На денешен ден!

1695 -Во Париз умре Жан Лафонтен, француски поет и баснописец. Има напишано 240 басни.

1885 -Во Будимпешта е роден Ѓерѓ Лукач, најголем унгарски филозоф, естетичар, политичар, еден од најзначајните марксистички филозофи на 20 век.

1898 -Француската академија на науките објави дека Марија Склодовска - Кири, хемичар и физичар од полско потекло откри нов елемент кој го доби името радиум.

1906 -Во Стар Дојран е роден Антон Панов, македонски драмски писател.
 
1986 -Во Париз умре Симон де Бовоар, француска писателка и филозоф.

1992 -Во гарнизонот во Охрид, пристигна првиот регрут, припадник на Армијата на Република Македонија.

1994 -Цариниците во Република Македонија за првпат го одбележаа својот празник - 14 април - Ден на Царинската служба на Република Македонија.

1995 -Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставија дипломатски односи.

1997 -Во Скопје умре Видое Подгорец, македонски писател. Роден е во селото Колешино, струмичко, во 1934 година.
 
1912 - потона најголемиот дотогаш брод во светот Титаник ноќта 14 према 15.
 
1980 Во Охрид умре Ванчо Николески, македонски писател. Од 1950 година беше член на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на прославената стихозбирка "Македонче", објавена во 1946 година, со која беа поставени темелите на современата македонска книжевност за деца. Познати негови дела се "Школско ѕвонче", "Крај огниште", "Прва радост" и "Чудотворен кавал". Роден е во селото Црвена вода, охридско, на 10.06.1912 година.
1992 Во Скопје умре Александар Матковски, прв доктор на историски науки од Македонија и прв историчар ориенталист. Роден е во Крушево, на 30.05.1922 година.
1992 Во касарните во Скопје, Битола, Штип и Охрид пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија.
1997 Во Скопје умре д-р Иван Пухан, еден од основачите на Правниот факултет во Скопје. Роден е во 1916 година.
 
1828 Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја, шпански сликар и гравер. Неговата слика "Стрелањето на бунтовниците" го одбележа почетокот на новата ера во европското сликарство. Автор е на неколку циклуси графики и цртежи. Од делата најпознати му се "Трети мај 1808", "Борба со бикови", "Гола Маја" и "Облечена Маја". Роден е во Фуентетодос, Арагонија, на 30.03.1746 година.
1889 Во Вилворт, предградие на Лондон, е роден Чарли Спенсер Чаплин, англиски филмски сртист, сценарист, режисер, најпознат светски комичар на 20 век. Има снимено 75 кусометражни и долгометражни филмови. Најпознати негови филмови се "Кучешки живот", "Потрага по злато", "Циркус", "Светлините на велеградот" и "Господин Ведру". Умре во швајцарскиот град Вевеј, на брегот на Женевското Езеро, на 25.12.1977 година.
1991 Собранието на СР Македонија го усвои нацрт-амандманот за бришење на атрибутот "Социјалистичка" пред името на Социјалистичка Република Македонија.
 
1790 Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин, американски државник, филозоф, физичар, економист и писател. Покрај Џеферсон, автор е на американската "Декларација за независност". Со години тој се занимаваше со демократизација на Уставот и укинување на ропството. Како физичар се занимаваше со проучување на електрицитетот и го пронајде громобранот. Роден е во Бостон, на 17.01.1706 година.
1961 Со подршка на американската Влада и со помош на ЦИА, кубанските контрареволуционери извршија неуспешен десант на Заливот на Свињите, со намера да ја урнат револуционерната власт на Фидел Кастро. Расплетот на драмата беше побрз отколку што очекуваше Вашингтон. Револуционерните сили брзо го разбија инвазиониот корпус.
1993 Во Анкара умре Тургут Озал, осми по ред турски претседател. За време на неговото претседателствување, Република Турција ја призна Република Македонија. Роден е на 13.10.1927 година, во источната турска област Малатија.
 
1889 -Во Браунау, Австрија е роден Адолф Хитлер, водач на Третиот рајх и на нацистичка Германија, еден од најголемите злосторници на историјата во човештвото.

1972 -Американското вселенско летало "Аполо 16" се спушти на површината на Месечината.

1982 -Во Скопје умре Ацо Шопов, македонски писател и академик. Неговата прва книга под наслов "Песни" е објавена во 1944 година.


ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Денеска е Велики Четврток.
Денешниот празник е еден од базичните настани за Црквата. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот. Во четвртокот од таа последна недела на Христовиот живот на земјата беше востановена животоносната тајна на Црквата, тајната на Евхаристијата. Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога Христос зеде леб, го прекрши и им подаде на учениците, т.е. на апостолите, а зеде и чаша со вино и исто така им ја подаде да пијат, со што ја најави својата смрт и таинствениот трепет што треба да го имаат учениците, зашто по неговата смрт беше јасно дека нешто ќе се случи. Таа тајна е изворот на целокупното богослужење на Црквата, а нејзиниот централен дел е причесту¬вањето со телото и крвта Христова.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Агнеза од Монтепулциано.
Света Агнеза е родена во местото Грачиана Векио во Италија во втората половина на дванаесеттиот век. Во младоста, таа се одлучила да живее свештенички живот. Умрела во 1317 година. Света Катериба Сијенска, голема мистичарка во 1377 година, заминала во Монтепулциано да им оддаде почит на реликвиите на света Агнеза. Таа ја нарекла : ”наша мајка, славна Агнеза” и ги повикала луѓето да ја наследат, бидејќи таа била ”пример на вистинска покорност”.
 
1870 Во Сибирск е роден Владимир Илич Ленин, еден од водачите на руското и на меѓународното работничко движење, организатор на Октомвриската социјалистичка револуција во Русија и основач на советската држава, економист, социолог и марксист.
1915 Патувајќи од Мелник за Неврокоп, во близина на Рожденскиот манастир, врховистичките наемници го убија Јане Сандански, врвна личност во македонското национално ослободително движење пред и после Илинденското востание од 1903 година. Роден е во селото Влахи, мелничко, Пиринска Македонија, на 31.05.1872 година.
1920 Стапија во штрајк поштарите во Македонија. - Ден на поштарско-телеграфските работници на Македонија.
1970 Во САД се одржаа најмасовните демонстрации во историјата, кога беше манифестирана загриженоста за зачувување на животната средина. - Ден на планетата Земја.
 
1616 Во Стратфорд умре Вилијам Шекспир, англиски поет и еден од најголемите драмски писатели во светот. Во своите многубројни драмски дела уметнички силно ги прикажа универзалните човекови дилеми и заплети. Најпознати негови дела се "Хамлет", "Магбет", "Ричард Трети", "Крал Лир", "Ромео и Јулија" и "Отело". Роден е во Стартфорд, на 26.04.1564 година.
1616 Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес, прочуен шпански писател, творец на првиот реалистички роман на шпанската литература, ненадминливиот "Дон Кихот". Ги напиша и романите "Галатеу" и "Персилеса и Сигисмунду". Роден е на 9.10.1547 година.
1858 Во Киел е роден Макс Планк, германски физичар, основач на Квантната теорија, хипотеза дека енергијата се емитува и се апсорбира само со дискретни количества. Работеше и на теоријата за хемиска рамнотежа и на формулирањето на термодинамичките принципи. Во 1918 година ја доби Нобеловата награда за физика. Умре во Гетинген, на 4.10.1947 година.
1972 Во Скопје е поставен камен-темелник на Соборниот архиепископски храм на Македонската православна црква "Свети Климент Охридски", кој е осветен на 12.08.1990 година.
 
121.Роден е Марко Аврелиј, римски цар (161-180) и филозоф. Во афористичка форма го напиша делото "Разгледување на самиот себеси" во 12 книги. Умре на 17.03.180 година.
1564 Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир, англиски поет и еден од најпознатите драмски писатели. Најпознати негови дела се "Хамлет", "Магбет", "Кралот Лир", "Ромео и Јулија", "Отело" и други. Умре во Стратфорд, на 23.04.1616 година.
1900 Во Хамилтон, Охајо, САД роден е Чарлс Рихтер, еден од пионерите на сеизмологијата и творец на скалата според која се мери јачината на земјотресот. Умре во Пасадена, Калифорнија, во САД, на 30.09.1985 година.
1962 Во Кејп Канаверал, во САД, лансиран е првиот меѓународен сателит за телекомуникациски цели, заеднички американско-британски потфат.
1964 Со обединувањето на Тангањика и Занзибар е прогласена Обединетата Република Танзанија.
1992 Република Македонија монетарно се осамостои. Новата македонска валута доби име "денар".
1992 Владата на Република Македонија донесе одлука за признавање на Република Босна и Херцеговина.
1993 Република Албанија ја призна независноста на Република Македонија.
 
1492 Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на неколку стотици Французи, кај Поатје ги победи англиските освојувачи и го зазеде градот Орлеан. Во 1430 година беше заробена, а една година подоцна, во Руан, беше запалена. Во 19-тиот век, таа е прогласена за француска национална хероина. Родена е во 1412 година.
1769 Роден е Артур Велингтон, англиски војсководец. Војничката слава ја стекна во војните против Наполеон Бонапарта. По првиот пад на Наполеон, Велингтон беше британски делегат на Виенскиот конгрес. По враќањето на Наполеон во 1815 година, стана врховен командант на сојузничките сили и го порази Наполеон во битката кај Ватерло, на 18.06.1815 година. Умре во 1852 година.
1898 Во Ќустендил умре Илија Марков Малешевски (познат како Дедо Иљо Малешевски), прочуен македонски ајдутски војвода, во втората половина на 19-тиот век, кој учествуваше во битките против Турците. Роден е во Берово, на 28.05.1805 година.
1980 Во Лос Анџелес умре Алфред Хичкок, британски филмски режисер, еден од најпознатите автори кој светска слава доби со филмови од криминалистички жанр, со филмови на страв и ужас. Негови најпознати филмови се: "Човекот кој многу знаеше", "Ребека", "Аферата Парадин", "Птици" и "Психо". Роден е во Лентонстаун, во близина на Лондон, на 13.08.1899 година.
1997 Во Лусембург, Република Македонија и Европската унија ја потпишаа спогодбата за соработка.
 
1903 Во Солун се самоуби Орце Попјорданов, еден од организаторите на Солунските атентати. По минирањето на Отоманската банка, водеше неколкучасовна борба против османлиската војска.
1944 Во селото Стаевци, кумановско, проширениот Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ го одржа првото заседание.
1992 Во Скопје, Редакцијата на весникот "Нова Македонија" и новинската агенцијата Франс прес од Париз, потпишаа долгогодишен договор со кој весникот се вклучува во користењето на генералниот сервис на агенцијата.
 
1886 Во Чикаго, во САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден. На Првиот конгрес на Втората интернационала, што се одржа во Париз, во 1889 година беше решено секоја година на 1 мај, во знак на сеќавање на чикашките работници, да се одржуваат масовни демонстрации. Од 1890 година 1 мај се слави не само во знак на борбата за осумчасовен работен ден, туку како манифестација на класната солидарност на работничката класа во целиот свет.
1994 Во Имола, во Италија, умре Аритон Сена, еден од најпознатите возачи на автомобилското натпреварување во светот на "Формула 1". Роден е во Сао Паоло, на 21.03.1960 година.
 
1469 Во Фиренца е роден Николо Макијавели, италијански политичар, дипломат, поет и комедиограф. Негови најпознати дела се "Владетел", "Историја на Фиренца", "За воената вештина" и "Мандрагола". Умрел во Фиренца, на 20.06.1527 година.
1492 Кристифор Колумбо го откри островот Јамајка.
1945 Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донесе решение за утврдување на македонската азбука која има 31 буква. Азбуката првпат е отпечатена во весникот "Нова Македонија" број 104, четрвти, петти, шести и седми мај, 1945 година.
1979 Со убедлива победа на конзервативците на британските парламентарни избори е извршена смена на кормилото на власта, а Маргарет Тачер стана прва жена премиер во британската историја.
 
1903 Во селото Баница, Серско, Егејска Македонија, во борба против османлиската војска загина Гоце Делчев, еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ кон крајот на 19-от и во почетокот на 20-от век. Роден е во Кукуш, Егејска Македонија, на 4.02.1872 година.
1980 Во Љубљана умре Јосип Броз Тито, претседател на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија, претседател на Сојузот на комунистите на Југославија, маршал на Југославија и врховен командант на вооружените сили на СФРЈ. Роден е во селото Кумровец, Хрватско Загорје, во 1892 година.
1993 Република Македонија и ПТТ управата се примени во членството на Меѓународната унија за телекомуникација - специјализирана организација на ООН во областа на телекомуникациите со седиште во Женева.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom