- Член од
- 12 октомври 2007
- Мислења
- 1.482
- Поени од реакции
- 22
Со автопазарот во Скопје, леглото на ситниот криминал, сивата економија и незаконското работење, каде дури и ситните тапкароши го пронашле своето место за бизнис, стопанисува „Фершпед“.
Оваа фирма годишно со автопазарот прави обрт од над 100 милиони евра. Пазарот е сместен во царинските терминали на фирмата, која покрај производство на вино, хотелиерство и другите бизниси, се занимава и со шпедиција.
Од „Фершпед“ побаравме, но не добивме одговори на прашањата до каде се границите на пазарот, колку тезги има, дали цената е иста за сите тезги и за автомобилите, дали издаваат фискални сметки за наплатата, како се третираат продавачите надвор од границите на „Фершпед“ и дали и нив им се наплатува.
На автопазарот каде треба да се продаваат само автомобили, делови за нив и автогалантерија, се продава се и сешто.
Но, за продадената и купената роба не се издаваат фискални сметки, се продава алкохол, крадена стока, со што се прекршени законите за трговија, за финансии.
На автопазарот царува пиратеријата и не се почитува Законот за заштита на авторските права. На ова место прекршен е и Законот за заштита на децата, затоа што и малолетници продаваат секаква роба.
На автопазарот се продава дури и живина
Се произведува, се чува и продава храна во несоодветни услови, што значи дека е прекршен и Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за санитарна и здравствена заштита.
На автопазарот хигиената е на најниско ниво, се продава дури и живина и не се почитува Законот за јавна чистота.
Во недела автомобили се паркирани на улиците и тротоарите, прекршен е Законот за безбедност во сообраќајот, прекршени се и законите за работни односи, за вработување и осигурување.
Ова се само дел од неправилностите кои можат да се забележат само со една обиколка на автопазарот. Но, ваквиот начин на работа кој го практикува „Фершпед“ повеќе од 18 години, значи и кршење на законите.