На денешен ден!

1749 Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас, француски астроном, физичар и математичар. Работеше на подрачјето на небесната механика, се занимаваше со теоријата на електрицитетот, со кампиларноста на течностите и со специфичната топлина на цврстите тела. Познатата Кант-Лапластова теорија за настанокот на Сончевиот систем е објавена во 1798 година. Меѓу главните Лапластови дела се вбројуваат "Небесна механика", "Преглед на историјата на астрономијата". Умре во Париз, на 5.03.1827 година.
1868 Во Нижни Новгород е роден Алексеј Максимович Пешков - Максим Горки, руски, односно советски писател, еден од основачите на советската книжевност. Негови најпознати дела се драмите "На дното", "Малограѓани", автобиографските дела "Детството", "Меѓу луѓето", како и романите "Животот на Клим Самгин", "Мајка" и други. Умре во местото Горки, кај Москва, на 18.06.1936 година.
1939 Франкистичките единици под команда на генерал Монтеросо го зазедоа Мадрид. Со тоа заврши Шпанската граѓанска војна.
1943 Во Беверли Хилс, во Калифорнија, САД, умре Сергеј Василевич Рахманинов, руски композитор, пијанист и диригент. Најпознати му се делата што ги компонираше под влијание на Франц Лист и Фредерик Шопен. Роден е во Онег, Новогордоска губернија, на 1.04.1873 година.
1996 Во Скопје започна со работа Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, прв пазар на капитал во Република Македонија.
1996 Република Македонија и Република Никарагва воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
 
1867 Британската влада во северниот дел на Америка го формира доминионот Канада со три покраини: Канада, Нова Шкотска и Њу Брунсвик. Со Вестминстерскиот статут од 1913 година Канада и формално стана независна држава на британскиот Комонвелт.
1945 Со истоварувањето на специјални диверзантски трупи на американската морнарица почна борбата за Окинава, крстосница на Исток, бидејќи е еднакво оддалечена од Јапонија, Кина и Формоза. Во крвавите борби американските десантни единици загубија околу 50.000 луѓе, а јапонските околу110.000 луѓе.
1967 Франција ја пушти в море првата нуклеарна подморница.
1973 Последниот контигент американски трупи го напушти Виетнам и со тоа заврши директното воено учество на САД во долгогодишната Виетнамска војна.
 
1746 Во Фуентетодос, Арагонија, е роден Франциско Хосе де Гоја, шпански сликар и гравер. Работеше ѕидни композиции за цркви, нацрти за таписерии и сцени од секојдневниот живот. Неговата слика "Стрелање на бунтовниците" го одбележа почетокот на новата ера во европското сликарство. Автор е на неколку графики и цртежи. Од делата најпознати му се "Трети мај 1808", "Борба со бикови", "Гола Маја", "Облечена Маја" и други. Умре во Бордо, на 16.04.1828 година.
1867 Потпишан е договор меѓу САД и Царска Русија со кој, САД од Царска Русија ја купија Алјаска за 7 милиони и 200 илјади долари.
1960 Во САД, во вселенската база Кејп Кенеди е лансиран првиот метеоролошки вештачки сателит "Тајрос - 1".
1967 НАТО и официјално го напушти своето седиште во Париз.
1992 Република Македонија и Република Хрватска со размена на ноти склучија спогодба за воспоставување дипломатски односи меѓу двете држави на ниво на амбасади.
1994 Во Стразбур, Република Македонија пристапи на 15 конвенции на Советот на Европа.
 
1596 Во Хаг е роден Рене Декарт, француски филозоф, математичар и физичар. Неговото учење претставува основа на модерната филозофија и раскин со схоластиката. Напиша повеќе дела од кои најпознати се "Принципи на филозофијата", "Расправа за методите" и "Медитации". Како физичар се истакна со трудовите од механиката и од оптиката, а неговото дело "Геометрија" отвори нова ера во математиката. Умре во Стокхолм, на 11.02.1650 година.


1732 Роден е Франц Јозеф Хајдн, австриски композитор. Во извонредно големиот опус (104 симфонии, 83 гудачки квартети, повеќе од 20 опери), тој го усоврши изразот на симфониското музицирање. Умре во Виена, на 31.05.1809 година.


1809 Во Сорочинци, Полтава е роден Николај Василевич Гогољ, руски писател, хуморист и сатиричар. Негови најпознати дела се "Миргород", "Тарас Буљба", "Мртви души", "Ревизор" и други. Умре во Москва, на 4.03.1852 година.


1889 Во Париз свечено е отворена за посетителите Ајфеловата кула, челична конструкција висока 320 метри, која ја проектира Густав Ајфел.
 
1791 Убиен е Оноре Габриел Мирабо, француски политичар и државник. Како најдобар говорник во времето на Француската буржоаска револуција придонесе за победата на Уставотворното собрание над кралот. Роден е на 9.03.1749 година.
1792 Озаконет е доларот како парична единица во САД.
1805 Во Одензе е роден Ханс Кристијан Андресен, дански писател. Пишуваше поезија, романи и драми. Се смета за творец на реалистичката проза во Данска. Најпознати негови дела се "Приказна на мојот живот", "Сказни" и "Сликовница без слики". Умре во Копенхаген, на 4.08.1875 година.
1840 Во Париз е роден Емил Зола, француски писател, творец и најизразит претставник на натуралистичкиот правец во книжевноста. Во своите дела внесе толкава енергија и страст, што често добиваат халуцинантни и чудесни димензии. Најпознати негови дела се "Нана", "Жерминал", "Земја", "Плодност" и "Слом". Умре во Париз, на 29.09.1902 година.
1872 Во Њујорк умре Самјуел Морзе, северноамерикански сликар и пронаоѓач. Во 1835 година го пронајде електричниот телеграф, апарат за испраќање знаци составени од точки и цртички (Морзеова азбука), кој беше пуштен во работа во 1844 година на линијата Вашингтон - Балтимор. Роден е во 1791 година.
 
1786 По углед на Француската академија, шведскиот крал Густав Трети ја основа Шведската академија позната во светот по тоа што ја доделува Нобеловата награда за литература. Прв добитник на Нобеловата награда за литература е францускиот писател Рене Сили Придом (во 1901 година).
1945 Во Скопје излезе првиот број на весникот "Флака е влазеримит" ("Пламен на братството"), прво гласило на албански јазик во Македонија.
1949 Во Вашингтон, министрите за надворешни работи на САД и на 11 западноевропски држави го потпишаа Атланскиот пакт (НАТО), воен договор, со кој е создадена силна воено-политичка формација на западните сојузници.
1968 Во Мемфис, во амриканската сојузна држава Тенеси, е убиен Мартин Лутер Кинг, борец за граѓански права и за мир. Целиот свој живот, упорно работеше против расната сегрегација, беззаконието и поделеноста. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1964 година. Во 1967 година ја предводеше колоната од околу 300.000 демонстранти во големиот "Марш на мирот" во Њујорк, протестирајќи против американската војна во Виетнам. Роден е во 1929 година.
1969 Во Хјустон, САД е извршена првата операција за вградување на вештачко срце во човековиот организам. Пациентот умре по четири дена.
1988 Во Скопје умре Славјанка Влахчева, прва медицинска сестра во Македонија и основач на првото училиште за медицински сестри во Македонија. Родена е во Штип, во 1900 година.
 
1520 Во Рим умре Рафаело Санти, италијански сликар, најголем претставник на ренесансата во сликарството. Се прослави со Мадона, насликана во 1513 година. Работеше портрети од кои по убавината на уметничката обработка се истакнуваат Портретот на млад човек во Будимпешта, на папата Јулиј Втори во Фиренца и други. Роден е во Фиренца, на 28.03.1483 година.
1909 Американскиот поларен истражувач Роберт Едвин Пири (1856-1920) стигна прв на Северниот пол. Тој се смета за негов откривач. Пири го испита и најсеверниот дел на Гренланд ("Пириева земја") и напиша неколку дела за своите патувања, како што се "Најблиску до полот", "Северниот пол" и "Тајните на поларните патувања".
1941 Силите на Оската (Германија, Италија, Унгарија и Бугарија), без објавување на војна го нападнаа Кралството Југославија.
1991 Во Прилеп почна Првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.
 
2006 Членовите и администрацијата на Кајгана сфатија дека си имаат работа со неколку владини полтрони коишто се мачат да убедат некого дека е во заблуда а уствари блујат праџвакана храна. :pop:
 
1906 Загинува војводата Горги Сугаре крај село Паралаво,Мариовско.
 
а да кажеше некој дека на денешен ден загинаа многу луге и се случи голема катастрофа....
Првата Атомска БомБа е на денешен ден
 
1848 -Во Бергамо умре Гаетано Доницети, италијански оперски композитор, романтичар, творец на музика, полна со драмска динамика.

1909 -Во Прилеп е роден Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика.

1971 -Во Лондон почна Првиот конгрес на Ромите кој траеше до 11 април. По тој повод Организацијата на обединетите нации го прогласи 8-ми април за Светски ден на Ромите.

1973 -Во својата вила, во малото место Мужен, на француската ривиера, умре Пабло Пикасо (вистинското име му е Роиуз), шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари.

1993 -Република Македонија воспостави дипломатски односи со Нов Зеланд.
 
1626 Во Лондон умре Франсис Бекон, англиски филозоф и државник. Тој е значаен за историјата на филозофијата и испитувањата во областа на индукативната логика. Најпознати негови дела се "Органон", "Нова Атлантида" и "Есеи". Роден е на 22.01.1561 година.
1821 Во Париз е роден Шарл Бодлер, еден од најголемите француски писатели на 19 век. Се занимаваше со литература и уметничка критика, а неговата поезија е одраз на очајот и на корупцијата на современата цивилизација. Го надмина естетските форми на своето време, во поезијата внесе оргинални бои и егзотика, задржа елементи на романтизмот и го навести симболизмот. Главно негово дело е збирката песни "Цвеќето на злото". Умре на 31.08.1867 година.
1873 Од Солун во Велес пристигна првиот воз. По тој повод Работничкиот совет на Македонските железници усвои одлука со која 9-ти април го прогласи за Ден на македонските железничари.
1983 Во Скопје умре рускиот педагог и кореограф на Балетот при Македонскиот народен театар во Скопје, Александар Доброхотов. Тој е и прв балетски играч на скопската балетска сцена. Роден е во 1909 година.
 
1847 Во Мако, Унгарија, роден е Џозеф Пулицер, Унгарец по потекло, значајно име во американското новинарство. Се смета за зачетник на "жолтиот печат", односно на масовниот булеварски печат во светот. Од 1917 година е воведена "Пулицеровата награда" за новинарство, култура и литература. Учествуваше во Американската граѓанска војна (1861-1865), а подоцна стана сопственик на издавачки куќи и беше избран во Конгресот. Умре во Шарлотсвил, Јужна Каролина, во САД, на 29.10.1911 година.
1948 Започна изградбата на хидроцентралите "Маврово".
1953 Избран е вториот генерален секретар на Организацијата на обединетите нации. Таа функција ја зазеде Даг Хамаршелд од Шведска. Роден е во 1905 година, а загина во авионска несреќа во Катанга, во 1961 година.
1964 Во Скопје умре Лазар Личеноски, македонски сликар. Се смета за еден од втемелувачите на ликовниот живот во Македонија. Тој е еден од најавтентичните сликари на македонскиот пејсаж ("Бачила", "Долап", "Афионски полиња", "Охридски рибари"), во кој внесува и фоклорни елементи. Сликаше и мртва природа, портрети и мозаици. Роден е во Галичник, на 26.03.1901 година.
 
1854 Умре Карл Фон Базедов, познат германски лекар и научник, кој прв ја прикажа и детално ја опиша болеста која настанува поради нарушувањето на работата на штитната жлезда. Роден е во 1788 година.
1919 На Мировната конференција во Париз е формирана Меѓународна организација на трудот.
1985 Во Тирана умре Енвер Хоџа, албански политичар и државник, од 1948 година прв секретар на ЦК на Албанската партија на трудот. Роден е во Ѓирокастро, на 16.10.1908 година.
1992 Во Министерстото за внатрешни работи на Република Македонија е регистриран Македонскиот олимписки комитет (МОК).
1995 Во Скопје е формирано Здружението за примена на македонскиот литературен јазик во службената и јавната комуникација.
 
1903 Меѓу железничката станица во Истборн и градчето Мидс, во англиската грофовија Сасекс, воведена е првата редовна автобуска линија во светот.
1945 Умре Франклин Делано Рузвелт, претседател на САД, кој на должноста беше избран четири пати. Популарноста ја доби со својата политика, со која успеа да ја ублажи големата економска криза во земјата. Кога избувна Втората светска војна застана на страната на сојузниците, а по влегувањето во војната целиот индустриски потенцијал го потчини на потребите на војната против силите на Оската. Роден е на 30.01.1882 година.
1961 Советскиот сојуз го лансира во орбитата околу Земјата вселенскиот брод "Восток -1", во кој се наоѓаше 27 годишниот астронаут Јуриј Алексеевич Гагарин, првиот човек кој летна во вселената. По летот, кој траеше 103 минути, тој се спушти кај селото Смеловк, јужно од Саратов. Гагарин загина во авионска несреќа, на 27.03.1968 година.
1966 Американските авиони за првпат ја бомбардираа територијата на ДР Виетнам, со што почна опасната ескалација на војната во Индокина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom