smihajlo
Superposition, Relentless
- Член од
- 11 август 2010
- Мислења
- 3.759
- Поени од реакции
- 4.529
Брат фејсбукот ти е како се друго во животот не е важно кое с*ање го користиш туку КАКО,Брат или си ми ги читал мислите пред да ја отвориш темава...или тоа е доказ дека имало уште некој на кој му се гади мудрувањето за внимание.
Јас не користам фејсбук,веќе скоро 1.5 година....и сум пресреќен.
А од друга страна,не сум таму,поради тоа што таму сите го имаат достигнато зенот на мудроста.....јас искрено сега прв пат да се среќавав со фејсбук,и да немаше луѓе од мојата околина кои ги познавам....ќе мислев дека фејсбук е олицетворение на мудроста...и дека таму некој го има најдено светиот Грал.
А во реалноста тоа е една таква проста збирштина,на искомплексирани и исфрустрирани и нереализирани ликови.(секоја чест на исклучоците)
Така да мудрувањето,е прекрасно доколку го слушаш од човек кои зад себе има оставено пола животен век,на истите тие мудрости.А не копи паст мудреци.
А најтажно од се е кога некој копук/чка(на возраст над 24год) ќе напише дека сфатила некој сегмент од животот....а од друга страна ти истото тоа си го сфатил уште во најбурните тинејџерски години....и после како да не се разочараш од околината?![]()
Опција 1:Дреми на ФБ ,троши го времето на глупи игрици, гледај слики од луѓе што ги познаваш и не ги познаваш,замарај се со глупи статуси итн. да не тупам
Опција 2: Направи некој солиден муабет по чат,договори кафе со симпатија,договори баскет со друштво или деца од маало,со клас од средно-факултет не си се видел од којзнае кога пиши им на група ајде собиранка на пиво да ја гледаме Македонија-Шведска итн.
Се надевам ми ја свати поентата и дрогата ако се зема во мали и контролирани од доктор дози делува како лек во спротивно ќе те уништи.
Фејсбукот не е лоша работа само што луѓето не го користат како што треба имаат желба да се докажат и покажат и од тука произлегуваат тие мудрувања и разголени фотки од интелектуално и емоционално недозреани личности.
Сега како и дали ќе го користиш од тебе зависи.(се мисли на секој поединец)