Mr. Bean

  • Креатор на темата Креатор на темата StOrMK
  • Време на започнување Време на започнување

StOrMK

Rain
Член од
24 јули 2015
Мислења
345
Поени од реакции
151
Локација
Скопје
Сигурно се сеќавате на комичната британска серија „Mr. Bean“, со секојдневните авантури на истоимениот лик, глумен од Рован Аткинсон. Овој викенд во Британија се одбележаа 25 години од почетокот на оваа култна серија.

Аткинсон, ѕвездата и креаторот на серијата, годишнината ја прослави во Бакингемската палата, целосно во карактер. Актерот се појави со неговиот познат автомобил, со омиленото плишано мече и ја рекреираше една од најпознатите сцени во серијата - кога мистер Бин ќе направи шопинг и предметите ќе го преполнат автомобил, па ќе мора да најде алтернативен начин на возење на возилото.

„Mr. Bean“ оригинално се прикажуваше во периодот 1990-1995 година, но и многу по тоа уживавме и се смеевме во серијата, на репризите што ги прикажуваа на телевизиските канали.

rowan-atkinson-mr-bean-25.jpg


rowan-atkinson-mr-bean.jpg





Извор на текстот и сликите: www.kajgana.com
Извор на видеото: YouTube



СРЕЌНА 25 ГОДИШНИНА МР.БИН!
 
Значи потребни беа отприлика исто толку години 25 (мање една до две) за да тогаш една ретардирана реакција, постане сега тренд, зараза па дури и болест кај многумина.

Селфи

Schermafbeelding-2014-06-25-om-15.28.49.png
 
Никогаш не ми се допаѓал дебилниот хумор на Мр. Бин, за разлика од Black Adder, која е апсолутно генијална серија. Како куриозитет, цитати од таа серија се наоѓаат собрани во он лајн библиотеката на Принстон Универзитетот. Цитати од типот на можеби најгенијалната споредба на сите времиња, поглуп план не сум слушнал од оној на Абрахам Линколн кога рекол, доста се шуткам низ дома, ќе одам во театар.
 
Никогаш не ми се допаѓал дебилниот хумор на Мр. Бин, за разлика од Black Adder, која е апсолутно генијална серија. Како куриозитет, цитати од таа серија се наоѓаат собрани во он лајн библиотеката на Принстон Универзитетот. Цитати од типот на можеби најгенијалната споредба на сите времиња, поглуп план не сум слушнал од оној на Абрахам Линколн кога рекол, доста се шуткам низ дома, ќе одам во театар.
Мислам дека ,,револуционерноста" кај Бин е тоа што успеа да се направи каква таква комедија која не се темели на добрите реплики (добро и Чаплин пример во својата ера е препознатлив) но ете во ера каде најчесто ситкомите/комедиите англиски нели се темелат на хумор низ добри реплики, Бин е малку поинакво остварување.

Јас кога ќе се спомне Бин секогаш се навраќам едно добри 15-тина години во детството. Такво некое чувство ми буди :) на топлина, на детски спокој и гледање телевизија без да му ја мислам многу многу за живот, опкружување и така натака. Зарибал со колата, насмеј се, бебето летнало со балонот в облаци, пак смешки детски.

Сега не би го гледал за смеа, би го гледал ради евоцирање спомени од мал, ама и до тоа не ми е дојдено пример.

А Black Adder е веќе класи над Бин, фино скоцкано по периоди со сите мани и доблести низ историјата.
 
Абе Бин е легенда, само фацата да му ја видите одма на Бин ви текнува.
Го зимам Џони Инглиш за пример, еве кога го има на ТВ кога ќе се појави Рован мене прва слика и прво што ми текнува е Бин а не Џони Инглиш. Дури по секунда - две се свестувам дека е Џони Инглиш.
Не знам зошто не сними уште некој филм како Бин, а не Џони Инглиш. Некоја акција. :D
 
Не може баш да се споредува Мистер Бин со Црна Змија. Мистер Бин му е забава за целото семејство, со целна група публика од 5 до 95 годишна возраст. Нормално дека ќе биде нешто дебилно базирано на пантонима. Нешто што е најсмешно за деца, ама и возрасен да не може да се воздржи. Затоа го обожаваат.

Blackadder гледам не им е смешна на сите. Памтам како дете ја даваа и Blackadder одвреме-навреме на некоја телевизија. Јас ја гледав дека „еее види, Мистер Бин“, ама не ми беше баш интересна. А како ќе ми биде кога не сум знаел ни кој е Линколн, ни кој е Црвениот Барон, ни каде е Непал, ни ништо, многу јасно дека нема да го сфаќам хуморот. Дури кога ја гледав пак после години сфатив колку е генијална и сега комотно ја ставам меѓу омилените телевизиски и филмски остварувања.
 
Знае некој како се викаше епизодата како што оди на балет, театар или опера и една кокона пред него му смета со пердувите и овој и ги извади и и ги лупна како на индијанец?
 
Нема посмешна англиска серија и воопшто од оваа.
Сите епизоди се која од која посмешна а најсмешна ми е онаа кога иде со женска му во кино и ги плаши сите пред филмот а ќе умреше од страв самиот, back to school mr.bean,и првата the return of mr.bean кога не знаеше ништо од испитот а на крај сфати дека ги решавал погрешните задачи...се скинав од смеење... :-D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom