На денешен ден!

1620.Стотина населеници, исклучени од верски нетолерантната Англија, пристигнаа со бродот „Мејфлауер“ во Америка и ја основаа населбата Плимут. Тоа беше почеток на поинтензивното населување на северноамериканскиот континент.
1716 Роден е англискиот писател Томас Греј. „Елегија напишана на селските гробишта“ се смета за една од најубавите песни напишана на англиски јазик.
1734 Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни, еден од најголемите европски портретисти на 18. век. Сликаше историски композиции.
1792 Роден е англискиот пронаоѓач и математичар Чарлс Бебиџ, „татко“ на модерниот компјутер.
1805- По победата кај Аустерлиц, Наполеон и го наметна на поразената Австрија понижувачкиот Пожунски мир, со кој и ги одзеде Венеција, Тирол и далматинското крајбрежје. За да го отстрани австриското влијание врз германските држави, францускиот император ја создаде Рајнската конфедеренција, држава сателит на Франција. Одредбите од овој мир се поништени на Виенскиот конгрес во 1814 година.
1825 Во Санкт Петербург на денот на полагањето заклетва на новиот цар Николај Први некои од полковите се побунија и побараа донесување устав, но буната позната како Декабристичко востание беше веднаш задушена.
1827 Турскиот султан Махмуд II го отфрли правото на сојузниците да посредуваат во војната меѓу Турција и Грција.
1833 Роден е францускиот сликар Морис Утрило, самоук, на кого најнужните упатства му ги даде неговата мајка, сликарката Сузан Валадон.
1890 Умре германскиот археолог Хајнрих Слиман, кој во 1868 година ја откри Троја, користејќи се со податоците од Хомеровите дела „Илијада“ и „Одисеја“. Ги откри и Микена, Орхомен и Итака, потрошувајќи го своето севкупно милионско богатство на археолошките ископувања.
1891 Роден е американскиот писател Хенри Милер. Покрај со пишување, се бавеше и со сликарство. Дела: „Црна пролет“, „Недела после војната“, „Книги за мојот живот“.
1893 Во селото Шаошан, во провинцијата Хунан, е роден Мао Це Тунг, кинески револуционер, еден од осоновачите и долгогодишен водач на Комунистичката партија на Кина. Со прогласувањето на Народна Република Кина во 1949 година, тој е избран за претседател на нејзината влада. Умре на 9 септември 1976 година.
1898 Пјер и Марија Кири први го открија радиоактивниот хемиски елемент - радиум.
1908 Американецот Џек Џонсон, од африканско потекло, со победа врз Канаѓанецот Томи Барнс стана првиот светски првак црнец во бокс.
1939 Во земјотресот во Анадолија, во Турција, загинаа околу 32.000 луѓе.
1941 Соочен со напредувањето на јапонските сили во Втората светска војна кон Манила, американскиот генерал Даглас Макартур ја прогласи филипинската престолнина за „Отворен град“. Покрај тоа, во Манила во 1941, 1942 и во 1945 година се водеа тешки борби помеѓу американските и јапонски единици, при што беа урнати многу делови од градовите.
1942- Во околината на Кардица, Грција, е извршена смртната пресуда на шестемина македонски првоборци и комунисти: Ристо Андриовски, Живко Кенков, Наум Москов, Стасо Скивински, Наум Журков и Кољо Шекров. На овие револуционери им беше судено во Атина, на 12 декември 1942 година.
1943 Британската морнарица во Втората светска војна го потопи „Шарнхорст“, последниот голем германски воен брод.
1943- Во селото Мрежичко, Мариовско, Првата македонско-косовска НОУ бригада го нападна бугарскиот граничен подотсек и граничната караула "Турски рид". Притоа загинаа 24, беа ранети 14, а заробени осум бугарски војници.
1945- Во Солун е одржан пленум на Бирото на КПГ за Македонија и Тракија. На пленумот, кој траеше два дена, генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис во својот говор, меѓу другото истакна дека туѓите сили треба да се повлечат од Грција, за да остане народот сам и суверено да ги реши своите проблеми. Во продолжение на говорот Захаријадис ја призна македонската организација НОФ, како демократска и антифашистичка и изрази готовност за соработка со неа.
1971 Изразувајќи ја огорченоста кон американската авантура во Виетнам, 16 американски ветерани од војната во Виетнам ја окупираа Статуата на слободата во њујоршкото пристаниште.
1972- Умре Хари Труман, триесет и третиот претседател на САД, кој за време на своите два манадата (1945 до 1953 година) беше главен креатор на американската повоена политика. Во историјата ќе се забележи како човек кој го одобри атомското бомбардирање на јапонските градови Хирошима и Нагасаки.
1975 Со летот на линијата Москва - Алма Ата, авионот „Tu 144“ стана првиот суперсоничен авион во светот, во редовен сообраќај.
1983 Умре шпанскиот сликар, вајар и керамичар Хуан Миро. Бунејќи се против класичното обликување на светот и животот, ја изговори прочуената реченица: „Треба да се убие сликарството“. Студираше во Барселона, а од 1919 година живееше во Париз.
1989 Ден по стрелањето на Николај и Елена Чаушеску, Романскиот фронт на националниот спас ја избра новата влада на чело со Јон Илиеску.
1991 Сојузниот парламент на СССР на својата последна седница го објави своето распуштање. По напуштањето на претседателската функција, Михаил Горбачов го потпиша Указот со кој "атомското копче", му го предаде на Борис Елцин.
1994 Со нападот на командосите врз киднапираниот француски патнички авоин на аеродромот во Марсеј беа ослободени 239 патници и членови на екипажот кои алжирските исламски терористи ги држеа како заложници по киднапирањето на авионот на 24 декември во Алжир. Командосите ги убија сите четворица терористи.
1996 Во селото Малкоец, Кичевско, умре Сајко Митревски, најстариот (дотогаш) Македонец (110 години). Роден е во селото Малкоец, на 16 февруари 1886 година.
1998 На Владата на Камбоџа и се предадоа водачите на маоистичкото движење „Црвени Кмери“, Кије Сампан и Нун Чеа. Тие беа меѓу најзначајните архитекти на режимот кој во Камбоџа уби меѓу еден и два милиона луѓе.
2001 Врховниот совет на Руската Федерација и Белорусија во Москва донесоа одлука од 2005 година руската рубља да биде заедничка валута и на двете земји.
2003 Во земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала кој го погоди југоисточен Иран загинаа 26.271 лице, повеќе илјади беа повредени, а како исчезнати се водат 525 лица. Епицентарот на земјотресот беше во близина на туристичкото место Бама, во кое беа урнати околу 70 насто од зградите.
2003 Умре американскиот сликар и вајар Воли Хедрик, кој преку своите дела во кои преовладуваат политички теми го изрази противањето на војните во Кореја и во Виетнам.
2004 Повеќе од 227.000 лица загинаа во цунами брановите кои ја опустошија јужна и југоисточна Азија. Брановите цунами беа предизвикани од катастрофалниот земјотрес со интензитет од 9 степени според Рихтеровата скала, што го зафати тој дел на светот.
2005 Умре американскиот глумец Винченте Скјавели, кој сними 98 филма, меѓу кои: „Лет над кукавичкото гнездо“, „Дух“, „Амадеус“, Блејд Ранер“, „Народот против Лари Флинт“.
 
1571.Во Вајл, Германија, е роден Јохан Кеплер, германски астроном, математичар и физичар. Познат е по формулирањето на законите за движење на планетите што претставуваат основа на современата планетарна астрономија. Со своите проучувања ја докажа вредноста на хелиоцентричниот систем. Умре во Регенсбург, Баварија, на 15 ноември 1630 година.
1585- Во Париз умре Пјер Ронсар, француски писател од времето на ренесансата, водач на поетската школа "Плејада", љубител и добар познавач на грчката и на латинската книжевност. Француската поезија ја обнови со богатството на инспирации и со разновидност на поетските облици. Роден е на 11 септември 1524 година.
1822- Во Дол е роден Луј Пастер, француски хемичар и биолог, кој во првите истражувања дојде до заклучок дека топлината ги уништува штетните бактерии и со тоа ја постави основата на постапката за стерилизација при хируршките зафати, што во негова чест е наречена - пастеризација. Утврди дека ферментацијата е биолошки процес и ги проби дотогашните теории за спонтаната регенерација на микроорганизмите. Пастер го задолжи човештвото со откритието на вакцината против беснило, до која дојде по низа експерименти во 1895 година.
1831 Англискот научник Чарлс Дарвин ја започна петгодишната експедиција во која ги проучуваше геолошките формации, растенијата и животните. Ја заснова научната теорија за еволуција на живите суштества, позната под името - дарвинизам.
1904- Во Берлин е родена филмската актерка Марија Магдалена фон Лос, позната како Марлен Дитрих, една од најголемите филмски звезди во светот на 20 век. Светската слава ја стекна во американските црно-бели продукции, преминувајќи од Германија во САД, заедно со познатиот режисер Ерих фон Шрохајм, кому му ја должи својата најзапамтена креација во антологискиот филм "Синиот ангел". Умре во Париз, на 6 мај 1992 година.
1927 Со одлука на Сталин, советскиот револуционер, поранешен раководител на Црвената армија и прв шеф на советската диломатија Лав Троцки (Лав Давидович Бронштајн) е исклучен од Комунистичката партија. Две години подоцна е протеран од Советскиот Сојуз. Троцки е убиен во Мексико во 1940 година, по наредба на Сталин.
1938- Во Скопје на македонски говор првпат е изведена драмата "Парите се отепувачка" од македонскиот драмски писател Ристо Крле.
1945- Стапи во сила Договорот за основање Меѓународен монетарен фонд (ММФ), усвоен на Монетарната и финансиската конференција на Обединетите нации, во јули 1944 година, во Бертон Вудс, со учество на претставници од 44 земји, а со задача да ја унапредува меѓународната трговија, да воспоставува и да одржува валутна стабилност во светот.
1949- Холандската кралица Јулијана потпиша Документ со кој и е даден суверенитет на Индонезија, по повеќе од три века холандска колонијална управа.
1956 Флотата на Обединетите нации почна со чистење на Суетскиот канал по Суетската војна, односно воениот поход на Велика Британија, Франција и Израел на Египет, стопирана со интевенција на Советот за безбедност на Обединетите нации.
1969 Либија, Судан и Обединетата Арапска Република постигнаа договор за воен, политички и економски сојуз.
1971 Во Скопје е отворена новата зграда на Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“.
1972 Умре канадскиот државник Лестер Боулс Пирсон, шеф на дипломатијата од 1948 до 1957 година и премиер на Канада од 1963 до 1968 година, добитник на Нобеловата награда за мир во 1957 година. Се залагаше за мирно решавање на корејскиот проблем, како и за зачувување на мирот во текот на Суетската криза.
1972 Австралија ја откажа воената помош во Јужен Виетнам, со што заврши нејзиното учество во Виетнамската војна на страната на САД.
1972 Белгија, како прва НАТО-земја, воспостави дипломатски односи со Источна Германија.
1975 Повеќе од 400 рудари загинаа во експлозија во рудникот за јаглен во Часнали во индиската држава Бихар.
1978 Умре алжирскиот државник Хуари Бумедиен, кој стана претседател на Алжир во јуни 1965 година, кога без пролевање крв ја собори власта на Ахмет Бен Белa.
1979- Во Авганистан е извршен државен удар со директно воено мешање на СССР. Првпат Советскиот Сојуз изврши интервенција во земја која е членка на Варшавскиот пакт.
1985 Во истовремени напади на палестинските исламски терористи врз патници пред шалтерот на израелската авиокомпанија “Ел А1“ на аеродромите во Рим и во Виена се убиени 16 лица, повеќето од нив Американци, што беше повод за американското бомбардирање на Триполи.
1989 Египет и Сирија по 12 години ги обновија целосно дипломатските односи.
1992 Магазинот "Тајм" го именува Бил Клинтон за "човек на годината".
1992 Американските ловци урнаа ирачки воен авион врз јужен Ирак наводно заради тоа што два ирачки борбени авиони биле со намера да ги нападнат американските авиони од типот „Ф-16“.
1993 Најмалку 26 лица загинаа, а 16 исчезнаа, како последица од тајфунот "Нел", што ги погоди јужните Филипини.
1994 Исламски терористи во Алжир убија четворица римокатолички свештеници.
1995 Израелските војници го напуштија Ромал, со што заврши нивното повлекување од сите шест градови во Западниот Брег, кои врз основа на договорот меѓу Израел и ПЛО беа дадени под управа на Палестина.
2002 Во нападот на двајца бомбаши-самоубијци во зградата на чеченската влада во Грозни загинаа најмалку 83 лица.
2003 Калисто Танци, основач и поранешен раководител на „Пармалат“, гигантска италијанска прехранбена компанија, е уапсен во Милано, осомничен за исценирано банкротство и одговорен за фалсификување на сметководствените книги во кои е откриена „дупка“ од седум милијарди евра.
2005 Во Каиро е одржано основачко собрание на Арапската лига. Секоја од 22-те членки на Лигата именуваше по четворица пратеници.
2006 Умре Џералд Форд, поранешен претседател на САД. Прекарот „случаен“ го доби затоа што на местото шеф на Белата куќа неочекувано го замени Ричард Никсон, кој се повлече по аферата „Вотергејт“. Беше единствен претседател на САД кој не беше биран на избори за оваа функција. На изборите во 1976 година Форд го порази демократот Џими Картер.
 
1836.Шпанија ја призна независноста на Мексико, која го окупира меѓу 1519 и 1522 година. Под шпанската круна официјално со статусот на вицекралство Мексико конечно потпадана во 1525 година. Востанието против колонијалните управувачи изби во 1810 година. Нестабилноста во Максико ја искористија САД, одземајќи го Тексас во 1822, а во крвавата војна од 1846 до 1848 година и Ново Мексико и Калифорнија.
1856 Роден е Вудров Вилсон, дваесет и осмиот претседател на САД. Беше претседател од 1913 до 1924 година.
1879 Во несреќата на патнички воз на линијата Единбург - Данди во Шкотска, кој се излизга во река бидејќи под него попушти мостот, загинаа 90 луѓе.
1882 Роден е англискиот астроном и математичар Артур Стенли Едингтон, директор на Опсерваторијата во Кембриџ и претседател на Меѓународната астрономска унија од 1938 па се до крајот на животот во 1944 година. Се бавел со структурата на внатрешноста на ѕвездите и нивната атмосфера, со меѓуѕвездената материја, како и со движењето и распоредот на ѕвездите во нашата галаксија.
1895 Во Париз, во просториите на "Гранд кафе", браќата Луј и Огист Лимиер, организираа прва филмска проекција. Тоа беа првите "подвижни слики" во историјата, кратки филмови. Оваа филмска претстава предизвика воодушевување кај публиката и се смета за датум на раѓањето на кинетомаграфијата. Само десет години подоцна, битолските браќа Манаки, Јанаки и Милтон, го снимија првиот филмски кадар на Балканот.
1908 Од земјотрес во Месина и Калабрија, во Италија, загинаа околу 83.000 лица.
1923 Умре францускиот инженер Александар Гистав Ајфел, градител на кулата во Париз наречна по неговото име. Бил специјалист за челични конструкции и мостови и меѓу првите го применил пневматското градење на темелите на големите мостови.
1925 Во Ленинград, во состојба на тешка душевна депресија, се самоуби Сергеј Александровиќ Есенин, еден од најзначителните руски лиричари и истакнат обновувач на поетската сликовитост. Познати негови дела се "Задушница", "Триптих", "Стихови на скандалистите", "Кафеанска Москва", "Советска Русија", "Персиски мотиви" и "Ана Снегина". Роден е во селото Константиново, сега Есенино, Разјанска област, на 3 октомври 1895 година.
1937 Во Париз умре Морис Равел, француски композитор. Тој е еден од најпознатите претставници на францускиот импресионизам, творец на многу оригинален израз. Најпознати дела му се оркестарската композиција "Болеро", операта "Шпански часовник", балетот "Дафнис и Клое" и други. Роден е во Цибург, на Пиринеите, на 7 март 1875 година.
1942 Јапонија во Втората светска војна го бомбардираше индискиот град Калкута.
1943 Во селата Прждево и Клисура, кај Неготино, партизанскиот батаљон "Страшо Пинџур" ги нападна германските делови за врска и деловите за противавионски извидувања. По куса борба кај селото Прждево, загинаа седум германски војници, додека нападот врз селото Клисура, не успеа поради интервенција на бугарските единици од Кавадарци и од Демир Капија.
1944 Во Скопје почна тридневната работа на Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.
1944 Во Скопје почна да работи Радио Скопје на куси бранови од 50 метри на македонски јазик. Првата емисија што ја емитуваше беше преносот од Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.
1945 Умре американскиот писател Теодор Драјзер, бескомпромисен критичар на американското општество. Дела:„ Сестра Кари“, „Џени Герхард“, „Финансиер“, „Титан“, „Столик“, „Гениј“, „Американска трагедија“, „Трагична Америка“.
1947 Умре поранешниот италијански крал Виторио Емануел Трети, последниот монарх на Италија, кој на престолот беше од 1900 до 1946 година. Тој го поддржуваше фашистичкиот режим на Бенито Мусолини. Се прогласи за „цар на Етиопија“ во 1936 година, по агресијата на Италија врз Етиопија, а за „крал на Албанија“ во 1939 година. Абдицираше по победата на републиканците на изборите во 1946 година.
1948 Во Египет е убиен претседателот на владата Нокраш Паша, на крајот на повеќемесечните немири и насилства во земјата.
1949 Во Унгарија на сила стапи декретот за национализација на сите индустриски и трговски фирми.
1962 Во Мозамбик, португалска колонија во Африка, со обединување на трите антиколонијални групи основан е Фронтот за ослободување на Мозамбик, под чие водство земјата по долготрајните борби се стекна со независност во 1975 година, каде две децении потоа беснееше граѓанска војна.
1963 Умре германскиот композитор Паул Хиндемит. Дела: „Новости на денот“, „Кардијак“, „Сликар Матис“, „Хамронија на светот“, шест гудачки квартети, „Камерна музика оп. 36“, концерти и сонати за разни инструменти, теориските дела „Традиционална хармонија“, „Светот на композиторот“.
1994 Умре Кочо Китановски, втемелувач на македонското градежништво. Роден е во Прилеп, на 12 јануари 1927 година
1995 Од космодромот во Бајконур, Казахстан, од една руска носечка ракета, е лансиран сателит од индиско производство. Заедно со сателитот беше уште едно летало, наречено "скипер", сопственост на Универзитетот во Утах, САД.
1966 Кина ја изврши петтата нуклеарна проба. Шест месеци подоцна експлодира првата кинеска хидрогенска бомба.
1968 Во напад на аеродром во Бејрут израелски командоси уништија 13 арапски авиони.
1974 Во земјотрес кој разори села во пакистанската планинска област Карако, загинаа околу 5.200 луѓе.
1997 Долготрајните недоразбирања во Австралиската епархија на МПЦ, во Мелбурн кулминираа и со масовна тепачка меѓу приврзаниците на спротивставените страни (на приврзаниците и противниците на владиката Петар), пред редовната богослужба во МПЦ "Свети Ѓорѓи" и "Пресвета Богородица", во мелбурншкото предградие Епинг.
1984 Умре американскиот филмски режисер Сем Пекинпо, автор на вестерни и криминалистички филмови кои се карактеризираат со изразити ликови, со краен реалистички приод, совршенство на монтажа и стилска перфекција. Филмови: „Пукни попладне“, „Балада за Кејбл Хог“, „Шампион на родео“, „Бег“, „Поранешниот пријател Кид“, „Елита на убијци“, „Железен крст“.
1989 Собранието на Чехословачка го избра Алекснадра Дубчек за претседател.
1994 Директорот на американската разузнавачка агенција ЦИА Џејмс Вулзи поднесе оставка по апсењето на високиот службеник на ЦИА Олдрич Ејмс кој со години работеше за Москва.
1998 Во Скопје умре Томо Шијак, еден од најистакнатите творци и истражувачи на македонската ликовна сцена. Роден е во Косово Поле, во 1930 година.
1999 Португалија и Индонезија ги обновија целосно дипломатските односи, по прекинот од четвртиот век поради тоа што Џакарта го припои Источниот Тимор, бивша португалска колонија, која е етнички индонезиска но верски е католичка, за разлика од претежно исламската Индонезија.
2001 Во Скопје, на Клиниката за гинекологија, е родено првото бебе од епрувета во Македонија.
2004 Умре американската писателка Сузан Зонтаг, пишувач на романи и есеи за современата култура и политика. Дела: романите: „Добротвор“, „Смртна опрема“, есеите „Против интерпретацијата“, „Излет во Ханој“, „Јас и така натаму“, „За фотографиите“, „Болеста како метафора“.
2005 Во Земјената орбита лансиран е првиот од 30-те сателити на европската сателитска мрежа „Галилео“, идниот глобален навигациски систем.
 
1865.Во Бомбај, Индија, е роден Радјард Киплинг, англиски писател. Извонредно ја познаваше таинствена Индија и пишуваше книги за деца со тематика од живописниот свет и природата воопшто. Негови најпознати дела се "Вистински приказни", "Книга за џунглата", "Ким", "Храбрите капетани" и други. Во 1907 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Лондон, на 18 јануари 1936 година.
1909 Убиен е Ѕоле Стојчев, македонски револуционер, борец против османлиската власт, против пропагандите во Леринската околија на Битолскиот револуционерен округ и против аспирациите на Бугарија, Србија и Грција спрема Македонија. Роден е во Баница, леринско, во 1867 година.
1911 Во Кина е укината монархијата, а на чело на новосоздадената република застана Сун Јат Сен, дотогашен привремен претседател и водач на кинеската Народна партија - Куоминтанг.
1943 Бугарските сили и контрачетниците од Куманово, Младо Нагоричане, Страцин, Крива Паланка, Врање, Пирот и од други места, го почнаа дејствувањето на кумановско-врањското подрачје за да ги уништат македонските, јужноморавските и косовските единици. Но, тие вешто го одбегнуваа судирот. Незадоволни од исходот на десетдневната акција, непријателските сили го собраа селаните на возраст од 19 до 50 години и повеќемина од нив интернираа во Бугарија.
1944 Во Везле умре Ромен Ролан, француски раскажувач, романсиер, драматург, музиколог и борец за мир и демократија. Познати се неговите дела "Жан Кристоф", "Кола Брењон", "Маѓепсана душа", "Дантон", потоа делата за животот на Бетовен, на Микеланџело и на Толстој. Во 1915 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Клаиси, на 29 јануари 1866 година.
1949 Во Скопје е формиран Балетскиот ансамбл при Македонскиот народен театар. Формиран е под раководство на Ѓорѓи Македонски и неговата соработничка Анелиза Асман.
1964 Основана е Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој - УНКТАД.
1996 Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека Македонија и Оман воспоставија дипломатски односи.
 
1869.Роден е Анри Матис, француски сликар и скулптор, еден од најпознатите претставници на фовизмот. Работеше ентериери, актови, мртви природи, портрети, графики, скулптури и дела од применета уметност. Умре во Ница, на 3 ноември 1954 година.
1941 Во Струга, спроти Новата 1942 година е испеана познатата песна "Денес над Македонија се раѓа - денешната химна на Република Македонија.
1946 Донесен е првиот Устав на Народна Република Македонија.
1994 Република Македонија и Република Узбекистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
 
...На денешен ден..2009 година беф на плоштаТ насуперХикс и најјакОооОо си поминафф..мораф да пишам зашо неможам тоа да го држам у себе!!!!
и наааајХепи сум!! јеееееееееееи
(знам дека малце сум ауТ оф топик..али ниШто страшно)
 
1823.Роден е Шандор Петефи, унгарски револуцинер, лирски поет, поет на слободата и љубовта. Беше воодушевен приврзаник на револуцијата, републиканец по убедување. Во 1848 година дојде на чело на пештанската младина и стана главен идеолог на мартовската револуција во Унгарија. Негови познати дела се "Витез Јанош" и "Апостол". Загина кај Сегешвар, борејќи се во редовите на револуционерната војска против странските интервенционисти, на 31 јули1849 година.
1945 Во Скопје излезе првиот број на сатирично - хумористичниот весник "Остен".
1948 Основана е Државната опера на Народна Република Македонија.
1995 Во Скопје умре Методија Ивановски - Менде, македонски сликар и сценограф. Роден е во Битола, во 1929 година.
1997 Здружението на издавачите и книжарите на Македонија е примено во Меѓународната асоцијација на издавачите со седиште во Женева.
1998 Стапи во сила Спогодбата за соработка и транспорт меѓу Европската унија и Република Македонија.
2004 ВО Скопје умре Бранко Варошлија, македонски писател, драматург, критичар, полемичар и новинар. Автор е на романот „Последниот лет на птицата селица“, и на расказите „Осамените менувачи“. Роден е во Скопје, на 1 јануари 1934 година.
 
1905.Над селото Кнежево, Kратовско, почна Конгресот на Скопскиот револуционерен округ на ТМОРО, што траеше до 7-ми јануари истата година.
1946 Македонските политички затвореници од затворот "Касандра" во Грција, упатија апел до владите на СССР, на Велика Британија и на САД во кој меѓу другото, се вели: "Во сегашните историски денови, ние припадниците на македонскиот народ во Егејска Македонија, кои се боревме против другите окупатори и нивните слуги, принудени сме сега и на политичко поле да водиме тешка борба против грчката реакција...".
1999 Умре Јордан Конев, еден од доајените на македонското новинарство. Роден е во Штип, на 12 ноември 1931 година.
2004 Умре Александра Рипли, американска писателка, која го напиша контраверзното продолжение на легендарниот роман на Маргарен Мичел „Одвеано со виорот“. Рипли е позната по историските романи за американскиот Југ во 19. век. Во 1991 година го напиша романот „Скарлет“, кој е продолжение на романот „Одвеано со виорот“. Таа е автор и на делата „Чарлстон“, „Напуштајќи го Чарлстон“, „Наследството на Њу Орлеанс“ и други дела. Родена е во 1934 година.
 
1643.Роден е англискиот физичар, математичар, механичар и астроном Сер Исак Њутн, универзитетски професор во Кембриџ. Го откри Општиот закон за привлекување маса (гравитација) со што започна новата епоха во механиката и астрономијата. Од 1703 до неговата смрт 1727 година беше претседател на Лондонското кралско друштво. Независно од Вилхелм Лајбник тој го откри диференцијалнтото и имагинарно сметање. Њутн ги постави темелите на класичната физика и откри неколку законитости во оптиката. Го објасни паѓањето и движењето на телата, движењето на Месечината околу Земјата и на планетите околу Сонцето, движењето на кометите, плимата и осеката. Њутн го откри законот за инерција, независноста на дејствување на силата и акцијата и реакцијата, како и останати теореми во механиката. Тој го конструира и првиот телескоп. Во негова чест со знакот N се обележува сила.
1710 Роден е италијанскиот композитор Ѓовани Батиста Перголези. Дела: опера „Служавката господарка“, црквената музика „Stabat mater“.
1785 Роден е германскиот филолог и книжевник Јакоб Грим, основач на современата германистика. Јакоб Грим вниманието на јавноста го свртел кон народните умотворби и јазикот, а ги изучувал историјата на јазикот и старата книжевност. Се бавел со народни преданија, митови и бајки, со фолклор и обичаи. Во 1852 година го основал големиот „Германски речник“ и го напишал делото „Историја на германскиот јазик“.
1797 Францускиот генерал Наполеон Бонапарта ги победил Австријците кај Риволија во Италија.
1809 Роден е францускиот учител Луј Брај, пронаоѓачот на азбуката за слепи, наречена Брајов систем. И самиот слеп, го измислил системот на испакнати точки, чии комбинации означуваат поединечни зборови, што им овозможува на слепите да можат да читаат.
1909 Во селото Лавци, Битолско, е роден Тодор Ангеловски, меѓу народот познат како Тошо Даскалот, учител и просветител, борец против угнетувачкиот великосрпски режим, бестрашен борец против фашистичкиот окупатор и еден од првите учесници во НОВ во Македонија. Загина, односно се самоуби, во борба против бугарскиот окупатор кај селото Лавци, на 12 јуни 1943 година.
1932 Владата на британската колонија Индија го забрани Индијскиот национален конгрес и го уапси неговиот водач Махатма Ганди, кој ја предводеше борбата за независност на Индија.
1942 На пат за Македонија (по организираното бегство од затворот во Сремска Митровица), минувајќи ја планината Кукавица, кај селото Туба, во близина на Владички Хан, од заседа на бугарскиот фашистички окупатор е убиен Јордан Николов - Орце, народен херој на Македонија. Тој беше еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија и член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Роден е во Скопје, на 7 јануари 1916 година.
1943 Во Скопје, во Обласната полициска управа, по повеќедневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција го уби Страшо Пинџур, народен херој на Македонија. Бугарските фашисти, знаејќи дека фатиле голем револуционер и организатор, го мачеа посурово отколку средновековните инквизитори. Беше член на КПЈ од 1934 година, а во НОВ и ПО на Македонија. Роден е во селото Ваташа, Кавадаречко, на 5 март 1915 година.
1943 Во Скопје, во Обласната полициска управа, по петдневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција го уби (го фрли низ прозорец) Мирче Ацев, народен херој на Македонија. Правиот батаљон на Народноослободителната војска на Македонија го доби неговото име. Беше член на Покраинскиот комитет на КПЈ на Македонија од 1941 година и член на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Роден е во селото Ореовец, Прилепско, на 26 септември 1915 година.
1944 Сојузничките сили во Втората светска војна го започнаа нападот врз германските сили на Монте Касина. Во жестоките борби беше разоран градот Касино и прастариот бенедиктински манастир, кој во 529 година го подигна основачот на римокатоличкиот ред Свети Бенедикт од Нурсиј. Монте Касино беше центар на Бенедиктинскиот ред и центар на пребогатата архива, библиотека и ризница. Тој е потполно разорен и уништен.
1948 Велика Британија ја призна Бурма (сегашен Мјанмар) како независна република со првиот претседател на владата Такин Нуом.
1951 Севернокорејските и кинеските трупи го зазедоа Сеул во Корејската војна.
1954 Во Скопје умре Димитар Андонов - Папарадишки, македонски зограф, еден од втемелувачите на современата македонска уметност. Роден е во селото Папрадиште, во 1859 година.
1958 Советскиот „Спутњик I“, првиот сателит кој беше лансиран во октомври во 1957 година, се распадна и падна на Земјата.
1960 Во сообраќајна несреќа загина францускиот писател Албер Ками, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1957 година. Дела: „Странец“, „Куга“, „Пад“, „Калигула“, „Свадба“, „Митот за Сизиф“ и други.
1965 Умре англискиот писател од американско потекло Томас Стернс Елиот, добитник на Нобеловаа награда за книжевност во 1948 година. Дела: „Збирка песни“, „Збирка есеи“, поетските драми „Убиство во катедрала“, „Семеен состанок“, „Коктел-партија“.
1967 Загина англискиот возач на брзи автомобили и чамци Доналд Малколм Кемпбел, носител на светскиот рекорд во возење автомобили од 648,7 км. на час. Рекордот го поставил во 1964 година. Со чамецот „Сината птица“, со млазен мотор, на езерото Конистон во Велика Британија, Кемпбел се обидел да освои нов рекорд, го достигнал новиот светски рекорд на вода - од 527,9 км. на час, но тој рекорд го плати со живот.
1972 Пакистан побара разговор со Индија по војната во која беше поразен, а дотогашниот Источен Пакистан стана независна држава Бангладеш.
1975 Умре италијанскиот писател Карло Леви, автор на романот „Христос застана во Еболија“, во кој е опишан тешкиот живот на италијанските селани под фашистичкиот режим. За време на владеењето на Мусолини бил интерниран во јужна Италија.
1989 Во меѓународните води на Средоземното Море спроти Либискиот брег, американски воени авиони соборија два либијски ловци кои наводно му претеле на носачот на авиони „Џон Ф. Кенеди“.
1992 Владата на Република Македонија донесе одлука со која 7 јануари - правиот ден Божик, се прогласува за неработен ден. Ова е прв пат во Македонија верски празник и официјално да биде прогласен за неработен.
1995 Поранешниот турски претседател на владата Булент Еџевит ги обвини Германија и Австрија за распаѓањето на Југославија, бидејќи тие го поттикнале отцепувањето на Словенија и Хрватска и ја осудил Анкара за рамнодушноста по појавата на првите сигнали дека дотогашната Југославија исчезнува.
1996 Република Македонија и Република Таџикистан воспоставија дипломатски односи.
1998 Шефот на израелската дипломатија Давид Леви поднесе оставка, истакнувајќи дека не сака повеќе да се грижи за прашањата на мирот и социјалната заштита.
1998 Во Куманово и во Прилеп, во непосредна близина на зградите на Управата за внатрешни работи, експлодираа експлозивини направи.
2004 Претставници на авганистанската фракција постигнаа договор за уставот, овозможувајќи ги со тоа првите избори по граѓанската војна во земјата, која траеше 25 години.
2005 Непознати напаѓачи го убија гувернерот на Багдат, Алија ел Хајдари.
2006 Умре претседателот на владата и вториот човек на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мактум бин Рашид ел Мактум, инаку монарх на Емиратите во Дубаи.
2007 Апелациониот суд на канадската провинција Онтарио официјално го призна правото на едно петгодишно дете да има три родители - татко и две мајки кои повеќе од 15 години живеат во хомосексуална заедница, од кои една е неговата биолошка мајка. Во Онарио хомосексуалните бракови се легални од 2003, а од 2005 година и на целата територија на Канада.
 
Други настани на денешен ден
1909. Во селото Лавци, битолско, е роден Тодор Ангеловски, меѓу народот познат како Тошо Даскалот, учител и просветител, борец против угнетувачкиот великосрпски режим, бестрашен борец против фашистичкиот окупатор и еден од првите учесници во НОВ во Македонија. Загина, односно се самоуби, во борба против бугарскиот окупатор кај селото Лавци, на 12.06.1943 година.
1942. На пат за Македонија (по организираното бегство од затворот во Сремска Митровица), минувајќи ја планината Кукавица, кај селото Туба, во близина на Владички Хан, од заседа на бугарскиот фашистички окупатор е убиен Јордан Николов - Орце, народен херој на Македонија. Тој беше еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија и член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Роден е во Скопје, на 7.01.1916 година.
1943. Во Скопје, во Обласната полициска управа, по повеќедневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција го уби Страшо Пинџур, народен херој на Македонија. Бугарските фашисти, знаејќи дека фатиле голем револуционер и организатор, го мачеа посурово отколку средновековните инквизитори. Беше член на КПЈ од 1934 година, а во НОВ и ПО на Македонија. Роден е во селото Ваташа, кавадаречко, на 5.03.1915 година.
1943.- Во Скопје, во Обласната полициска управа, по петдневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција го уби (го фрли низ прозорец) Мирче Ацев, народен херој на Македонија. Правиот батаљон на Народноослободителната војска на Македонија го доби неговото име. Беше член на Покраинскиот комитет на КПЈ на Македонија од 1941 година и член на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Роден е во селото Ореовец, прилепско, на 26.09.1915 година.
1992. Владата на Република Македонија донесе одлука со која 7 јануари - првиот ден Божик, се прогласува за неработен ден. Ова е прв пат во Македонија верски празник и официјално да биде прогласен за неработен.
1996. Република Македонија и Република Таџикистан воспоставија дипломатски односи.
 
1909 Во селото Лавци, Битолско, е роден Тодор Ангеловски, меѓу народот познат како Тошо Даскалот, учител и просветител, борец против угнетувачкиот великосрпски режим, бестрашен борец против фашистичкиот окупатор и еден од првите учесници во НОВ во Македонија. Загина, односно се самоуби, во борба против бугарскиот окупатор кај селото Лавци, на 12 јуни 1943 година.
1942 На пат за Македонија (по организираното бегство од затворот во Сремска Митровица), минувајќи ја планината Кукавица, кај селото Туба, во близина на Владички Хан, од заседа на бугарскиот фашистички окупатор е убиен Јордан Николов - Орце, народен херој на Македонија. Тој беше еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија и член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Роден е во Скопје, на 7 јануари 1916 година.
1943 Во Скопје, во Обласната полициска управа, по повеќедневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција го уби Страшо Пинџур, народен херој на Македонија. Бугарските фашисти, знаејќи дека фатиле голем револуционер и организатор, го мачеа посурово отколку средновековните инквизитори. Беше член на КПЈ од 1934 година, а во НОВ и ПО на Македонија. Роден е во селото Ваташа, Кавадаречко, на 5 март 1915 година.
1943 Во Скопје, во Обласната полициска управа, по петдневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција го уби (го фрли низ прозорец) Мирче Ацев, народен херој на Македонија. Правиот батаљон на Народноослободителната војска на Македонија го доби неговото име. Беше член на Покраинскиот комитет на КПЈ на Македонија од 1941 година и член на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Роден е во селото Ореовец, Прилепско, на 26 септември 1915 година.
1992 Владата на Република Македонија донесе одлука со која 7 јануари - правиот ден Божик, се прогласува за неработен ден. Ова е прв пат во Македонија верски празник и официјално да биде прогласен за неработен.
1996 Република Македонија и Република Таџикистан воспоставија дипломатски односи.

Други настани на денешен ден
1909. Во селото Лавци, битолско, е роден Тодор Ангеловски, меѓу народот познат како Тошо Даскалот, учител и просветител, борец против угнетувачкиот великосрпски режим, бестрашен борец против фашистичкиот окупатор и еден од првите учесници во НОВ во Македонија. Загина, односно се самоуби, во борба против бугарскиот окупатор кај селото Лавци, на 12.06.1943 година.
1942. На пат за Македонија (по организираното бегство од затворот во Сремска Митровица), минувајќи ја планината Кукавица, кај селото Туба, во близина на Владички Хан, од заседа на бугарскиот фашистички окупатор е убиен Јордан Николов - Орце, народен херој на Македонија. Тој беше еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија и член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Роден е во Скопје, на 7.01.1916 година.
1943. Во Скопје, во Обласната полициска управа, по повеќедневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција го уби Страшо Пинџур, народен херој на Македонија. Бугарските фашисти, знаејќи дека фатиле голем револуционер и организатор, го мачеа посурово отколку средновековните инквизитори. Беше член на КПЈ од 1934 година, а во НОВ и ПО на Македонија. Роден е во селото Ваташа, кавадаречко, на 5.03.1915 година.
1943.- Во Скопје, во Обласната полициска управа, по петдневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција го уби (го фрли низ прозорец) Мирче Ацев, народен херој на Македонија. Правиот батаљон на Народноослободителната војска на Македонија го доби неговото име. Беше член на Покраинскиот комитет на КПЈ на Македонија од 1941 година и член на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Роден е во селото Ореовец, прилепско, на 26.09.1915 година.
1992. Владата на Република Македонија донесе одлука со која 7 јануари - првиот ден Божик, се прогласува за неработен ден. Ова е прв пат во Македонија верски празник и официјално да биде прогласен за неработен.
1996. Република Македонија и Република Таџикистан воспоставија дипломатски односи.
Има некоја разлика ??
 
1169.Франција и Англија склучија мир по средбата на кралевите Луј Седми и Хенри Втори, во Монмирај.
1367 Роден е англискиот крал Ричард Втори, кој на престолот дојде на 10-годишна возраст, наследувајќи го дедо му Едвард Трети. Умре во 1400 година под мистериозни околности во ропство во замокот Понтефракт.
1392 Скопје падна под османлиска власт и стана седиште на санџакот (подрачје, управна единица на чело со санџак-бег, врховен воен и административен старешина). Скопскиот санџак беше прва организирана османлиска провинција на територијата на југословенските земји и база за навлегување кон север и запад.
1412 Родена е Јованка Орлеанка (Жан Д' Арк), француска национална хероина од Стогодишната војна (1337 до 1453 г.). На младата селанка, на која "гласовите од небото" и наредиja да ја спаси Франција, кралот Карло Седми и довери и водство на еден воен одред од 800 воини и таа во 1429 година го спаси градот Орлеан од англиските освојувачи. Подоцна падна во рацете на бургундијците (приврзаничка партија на англискиот крал) кои ја предадоа на Англичаните. Беше прогласена за вештерка и осудена од црковниот суд на смрт со запалување, што беше извршено во Раун, на 30 мај 1431 година.
1745 Роден е францускиот пронаоѓач Жак Етјен Монголфје, кој заедно со братот Жозеф Мишел во 1783 година го конструираa првиот балон наполнет со загреан воздух.
1810 Со мировен договор во Константинопол поразеното Османлиско царство на Русија и ги предаде полуостровот Крим и областа Кубан.
1822 Роден е германскиот археолог Хајнрих Шлиман, кој во 1868 година ја откри Троја, користејќи се со податоците од Хомеровите епови „Илијада“ и „Одисеја“. Шлиман ги откри Микена, Орхомен и Итака, трошејќи го на археолошки ископувања целото свое милионско богатство.
1829 Умре чешкиот славист Јозеф Добровски, татко на славистиката, главна личност во чешката народна преродба. Автор е на чешката граматика и на граматиката на старословенскиот јазик. Ги проучуваше сите словенски јазици и книжевности, а посебно работата на словенските просветители Кирил и Методиј, потоа словенската азбука и старословенскиот јазик. Дела: „Историја на чешкиот јазик и книжевност“, „Граматика на чешкиот јазик“, „Граматика на старословенскиот јазик“, збирките „Славин“, „Слованка“.
1838 Во американскиот град Мористаун, во државата Њу Џерси, Самјуел Морзе првпат изведе јавна демонстрација на телеграфот - електричен апарат за испраќање на далечина на знаци составени од точки и цртички. Првиот телеграф е пуштен во работа шест години подоцна (1844) во САД, на линијата Вашингтон - Балтимор.
1849 Роден е Христо Ботев, бугарски револуционер, поет и публицист. Пропагираше јужнословенско единство и социјалистички идеи. Неговата поезија е борбена, социјално бунтовна, но секогаш уметнички вредна. Песните „Борба“, „Ѓурѓовден“, „Хаџи Димитар“ и други, содржат трајни универзални пораки со слободарско-бунтовнички карактер. Загина во борба против турската војска, на 1 јуни 1876 година.
1852 Умре францускиот учител Луј Брај, пронаоѓачот на азбуката за слепи, наречена Брајов систем. И самиот слеп, го измисли системот на испакнати точки, чии комбинации означуваат поединечни зборови, што им овозможува на слепите да можат да читаат.
1872 Роден е рускиот композитор и пијанист Александар Николајевич Скрјабин. Дела: композиции за оркестар „Боженствена поема“, „Прометеј“, сонати, етиди.
1919 Умре американскиот државник Теодор Рузвелт, претседател на САД од 1901 до 1909 година, чија политика создаде светска сила од САД. Должноста шеф на државата ја презеде како потпретседател на САД, по убиството на претседателот Вилијам Мекинли во 1901 година. Беше иницијатор на изградбата на Панамскиот канал, а за посредување во руско-јапонската војна во 1905 година ја доби Нобеловата награда за мир во 1906 година.
1941 Претседателот на САД Френклин Рузвелт во говорот во Конгресот го дефинира своевидниот политички концепт познат како „четири слободи“ - слобода на говорот, слобода на религијата, слобода од страв и слобода од сиромаштија.
1945 Водачот на Партизанското движење Јосип Броз и шефот на британската мисија Фицрој Меклин во Втората светска војна склучија спогодба за воспоставување воздухопловна база кај Задар за потребите на сојузното воздухопловство во борбата против германските сили.
1945 Во Скопје во присуство на околу 1.000 делегати на македонската младина од Егејска и од Пиринска Македонија, потоа претставници на советската, бугарската, грчката, албанската, српската, хрватската, словенечката и на црногорската младина, како и претставници на англиската мисија, започна со работа Вториот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (НОМСМ). Конгресот ја анализира состојбата во организацијата, донесе низа заклучоци и постави нови задачи. Исто така, беше упатен Проглас до младината на Македонија, повикувајќи ја на нови постигања.
1946 Основано е Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Меѓу основачите беа Василие Поповиќ Цицо, Димо Тодоровски, Томо Владимирски, Вангел Коџоман, Лазар Личеноски, Никола Мартиновски и Борко Лазески.
1949 Умре американскиот филмски режисер Виктор Флеминг. Тој светската слава ја стекна со филмот „Однесено од виорот“. Останати филмови: „Волшебникот од Оз“, „Тортиља Флат“, „Јованка Орлеанка“.
1950 Велика Британија ја призна Кина.
1981 Умре шкотскиот писател Арчибалд Џозеф Кронин. Дела: романите „Цитадела“, „Ѕвездите гледаат од небо“, „Госпоѓата со каранфилите“, „Три љубови“, „Херојски години“, драмата „Јупитер се смее“.
1983 Во Скопје умре д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар, автор на стотина трудови, научен советник во Институтот за национална историја во Скопје. Меѓу другото, најпознат е како долгогодишен раководител на Одделението за документација на ИНИ. Роден е во селото Галичник, на 19 отомври 1924 година.
1987 Умре Маргарет Лоренс, канадска писателка, доминантна личност во канадската современа литература, авторка на романот "Камениот ангел". Покрај писателската дејност, таа беше ангажирана и во антинуклеарното движење. Родена е во 1927 година.
1988 Во Белград умре Александар Аксиќ, новинар, редактор и поет. Како припадник на револуционерното движење, заедно со Кочо Рацин и со Јован Ѓорѓевиќ ја објави збирката револуционерни песни „1932“. Беше член на предвоената редакција на „Наша реч“, орган на КПЈ за Македонија, а беше и директор на „Култура“. Роден е во Куманово, во 1912 година.
1993 Умре рускиот балетан Рудолф Хаметович Нуреев, ѕвезда на светската балетска сцена. На Запад емигрираше по гостувањето во Париз во 1961 година. Запаметен е по незаборавните главни улоги во многу балети, вклучувајќи ги „Лебедово езеро“, „Жизел“, „Петрушка“.
1993 Умре американскиот џез-музичар, трубач, пејач, композитор, аранжер и шеф на оркестарот Џон Брикс „Дизи“ Гилеспи, несомнено еден од најдобрите трубачи и импровизатори во историјата на џезот. Одигра пресудна улога во создавањето на би-бап музиката.
1995 Во провинцијата Шанси во северна Кина загинаа најмалку 100 луѓе во експлозија по сударот на два товарни воза натоварени со тони тринитротолуол.
 
-
Денeска е Божик за христијаните кои се придржуваат на Јулијанскиот календар, а тоа се Македонската православна црква, Српската, Руската, Грузиската, Вселенската, Ерусалимската, Антиохиската и Александриската патријаршија. Божик е ден кога христијаните го одбележуваат раѓањето на Спасителот - синот Божји Исус Христос. Овој датум првпат се споменува како празник во 336 година, во еден римски календар. До 16. век сите христијани Божик го славеа истиот ден, а по 1582 година со прифаќањето на Грегоријанскиот календар од страна на Ватикан, се појавија разлики. Првите векови во православните и протестантските земји се држеа според стариот календар, кој подоцна постапно се менуваше. На Божик, православните Македонци се поздравуваат со зборовите „Христос се роди“, на што одговараат „Вистина се роди“.
1536 Умре англиската кралица од шпанско потекло Катарина Арагонска, прва од шесте жени на англискиот крал Хенри Осми. Нивниот развод без дозвола од папата предизвика англиска црковна реформа и одвојување од католичката црква.
1537 Убиен е поглаварот на Фиренца Алесандро де Медичи, кого го наследи Космо де Медичи, голем тоскански војвода, банкар и покровител на научниците и уметниците.
1584 Католичките држави во рамките на светото Римско царство го усвоија Грегоријанскиот календар.
1598 На рускиот престол застана Борис Годунов, по смртта на Фјодор Први, последниот цар од династијата Рјурикович.
1610 Италијанскиот астроном и математичар Галилео Галилеј ги откри Јупитеровите месеци Ио, Европа, Ганимед и Калисто.
1652 Во Сењ (во фамилија на германски доселеници) е роден Павао Ритер Витезовиќ, историчар, географ, филолог, поет, политичар, бакрорезец, печатар, претходник на илирското движење. Најзначајно негово дело е „Стематографија“, издадена на латински јазик, во кое се содржат грбовите на јужнословенските народи. Умре во Виена, на 20 јануари 1713 година.
1785 Џон Џефрис и Жан Пјер Бланшар први го прелетаа каналот Ла Манш со балон полн со топол воздух.
1789- По донесувањето на американскиот Устав со кој се утврдија начелата на државното уредување и надлежностите на претседателот, во САД се одржаа првите претседателски избори на кои убедливо победи Џорџ Вашингтон, прочуениот водач на војната за независност.
1807 Велика Британија прогласи поморската блокада за Франција и земјите сојузници на францускиот цар Наполеон Први. Во економската војна потешки последици претрпе Франција. Исто така нејзината морнарица беше неколку пати поразена при обидите да го пробие обрачот на британската морнарица.
1898- По конституирањето на првата подморница која се движеше на тркала по морското дно и со додавање на цевка низ која во подморницата влегуваше свеж воздух, американскиот техничар Симон Лејк водеше телефонски разговор од својата подморница со претседателот на општината на градот Балтимор. Тоа значеше почеток на новиот начин на телефонско комуницирање.
1902 Во Крушево е роден д-р Стерјо Боздов, член на АСНОМ и прв декан на Медицинскиот факултет во Скопје. Умре во Крушево, на 13 април 1987 година.
1909 Формирана е Првата социјалистичка организација во Скопје. Нејзиното формирање имаше големо значење за натамошниот развој на работничкото движење како во Скопје, така и во Македонија. До нејзиното основање не дојде спонтано и случајно. Корените за појавата на социјалистичката мисла во Македонија се јавуваат уште кон крајот на 19. век.
1916- Во Скопје е роден Јордан Николов - Орце, народен херој на Македонија. Тој беше еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија и член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Во ноќта меѓу 3 и 4 јануари 1942 година, на пат за Македонија, минувајќи ја планината Кукавица кај селото Туба, во близина на Владичин Хан, убиен е од заседа на бугарскиот фашистички окупатор.
1923 Во Кавадарци е роден Иван Диме Мазов Климе, македонски револуционер, театарски критичар, раскажувач, публицист, општественик и долгогодишен новинар и уредник во весникот „Нова Македонија“. Познати се неговите прозни дела „Додека топовите пукаат“ и „По трагите на Евлија Челебија“. Во Рогашка Слатина, во Словенија, несреќно го загуби животот на 14 февруари 1977 година.
1927 Воспоставена е редовна трансатлантска телефонска врска меѓу Лондон и Њујорк.
1932 Умре францускиот политичар Андре Мазино, воен министер од 1922 до 1924 и од 1929 до неговата смрт во 1932 година, по кого е наречена утврдената линија на границата спрема Германија, изградена од 1927 до 1936 година. Оваа линија сепак не беше од корист во Втората светска војна, германската војска едноставно ја заобиколи преку Белгија.
1943- Во Њујорк умре Никола Тесла, еден од најголемите умови и пронаоѓачи на полето на електротехниката. Тој е пронаоѓач на трофазен систем за пренос на електрична енергија, на индукциониот мотор, на генераторот и трансформаторот и на цела низа други откритија врз кои денес се заснова модерната електроника. Тој е пионер на радиотехниката и според него струјата со висок напон го доби името Теслина струја. Роден е во селото Смиљан, кај Госпиќ, на 10 јули 1856 година.
1946 Западните сили ја признаа Австрија во границите од 1937 година.
1953 Американскиот претседател Хари Труман соопшти дека во САД е направена хидрогенска бомба.
1972 Индија се спротивстави на притисокот од САД и воспостави дипломатски односи со Кина.
1979 Камбоџиските бунтовници со помош на витенамските сили, го зазедоа Пном Пен и ја турнаа владата на „Црвените Кмери“ предводена од Пол Пот. За време на неговата влада од 1975 година во Камбоџа беа убиени меѓу еден и два милиони луѓе.
1984 Умре францускиот физичар Алфред Кастлер, член на Француската академија и добитник на Нобеловата награда за физика во 1966 година. Откри и разви оптички методи за изучување на Херцовите резонанци во атомите и неговиот труд е од клучно значење за развој на ласерот.
1987 Во Софија умре Венко Марковски, поет, драмски писател, еден од основоположниците на современата македонска литература, член на Македонската литературна група, основана во Софија во 1931 година, на Македонскиот литературен кружок (1938 - 1941), учесник во НОВ на Македонија, член на Главниот штаб на НОВ и ПОЈ, член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, делегат на Првото заседание на АСНОМ... Неговите стихозбирки „Народни бигори“ и „Огинот“, издадени во 1938 година се првите книги стихови на македонски јазик. Најомилен македонски поет се до неговото одење во Бугарија. Поради судир со актуелното раководство на Македонија и на Федерацијата осуден е на работа и интерниран на Голи Оток. Роден е во Скопје, на 5 март 1915 година.
1989 Умре јапонскиот цар Хирохито, кој владееше од 1921 година. Како регант го заменуваше својот болен татко, а во 1926 година беше крунисан. По поразот на Јапонија во Втората светска војна во 1946 година се одрече од „боженствено потекло“ кое е плод на традиционалните јапонски сфаќања и религиозност. Владетелските овластувања му беа значително скратени со уставот од 1947 година.
1990 Првпат по 800 години беше забранета посетата на Кривата кула во Пиза, една од најголемите туристички атракции. Поради опасноста кулата да падне, неопходна беше нејзина реконструкција.
1992 Првпат, 7 јануари - првиот ден на Божик, беше неработен ден во Република Македонија.
1997 Во Алжир, во експлозија на бомба која во автобус ја подметнаа исламски терористи, загинаа најмалку 13, а беа ранети околу 100 лица.
1997 Во Битола умре Доне Пановски, македонски литературен критичар, есеист, книжевен историчар и новинар. Автор е на повеќе книги, меѓу кои „Вреднувања“, „Литературни портрети“, „Писателите на Илинден“, „Литературни студии“ и други. Роден е во селото Буф, Леринско, на 5 ноември 1935 година.
1999 Во Американскиот сенат е отворена постапката за сменување (импичмент) на претседателот Бил Клинтон.
2001 Во Скопје умре Скендер Амет, прочуен македонски естраден виртуоз на хармоника, од ромска националност. Роден е во Скопје, на 31 октомври 1953 година.
2004 Врховниот суд на Индонезија ја потврди смртната казна на исламскиот терорист Аморзи, обвинет за подметнување експлозив во ноќен клуб на островот Бали, кога загинаа најмалку 202 лица, речиси сите западни туристи.
 
1297.Франческо Грималди, преоблечен во калуѓер продре во тврдината Монако која тогаш беше под владение на Џенова. Притоа во неа ги пушти своите војници и истата ја освои. Тој е основач на династијата Грималди која и денес е на власт во кнежеството Монако.
1324 Умре италијанскиот истражувач Маро Поло, најпознат европски средновековен патник. Во 1271 година од Венеција на 17-годишна возраст тргна кон Далечниот Исток . Пропатува низ Месопотамија, Курдистан, Персија, Туран, Памир, Кинески Туркестан и Монголија и стигна во Пекинг во 1275 година. Како прв Европеец премина преку Памир, Туркестан и Монголија. Од 1275 до 1292 година ја пропатува речиси цела Кина, а на враќање од 1292 до 1295 година патуваше преку Индокина, денешна Индонезија, Сингапур и Индискиот Океан, Персија и Црно Море. Своите патувања ги опиша во „Книга за светските чуда“, објавена во 1298 година, подоцна наречена „Милион“.
1589 Во Дубровник е роден Иван Гундулиќ, епски, лирски и драмски писател. Напиша многу мелодрами, пасторали и лирски песни од кои многу се загубени. Најпознати негови дела се „Осман“, „Дубравка“, „Аријана“ и други. Умре во Дубровник, на 8 декември 1638 година.
1642 Во Фиренца умре Галилео Галилеј, италијански астроном, еден од најпознатите физичари и астрономи воопшто. Ги проучуваше проблемите на механиката, како што се: слободното паѓање, хоризонталниот истрел и други. Го конструира првиот термоскоп, го откри телескопот, распаѓањето на Млечниот пат, појавата на сончевите дамки и друго. Неговото залагање за системот на Коперник го доведе во судир со црквата и во 1616 година инквизицијата донесе решение со кое на Галилео Галилеј му се забранува да ја пропагира тезата дека, Сонцето се наоѓа во центарот на светот и дека Земјата се врти околу Сонцето. Роден е во Пиза, во 1564 година.
1679 Храбриот француски истражувач Роберт Кавелје де ла Сал ги откри величенствените водопади на Нијагара во САД, кои спаѓаат меѓу најубавите природни убавини на светот. За три години го помина целиот тек на реката Мисисипи и од името на Луј Четиринаесетти долината ја прогласи за француски имот. Во бунт на членовите на неговата експедиција е убиен во 1687 година.
1713 Умре Арканџело Корели, италијански композитор и виолинист, претставник на италијанската класична музика. Роден е на 15 февруари 1653 година.
1819 Во Љубљана умре Валентин Водник, просветител, прв словенечки поет и новинар. Роден е во Згорња Сишка, кај Љубљана, на 3 февруари 1758 година.
1870 Роден е шпанскиот генерал Мигел Примо де Ривера и Орбанех, кој беше профашистички воен шпански диктатор од септември 1923 до јануари 1930 година. Неговиот режим се обиде да ја обедини Шпанија со мотото „една земја, една вера, една монархија“, но бидејќи не успеа да создаде прифатлив политички систем, под притисок на војската од која ја загуби поддршката, поднесе оставка.
1896 Умре францускиот писател Пол Верлен чија поезија е полна со лиризам и музикалност, а која значително влијаеше на француските симболисти. Дела: збирките “Романси без зборови“, „Галантни свечености“, „Елегија“, „Мудрост“.
1899 Роден е цејлонскиот државник Соломон Бандаранаике, основач и водач на Партијата за слобода и претседател на владата на Целјон (сегашна Шри Ланка) од 1956 до 1959 година кога беше убиен во атентат. Се залагаше за укинување на странските воени бази, национализација на странскиот капитал и за вонблоковска надворешна политика. По победата на изборите, на функцијата престедател на владата го наследи неговата вдовица Сиримаво.
1923 Француските и белгиските трупи навлегоа во Рурска област обидувајќи се од поразената Германија да изнудат отплата за воените штети во Првата светска војна. Бидејќи кон крајот на 1922 година Репарационата комисија констатира дека доцни испораката на јаглен на име отштета за Франција и Белгија, францускиот претседател на влада Рејмон Поенкар објави дека војската ќе ја запоседне Рур со што ќе обезбеди ефикасна наплата на воената штета. Кризата договорно беше решена на средината на 1924 година, а во јули 1925 година Французите почнаа да ги авакуираат трупите од Рур.
1935 Во Тупело, Мисисипи, е роден американскиот музичар Елвис Присли, „крал на рокен-ролот“. Беше исклучително популарен во педесетите и шеесетите години од 20. век. Продаде повеќе од 150 милиони плочи и играше во дваесетина филмови. Умре во Мемфис, на 16 август 1977 година.
1942 Роден е англискиот физичар Стивен Хокинг, еден од водечките светски научници на 20. век. Со оваа репутација се стекна со книгата за потеклото на универзумот „Кратка историја на времето“, објавена во 1988 година.
1943 Кај селото Сливник, Велешко, во борба против бугарската полиција загина (се самоуби) Трајко Бошкоски - Тарцан, илинденски првоборец, комесар на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Тој беше командант на прилепските партизани на 11 октомври 1941 година, кога во Прилеп почна востанието на македонскиот народ. Роден е во селото Радобил, на 14 август 1918 година.
1944 Во Верона во Втората светска војна почна дводневен процес на шестмина членови на Големиот фашистички совет, вклучувајќи го и поранешниот шеф на дипломатијата Галеацо Чано, зет на Бенито Мусолини, кои пред крахот на фашистичка Италија во Втората светска војна му изгласаа недоверба на Мусолини. Нацистичката тајна служба во последен момент се обиде да го спачи Чано, но акцијата ја сопре Адолф Хитлер, а сите шестмина беа стрелани.
1951 Во Софија умре Војдан Поп Георгиев - Чернодрински, македонски патриот, револуционер, писател, театарски режисер, артист и основоположник на македонскиот театар. Тој ги напиша првите страници на македонската драмска литература и ги удри темелите на македонското театарско дело. Сето тоа го стори во името на слободата на македонскиот народ. Делата на Чернодрински се непосредно инспирирани од македонското револуционерно минато. Негово најпознато дело е драмата "Македонска крвава свадба", што ја напиша во 1900 година, а премиерата е одржана во Софија, на 20 ноември 1900 година. Чернодрински потекнува од свештеничко семејство. Учеше во егзархиското училиште "Свети Климент" во Охрид, а потоа образованието го продолжи во Солун. Во 1897 година беше учител во битолското село Могила, а потоа замина да студира во Грац и во Берн, во Швајцарија. Во 1900 година семејството на Чернодрински се пресели во Софија. Роден е во селото Селци, Дебарско, на 15 јануари 1875 година.
1959 Генералот Шарл де Гол стана првиот претседател на Петтата Француска република.
1973 Американскиот и северновиетнамскиот преговарач, Хенри Кисинџер и Ле Дук То, во Париз ги обновија преговорите за ставање крај на Виетнамската војна.
1976 Умре кинескиот државник Џо Ен Лај, еден од најистакнатите водачи на Кинеската револуција. Беше претседател на влада од 1949 до смртта и шеф на дипломатијата од 1949 до 1958 година. На Револуционерната студенска организација „Разбудено општство“ од која во 1921 година настана Комунистичката партија на Кина и пристапи во 1919 година. Учествуваше и во „Вториот марш“ во 1934 и во 1935 година. Успеа да опстане во врвот на Комунистичката партија на Кина и покрај низата чистки, вклучувајќи ја и „Културната револуција“.
1991 Банкротираше една од најголемите светски авиокомпании, американскиот „Пан Американ“.
1991 Во Скопје е конституирано првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија. За прв претседател беше избран Стојан Андов, пратеник на Сојузот на реформиските сили.
1996 Умре францускиот државник Франсоа Митеран, кој како прв социјалист во 1981 година е избран за претседател на Франција. На функцијата претседател на Франција остана 14 години. Во Втората светска војна беше еден од водачите на Движењето на отпорот, а од 1971 година ја предводеше Социјалистичката партија.
1996 Заирски товарен авион падна на пазар полн со луѓе во центарот на Киншаса, усмртувајќи најмалку 350 луѓе.
1998 Акциите на берзата во Џакарта вртоглаво паднаа. Тоа беше почеток на големата стопанска и финансиска криза во Индонезија, која набрзо ги зафати и другите земји од тој регион.
1998 Исламскиот терорист Ремзи Ахмед Јусеф е осуден на доживотна робја, плус 240 години затвор, како организатор за подметнување експлозив во 1993 година во Светскиот трговски центар во Њујорк, кога загинаа шест лица.
2004 Британската кралица Елизабета Втора го крсти најголемиот патнички брод во светот „Квин Мери 2“. Неговата изградба чинеше 800 милиони долари. Беродот е долг 345 и висок 72 метри.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom