Forrest Gump, паше, овде ќе ти пљукнам една реплика за преѓе

Не знам дали има посоодветна тема, а и верви, не можам ни да побарам; моментално чкрапам од PC што има 256 рам, матер му ебам заостаната, така да, доволно е и а ова што се трудам
Нема да се објаснувам ниту да прашувам како ти или другите во темата начекаа навреди и споредби кој што слушал и тн. Ваљда така ви се чита најарно. Меѓутоа, иако тоа не го напишав, да, така мислам. И стојам на тоа.
Јас имам роднини турбофолкери. За жал, такви ги дал Господ и како на роднинсна линија морам да ги трпам.
Тоа што ми се роднини не значи дека не имаат некоја фалинка во мозокот што ги прави интелектуално захефтани, па за нив, кога се “хранат духовно“, највкусно нешто е турбофолкот.
Другари и пријатели што „чаше ломе“ немам, не заради музиката, туку заради тоа што се. Тоа што го слушаат е следствено на тоа што се, тука нема утка.
Да не се прајме Џон Ленон со сила сега.
Има една лоша категорија на НЕтурбофолкери, ама со слични невкусни приоди кон музиката, односно онаа алтернативна генерација која е создадена од виејџуан и други ѓубретарии. Кои, си праат прејлиста на кои ги има Кингс оф Леон, Моторхед, Падл оф Мад и Ерик Клептон.
За разлика од турбофолкериве кои се турбофолкери од раѓање, овие не се глупи, ама не се музички „искалени“. И тн и тн, ју гет мај поинт.
Не знам дали има тема „за вкусовите не се расправа“, оти треба да има. И петиљади пати и други, не само јас имаат напоменато, дека треба и мора да се дискутира за вкусовите.
Тоа дека не треба е најбескичменачка работа што постои. „Измислена“ од оние кои донегде се свесни дека не знаат „кај тераат“ со својот “укус“, ама шо да се прајт, то е
Не е фер, за бендој ко Лед Цепелин, на пример, да речиш дека за вкусовите не се расправа. Со тоа, не ги ставаш на исто ниво и со Ханка Палдум?
И мора да се разграничат некои работи.
Да, двајсиљади пати сам се имам номинирано ко музикофил, со „испечен занает“ и истанчен вкус. Јас животот го имам остаено на музика, и да, ми смета кога се соочувам со „штогоде“ реферирања за музика.
На пример, јас сум свесен дека, кога доаѓа време за филм, и за таа визуелна уметност, во споредба со, пример
Io Sono Interista; сум тотално филмски неписмен.
Јас попрво ќе му речам, дај, “научи ме“, него да кљафтам дека не треба да се расправаме за „вкусовите на двајцата“.
То е то. Нејасно, ама то е то.