Музички вести!

  • Креатор на темата Креатор на темата +_Inception_+
  • Време на започнување Време на започнување
Sandra напиша:
Novotooooooo Cd moze da se simne na

www.radiomk.com (=

- Download MP3 - YU 2006 - Ceca 2006 NEW

E sega mora da e taaaa (= ne sumljam ! lol barem ne ko ke se raboti so mali i negovata strana ..

јас слегнав една песна ама нејќе да свири мамата, кај вас се ли е во ред?
 
jas sakam dsa prasam dali ke ima,a ako ima koga ke ima Sound wave festival vo ljubanista!
 
ОТВОРАЊЕ НА ЛЕТНИОТ ФЕСТИВАЛ СО ГОСТИ ОД РУСИЈА
Царскиот балет ќе го овори Охридско лето и без оркестар.


{B578736D-BFC6-495D-A846-4EB34A364A2A}_balet-2.jpg

Годинашното Охридско лето , традиционално, на 12 јули, ќе биде отворено со Рускиот царски балет од Москва , како што беше најавено уште пред неколку месеци. Русите во Античкиот театар ќе настапат со двата нивни балета : "Кармен" од Бизе - Шчедрин и "Болеро" од Равел.

Нив треба да ги придружува оркестарот на Македонската опера и балет, веројатно засилен со уште неколку музичари.

Но со оглед на најавата на музичарите од МОБ, дека можеби ќе го бојкотираат отворањето на Летото ( ако не се постигне договор за нивните плати на ниво на Влада), настапот на Русите и отворањето на Фестивалот дојдоа во прашање.

Директорот на Охридско лето Зоран Стрезовски вели:
" Доколку и се случи такво нешто ние сме подготвени за резервна варијанта и настапот на Русите ќе оди со снимена музика. Така што отворањето на Охридско лето никако не е доведено во прашање".

Покрај Русите за отворањето е најавено и учество на солисти од Македонскиот балет, кои ќе изведат инсерти од претставата "Танго" од Пјацола.

Според најавите од уметничкиот директор на Царскиот балет Гедеминас Таранда тие подготвуваат и мало изненадување за охридската публика- куса балетска изведба на македонска музика.
Рускиот царски балет е формиран во 1994, а го осниваат Таранда и мега балетската светска sвезда Маја Плисецкаја. Ги негува претставите од класичниот балетскли репертоар, но и нови, современи кореографии и дела[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif].[/FONT]
 
Не ми суди: нова Македонска рап песна!
Нова македонска рап песна. Насловот е "Не ми суди", а авторот е Ники.
Продукција : WC production (www.warez.com.mk ). Како што веќе знаете, на 20-ти јуни настапува Баста Рајмс во Софија.
Еве една мотивација пред настапот за македонските рапери.
Инаку пред настапот на Баста Рајмс ќе настапува македонска група од Арена продукција што е голем успех за македонската рап сцена.
 
Нокаут снима "Де лукс" албум

{C067C347-5A6C-47E4-B314-3BFDDD73D39D}_NOKAUT-2.jpg

Во студиото на Никола Перевски-Пере, повторно обновените "Нокаут" интензивно работат на новиот материјал.
Првата песна со наслов "Тв радио", е целосно готова.

Пере, Франц, Кире и Ацо-Конга работат на уште неколку нови.

- Во план ни е да издаваме сингл по сингл, па на крајот да објавиме албум, ни изјави Пере. Се уште не сме сигурни дали "Тв радио" ќе биде првиот сингл, или ќе промовираме некоја друга песна.
До септември месец би требало да го завршиме албумот "Нокаут Де ликс". На него ќе има песни од првите два наши албуми, особено од првиот, за кој што мислиме дека не беше во продажба доволно долго. На цедето ќе има една нова песна", вели Пере.

Откако ќе се промовира албумот со најголемите хитови, "Нокаут" ќе го привршуваат третиот албум, со нови песни. Бендот е во преговори за неколку настапи летово низ Македонија.
 
Северина го откажа настапот на Сплитскиот фестивал

Северина во среда го откажа својот настап на Сплитскиот фестивал кој ќе се одржи овој викенд. Во кратката изјава истакнува дека поканата во Сплит ја има искрено прифатено зошто е професионална пеачка.
- Околу мојот настап настана негативна енергија, а со моето присуство тоа уште повеќе би се потенцирало затоа се откажувам - истакнува Северина.
Според трачевите, на нејзината одлука предходеше своеврстна фама која беше предводена од остенатите судии на фестивалот кои тврдеа дека се е наместено за она да победи. Се појавија и осудувања дека незината песна "Мој соколе" наводно била плагијат. Северина со своето непојавување од себе направи своеврстна ѕвезда на фестивалот, а сите останати провокатори ги фрли во канта. Директорот на фестивалот Томо Мрдуљаш го порекнува нејзиното откажување и покрај тоа што е пицмено известен во врска со тоа. Смета дека сепак во последен момент ќе прифати да запее.
 
Ѓоко Танески во финалето на "Славјански базар"

{6A2DC9DB-581D-463F-B548-55448A1C23FF}_goko-2.jpg


Ѓоко Танески влезе во финалето на интернационалниот музички фестивал "Славјански базар", што се одржува во Белорусија. На завчерашната полуфинална вечер, Танески ги испејал двете негови хит балади "Немам право" и "Расцветај".

- Неговиот настап беше еден од најдобрите. Публиката реагираше одлично", ни изјави менаџерот Маријан Катароски, кој е посредник за учество на нашите пејачи на "Славјански базар".

Фестивалот има две финални вечери. Ѓоко настапи синојќа, и повторно ќе пее вечерва. Од ланското издание на фестивалот со прва награда се врати Маријан Стојановски.
 
Со жалење морам да соопштам дека великанот Сид Барет основачот на Pink Floyd почина на 60 годишна возраст. Иако ги напушти Pink Floyd веднаш после првиот нивни албум The piper at the gates of dawn Барет остави еден огромен белег на нивната музика. Имено тој го напушта бендот поради констатирана шизофренија. Еден од најдобрите и најискрените албуми на Pink Floyd-Wish You were Here во целост му е посветен нему. Постои анегдота во која на песната посветена на него Shine on you crazy diamond тој после долгогодишна исчезнатост избезумен влетува во студиото (отпрвин никој не го познал) и како да се е во ред ја грабнал гитарата и рекол да почнат со снимањесо снимање. Нека му е лесна земја
19252.19219.x-news-sydbarrett.jpg
 
НА ВТОРАТА ВЕЧЕР НА ФЕСТИВАЛОТ СУНЧАНЕ СКАЛЕ

Елена- секс бомба во Херцег Нови


{0671F7C6-CE64-4013-B2E7-CF68803784E6}_elena-2.jpg


Елена Ристеска ексклузивно за "Вест" позираше на најлуксузната плажа во Игало, "Јахтинг клуб" во костим за капење. На папараците од српските весници не им беше дозволено да сликат, но ја искористија шансата, па кришум ја сликаа од кафулето над плажата. Акредитираните новинари на фестивалот ја нарекоа Елена секс бомба.

И Каролина со стилистката Цаци Паковска деновите ги минува во "Јахтинг клубот". Поп sвездата завчера не можеше да руча на раат, постојано ја фотографираа папараците. Каролина не отстапува од својот став да не се слика во бикини. Таа на плажата се појави во жешки панталончиња и корсет.

И Калиопи беше на ручек во истиот клуб. Облечена и во дебела сенка, таа даваше многу интервјуа. Вчера во прес центарот, Калиопи одржа прес конференција и ги запозна новинарите со нејзините активности.
 
bibika напиша:
НА ВТОРАТА ВЕЧЕР НА ФЕСТИВАЛОТ СУНЧАНЕ СКАЛЕ

Елена- секс бомба во Херцег Нови

Елена Ристеска ексклузивно за "Вест" позираше на најлуксузната плажа во Игало, "Јахтинг клуб" во костим за капење. На папараците од српските весници не им беше дозволено да сликат, но ја искористија шансата, па кришум ја сликаа од кафулето над плажата. Акредитираните новинари на фестивалот ја нарекоа Елена секс бомба.

И Каролина со стилистката Цаци Паковска деновите ги минува во "Јахтинг клубот". Поп sвездата завчера не можеше да руча на раат, постојано ја фотографираа папараците. Каролина не отстапува од својот став да не се слика во бикини. Таа на плажата се појави во жешки панталончиња и корсет.

И Калиопи беше на ручек во истиот клуб. Облечена и во дебела сенка, таа даваше многу интервјуа. Вчера во прес центарот, Калиопи одржа прес конференција и ги запозна новинарите со нејзините активности.
Елена е стварно риба али на сликана изгледа ептен тапа. Ако е сликата од Игало.
Каролина и добро е што не се појавува у бикини, пошто у тој случај папараците ќе треба цел ден да го преседат у некоја кафана. Мислам пази молим те Каролина , Цаци Пакоска и жешки пантолончиња. :pos2:
Жешки пантолончиња се за носење а не за навирање на колци милсам :toe:
А Калиопи нека не искача од под сенката и нека не помислува да се соблака. Побогу људи....па уште не е почната сезоната за лов на китови.
 
Еден од ретките моменти кога ми е криво ш`о не сум у Охрид. Утре Охриѓани ќе имаат супер концерт.
Брајан Фери и Рокси мјузик.
Ако ништо друго одете околу театарот и слушајте барем.
 
Jakov напиша:
Еден од ретките моменти кога ми е криво ш`о не сум у Охрид. Утре Охриѓани ќе имаат супер концерт.
Брајан Фери и Рокси мјузик.
Ако ништо друго одете околу театарот и слушајте барем.

И треба да ти биде!:)

Инаку, влезниците од по 50 евра се распродадени, нормално.
Само за да се „покажат„ како добри домаќини, старогражџани за сите што не успеале да набават влезници....НУДАТ столчиња по 20 евра на околните тераси кај амфитеатарот.....:pop: се шекнале луѓево.
 
Badijala koncertot e premesten vo salata.
More more....site ohriganjki i struzankana otisle na koncert.
Se podmocvet sega na Brajana pa pa pa.....
Bravo.
 
Музички вести:)

Да не би се отварало за секое посебно



Украдена урната на Курт Кобејн

Кортни Лав објавила дека е украдена урната со пепел на нејзиниот покоен сопруг Курт Кобејн.По морбидниот инцидент, контраверзната рокерка се заканува со самоубиство поради големата загуба.
- Неможам да верувам дека некој ми го направил ова. Тоа е одвратно, ми доаѓа да се убијам. Доколку крадецот не ја врати урната подготвена сум на се- изјавила растревожената жена на легендарниот лидер на Нирвана

Кобејн на 8 април 1994 беше пронајден мртов во семејниот дом во Сиетл.

Кобејн беше кремиран и дел од неговата пепел беше фрлена во реката Вишка, а дел задржа Кортни

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom