унгарски револуцинер, лирски поет, поет на слободата и љубовта. Беше воодушевен приврзаник на револуцијата, републиканец по убедување. Во 1848 година дојде на чело на пештанската младина и стана главен идеолог на мартовската револуција во Унгарија. Негови познати дела се "Витез Јанош" и "Апостол". Загина кај Сегешвар, борејќи се во редовите на револуционерната војска против странските интервенционисти, на 31 јули1849 година.
1945 Во Скопје излезе првиот број на сатирично - хумористичниот весник "Остен".
1948 Основана е Државната опера на Народна Република Македонија.
1995 Во Скопје умре Методија Ивановски - Менде, македонски сликар и сценограф. Роден е во Битола, во 1929 година.
1997 Здружението на издавачите и книжарите на Македонија е примено во Меѓународната асоцијација на издавачите со седиште во Женева.
1998 Стапи во сила Спогодбата за соработка и транспорт меѓу Европската унија и Република Македонија.
2004 ВО Скопје умре Бранко Варошлија, македонски писател, драматург, критичар, полемичар и новинар. Автор е на романот „Последниот лет на птицата селица“, и на расказите „Осамените менувачи“. Роден е во Скопје, на 1 јануари 1934 година.
 
106.п.е.- Роден е Марко Тулиј Цицерон, најголем римски говорник, политичар, филозоф и писател. Остави голем број говори, дела и преписки. Најпознати се неговите говори (беседи“ „Филипики“. Загина на 7 декември 43 г.п.н.е.
1902 Во Акиреале е роден Умберто Барбаро, италијански режисер на документарни филмови, сценарист и филмски теоретичар. Умре во Рим, во 1959 година.
1923 Умре Јарослав Хашек, чешки писател. Најпознат е по неговиот популарен хумористично-сатиричен роман „Доживувањата на добриот војник Швејк“, во кој ја разоткрива сета бесмисленост, суровост и лудост на милитаризмот. Роден е на 20 јануари 1883 година.
1924 Умре Јиржи Волкер, чешки писател. Тој е еден од главните претставници на пролетерската поезија на бунтот и борбата за подобра иднина на работничката класа. Творец е и на социјални балади, бајки, драми и критики. Роден е во 1900 година.
1945 Пропадна и последниот обид на Хитлер да го измени исходот на Втората светска војна. И покрај жестоките германски напади во Ардените, армијата на сојузничките сили на генералите Монтгомери и Бредли ги зафатија од север и од југ во клешти германските дивизии. Хитлер претрпе тешки загуби во луѓе и во воен материјал, што исцрпениот Трет рајх не можеше да го поднесе.
1945 По наредба на главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија е формирана Командата на градот Скопје.
1945 Во Скопје излезе првиот број на првото детско списание на македонски јазик во слободна Македонија "Пионер". Негови први уредници беа познатиот македонски писател Славко Јаневски и професорот Јонче Јосифовски.
1961 Соединетите Американски Држави ги прекинаа дипломатските односи со Куба. Во април истата година кубанската армија и кубанскиот народ ја попречија инвазијата на кубанските контрареволуционери кои со помош на САД се истоварија во Лас Вегас.
1987 Во Скопје умре доцент д-р Иван Влашки, шеф на Уролошката клиника на медицинскиот факултет во Скопје. Тој е основоположник на современата урологија и трансплантациите на бубрег во Македонија. Со своите стручни способности како хирург и педагог се стекна со голем углед во земјата и во странство. Роден е во 1930 година.
1987 Во Скопје умре Драган Ѓаконовски - Шпато, истакнат македонски композитор, диригент и музички аранжер. Неговото име ќе остане трајно врежано во историјата на македонската забавна музика, зашто тој е всушност нејзин зачетник. Како автор на бројни забавни мелодии , на аранжмани за забавна и за џез музика на македонската сцена се појави уште во првите повоени години. Бројни генерации се сеќаваат на неговите популарни композиции, како и на првата македонска џез композиција наречена "Тема I", што тој ја создаде во далечната 1947 година. Беше извонредно надарен музички инструменталист кој формира повеќе оркестри и групи. Роден е во Скопје, на 11 март1931 година.
1996 Во Скопје почна со работа канцеларијата за врски на Светската здравствена организација.
1996 Во Скопје умре д-р Христо Маловски, македонски историчар и педагог, професор на Филозовскиот факултет во Скопје. Роден е во 1932 година.
1999 Во Скопје умре Воислав Кушевски, историчар, универзитетски професор и основоположник на наставата по историја. Роден е во селото Тработивиште, Делчевско, во 1922 година.
 
1643.Роден е англискиот физичар, математичар, механичар и астроном Сер Исак Њутн, универзитетски професор во Кембриџ. Го откри Општиот закон за привлекување маса (гравитација) со што започна новата епоха во механиката и астрономијата. Од 1703 до неговата смрт 1727 година беше претседател на Лондонското кралско друштво. Независно од Вилхелм Лајбник тој го откри диференцијалнтото и имагинарно сметање. Њутн ги постави темелите на класичната физика и откри неколку законитости во оптиката. Го објасни паѓањето и движењето на телата, движењето на Месечината околу Земјата и на планетите околу Сонцето, движењето на кометите, плимата и осеката. Њутн го откри законот за инерција, независноста на дејствување на силата и акцијата и реакцијата, како и останати теореми во механиката. Тој го конструира и првиот телескоп. Во негова чест со знакот N се обележува сила.
1710 Роден е италијанскиот композитор Ѓовани Батиста Перголези. Дела: опера „Служавката господарка“, црквената музика „Stabat mater“.
1785 Роден е германскиот филолог и книжевник Јакоб Грим, основач на современата германистика. Јакоб Грим вниманието на јавноста го свртел кон народните умотворби и јазикот, а ги изучувал историјата на јазикот и старата книжевност. Се бавел со народни преданија, митови и бајки, со фолклор и обичаи. Во 1852 година го основал големиот „Германски речник“ и го напишал делото „Историја на германскиот јазик“.
1797 Францускиот генерал Наполеон Бонапарта ги победил Австријците кај Риволија во Италија.
1809 Роден е францускиот учител Луј Брај, пронаоѓачот на азбуката за слепи, наречена Брајов систем. И самиот слеп, го измислил системот на испакнати точки, чии комбинации означуваат поединечни зборови, што им овозможува на слепите да можат да читаат.
1909 Во селото Лавци, Битолско, е роден Тодор Ангеловски, меѓу народот познат како Тошо Даскалот, учител и просветител, борец против угнетувачкиот великосрпски режим, бестрашен борец против фашистичкиот окупатор и еден од првите учесници во НОВ во Македонија. Загина, односно се самоуби, во борба против бугарскиот окупатор кај селото Лавци, на 12 јуни 1943 година.
1932 Владата на британската колонија Индија го забрани Индијскиот национален конгрес и го уапси неговиот водач Махатма Ганди, кој ја предводеше борбата за независност на Индија.
1942 На пат за Македонија (по организираното бегство од затворот во Сремска Митровица), минувајќи ја планината Кукавица, кај селото Туба, во близина на Владички Хан, од заседа на бугарскиот фашистички окупатор е убиен Јордан Николов - Орце, народен херој на Македонија. Тој беше еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија и член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Роден е во Скопје, на 7 јануари 1916 година.
1943 Во Скопје, во Обласната полициска управа, по повеќедневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција го уби Страшо Пинџур, народен херој на Македонија. Бугарските фашисти, знаејќи дека фатиле голем револуционер и организатор, го мачеа посурово отколку средновековните инквизитори. Беше член на КПЈ од 1934 година, а во НОВ и ПО на Македонија. Роден е во селото Ваташа, Кавадаречко, на 5 март 1915 година.
1943 Во Скопје, во Обласната полициска управа, по петдневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција го уби (го фрли низ прозорец) Мирче Ацев, народен херој на Македонија. Правиот батаљон на Народноослободителната војска на Македонија го доби неговото име. Беше член на Покраинскиот комитет на КПЈ на Македонија од 1941 година и член на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Роден е во селото Ореовец, Прилепско, на 26 септември 1915 година.
1944 Сојузничките сили во Втората светска војна го започнаа нападот врз германските сили на Монте Касина. Во жестоките борби беше разоран градот Касино и прастариот бенедиктински манастир, кој во 529 година го подигна основачот на римокатоличкиот ред Свети Бенедикт од Нурсиј. Монте Касино беше центар на Бенедиктинскиот ред и центар на пребогатата архива, библиотека и ризница. Тој е потполно разорен и уништен.
1948 Велика Британија ја призна Бурма (сегашен Мјанмар) како независна република со првиот претседател на владата Такин Нуом.
1951 Севернокорејските и кинеските трупи го зазедоа Сеул во Корејската војна.
1954 Во Скопје умре Димитар Андонов - Папарадишки, македонски зограф, еден од втемелувачите на современата македонска уметност. Роден е во селото Папрадиште, во 1859 година.
1958 Советскиот „Спутњик I“, првиот сателит кој беше лансиран во октомври во 1957 година, се распадна и падна на Земјата.
1960 Во сообраќајна несреќа загина францускиот писател Албер Ками, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1957 година. Дела: „Странец“, „Куга“, „Пад“, „Калигула“, „Свадба“, „Митот за Сизиф“ и други.
1965 Умре англискиот писател од американско потекло Томас Стернс Елиот, добитник на Нобеловаа награда за книжевност во 1948 година. Дела: „Збирка песни“, „Збирка есеи“, поетските драми „Убиство во катедрала“, „Семеен состанок“, „Коктел-партија“.
1967 Загина англискиот возач на брзи автомобили и чамци Доналд Малколм Кемпбел, носител на светскиот рекорд во возење автомобили од 648,7 км. на час. Рекордот го поставил во 1964 година. Со чамецот „Сината птица“, со млазен мотор, на езерото Конистон во Велика Британија, Кемпбел се обидел да освои нов рекорд, го достигнал новиот светски рекорд на вода - од 527,9 км. на час, но тој рекорд го плати со живот.
1972 Пакистан побара разговор со Индија по војната во која беше поразен, а дотогашниот Источен Пакистан стана независна држава Бангладеш.
1975 Умре италијанскиот писател Карло Леви, автор на романот „Христос застана во Еболија“, во кој е опишан тешкиот живот на италијанските селани под фашистичкиот режим. За време на владеењето на Мусолини бил интерниран во јужна Италија.
1989 Во меѓународните води на Средоземното Море спроти Либискиот брег, американски воени авиони соборија два либијски ловци кои наводно му претеле на носачот на авиони „Џон Ф. Кенеди“.
1992 Владата на Република Македонија донесе одлука со која 7 јануари - правиот ден Божик, се прогласува за неработен ден. Ова е прв пат во Македонија верски празник и официјално да биде прогласен за неработен.
1995 Поранешниот турски претседател на владата Булент Еџевит ги обвини Германија и Австрија за распаѓањето на Југославија, бидејќи тие го поттикнале отцепувањето на Словенија и Хрватска и ја осудил Анкара за рамнодушноста по појавата на првите сигнали дека дотогашната Југославија исчезнува.
1996 Република Македонија и Република Таџикистан воспоставија дипломатски односи.
1998 Шефот на израелската дипломатија Давид Леви поднесе оставка, истакнувајќи дека не сака повеќе да се грижи за прашањата на мирот и социјалната заштита.
1998 Во Куманово и во Прилеп, во непосредна близина на зградите на Управата за внатрешни работи, експлодираа експлозивини направи.
2004 Претставници на авганистанската фракција постигнаа договор за уставот, овозможувајќи ги со тоа првите избори по граѓанската војна во земјата, која траеше 25 години.
2005 Непознати напаѓачи го убија гувернерот на Багдат, Алија ел Хајдари.
2006 Умре претседателот на владата и вториот човек на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мактум бин Рашид ел Мактум, инаку монарх на Емиратите во Дубаи.
2007 Апелациониот суд на канадската провинција Онтарио официјално го призна правото на едно петгодишно дете да има три родители - татко и две мајки кои повеќе од 15 години живеат во хомосексуална заедница, од кои една е неговата биолошка мајка. Во Онарио хомосексуалните бракови се легални од 2003, а од 2005 година и на целата територија на Канада.
 
1169.Франција и Англија склучија мир по средбата на кралевите Луј Седми и Хенри Втори, во Монмирај.
1367 Роден е англискиот крал Ричард Втори, кој на престолот дојде на 10-годишна возраст, наследувајќи го дедо му Едвард Трети. Умре во 1400 година под мистериозни околности во ропство во замокот Понтефракт.
1392 Скопје падна под османлиска власт и стана седиште на санџакот (подрачје, управна единица на чело со санџак-бег, врховен воен и административен старешина). Скопскиот санџак беше прва организирана османлиска провинција на територијата на југословенските земји и база за навлегување кон север и запад.
1412 Родена е Јованка Орлеанка (Жан Д' Арк), француска национална хероина од Стогодишната војна (1337 до 1453 г.). На младата селанка, на која "гласовите од небото" и наредиja да ја спаси Франција, кралот Карло Седми и довери и водство на еден воен одред од 800 воини и таа во 1429 година го спаси градот Орлеан од англиските освојувачи. Подоцна падна во рацете на бургундијците (приврзаничка партија на англискиот крал) кои ја предадоа на Англичаните. Беше прогласена за вештерка и осудена од црковниот суд на смрт со запалување, што беше извршено во Раун, на 30 мај 1431 година.
1745 Роден е францускиот пронаоѓач Жак Етјен Монголфје, кој заедно со братот Жозеф Мишел во 1783 година го конструираa првиот балон наполнет со загреан воздух.
1810 Со мировен договор во Константинопол поразеното Османлиско царство на Русија и ги предаде полуостровот Крим и областа Кубан.
1822 Роден е германскиот археолог Хајнрих Шлиман, кој во 1868 година ја откри Троја, користејќи се со податоците од Хомеровите епови „Илијада“ и „Одисеја“. Шлиман ги откри Микена, Орхомен и Итака, трошејќи го на археолошки ископувања целото свое милионско богатство.
1829 Умре чешкиот славист Јозеф Добровски, татко на славистиката, главна личност во чешката народна преродба. Автор е на чешката граматика и на граматиката на старословенскиот јазик. Ги проучуваше сите словенски јазици и книжевности, а посебно работата на словенските просветители Кирил и Методиј, потоа словенската азбука и старословенскиот јазик. Дела: „Историја на чешкиот јазик и книжевност“, „Граматика на чешкиот јазик“, „Граматика на старословенскиот јазик“, збирките „Славин“, „Слованка“.
1838 Во американскиот град Мористаун, во државата Њу Џерси, Самјуел Морзе првпат изведе јавна демонстрација на телеграфот - електричен апарат за испраќање на далечина на знаци составени од точки и цртички. Првиот телеграф е пуштен во работа шест години подоцна (1844) во САД, на линијата Вашингтон - Балтимор.
1849 Роден е Христо Ботев, бугарски револуционер, поет и публицист. Пропагираше јужнословенско единство и социјалистички идеи. Неговата поезија е борбена, социјално бунтовна, но секогаш уметнички вредна. Песните „Борба“, „Ѓурѓовден“, „Хаџи Димитар“ и други, содржат трајни универзални пораки со слободарско-бунтовнички карактер. Загина во борба против турската војска, на 1 јуни 1876 година.
1852 Умре францускиот учител Луј Брај, пронаоѓачот на азбуката за слепи, наречена Брајов систем. И самиот слеп, го измисли системот на испакнати точки, чии комбинации означуваат поединечни зборови, што им овозможува на слепите да можат да читаат.
1872 Роден е рускиот композитор и пијанист Александар Николајевич Скрјабин. Дела: композиции за оркестар „Боженствена поема“, „Прометеј“, сонати, етиди.
1919 Умре американскиот државник Теодор Рузвелт, претседател на САД од 1901 до 1909 година, чија политика создаде светска сила од САД. Должноста шеф на државата ја презеде како потпретседател на САД, по убиството на претседателот Вилијам Мекинли во 1901 година. Беше иницијатор на изградбата на Панамскиот канал, а за посредување во руско-јапонската војна во 1905 година ја доби Нобеловата награда за мир во 1906 година.
1941 Претседателот на САД Френклин Рузвелт во говорот во Конгресот го дефинира своевидниот политички концепт познат како „четири слободи“ - слобода на говорот, слобода на религијата, слобода од страв и слобода од сиромаштија.
1945 Водачот на Партизанското движење Јосип Броз и шефот на британската мисија Фицрој Меклин во Втората светска војна склучија спогодба за воспоставување воздухопловна база кај Задар за потребите на сојузното воздухопловство во борбата против германските сили.
1945 Во Скопје во присуство на околу 1.000 делегати на македонската младина од Егејска и од Пиринска Македонија, потоа претставници на советската, бугарската, грчката, албанската, српската, хрватската, словенечката и на црногорската младина, како и претставници на англиската мисија, започна со работа Вториот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (НОМСМ). Конгресот ја анализира состојбата во организацијата, донесе низа заклучоци и постави нови задачи. Исто така, беше упатен Проглас до младината на Македонија, повикувајќи ја на нови постигања.
1946 Основано е Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Меѓу основачите беа Василие Поповиќ Цицо, Димо Тодоровски, Томо Владимирски, Вангел Коџоман, Лазар Личеноски, Никола Мартиновски и Борко Лазески.
1949 Умре американскиот филмски режисер Виктор Флеминг. Тој светската слава ја стекна со филмот „Однесено од виорот“. Останати филмови: „Волшебникот од Оз“, „Тортиља Флат“, „Јованка Орлеанка“.
1950 Велика Британија ја призна Кина.
1981 Умре шкотскиот писател Арчибалд Џозеф Кронин. Дела: романите „Цитадела“, „Ѕвездите гледаат од небо“, „Госпоѓата со каранфилите“, „Три љубови“, „Херојски години“, драмата „Јупитер се смее“.
1983 Во Скопје умре д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар, автор на стотина трудови, научен советник во Институтот за национална историја во Скопје. Меѓу другото, најпознат е како долгогодишен раководител на Одделението за документација на ИНИ. Роден е во селото Галичник, на 19 отомври 1924 година.
1987 Умре Маргарет Лоренс, канадска писателка, доминантна личност во канадската современа литература, авторка на романот "Камениот ангел". Покрај писателската дејност, таа беше ангажирана и во антинуклеарното движење. Родена е во 1927 година.
1988 Во Белград умре Александар Аксиќ, новинар, редактор и поет. Како припадник на револуционерното движење, заедно со Кочо Рацин и со Јован Ѓорѓевиќ ја објави збирката револуционерни песни „1932“. Беше член на предвоената редакција на „Наша реч“, орган на КПЈ за Македонија, а беше и директор на „Култура“. Роден е во Куманово, во 1912 година.
1993 Умре рускиот балетан Рудолф Хаметович Нуреев, ѕвезда на светската балетска сцена. На Запад емигрираше по гостувањето во Париз во 1961 година. Запаметен е по незаборавните главни улоги во многу балети, вклучувајќи ги „Лебедово езеро“, „Жизел“, „Петрушка“.
1993 Умре американскиот џез-музичар, трубач, пејач, композитор, аранжер и шеф на оркестарот Џон Брикс „Дизи“ Гилеспи, несомнено еден од најдобрите трубачи и импровизатори во историјата на џезот. Одигра пресудна улога во создавањето на би-бап музиката.
1995 Во провинцијата Шанси во северна Кина загинаа најмалку 100 луѓе во експлозија по сударот на два товарни воза натоварени со тони тринитротолуол.
 
1297.Франческо Грималди, преоблечен во калуѓер продре во тврдината Монако која тогаш беше под владение на Џенова. Притоа во неа ги пушти своите војници и истата ја освои. Тој е основач на династијата Грималди која и денес е на власт во кнежеството Монако.
1324 Умре италијанскиот истражувач Маро Поло, најпознат европски средновековен патник. Во 1271 година од Венеција на 17-годишна возраст тргна кон Далечниот Исток . Пропатува низ Месопотамија, Курдистан, Персија, Туран, Памир, Кинески Туркестан и Монголија и стигна во Пекинг во 1275 година. Како прв Европеец премина преку Памир, Туркестан и Монголија. Од 1275 до 1292 година ја пропатува речиси цела Кина, а на враќање од 1292 до 1295 година патуваше преку Индокина, денешна Индонезија, Сингапур и Индискиот Океан, Персија и Црно Море. Своите патувања ги опиша во „Книга за светските чуда“, објавена во 1298 година, подоцна наречена „Милион“.
1589 Во Дубровник е роден Иван Гундулиќ, епски, лирски и драмски писател. Напиша многу мелодрами, пасторали и лирски песни од кои многу се загубени. Најпознати негови дела се „Осман“, „Дубравка“, „Аријана“ и други. Умре во Дубровник, на 8 декември 1638 година.
1642 Во Фиренца умре Галилео Галилеј, италијански астроном, еден од најпознатите физичари и астрономи воопшто. Ги проучуваше проблемите на механиката, како што се: слободното паѓање, хоризонталниот истрел и други. Го конструира првиот термоскоп, го откри телескопот, распаѓањето на Млечниот пат, појавата на сончевите дамки и друго. Неговото залагање за системот на Коперник го доведе во судир со црквата и во 1616 година инквизицијата донесе решение со кое на Галилео Галилеј му се забранува да ја пропагира тезата дека, Сонцето се наоѓа во центарот на светот и дека Земјата се врти околу Сонцето. Роден е во Пиза, во 1564 година.
1679 Храбриот француски истражувач Роберт Кавелје де ла Сал ги откри величенствените водопади на Нијагара во САД, кои спаѓаат меѓу најубавите природни убавини на светот. За три години го помина целиот тек на реката Мисисипи и од името на Луј Четиринаесетти долината ја прогласи за француски имот. Во бунт на членовите на неговата експедиција е убиен во 1687 година.
1713 Умре Арканџело Корели, италијански композитор и виолинист, претставник на италијанската класична музика. Роден е на 15 февруари 1653 година.
1819 Во Љубљана умре Валентин Водник, просветител, прв словенечки поет и новинар. Роден е во Згорња Сишка, кај Љубљана, на 3 февруари 1758 година.
1870 Роден е шпанскиот генерал Мигел Примо де Ривера и Орбанех, кој беше профашистички воен шпански диктатор од септември 1923 до јануари 1930 година. Неговиот режим се обиде да ја обедини Шпанија со мотото „една земја, една вера, една монархија“, но бидејќи не успеа да создаде прифатлив политички систем, под притисок на војската од која ја загуби поддршката, поднесе оставка.
1896 Умре францускиот писател Пол Верлен чија поезија е полна со лиризам и музикалност, а која значително влијаеше на француските симболисти. Дела: збирките “Романси без зборови“, „Галантни свечености“, „Елегија“, „Мудрост“.
1899 Роден е цејлонскиот државник Соломон Бандаранаике, основач и водач на Партијата за слобода и претседател на владата на Целјон (сегашна Шри Ланка) од 1956 до 1959 година кога беше убиен во атентат. Се залагаше за укинување на странските воени бази, национализација на странскиот капитал и за вонблоковска надворешна политика. По победата на изборите, на функцијата престедател на владата го наследи неговата вдовица Сиримаво.
1923 Француските и белгиските трупи навлегоа во Рурска област обидувајќи се од поразената Германија да изнудат отплата за воените штети во Првата светска војна. Бидејќи кон крајот на 1922 година Репарационата комисија констатира дека доцни испораката на јаглен на име отштета за Франција и Белгија, францускиот претседател на влада Рејмон Поенкар објави дека војската ќе ја запоседне Рур со што ќе обезбеди ефикасна наплата на воената штета. Кризата договорно беше решена на средината на 1924 година, а во јули 1925 година Французите почнаа да ги авакуираат трупите од Рур.
1935 Во Тупело, Мисисипи, е роден американскиот музичар Елвис Присли, „крал на рокен-ролот“. Беше исклучително популарен во педесетите и шеесетите години од 20. век. Продаде повеќе од 150 милиони плочи и играше во дваесетина филмови. Умре во Мемфис, на 16 август 1977 година.
1942 Роден е англискиот физичар Стивен Хокинг, еден од водечките светски научници на 20. век. Со оваа репутација се стекна со книгата за потеклото на универзумот „Кратка историја на времето“, објавена во 1988 година.
1943 Кај селото Сливник, Велешко, во борба против бугарската полиција загина (се самоуби) Трајко Бошкоски - Тарцан, илинденски првоборец, комесар на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Тој беше командант на прилепските партизани на 11 октомври 1941 година, кога во Прилеп почна востанието на македонскиот народ. Роден е во селото Радобил, на 14 август 1918 година.
1944 Во Верона во Втората светска војна почна дводневен процес на шестмина членови на Големиот фашистички совет, вклучувајќи го и поранешниот шеф на дипломатијата Галеацо Чано, зет на Бенито Мусолини, кои пред крахот на фашистичка Италија во Втората светска војна му изгласаа недоверба на Мусолини. Нацистичката тајна служба во последен момент се обиде да го спачи Чано, но акцијата ја сопре Адолф Хитлер, а сите шестмина беа стрелани.
1951 Во Софија умре Војдан Поп Георгиев - Чернодрински, македонски патриот, револуционер, писател, театарски режисер, артист и основоположник на македонскиот театар. Тој ги напиша првите страници на македонската драмска литература и ги удри темелите на македонското театарско дело. Сето тоа го стори во името на слободата на македонскиот народ. Делата на Чернодрински се непосредно инспирирани од македонското револуционерно минато. Негово најпознато дело е драмата "Македонска крвава свадба", што ја напиша во 1900 година, а премиерата е одржана во Софија, на 20 ноември 1900 година. Чернодрински потекнува од свештеничко семејство. Учеше во егзархиското училиште "Свети Климент" во Охрид, а потоа образованието го продолжи во Солун. Во 1897 година беше учител во битолското село Могила, а потоа замина да студира во Грац и во Берн, во Швајцарија. Во 1900 година семејството на Чернодрински се пресели во Софија. Роден е во селото Селци, Дебарско, на 15 јануари 1875 година.
1959 Генералот Шарл де Гол стана првиот претседател на Петтата Француска република.
1973 Американскиот и северновиетнамскиот преговарач, Хенри Кисинџер и Ле Дук То, во Париз ги обновија преговорите за ставање крај на Виетнамската војна.
1976 Умре кинескиот државник Џо Ен Лај, еден од најистакнатите водачи на Кинеската револуција. Беше претседател на влада од 1949 до смртта и шеф на дипломатијата од 1949 до 1958 година. На Револуционерната студенска организација „Разбудено општство“ од која во 1921 година настана Комунистичката партија на Кина и пристапи во 1919 година. Учествуваше и во „Вториот марш“ во 1934 и во 1935 година. Успеа да опстане во врвот на Комунистичката партија на Кина и покрај низата чистки, вклучувајќи ја и „Културната револуција“.
1991 Банкротираше една од најголемите светски авиокомпании, американскиот „Пан Американ“.
1991 Во Скопје е конституирано првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија. За прв претседател беше избран Стојан Андов, пратеник на Сојузот на реформиските сили.
1996 Умре францускиот државник Франсоа Митеран, кој како прв социјалист во 1981 година е избран за претседател на Франција. На функцијата претседател на Франција остана 14 години. Во Втората светска војна беше еден од водачите на Движењето на отпорот, а од 1971 година ја предводеше Социјалистичката партија.
1996 Заирски товарен авион падна на пазар полн со луѓе во центарот на Киншаса, усмртувајќи најмалку 350 луѓе.
1998 Акциите на берзата во Џакарта вртоглаво паднаа. Тоа беше почеток на големата стопанска и финансиска криза во Индонезија, која набрзо ги зафати и другите земји од тој регион.
1998 Исламскиот терорист Ремзи Ахмед Јусеф е осуден на доживотна робја, плус 240 години затвор, како организатор за подметнување експлозив во 1993 година во Светскиот трговски центар во Њујорк, кога загинаа шест лица.
2004 Британската кралица Елизабета Втора го крсти најголемиот патнички брод во светот „Квин Мери 2“. Неговата изградба чинеше 800 милиони долари. Беродот е долг 345 и висок 72 метри.
 
1792.Со мировен договор во Јаси заврши Руско-турската војна, која Османлиското царство ја почна во август 1787 година. Реката Дњестар стана граница меѓу двете земји, но Русија го доби црноморското приморје меѓу реката Буг и Дњестар со градот Очаков, а беше потврден и документот од 1783 година за припојување на островите Крим и областа Кубан кон Русија.
1793 Французинот Жан Пјер Бланшар го изведе првиот лет со балон над северноамериканскиот континент.
1856 Во Неготин е роден Стеван Мокрањац, спрски композитор, музички педатог и академик. Неговото музичко дело изврши големо влијание врз подоцнежните генерации композитори и се одликува со извонредна смисла за уметничка обработка на музичкиот фолклор. Умре во Скопје, на 28 септември 1914 година.
1856 Роден е Антон Ашкерц, истакнат словенечки поет и најизразит претставник на реализмот во словенечката книжевност. Покрај епската поезија, особено му се познати баладите и романсите. Умре во Љубљана, на 10 јуни 1913 година.
1873 Умре францускиот државник Шарл Луј Наполеон Трети Бонапарта, претседател на Франција од 1848 до 1852, цар до 1870 година. Со агресивна надворешна политика настојуваше да ја зајакне Франција и да го зголеми нејзиниот имот. Основа неколку социјални установи. Во текот на неговото владеење Франција ги зазеде Ница и Савој, започна со колонијално продирање во Индокина, успешно војуваше во Кримската војна од 1854 до 1856 година против Русија во сојуз со Турција, Велика Британија и Сардинија, како и во 1859 година против Австрија и Италија. Во војната против Прусија, беше заробен на 1 октомври 1870 година во битката кај Седан со што беше тргнат од престолот, а Франција на 4 октомври истата година повторно стана република. По склучувањето мир со Прусија во 1871 година емигрираше во Англија каде и умре.
1878 Умре италијанскиот крал Виторио Емануеле Втори, прв владетел на обиединета Италија, наречен „честит крал“. На престолот дојде во 1849 година како крал на Сардинија, а од 1861 година стана крал на обединета Италија. Доследно го почитуваше парламентарниот поредок.
1890 Роден е чешкиот писател Карел Чапек. Дела: „Мачни приказни“, „Разбојник“, „Хордубал“, „Метеор“, „Обичен живот“, „Патописи од Италија“, „Патописи од Англија“, „Зошто не сум комунист“ и други.
1899 Во Париз е потпишан мировен договор со кој Шпанија се откажа од своите бивши колонии Куба и Порторико и ја прифати окупацијата на Филипините. Тоа беше крај на колонијалото царство на бившата велесила и почеток на напредокот на САД.
1905 Колежот во Санкт Петрбург, наречен „Крвава недела“ (повеќе од 100 мртви и 5.000 ранети луѓе), го навести почетокот на првата руска револуција, која беше задушена со воен удар.
1908 Родена е француската писателка Симон де Бовоар, егзистенцијалист, автор на романи, театарски текстови и филозофски есеи. Дела: романите „Мандарини“, „Убави слики“, „Другиот пол“, мемоарите „Спомените на добро воспитаните девојки“. Умре во Париз, на 14 април 1986 година.
1909 Во Прилеп е роден Рампо Левков - Левката, народен херој на СФР Југославија, од Македонија, адвокат и поет. Поради својот револуционерен дух често беше затворан. Од есента 1941 година живееше и дејствуваше полуилегално и со голем успех работеше на омасовувањето на оруженото востание на македонскиот народ. Автор е на поемата „Бабуна“. Во Прилеп, по тешка тортура од страна на бугарската полиција, беше убиен со фрлање во варница, на 19 септември 1942 година.
1913 Во Јорба Линда, Калифорнија, е роден Ричард Никсон, американски политичар и државник, претседател на САД (1969 до 1974 година), еден од раководителите на Републиканската партија. Тој е првиот американски претседател што ја посети НР Кина (1972 година) и кој стави крај на американската интервенција и војна во Виетнам. За време на неговиот претседателски мандат се случи таканаречената „Вотергејт афера“. Умре во Парк Рич, во Њу Џерси, на 22 април 1994 година.
1914 Во Охрид е роден Иван Точко, истакнат современ македонски писател и новинар. Учесник е во НОВ на Македонија. Работеше како новинар во „Нова Македонија“, во Радио Скопје, а беше и уредник на списанието „Македонија“. Автор е на збирките раскази „Бојана“, „Акорди“, „Прстен“, „Раскази“, „Лебедова песна“, „Премиера“, како и на новелите „Вино за душите“ и „Грев“. Последно негово објавено дело е драмата во осум сцени „Плуто“. Умре во Скопје, на 12 ноември 1973 година.
1922 Роден е гвинејскиот државник и писател Ахмед Секу Туре, кој откако Гвинеја се стекна со независност во 1958 година стана нејзин претседател. Претходно беше синдикален активист во Франција и во Западна Африка, а во 1956 година беше избран за пратеник во француското собрание. Дела: збирка песни „Борбени песни“, политички списи „Гвинејско искуство и африканско единство“, „Африка и револуцијата“, „Да се брани револуцијата“, „Моќта на народот“.
1941 Родена е американската пејачка Џон Баез, борец за човекови права, која во текот на Виетнамската војна силно се противеше против воената интервенција на САД во Индокина, што имаше и огромен оддек во јавноста, посебно меѓу младите генерации.
1945 Во Втората светска војна почна навлегувањето на американските трупи на филипинскиот остров Лузон, а борбите завршија дури на 15 август со капитулација на јапонските сили.
1945 По компромитирањето со агресијата врз Египет во октомври 1956 година, британскиот премиер Ентон Идн поднесе оставка.
1962 Советскиот сојуз и Куба потпишаа спогодба за трговска соработка врз чија основа Куба со години добиваше стока по вештачки ниски цени.
1964 Американските трупи во Панама ги задушија студентските демонстрации против присуството на САД во зоната на Панамскиот канал, усмртувајќи 22 панамски студенти.
1996 Чеченски исламски терористи ја зазедоа болницата во дагестанскиот град Кизлар во јужна Русија и зедоа 2.000 заложници.
2002 САД ја изградија првата база во бившата советска република Киргизија. Од оваа база, која е прва на територијата на некогашниот Советски Сојуз, односно Заедницата на Независни Држави, САД го контролираат воздушниот простор во Авганистан, но и на цела Централна Азија.
2004 Турција го потпиша протоколот за укинување на смртната казна дури и за време на војна, во настојување да ги задоволи стандардите на Европската унија како би можела да ги отпочне преговорите за влез во ЕУ.
 
49 г.н.е. - Гај Јулиј Цезар (римски војсководец, државник, диктатор) ја изговори познатата реченица "Коцката е фрлена", по што ја мина реката Рубикон (денешен Вар), со што почна граѓанската војна со приврзаниците на Помпеја која заврши со воведување негова лична диктатура. Во 44 г.п.н.е. Цезар беше убиен од припадниците на републиканската опозиција.
1769 Роден е францускиот офицер Мишел Неј, еден од најголемите маршали на царот Наполеон Први, кој се истаклна во низа битки и походи. По падот на Наполеон беше обвинет за предавство за што беше осуден на смрт и погубен во 1815 година.
1778 Умре Карл фон Лине, шведски ботаничар-систематичар, прв претседател на Шведската академија на науките, еден од најголемите дескриптивни ботаничари на сите времиња. Прв ги дефинира родовите и ја воведе двојната номенклатура за означување на растенијата и животните. Роден е во 1707 година.
1862 Умре американскиот пронаоѓач Семјуел Колт. По неговото презиме е наречен и пиштолот кој тој самиот го конструира.
1863 Во Лондон, Велика Британија, е пуштена во работа првата подземна железница или метро во светот.
1889 Франција воспостави протекторат во Слоновиот Брег.
1891 Во Белград умре Лаза Лазаревиќ, српски писател, преведувач, правник и член на САНУ. Од неговите дела најпознати се „Првпат со татко на утрена“, „Сето тоа народот ќе го позлати“, „Ветер“, „На бунарот“ и други. Роден е во Вршац, на 15 мај 1851 година.
1910 Родена е руската балерина Галина Сергејевна Уљанова, водечка балерина во „Болшој театар“ по Втората светска војна. Дебитира во 1928 година во „Киров театар“, веднаш искажувајќи го раскошниот талент, а набрзо стана и примабалерина на „Болшојскиот театар“. Брилијантно ги играше водечките улоги во балетите „Лебедово езеро“, „Заспаната убавица“, „Оревокршачка“ „Жизела“, „Пеперутка“, „Ромео и Јулија“. По завршувањето на кареиерата стана балетски педагог во кореографската школа на „Болшојскиот театар“.
1913 Роден е чехословачкиот државник Густав Хусак. Хуск на чело на Комунистичката партија на Чехословачка дојде по советската воена интервенција во 1968 година, заменувајќи го Александар Дубчек, а во 1975 година стана шеф на државата. Беше еден од водачите на Словачкото востание во Втората светска војна во 1944 година, а како „словачки националист“ периодот од 1951 до 1960 година го помина во затвор. Под притисок на јавноста во 1989 година поднесе оставка на функцијата претседател на Чехословачка.
1917 Умре Бафало Бил, легендарна личност од историјата на Америка за време на освојувањето на териториите на Западот на денешните САД. Роден е како Вилијам Фредерик Коди, а прекарот го доби заради вештините во ловење бизони.
1920 По иницијатива на претседателот на САД, Вудро Вилсон, формирана е Лига на народите со седиште во Женева. Целите на оваа организација беа да се зачува мирот и да се зајакне меѓународната соработка. Нејзината активност не ги донесе очекуваните резултати. Фактички престана да дејствува уште во 1940 година, а формално беше укината во 1946 година.
1922 Артур Грифит стана првиот претседател на Ирска по стекнувањето на независноста на земјата од Велика Британија.
1928 Советската влада по налог на Сталин го протера од земјата Троцки, еден од водачите на Октомвриската револуција. Троцки беше убиен во бегство во Мексико во 1940 година, по налог на Сталин.
1943 Црвената армија ја почна операцијата за разбивање и уништување на опколената германска Шеста армија кај Сталинград (сега Волгоград), откако командата на германските сили го одби повикот за капитулација. По 20 дена беше уништена јужната германска групација, а потоа се предаде и нејзиниот командант, фелдмаршалот Фридрих вон Паулус.
1951 Во Рим умре Синклер Хари Луис, северноамерикански писател. Во неговите дела се откриваат заблудите и сопствените залажувања на современото американско општество. Негови познати дела се „Елмер Гантри“, „Главна улица“, „Тоа овде не е можно“, „Кралска крв“ и други. Во 1930 година ја доби Нобеловата нарада за литература. Роден е во Сок Сентер, Минесота, САД, на 7 февруари 1885 година.
1957 Харолд Макмилан стана премиер на Велика Британија, ден по оставката на Ентони Идн.
1964 Панама ги прекина дипломатските односи со САД. Претходниот ден беа задушени антиамериканските демонстрации на панамските студенти.
1969 Шведска е првата западна држава која воспостави дипломатски односи со Северен Виетнам.
1971 Умре француската модна креаторка Габриела „Коко“ Шанел, една од светските „модни диктатори“ на 20. век. Таа со нејзината париска мода владееше шест децении.
1975 Пуштен е во сообраќај три километри долгиот тунел под реката Елба или Лаба, што ги спои автопатиштата од Централна Европа со оние во Данска и во Шведска.
1984 Умре лаошкиот принц Суван Фум, неколку пати претседател на владата на Лаос пред 1975 годна, кога на власт дојдоа комунистите.
1986 Во Прага умре Јарослав Сајферт, чехословачки писател, поет, лиричар, чии стихови ги воспеваат младоста, надежта, љубовта кон природата и солидарноста со потчинетите. Познати се неговите стихозбирки „Град на солзи“, „Славејот лошо пее“, „Изгаснете ги светилките“, и „Додека не падне дожд на нашиот мртовечки сандак“. Во 1984 година ја доби Нобеловата нагрда за литература. Роден е во Прага, на 23 септември 1901 година.
1991 Генералниот секретар на Обединетите нации Хавиер Перес де Куељар отпатува за Багдад но не успеа да ја спречи Заливската војна во која западните земји под водство на САД и нанесоа тежок пораз на ирачката армија, која претходно го окупираше Кувајт.
1991 Во Скопје умре д-р Александар Лазаров, редовен професор на Медицинскиот факултет, долгогодишен директор на Гинеколошката клиника во Скопје и еден од првите стручњаци на гинекологијата во Македонија.
1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за меѓународен превоз со железница од 1980 година.
1996 Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ја посети Република Македонија.
1996 Израел пушти од затвор стотици Палестинци, неколку дена во очи на првите палестински национални избори во Газа на Западниот Брег.
1996 Република Македонија и Европската унија воспоставија дипломатски односи.
1997 Во Софија неколку десетици илјади луѓе демонстрираа против владата на Социјалистичката партија на Бугарија, а најгорливите демонстранти го пробија полицискиот кордон и влегоа во зградата на собранието и го демолираа.
1999 Во Скопје умре Симон Дракул, македонски писател, литературен преведувач, публицист, филмски сценарист и историограф. Mеѓу најзначајните негови дела се романот „Белата долина“, театрологијата „Или смрт“, монодрамата „Апостол војвода“ и други дела. Роден е во селото Лазарополе, Гостиварско, на 28 декември 1930 година.
2004 САД формално објавија дека е соборен ирачкиот претедател, кој беше уапсен на 13 декември 2003 година.
2007 Во Женева умре Карло Понти, познат италијански филмски продуцент. Соработуваше со прочуените режисери како што се Фредерико Фелини и Жан Лик Годар. Понти беше човекот кој ја откри Софија Лорен, за која подоцна и се ожени. Роден е во Маџента, близу до Милано, во 1912 година.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom