На денешен ден!

274. Во Ниш е роден Константин Велики, римски цар од 306 до 337 година, кој заедно со Лицијан, владетел на Источното римско царство, го издаде 313-тиот милански едикт со кој се дава слобода на вероисповедта на христијаните. Тој е првиот римски цар кој во христијанската црква почна да бара потпора за својата власт и за тогашниот робовладетелски поредок на империјата. Во 330 година формира нова престолнина на исток, Константинопол (Цариград, Истанбул). Умре во 337 година.
1533 Роден е Мишел Монтењ, француски ренесансен писател и филозоф - моралист. Дојде до заклучок дека човековиот разум е немоќен во барањето на вистината и правдата, но сепак човекот може и треба да наоѓа сигурни норми во приватниот и во јавниот живот. Особено се задржа на испитувањето на својата личност. Главно негово дело е "Есеи" во три тома.
1869 Умре Алфонс де Ламартин, француски поет и академик. Со своите дела изврши големо влијание на романтизмот во Франција. Во политичкиот живот учествуваше во државниот удар на Наполеон Трети. Најпознати негови дела се "Поетски размислувања", "Поетски и религиозни хармонии", "Жаслен" и "Пат на исток".
1986 Во Стокхолм е убиен Улоф Палме, шведски премиер. Роден е во Стокхолм, во 1927 година.
 
1822 -Повеќе од 8.000 востаници и цивилно население во Његoш го прогласија избувнувањето на Његoшкото востание против османлиското владеење.

1847 -Во Единбург, во Шкотска, е роден Александар Грахам-Бел, американски научник, од шкотско потекло, пронаоѓач - физичар, творец на телефонот. Конструира и фотофон и фонограф.

1878 - По завршувањето на руско - турската војна (1877 - 1878), во градчето Сан Стефано, кај Цариград, е склучен мировен договор (познат како Санстефански мир). Со договорот е заклучено на Црна Гора, Србија и Романија да им се признае независност и територијално проширување на сметка на Турција. За Босна и Херцеговина беше предвидена автономија под надзор на Австро - Унгарија, а беше создадено и автономно кнежевство во вазален однос спрема Турција - Голема Бугарија. Покрај другите делови, во кнежевството беше предвидено да влезе цела Македонија. Но, поради несогласување на Австро - Унгарија, Германија и на другите големи сили во превласта на Русија во Источна Европа, на Берлинскиот конгрес (13.06 до 13.07. 1878 година), договорот е ревидиран. Одредбите на Санстефанскиот договор и на Берлинскиот конгрес, неповолно се одразија врз понатамошните односи на Балканот.

1906 -Во Хагстал, близу до Малме, е роден Артур Лундквист, шведски писател, критичар и преведувач.
 
1822 Повеќе од 8.000 востаници и цивилно население во Његуш го прогласија избувнувањето на Његушкото востание против османлиското владеење. Во востанието учествуваа Македонци, Грци и Власи. Востанието претставува предвесник на разгорувањето на националноослободителното движење на македонскиот народ.
1847 Во Единбург, во Шкотска, е роден Александар Грахам-Бел, американски научник, од шкотско потекло, пронаоѓач - физичар, творец на телефонот. Конструира и фотофон и фонограф. Главно негово дело е "Механизам на говорот". Умре на 2.08.1922 година.
1878 По завршувањето на руско - турската војна (1877 - 1878), во градчето Сан Стефано, кај Цариград, е склучен мировен договор (познат како Санстефански мир). Со договорот е заклучено на Црна Гора, Србија и Романија да им се признае независност и територијално проширување на сметка на Турција. За Босна и Херцеговина беше предвидена автономија под надзор на Австро - Унгарија, а беше создадено и автономно кнежевство во вазален однос спрема Турција - Голема Бугарија. Покрај другите делови, во кнежевството беше предвидено да влезе цела Македонија. Но, поради несогласување на Австро - Унгарија, Германија и на другите големи сили во превласта на Русија во Источна Европа, на Берлинскиот конгрес (13.06 до 13.07. 1878 година), договорот е ревидиран. Одредбите на Санстефанскиот договор и на Берлинскиот конгрес, неповолно се одразија врз понатамошните односи на Балканот.
1906 Во Хагстал, близу до Малме, е роден Артур Лундквист, шведски писател, критичар и преведувач. Првата книга поезија "Жар" ја објави во 1928 година. Има објавено над 80 книги поезија, проза, есеи и патеписи. Со антологијата "Петмина млади" во 1930 година го навести модернизмот. Добитник е на Лениновата награда за мир во 1958 година и на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата за 1977 година.

za 03.03.2006
 
1827. Умре Алаксандар Волта, италијански научник - физичар. Занимавајќи се со електрицитетот, ги пронајде електрофонот, галванските елементи, батеријата на галванските елементи и други. Роден е во 1745 година.

1871 Родена е Роза Луксембург, една од организаторите на полското и на германското работничко двиење. Во Берлин, во екот на теророт на КП на Германија, по ѕверското мачење, убиена е на 15.01.1919 година.

1946 Во Битола умре Милтон Манаки, прв македонски и балкански филмски снимател. Првите снимки ги направи во 1905 година. Главни негови трудови се: репортажа за престојот на последниот османлиски султан Решад во Битола во 1911 година, сцени од бесењето на македонските борци за независност на Македонија и епизоди од балканските војни, како и многу други снимки од историска важност. Носител е на ”Илинденска споменица 1903”, на многубројни награди, како и на наградата за животно дело во Пула во 1963 година. Роден е во селото Авдела, костурско, во 1880 година.

1953 Во Македонија е организирана првата акција за доброволно дарување на крв.

1953 Умре Јосиф Висарјоновиќ Сталин, советски државник и политичар, еден од водачите на антихитлеровската коалиција за време на Втората светска војна и врховен командант на вооружените сили на СССР, маршал и генералисимус. По Втората светска војна спрема социјалистичките земји спроведуваше хегемонистичка политика. Неговите злосторства беа осудени на 20-от и 21-от конгрес на КПСС. Роден е на 21.12.1879 година.

1992 Домот на младите ”25 Мај” во Скопје го промени името во Младински културен центар.

1993 Авионот од типот ”фокер 100” на авиокомпанијата ”Палер Македонија”, веднаш по полетувањето од аеродромот во Петровец кај Скопје, се урна на 400-тини метри од крајот на пистата. Од 91 патник и членови на екипажот загинаа 80-тина.
 
1869- Во Париз умре Хектор Берлиоз, француски композитор, творец на романтични музички дела и на француската модерна програмска музика.

1910- Врз основа на одлуката на Втората меѓународна конференција на жените социјалистки, одржана во Копенхаген, Данска, во август 1910 година, 8 Март се слави секоја година како меѓународен Ден на жената. На оваа конференција по иницијатива на Клара Цеткин, беше решено 8 Март да се одбележува во спомен на демонстрациите на американските жени во 1903 година, кои се одржаа под патролата - Борба за општо право на глас.

1945- Во Скопје за првпат е прославен денот на жената. По тој повод во салата на Офицерскиот дом се одржа голем митинг.

1946- Президиумот на Народното собрание на Народна Република Македонија донесе Закон за измена на името на Демократска Федерална Македонија. Според член 1 од овој Закон и врз основа на член 2 од Уставот на Федеративна Народна Република Југославија, името на Демократска Федерална Македонија се изменува и гласи: Народна Република Македонија.
 
1908 -Умре Едмондо Амичис, италијански писател и патописец. Неговите дела, романот за деца "Срце" и патописот "Холандија" се преведени на сите јазици во светот. Роден е во 1846 година.

1931 -Во Скопје е роден Драган Ѓаконовски - Шпато, македонски композитор, диригент и музички аранжер. Неговото име ќе остане трајно врежано во историјата на македонската забавна музика.

1938 -Трупите на фашистичкиот Трет Рајх влегоа во Австрија.

1945 - Во Македонија почнаа првите слободни избори за селски, градски и околиски народноослободителни одбори. На овие избори кои траеја до 25 март, за прв пат гласаа и жените, лицата со навршени 18 години и сите припадници на Југословенската армија.

1955 -Умре Александар Флеминг, англиски микробиолог. Во 1928 година откри дека габите на мувлата го спречуваат развитокот на некои микроорганизми. Ова откритие Флеминг го нарече пеницилин, чија масовна примена започна во 1942 година. За ова откритие, заедно со Флореј и Чаин, е добитник на Нобеловата награда за медицина во 1945 година. Роден е на 6.08.1881 година.

1996 -Република Македонија е примена за 39-ти рамноправен член во Северноатлантскиот совет за соработка.

1996 -Со одлука на Советот на европските министри, Република Македонија е примена во Клубот на земјите членки на ФАРЕ.
 
11.03.2006 умре последниот од тројцата крвници од балканските простори и поранешна Југославија што успеа да го уназади ридестиот Балкан многу години. Имено Слободан Милошевиќ умре од срцев удар утринава (под сомнителни околности имајќи предвид дека на два пати му беше одбиено барањето за лекување во Москва, РФ) во својата ќелија во Шевенинген.
 
1879 -Во Улм, Германија, е роден Алберт Ајнштајн, американски физичар, Евреин од германско потекло, најистакнат теоретичар на новата епоха во физиката.

1912 -Во Москва умре Петар Лебедев, истакнат руски научник, физичар, кој се занимаваше со проучување на притисокот на гасовите, што е од големо значење за разбирањето на космичките појави.

1944 -Иницијативниот одбор на АСНОМ упати писмо до НО одбори во Македонија во кое ја изнесува одлуката на Второто заседание на АВНОЈ, со која Македонија е призната за рамноправна федерална единица.

1945 -По многу тешки борби американските десантни единици го освоија малиот остров на Пацификот, Иво Џима, важна стратегиска точка за бомбардерските напади врз Јапонија.

1996 -Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.
 
44 г.н.е.- Во Рим, во Сенатот, група републикански заговорници го убија Гај Јулиј Цезар, римски восководец и државник, а во последните години од животот диктатор во моќната Римска империја. Убиството на Цезар го означи почетокот на граѓанската војна, во која загинаа сите заговорници. По повеќегодишни воени пресметки власта ја приграби итриот Октавијан, кој воведе монархија против која се бореа заговорниците. Цезар е роден на 12.07.100 година пред нашата ера.
1776 Американскиот конгрес донесе одлука за укинување на зависноста од англиската круна. Независноста на САД е прогласена на 4.07.1776 година.
1948 Воспоставен е редовен цивилен воздушен сообраќај меѓу Скопје и Белград и обратно.
1974 Во Скопје умре Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог. Тој е првиот кларинетист на Скопската опера и на Македонската филхармонија. Во неговото творештво доминираат фолклорните теми. Автор е на првиот македонски балет "Македонска повест". Роден е во селото Будинарци, Беровско, на 8.05.1914 година.
1993 ПТТ "Македонија", вклучувајќи се во активноста за меѓународно признавање на Република Македонија, ја промовира редовната поштенска марка со знамето на Република Македонија.
1997 Во Заир бунтовниците го зазедоа Кисангани, трет по големина град во земјата и последно упориште на владините сили во источниот дел на државата.
 
1480 Во Соброза, Италија, е роден Фернандо Магелан, португалски морепловец во служба на Шпанија. Пловејќи по должината на Јужна Америка и низ теснината на Огнена Земја, што подоцна го доби неговото име, на 16.03.1521 година стигна до Тихиот Океан на Филипинските Острови. Загина во борба со домородниците на островот Макатан, на 27.04.1521 година.
1787 Роден е Георг Симеон Ом, германски физичар. Го откри односот меѓу струјата и електромоторната сила, според неговото име наречен Омов закон. Тој даде значајни прилози во акустиката, во оптиката на кристалот и во математиката. "Ом" е единица за мерење на електричниот отпор во меѓународниот систем на мерки. Умре во 1854 година.
1925 Во Берлин умре Аугуст фон Васерман, познат германски лекар, научник - бактериолог, кој во 1906 година прв го воведе методот за преглед на крвта. Роден е во 1866 година.
1956 Во Париз умре Ирена Жолио - Кири, ќерка на Пјер и Марија Кири, пронаоѓачи на радиумот. Ирена Жолио - Кири и нејзиниот маж Жан Фредерик Жолио во 1935 година ја добија Нобеловата награда за хемија. Родена е во 1897 година.
1987 Од Железничката станица во Скопје тргна првиот воз на електричен погон на магистралната пружна делница Скопје - Гевгелија.
 
1628 Англичаните во Америка ја основаа колонијата Масачусетс.
1813 Роден е Дејвид Ливингстон, шкотски истражувач на африканскиот континент. Ги откри Викторините водопади, езерото Њаса и многу други езера. Повеќе од 30 години престојуваше во Африка. Умре во 1873 година и како најголем британски истражувач на Африка, погребан е во Вестминистерската катедрала во Лондон.
1873 Роден е Макс Регер, германски композитор, пијанист и музички педагог, претставник на доцниот романтизам. Умре на 11.05.1916 година.
1903 Идеологот на ТМОРО, Гоце Делчев со својата чета го разурна тунелот кај реката Ангиста, серско во Егејска Македонија. Тоа беше последната негова акција против османлиската власт пред неговата смрт.
 
1727 Во Кесингтон умре Исак Њутн, англиски физичар, математичар и астроном. Ги удри темелите на класичната физика и на вишата математика, го откри Природниот закон за општа гравитација, за меѓусебно приближување на сите тела, ги пронајде и основните принципи на механиката и трите основни закони за движењето, а го усоврши и телескопот. Роден е во Вулстроп, на 25.12.1642 година.
1828 Роден е Хенри Ибзен, норвешки писател. Во своите дела го осуди современото буржоаско општество и односите што владееја во него. Негови најпознати дела се "Нора", "Комедија на љубовта", "Непријател на народот" и други. Умре во Осло, на 23.05.1906 година.
1980 Во Скопје умре Волче Наумчески, македонски писател. по Втората светска војна објави голем број стихозбирки за деца и возрасни меѓу кои спаѓаат "Поема за злото", "Пролетни желби", "Виорно време", "Седумдесет цветови" и други. Роден е во Прилеп, на 18.01.1916 година.
1991 По одржаните повеќепартиски избори во СРМ, во Скопје е формирана првата Влада на Социјалистичка Република Македонија. За прв претседател е избран д-р Никола Кљусев.
1992 Во Скопје е формиран Македонскиот олимписки комитет. За претседател е избран Васил Тупурковски.
1996 Во Скопје е основана Секцијата за македонско-американско пријателство.
 
1685 Во Ајзенах е роден Јохан Себастијан Бах, германски композитор, еден од најголемите композитори во историјата на музиката. Беше познат како виртуоз на оргули. Тој го доведе до совршенство барокот, усовршувајќи ги и продлабочувајќи ги дотогашните средства на музичкиот израз. Се смета дека неговите "Голдберг-варијации" за инструменти со калвиши и жици претставуваат ремек-дело. Умре во Лајпциг, на 28.07.1750 година.
1829 Во земјотресот што ја зафати Шпанија загинаа 6.000 луѓе.
1960 Во јужноафриканскиот град Шарпвид, расистичката полиција отвори оган врз демонстрантите, припадници на црната раса, кои протестираа против дискриминаторските закони во таа земја. Притоа беа убиени 69 луѓе, а ранети околу 200. Во спомен на овој трагичен настан, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 март за Меѓународен ден на борбата за отстранување на расната дискриминација.
1960 Во Сао Паоло е роден Аиритон Сена, еден од најголемите возачи на автомобилското натпреварување во светот на "Формула 1". Умре во Имола, Италија, на 1.05.1994 година.
1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон постојаниот комитет за информирање за индустриска сопственост на Светската организација за интелектуална сопственост.
 
1603 -Во Лондон умре англиската кралица Елизабета, а на престолот дојде шкотскиот крал Џемс Шести, со што Англија и Шкотска создадоа персонална унија. За време на нејзиното владеење (1558 до 1603), Англија доживеа голем напредок во целокупниот развој. Родена е во 1533 година.

1882 -Германскиот бактериолог Роберт Кох објави дека го изолирал бацилот на туберкулозата.

1905 -Во Амиен умре Жил Верн, француски писател. Негови најпознати дела се "Дваесет илјади милји под морето", "Децата на капетанот Гранд", "Пат околу светот за 80 дена", "Пат на месечината" и "Патување во центарот на Земјата". Роден е во Париз, на 8.02.1828 година.

1949 -Во Скопје е формиран Државниот ансамбл на народни игри и песни на Народна Република Македонија, кој од 2.06.1953 година го носи денешното име Ансамбл за народни игри и песни на Македонија "Танец".

1997 -Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета на Република Македонија.
 
1703 Рускиот цар Петар Велики, на утоката на реката Нева, во Балтикот, основа град, кој според него е наречен Санкт Петерсбург (до 1914 година), Петроград (до 1924 година), Ленинград (до 1992 година), а потоа Санкт Петерсбург. Од 1712 до 1918 година беше престолнина на Русија.
1845 Роден е Вилхелм Конрад Рентген, германски физичар, професор на неколку универзитети во Германија. Во 1895 година ги откри "икс" зраците - електромагнетски бранови, подоцна наречени "рентгенски" кои најдоа примена во медицината и за тоа откритие во 1901 година ја доби Нобеловата награда за физика. Умре на 10.02.1923 година.
1968 При еден пробен лет со авион загина Јуриј Гагарин, првиот човек кој полета со космички брод во вселената, херој на Советскиот Сојуз. На 12.04.1961 година, со космичкиот брод "Восток" ја обиколи Земјата за 108 минути, летајќи на височина помеѓу 181 и 327 километри. По поминатите 41.000 километри, успешно се спушти на Земјата. Роден е на 9.03.1934 година.
1977 Во Санта Круз, на Канарските Острови, во Атлантскиот Океан, се случи најтешката авионска несреќа во историјата на цивилното воздухопловство. Во судирот на авионите "џамбо џет" на Американската авиокомпанија и на Холандското кралско воздухопловство загинаа околу 580 патници.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom