Мусака

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
114
Идеја за топиков ми даде мирисот што се шири низ цел мој комшук :lol:
некој/а прави мусака.. мммммммммм...

Мусаката се смета за прејадење. Да речеме и со право, лесна е вкусна е и многу брзо се приготвува (40 минути во просек).

Мусака од карфиол

- 1 главица карфиол од околу 800 гр.
- 7 јајца
- 300 гр. сирење
- 200 гр. павлака
- брашно
- 250 мл. млеко
- 200 гр. кашкавал
- масло за јадење
- сол

На оган ставаме тенџере со вода. Посолуваме, го покриваме тенџерето со капак и оставаме водата да зоврие. На даската за сечење карфиолот го чистиме и го сечкаме на гранчиња. Во поголем длабок сад на покрупната страна од рендето ги рендаме сирењето и кашкавалот. Потоа во садот кршиме 2 јајца и со рака месиме додека не се соедини смесата. Во зовриената вода во тенџерето го ставаме карфиолот да се обари. Го покриваме тенџерето со капак.
Во земјан сад кршиме 3 јајца и ги матиме со жица за матење. Обарениот карфиол со лажица решетка го ставаме во цедалка.
На оган ставаме тава за пржење и во неа ставаме масло да се загрее. Парчињата карфиол ги валкаме во брашно и ги ставаме во садот со изматени јајца. Откако ќе ги свалкаме во матени јајца парчињата карфиол ги ставаме да се пржат во тавата. За време на пржењето ги превртуваме. Испржениот карфиол го ставаме во керамички сад и на една чинија. Врз карфиолот во керамичкиот сад го ставаме претходно подготвениот фил од сирење, кашкавал и јајца, а врз него редиме уште еден ред похуван карфиол. Тавата со мусака од карфиол ја ставаме во рерна да се пече. Печеме 15- тина минути на температура од 200 степени. Преостанатите јајца ги кршиме во поголем длабок сад и ги матиме со жица за матење. Во садот ја додаваме павлаката и мешаме со жицата. Потоа во садот го додаваме млекото и се убаво промешуваме со жицата. Откако карфиолот ќе зарумени ја вадиме тавата од рерна, ја поливаме со јајцата павлаката и млекото и повторно ја враќаме тавата во рерна. Откако преливот ќе се запече ја вадиме тавата од рерна и ја ставаме на работната маса. По две парчиња мусака со карфиол ставаме на чинија за сервирање, а секое парче го украсуваме со топка павлака.
 
Мусака од кељ

- 1 кг. кељ
- 500 гр. мелено месо
- 4 јајца
- 2 главици кромид
- 200 мл. павлака
- 150 гр. брашно
- 3 чешниња лук
- 300 мл. млеко
- магдонос
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Главицата кељ ја разлистуваме. На листовите им ги отсекуваме кочаните. Кромидот ситно го сечкаме. И чешнињата лук ги сечкаме. Магдоносот ситно го сечкаме. Зовриената вода во тенџере на оган ја посолуваме. Во тенџерето ги ставаме листовите кељ да се обарат. Обарените листови ги вадиме од тенџерето и ги ставаме во цедалка.
Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло го ставаме исечканиот кромид да се пржи. Откако кромидот ќе омекне во тавата го додаваме меленото месо. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Го додаваме исечканиот лук. Промешуваме. Во тавата додаваме сечкан магдонос. Повторно промешуваме. Ја тргаме тавата од оган.
Во подлабок сад кршиме две јајца. Ги матиме јајцата со жица за матење. Додаваме млеко. Мешаме со жицата. Во садот го додаваме брашното. Мешаме со жицата. Посолуваме.
Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. Секој лист кељ го свалкуваме во смесата од јајца, млеко и брашно. Потоа го ставаме да се пржи на загреаното масло. За време на пржењето листовите кељ ги превртуваме во тавата. Испржениот кељ го вадиме од тавата и го редиме на чинија. Огноотпорниот сад го попрскуваме со масло за јадење. Во садот редиме еден ред кељ. Врз кељот редиме еден ред фил од мелено месо. Повторно редиме еден ред кељ. Врз кељот го распоредуваме преостанатиот фил од мелено месо. Последниот ред е повторно кељ. Го ставаме огноотпорниот сад во рерна. Печеме 30- тина минути на температура од 200 степени.
Во меѓувреме во сад ги кршиме преостанатите две јајца. Ги додаваме павлаката и преостанатото млеко. Во садот го додаваме исечканиот магдонос. Посолуваме. Мешаме со жицата за матење додека смесата не се соедини. Го вадиме огноотпорниот сад од рерна. Мусаката од кељ со црпалка ја преливаме со јајца и павлака. Го враќаме огноотпорниот сад во рерна. Печеме додека мусаката не порумени. Го вадиме огноотпорниот сад од рерна. Со нож Мусаката од кељ ја сечеме на парчиња. Две парчиња Мусака од кељ ставаме на чинија за сервирање. Украсуваме со кругови кромид и гранчиња магдонос.
 
Мусака со компири и тиквички

- 500 гр. Компири
- 1 тиквичка
- 300 гр. Кашкавал
- 1 главица кромид
- 2 домата
- 100 гр. Сирење
- јогурт
- 1 главица лук
- мајчина душичка
- масло за јадење
- сол и црн пипер


Еден огноотпорен сад го намрснуваме со масло за јадење. На даската за сечење варените компири ги сечеме на тенки кругови и ги редиме во огноотпорниот сад. Врз компирите го рендаме сирењето. Потоа на тенки кругови ја сечкаме излупената тиквичка. Парчињата тиквичка ги редиме во огноотпорниот сад врз ренданото сирење. Потоа на крупно го рендаме кашкавалот и го ставаме во огноотпорниот сад врз тиквичките. Кромидот ситно го сечкаме и го редиме врз кашкавалот. Доматите ги сечеме на тенки кругови и ги редиме во садот. Во еден длабок сад го ставаме јогуртот. Чешнињата лук ситно ги сечкаме. Во садот со јогурт додаваме мајчина душичка и промешуваме со лажица. Потоа во садот го додаваме сечканиот лук, посолуваме и додаваме мелен црн пипер. Во садот додаваме малку млеко. Наредената мусака во огноотпорниот сад ја полеваме со масло за јадење, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Потоа мусаката ја преливаме со претходно подготвениот прелив од јогурт, млеко и зачини. Огноотпорниот сад го ставаме да се пече во фурна 20- тина минути на температура од 250 степени. Откако мусаката убаво ќе се запече го вадиме садот од фурна и го ставаме на работната маса. Со лажица решетка најпрво ги одлепуваме краевите од мусаката од садот. Потоа поголеми парчиња од мусаката вадиме на чинија за сервирање.
 
Мусака со леќа и печурки


- 500 гр. леќа
- 250 гр. сечкани маринирани шампињони
- 100 гр. маргарин
- 2 главици кромид
- корен од целер
- 100 гр. моркови
- 3 чешниња лук
- магдонос
- лебни трошки
- 2 лажици соја сос
- масло за јадење сол и црн пипер

Потребно време за подготовка на ова предјадење е 70- тина минути.

На покрупната страна од рендето ги рендаме морковот, коренот од целер, лукот и кромидот. Во тенџере на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло го ставаме изренданиот зеленчук да се пржи. Промешуваме и додаваме уште масло за јадење. Потоа во тенџерето ја додаваме леќата. Промешуваме, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Во тенџерето налеваме вода. Промешуваме и додаваме 2 лажици соја сос. Го покриваме тенџерето со капак. Вариме на тивок оган 30 минути.

Во меѓувреме шампињоните ситно ги сечкаме. Во тава на оган ставаме масло да се загрее. Во тавата ги додаваме шампињоните. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во тавата. Промешуваме за време на пржењето. По две минути ја тргаме тавата од оган. И тенџерето со сварената леќа го тргаме од оган. Содржината од тенџерето ја истураме во цедалка. Огноотпорниот сад го попрскуваме со малсо за јадење. Половината од леќата ја ставаме во садот и ја рамниме со лажица. Врз леќата го ставаме филот од печурки и го рамниме со лажица. Врз филот ја ставаме преостанатата леќа и ја рамниме со лажица.

Во тенџере на оган го ставаме маргаринот да се растопи. Мешаме за маргаринот побрзо да се растопи. Во растопениот маргарин додаваме 2 лажици лебни трошки. Мешаме, го тргаме тенџерето од оган и со содржината од тенџерето ја преливаме мусаката од леќа и печурки. Огноотпорниот сад го ставаме во рерна. Печеме 25 минути на температура од 190 степени. Го вадиме огноотпорниот сад од рерна и мусаката ја сечеме на 6 парчиња. Две парчиња од мусаката од леќа и печурки ставаме на чинија за послужување. Парчињата мусака ги преливаме со јогурт и ги наросуваме со ситно сечкан магдонос.

musaka.jpg
 
Виното јас да го одберам за ручекот или?
 
Мусака со чаден врат и грашок

- 250 гр. чаден свински врат
- 400 гр. грашок
- 3 тврдо варени јајца
- магдонос
- 100 мл. павлака
- 200 гр. ементалер
- 2 лажици лебни трошки
- 50 гр. путер
- масло за јадење
- сол и црн пипер

На даската за сечење ситно го сечкаме магдоносот. Свинскиот врат исечкан на ленти го сечкаме на долгнавести парчиња. Претходно сварените и излупени јајца, со алатка ги сечкаме на кругови. На ситната страна од рендето го рендаме ементалерот. Зовриената вода во тенџере на оган ја посолуваме. Во тенџерето го ставаме грашокот да се вари. Откако грашокот ќе омекне го тргаме тенџерето од оган. Содржината од тенџерето ја истураме во цедалка. Го плакнеме грашокт со студена вода. Оставаме грашокот да се исцеди. Огноотпорниот сад го намрснуваме со путер. Во садот редиме еден ред грашок. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Врз грашокот наросуваме сечкан магдонос. Потоа во садот ставаме еден ред сечкан свински врат. Врз свинскиот врат ставаме еден ред кругови варени јајца. Потоа повторно ставаме еден ред грашок. Врз грашокот ставаме ред свински врат. Врз вратот ставаме магдонос. Наросуваме мелен црн пипер. Повторно ставаме ред грашок. Врз него ставаме парчиња свински врат. Наросуваме магдонос. Потоа ставаме еден ред кругови варени јајца. Повторно наросуваме мелен црн пипер. Го ставаме огноотпорниот сад во рерна. Печеме 20 минути на температура од 200 степени. Преостанатиот ементалер го мешаме со павлаката. Го вадиме огноотпорниот сад од рерна. Ја преливаме мусаката со прелив од павлака и ементалер. Го враќаме огноотпорниот сад во рерна. Печеме додека ементалерот не се растопи. Го вадиме огноотпорниот сад од рерна.
Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови зелена салата. Со лажица решетка вадиме од Мусаката од чаден врат и грашок од огноотпорниот сад и ставаме на чинија за сервирање. Украсуваме со полукругови домат на двата краја на чинијата.

moussaka.jpg
 
Мусака од шунка

Состојки:

- 400 гр. шунка
- 5 јајца
- рендано сирење
- 280 гр. Брашно
- 100 гр. Пармезан
- лебни трошки
- 1 китка магдонос
- 2.5 дл. кисела павлака
- 5 дл. Млеко
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка:

Во длабок сад за матење кршиме 3 јајца. Потоа со електричен миксер кратко време ги матиме јајцата. Непрекинато матејќи со миксерот ја додаваме целата количина на млеко. Продолжувајќи со матењето постепено го додаваме брашното. Матиме уште извесно време па смесата ја посолуваме. На крај без да прекинеме да матиме со миксерот на сммесата и додаваме масло за јадење.

На оган ставаме една тава за пржење и во неа ставаме малку масло за јадење да се загрее. Загреаното масло од тавата го претураме во еден длабок сад.

Од подготвеното тесто со црпалка ставаме во тавата и пржиме тенки палачинки. Палачинките ги оставаме на чинија да се ладат.

Настрана ја земаме Шунката , ја сечеме на кругови со дебелина од половина сантиметар, а потоа секој од круговите го сечкаме на долги резенки. Сите палачинки ги пресекуваме на 4 дела, а потоа секој дел на тенки резенки.

Земаме една тава за печење и со четка го намрснуваме. Ја потураме тавата со лебни трошки по целата површина за да не се залепат палачинките. Во тавата редиме еден ред од резанките од палачинките, па еден ред од резанките од шунка. Потураме со рендан пармезан. Потоа ја повторуваме постапката се додека не ја потрошиме целата смеса од палачинки и шунка. Најгорниот ред треба да биде од пармезан. Тавата со мусаката ја ставаме да се пече во рерната. Муската се пече 40 минути на температура од 220 степени. Во меѓувреме додека се пече мусаката во еден подлабок сад кршиме 2 јајца. Ги матиме јајцата со вилушка и во садот ја додаваме киселата павлака. Продолжуваме да матиме со вилушката додека јајцата и павлаката не се соединат.

При крајот на печењето на мусаката го додаваме ренданото сирење. Врз него со лажица ја нанесуваме смесата од јајца и кисела павлака. Ја зголемуваме температурата на рерната и ја оставаме мусаката кратко да се потпече само од озгора да добие убава румена боја. Ја вадиме тавата од рерна и ја ставаме на работната маса. Со нож ја сечеме мусаката на големи парчиња. Со лажица решетка ги вадиме парчињата на чинија. Чинијата ја украсуваме со преостанатата кисела павлака. Декорираме со гранчиња копар.

vegMoussaka.jpg
 
Мусака од ориз

- 350 гр ориз
- 200 гр грашок
- 4 компири
- 1 морков
- 1 главица кромид
- 100 гр печени кикиритки
- 200 мл доматен сос
- масло за јадење
- сол и црн пипер


Компирите ги лупиме. Излупените компири ги ставаме во сад со вода, за да не ја губат бојата. Потоа компирите ги сечкаме на коцкички. Парчињата компири ги ставаме во сад со вода. Морковот го сечкаме на коцкички.
Во тенџере на оган налеваме вода. Во тенџерето го ставаме грашокот да се вари. Во тенџерето ги додаваме парчињата моркови. Ги додаваме и парчињата компири. Промешуваме. Посолуваме. Го затвораме тенџерето со капак и оставаме зеленчукот да се вари.
Главицата кромид ситно ја сечкаме. Во тенџере на оган ставаме масло за јадење. Во тенџерето го додаваме исечканиот кромид, да се пржи. Промешуваме. Потоа во тенџерето го додаваме оризот. Мешаме за време на пржењето. Во тенџерето додаваме 1 литар вода. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. ПромеШуваме. Го затвораме тенџерето со капак и оставаме да се вари, додека оризот не омекне. Тенџерето со сварениот грашок, моркови и компири го тргаме од оган и зеленчукот го ставаме во цедалка. Оставаме зеленчукот да се исцеди. И тенџерето со сварениот ориз го тргаме од оган.
Земаме една керамичка тава и ја попрскуваме со масло за јадење. Потоа во тавата го ставаме сварениот ориз и кромид. Врз оризот го ставаме исцедениот грашок, морков и компири. Ја рамниме површината. Го ставаме преостанатиот ориз и кромид. Го распоредуваме по целата горна површина. Одозгора го налеваме доматниот сос. Со лажицата правиме длабнатини во зеленчукот за да може доматниот сос да пробие до дното на тавата. Керамичката тава ја ставаме во рерна. Печеме 20-тина минути на температура од 180 степени. Ја вадиме керамичката тава од рерна. Испечените кикиритки ги мелеме со машина за мелење ореви. Со мелените кикиритки наросуваме врз Мусаката од ориз. Мусаката ја сечеме на парчиња. Две парчиња од Мусаката од ориз ставаме на чинија за сервирање. На чинијата ставаме од доматниот сос.
 
The`bItCh напиша:
Мусака со леќа и печурки


- 500 гр. леќа
- 250 гр. сечкани маринирани шампињони
- 100 гр. маргарин
- 2 главици кромид
- корен од целер
- 100 гр. моркови
- 3 чешниња лук
- магдонос
- лебни трошки
- 2 лажици соја сос
- масло за јадење сол и црн пипер

Потребно време за подготовка на ова предјадење е 70- тина минути.

На покрупната страна од рендето ги рендаме морковот, коренот од целер, лукот и кромидот. Во тенџере на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло го ставаме изренданиот зеленчук да се пржи. Промешуваме и додаваме уште масло за јадење. Потоа во тенџерето ја додаваме леќата. Промешуваме, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Во тенџерето налеваме вода. Промешуваме и додаваме 2 лажици соја сос. Го покриваме тенџерето со капак. Вариме на тивок оган 30 минути.

Во меѓувреме шампињоните ситно ги сечкаме. Во тава на оган ставаме масло да се загрее. Во тавата ги додаваме шампињоните. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во тавата. Промешуваме за време на пржењето. По две минути ја тргаме тавата од оган. И тенџерето со сварената леќа го тргаме од оган. Содржината од тенџерето ја истураме во цедалка. Огноотпорниот сад го попрскуваме со малсо за јадење. Половината од леќата ја ставаме во садот и ја рамниме со лажица. Врз леќата го ставаме филот од печурки и го рамниме со лажица. Врз филот ја ставаме преостанатата леќа и ја рамниме со лажица.

Во тенџере на оган го ставаме маргаринот да се растопи. Мешаме за маргаринот побрзо да се растопи. Во растопениот маргарин додаваме 2 лажици лебни трошки. Мешаме, го тргаме тенџерето од оган и со содржината од тенџерето ја преливаме мусаката од леќа и печурки. Огноотпорниот сад го ставаме во рерна. Печеме 25 минути на температура од 190 степени. Го вадиме огноотпорниот сад од рерна и мусаката ја сечеме на 6 парчиња. Две парчиња од мусаката од леќа и печурки ставаме на чинија за послужување. Парчињата мусака ги преливаме со јогурт и ги наросуваме со ситно сечкан магдонос.

musaka.jpg

Ova na slikava mi lici na polneti modri patlidzani.
 
Бич, ако вакви рецепти знајШ и ако знајШ да ги зготвиш, ќе те грабам, мор, да знајШ!!
 
знам нешто ама не се :P
123 напиши на гогл мусака и види ги сликите :evil:
 
The`bItCh напиша:
знам нешто ама не се :P
123 напиши на гогл мусака и види ги сликите :evil:

A ti procitaj si ja receptata i vidi ja slikata.
Toa se polneti modri patlidzani, daj ja barem nivnata vistinska recepta.
 
123 напиша:
The`bItCh напиша:
знам нешто ама не се :P
123 напиши на гогл мусака и види ги сликите :evil:

A ti procitaj si ja receptata i vidi ja slikata.
Toa se polneti modri patlidzani, daj ja barem nivnata vistinska recepta.
imas pravo jas na slikata gledam patlidzani vo receptot ne stoi isto i melenoto meso ne stoi vo napisaniot recept :? znaci toa e greska recept :wink:
 
Изгледа требит се да пишам одма под постираниот рецепт..
рецептот за мусаката (за која што се фативте) го најдов што го најдов .. го средвев малку бла бла и до него имаше слика.. но, сликата не можев да ја земам и се потрудив на гогл да најдам слика слична на таа која што беше до рецептот.. и најдов слична на оригиналната.. сакате вервите не сакате не морате.. ако толку ви пречи сликата кажете ќе ја тргнам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom