МПЦ му се оддолжува на Видинскиот Митрополит Домитијан

  • Креатор на темата Креатор на темата Bora Bora
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
Иницијативата за одликување на бугарскиот Архиереј била на струмичката епархија, поради позитивните ставови и чекори што Видинскиот митрополит ги имал кон Македонската православна црква. Домитијан беше главниот линк преку кој монахињите и монасите го напуштаа Јован Вранишковски

8CB577B509427A48B30FC02FE676FA9E.jpg
Македонската православна црква го одликувала со орден на 15-те тивериополски маченици од редот на светиот македонски крст, видинскиот митрополит г. Домитијан, од Бугарската православна црква. Архиерејот на БПЦ, кој важи за близок пријател на МПЦ-ОА, орденот лично го примил во Струмица за време на одбележувањето на патрониот празник на градот, во неделата.
Иницијативата за одликување на бугарскиот Архиереј била на струмичката епархија, поради позитивните ставови и чекори што Видинскиот митрополит ги имал кон Македонската православна црква. Домитијан беше главниот линк преку кој монахињите и монасите го напуштаа Јован Вранишковски. Во манастирите на Видинската епархија веќе петта година се сместени осум монахињи, кои во 2007-тата, решија да заминат од Јовановата ПОА. Владиката Домитијан тогаш позитивно одговори на монахињата Таиса, која бараше канонски прием во БПЦ. Целата акција од страна на МПЦ, неофицијално ја координирал Струмичкиот митрополит, г. Наум. Тогашните информации зборуваа дека митрополитот г. Домитијан, на тој начин овозможил заштита на овие монахињи, кои додека беа со Вранишковски биле под постојан притисок. Домитијан тогаш во изјава за Вечер, потврди дека единствена цел за нивниот прием во БПЦ била да се спречи каква било комуникација на Вранишковски со монахињите. Иако Јован неколкупати се обидувал да стапи во контакт со нив, тоа не му било овозможено.
-Игуменијата Таиса и седумте монахињи, се целосни изолирани од какво било влијание на Вранишковски. Јас имав една неформална средба со него. Се видовме на една конференција во странство. Тој мене не смее да ми се јави. Јас тогаш му реков дека сестрите се многу добро, но тој премолча. Ништо не рече. Најверојатно се чувствува виновен, изјави за Вечер г. Домитијан, во 2007-тата, веднаш по приемот на македонските монахињи. Извесно време подоцна, архиепископот г.г. Стефан, придружуван од митрополитот Брегалнички, Иларион, беше во посета на Видинската епархија, каде се сретна со монахињите. Преку Видинската епархија, и надлежниот Архиереј, г. Домитијан во МПЦ се врати и јеромонахот, Атанасиј Арсовски, кој сега е еден од блиските соработници на Поглаварот.
Домитијан, според изворите на Вечер, е единствениот архиереј од редот на сестринските православни цркви, кој е одликуван со орден на МПЦ.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=3D231D6F70A9254D8AC5668D969F41E0
 
Великобугарската политика во Македонија, руното го менува, ама не и ќудот.
 
Што ќе му е орден, нека му дадат неколку лопати за препродавање...
Јаааа, лопати ќе му даделе.... па 3 тисуча евра се тоа по лопата. Ќе си ги продадат сами
 
Добро де, не мора од позлатените да му даваат.
Нели Мики? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom