МВР бара семејствата на загинатите кај Вејце да ја вратат отштетата

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Дајте им оружје на сиромашните!

Квази патриоти каде сте сега. Секој сокак во Македонија грујо почна да го крсти по Александар, Филип... Патриот ? Само така ? Ете ви го патриотот ваш. На луѓено почнаа да им стигаат пресудите со кој се обврзани да ги вратат парите. Џабе е, се е џабе. Само на улица и со оружје ова веќе не се трпи.

П.С Фатив мал дел од вестиве на а1 во врска со истиов случај. Дали ми се причини или во тек е собирање на потписи?
 
Во овие времиња најтешко е да се наплати долг, со оглед на тоа што нема кои пари да им ги земат оти ги немаат,така да они шо сакат да вратат нека сакаат ама нема да добијат ништо!
 
јас пак ќе речам дека не сум партиски обоен!Ова го кажувам за да не ми лепите етикета кога ќе го видите видеово(сигурно сте го гледале повеќето)!
Во маката и проблемите сме заедно,епа мораме да се сплотиме и да излезиме бар на протест...

 
По молк од цела недела и Премиерот призна дека ветераните од ОНА ќе добијат владини пензии. Во интервју за МИА, Груевски тврди дека за ова имал конзистентен став.

И покрај тоа што се барало специјален закон за ветераните на ОНА, Премиерот вели дека не попуштал.

„Тогаш не прифатив таква идеја, и кажав дека нивните проблеми може да се решаваат само преку постоечките закони, и ништо повеќе од тоа. Истото го гледам и денес, а колку што разбрав истото го изјавува и ДУИ. Се друго е шпекулација, неконзистентност и неприфатливо според нас“, вели премиерот Никола Груевски во интервјуто.

Од „Достоинство“ се шокирани. За нив ниту со специјален ниту низ постоечките закони Груевски не смее да го направи тоа.

Според актуелниот закон пак за посебните права на безбедносните сили, ветераните на ОНА не може да земаат пензии.

„Здружението „Достоинство“ е запрепастено од изјавата на премиерот Груевски, не очекувавме од него дека ќе изврши вакво предавство. Решавањето на проблемот на ветераните на ОНА преку постоечките закони е невозможно. Постоечките закони тоа извршно го забрануваат, и Законот за бранители и Законот за воени инвалиди“, рече Стојанчо Ангелов, Здружение „Достоинство“.

Веста за пензиите на ОНА излезе од редовите на ДУИ.

Неколку пати ја потврдуваа нејзините функционери. Наспроти нив, од ВМРО-ДПМНЕ велеа дека не знаат за подготовката на решение за некогашните борци на ОНА.

СЕ СРАМАМ ШТО СУМ македонец

АЈДЕ СИТЕ НА ПРОТЕСТ,НЕКОЈ МОРА ДА ОРГАНИЗИРА ПРОТЕСТ,А НИЕ СЕРИОЗНО ДА ГО ПОДДРЖИМЕ,ДА ИЗЛЕЗЕМЕ НАДВОР,!!!
 
По молк од цела недела и Премиерот призна дека ветераните од ОНА ќе добијат владини пензии. Во интервју за МИА, Груевски тврди дека за ова имал конзистентен став.

И покрај тоа што се барало специјален закон за ветераните на ОНА, Премиерот вели дека не попуштал.

„Тогаш не прифатив таква идеја, и кажав дека нивните проблеми може да се решаваат само преку постоечките закони, и ништо повеќе од тоа. Истото го гледам и денес, а колку што разбрав истото го изјавува и ДУИ. Се друго е шпекулација, неконзистентност и неприфатливо според нас“, вели премиерот Никола Груевски во интервјуто.

Од „Достоинство“ се шокирани. За нив ниту со специјален ниту низ постоечките закони Груевски не смее да го направи тоа.

Според актуелниот закон пак за посебните права на безбедносните сили, ветераните на ОНА не може да земаат пензии.

„Здружението „Достоинство“ е запрепастено од изјавата на премиерот Груевски, не очекувавме од него дека ќе изврши вакво предавство. Решавањето на проблемот на ветераните на ОНА преку постоечките закони е невозможно. Постоечките закони тоа извршно го забрануваат, и Законот за бранители и Законот за воени инвалиди“, рече Стојанчо Ангелов, Здружение „Достоинство“.

Веста за пензиите на ОНА излезе од редовите на ДУИ.

Неколку пати ја потврдуваа нејзините функционери. Наспроти нив, од ВМРО-ДПМНЕ велеа дека не знаат за подготовката на решение за некогашните борци на ОНА.

СЕ СРАМАМ ШТО СУМ македонец

АЈДЕ СИТЕ НА ПРОТЕСТ,НЕКОЈ МОРА ДА ОРГАНИЗИРА ПРОТЕСТ,А НИЕ СЕРИОЗНО ДА ГО ПОДДРЖИМЕ,ДА ИЗЛЕЗЕМЕ НАДВОР,!!!

Груевски рече дека само преку преку постоечките закони, постоечки закон што им гарантира пензија како што знам нема така и нема да дочекаат тоа да се оствари, ако навистина им дадат мислам.. не мислам туку знам дека Владата може слободно да знае дека нема да освојат ни 100.000 гласови на наредните избори.
 
Оставете тоа пензии ќе има или ќе нема, него сеуште ќе треба да ги вратат парите семејствата од загинатите кај Вејце?
И што се случува со останатите на кои ќе им ги одземат тие средства?
МВР се брани Јавниот правобранител одлучил дека незаконски се доделени тие средства, тоа што е законски не значи дека е исправно пример за тоа е законската приватизација на нашето стопанство кое што е чист грабеж. Дајте нешто да пратиме некој мејл до тој правобранител адреса негова некој знае, потоа група на Фејсбук да знаев како се прави јас ќе ја формирав го користам глупиот сајт само за чат со луѓево оти таму дремат цело време :toe:.
 
собраниски фотељи, државни тендери,вработувања на туг грб, и сега пензии....


за нас инспекции и контроли, казни и глоби, отпуштања и камати......
 
тоа што е веќе дадено, тешко може да се врати!
 
ова е пендрак држава
мито и корупција
неспособни глупаци
опозиција позиција...
(кемп-гласот од улицата)

морав...
 
cela vlada KLOSARI I DEBILI EJ KAKO NE IM E SRAM ZA OVA CCCCC GRUJO SE PRODADE NA ALBANCITE EJ SO KE MU KAZE AHMETI TOA PRAI KAKOV LIGUS AKO IM DADAT PARI TREBA DA SE IZLEZE I DA SE NAPRAI LOM KAKO BEOGRAD NA 5 OKTOMVRI 2000 GODINA ZA STATUI I ZA UCK IMA PARI A ZA BRANITELITE NEMA EPA NE IDE TAKA
 
Семејствата на бранителите од Вејце во шок


Семејствата на тројца битолски бранители од осумтемина што на 28 април 2001 година кај Вејце трагично го загубија животот и беа масакрирани, мораат на државата да и вратат, ни повеќе ни помалку, 150 илјади евра, плус затезна камата.
Овие пари ги бара Државата со тужба од минатиот месец, што траурните семејства Стојановски, Костадиновски и Најдовски повторно ги стави во шок, покрај неизмерната загуба на своите синови.
Блаже Стојановски, земјоделец од с. Породин, со сопругата Донка го загуби својот 25-годишен син Илче, и во тој непребол, им стигна аберот од Судот дека државата ги тужи и им бара пари, како што рече денеска, никогаш не можат да ги вратат.
„Тие бараат животот да ни го земат. Таа сума ние не можеме да ја вратиме оти ние сме изгубени луѓе. Е сега, кога решиле така, така нека прават“, вели Блаже Стојановски, татко на загинатиот бранител Илче Стојановски од с. Породин.
blaze-stojanovski.jpg
Блаже Стојановски, татко на загинатиот бранител Илче Стојановски
„Тие ако дозволиле на ДУИ да им даваат пензии, на УЧК таму и станови, и станови им дале, скришни работи направиле, ние не можеме ништо да правиме“, додаде Стојановски.
Породинци, некои молчат, а некои јавно зборуваат за оваа работа. Лути се што на Стојановци, семејството на нивната гордост - бранителот Илче, им бараат пари, а уште повеќе, што им кројат пензии на оние против кои се бореа, за да ја одбранат татковината.
Трите фамилии немаат пари да вратат. Освен породинецот Блаже, другите семејства се воздржуваат од изјави.
Не разбравме дали некој им се заканува дека можеби ќе ја загубат и работичката, што одвај ја добија по смртта на бранителите.
САМО БОБАШИ САМОУБИЦИ МУ Е ЛЕКОТ НА ОВАА ДРЖАВА :pop:
 
Ми се одмили вечерва се заебавам пишувам во ЧДА ама после ова не можам, што да прави човек со нашиот ни неразумен државен апарат судство, обвинителство, правобранителство, влада.....
Активни членови на ВМРО ДПМНЕ многу е важно од овај момент да вршите притисок во вашите месни комитети (ако веќе не вршите) за да не се случи тоа. Вие имате моќ вие одлучувате дали ќе останете апатични или ќе реагирате како луѓе. Вие сте тие што ја донесовта таа партија со огромно мнозинство на власт, ако е немоќна оваа влада нека си оди. За вакви работи низ историјата е познато дека глави имаат летано а не влади......
 
Neverojatno! Idiotski!
Mi se gadi, gnasi, blue i mi se pravi zulum poradi ovaa necovecnost!

На сите ни се гнаси и ни се блуе и хемороиди не стрефуваат и тикови фрчат...хрватите викаат `мош мислит`...

Зошто? Дека ова е најновото изживување од страна на власта (било која власт нека се ебат и левица и десница и помочан центар)?

А пред ова...

Овдешни деца гинат за Вуковар (сите молчат)
Криминална приватизација (сите молчат)
Мито и корупција од невидени размери (сите молчат)
Цвета криминалот,шверцот и наркоманијата (сите молчат)
Убиствата и самоубиствата се зголемуваат на икс пати (сите молчат)
Грабежот на девизните заштеди (сите молчат)
Наместени избори (сите молчат)
18 години платите стојат во место (сите молчат)
Визно гето (сите молчат)
Ерозија на работничките `права` (сите молчат)
Војна 2001 (сите молчат)
Рамковен договор (сите молчат)
И што уште не (сите молчат)

Е па кога сите молчиме и кога не не бидува за ништо тоа е. И родителите и роднините на овие бранители кои сега ги понижува власта молчеле и си терале работа за било која од горенаведените работи.Или било кој погоден од маките во овие 18 години.

Ништо нема да се смени тука никогаш. Тоа е единствената реалност со која мораме да се соочиме.Излез кој може нека бара индивидуално,нека бара среќа во животот, и барем ако има малку од малку осет нека не го прави тоа врз туѓ грб.Било да е тука или надвор од Македонија.Без разлика.Врв на животот ако се најде малку среќа,зависно шо не прави среќни и ако се изгледаат деца кои нема да се морончиња.Тоа е успехот.
За коренити промени овде немаме јајца,ги немале ни нашите предци нема да ги имаат ни децата наши.

За борба треба да се откажеме од шпанските серии,вести,филмови,гледање сеир,бистрење политика,продавање муда за бубрези,мочање во гаќи пред шефот,тресење пред странците,висење на виртуелниот свет,ракијата со шопска...
Или било која удобност...затоа што борбата би имала и жртви и завиени во црно и се и сешто...

Немаме такво нешто во нас,не сме ни Чиапас со субкоманданте Маркос ни Никарагва со Сандинистите ни ФМЛН во Ел Салвадор ни Полисарио во Западна Сахара ни никој.

П.С. Ова го пишувам како дел од вас...и јас сум таков.:jaj:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom