Отишол Мујо на лекар и му вели:
- Докторе имам еден голем проблем, морате да ми го кажете вашето мислење...
- Каков проблем? - прашува докторот.
- Докторе, работата е малку комплицирана, па најдобро би било да почнам од почеток.
И почнува:
- Пред едно 2 месеца, доаѓам јас дома и кога што да видам, мојата Фата се работи со комшијата и мојот добар пријател Хасо. Онака бесен, го земам пиштолот и тргнувам да ги убијам скотовите, а тогаш Хасо ми вели: Мујо, полека, смири се... Размисли малку.... Ајде Фато, свари му на човекот кафе... Види Мујо, ти ќе ме убиеш мене, јас ќе одам в гроб, ти ќе одиш в затвор и тогаш некој друг ќе дојде да ја работи Фата... И што си постигнал, ништо...
Во тој миг докторот го прекинува Мујо и му вели:
- Ама ве молам господине, каква врска има ова со вашето доаѓање овде? Какво прашање имате?
A Мујо:
- Е па не е така едноставно...Морам уште нешто да ви раскажам...Неколку недели после оваа случка, одам јас на службен пат, ама случајно се враќам еден ден порано, кога имам што да видам. Пак истата работа. Јас побеснев. Го зедов пак пиштолот и сакав Фата да ја убијам, кога Хасо ме запира и ми вели: Мујо, не биди будала, застани и дај го ваму пиштолот. Ајде Фато свари кафе.... Гледај сега, ако ја убиеш Фата, ќе одиш в затвор, неа ќе ја нема, па кој ќе ти се грижи за децата?
Во тој момент, докторот веќе бесен, го прекинува и се развикува:
- Ама каква врска има тоа со мене? Дали сте вие нормален?????
А Мујо:
- Еве докторе, само да ви раскажам што се случи пред некој ден... Зедов слободно попладне и си дојдов дома, кога замислете, пак мојава Фата и Хасо се работат!! Гледам тука дека веќе лек нема, го зедов оној пиштол, сакм себе да се убијам, кога Хасо ми вели:
- Мујо, пријателе, полека...Чекај... фато, направи му на човекот едно кафе...А ти Мујо спушти го тој пиштол. Знаеш дека тоа никаде не води и дека не е тоа решение...
Докторот, веќе вон себе од бес, се дере колку што го држи грлото:
- Па кој к*р дојде овде ова да ми го раскажуваш???? Кое е твоето прашање??
A Мујо најмирно одговара:
- Па докторе, ќе ми штети ли мене ТОЛКУ МНОГУ КАФЕ??