Неодамна го купив овој MP4 плеер во Germanos а продавачот ме информира дека многу такви се купувале деновиве па би сакал да ве информирам и јас за тоа што да очекувате од плееров доколку сакате него да го купите.
Како прво, плеерот на сликата изгледа поприлично голем но всушност димензиите му се 7 см (должина) иа 3,5 см (ширина). Внатрешното мени има ужасен дизајн, има некаков крупен непознат фонт и ужасна графика. На CD-то што го добив со плеерот има некаков чуден софтвер за да зборувам преку плеерот! Нема ништо друго, нема конвертер за MTV Или AMV Клипови (само такви поддржува, во упатството пишува дека поддржува и ASF и WMV ама не е така). Има и firmware којшто нажалост е истиот што е веќе во плеерот па ако се обидете да му направите UPGRADE ќе го добиете истото мени. На веб-страницата од плеерот нема ништо ново од 2004 година!
Како и да е, има опција за слушање радио и снимање од радиото, а има и слушалки кои што се со задоволителен квалитет а има и екстерен звучник во случај да не ви се слуша на слушалките. Долго трае, околу 8 часа може да слушате, има две варијанти од 512МБ и 1ГБ, во Германос имаа само од 512МБ и тој е 2700 денари а другиот не знам. Мислам дека за парите и не може повеќе да се добие, во секој случај, ако не ви е гајле како изгледа менито (бидејќи стварно е лошо), се останато е ОК!