Mp3 преку запалка

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.258
Поени од реакции
12.510
Го најдов случајно и изгледа интересно. Направа која се приклучува на запалката, на неа се става УСБ со Мп3, и истата предава на FM фрекфенција и вие на вашето радио ги слушате песните од флеш меморијата. Ако имате старо радио само со касета а сакате да слушате Мп3 ова изгледа интересно. Дали некој го има или да ни каже нешто повеќе?

http://www.pazar3.com.mk/viItem.asp?itemid=40982&category=3&type=&page=5

53283.JPG


53284.JPG
 
Еј интересно... Ова е стварно кул работа, башка немора да имаш радио со USB приклучок... А и цената 1.500 денари е сосем прифатлива.
Предности: можеш да ставиш мп3-ки во 1 гига USB па да слушаш којзнае колку време. Нема да има пречки од типот барај друга радио станивца пошо оваа шушти или нема повеќе домет.
Недостаток: гарант нема да има цд-квалитет, па песните што ке ги слушаш нема да имаат којзнае каков бас. И незнам колкав му е дометот, да не може онај зад тебе да ја фати твојата фреквенција, па да си слушате музиче заедно :)
 
Абе ова се е ок ама од кај ќе искача звукот и со која јачина ќе биде?
Не си сфатил како работи очигледно...
Уредчево зрачи на фрекфенција која ти ќе ја подесиш. После истата си ја фаќаш на радиото на колата и си слушаш музиче по твој избор.
 
Има татко ми вакво скроз исто како првото на колата и скроз супер е, прима до 2ГБ мислам меморија и така. 1500 го земав и јас. Инаку неам приметено разлика во квалитетот дали е со CD или преку воа.
 
Има другарми исто како тоа на втората слика. Квалитетот е задоволителен само мана е што неможеш да моташ песни, ниту да знаеш кој број на песна ти свири...фаќа само MP3 (wmv не) што можеби и не е некој проблем но колку за информација. Не отвара фолдери само во рутот на усб-то ти свират песните...и то :)
 
И кај има да се купи?
 
Па линкот Андроник го има постирано. Прашањето е каде може да се најди од тип продавница, некој сервисер за тв/аудио опрема и сл. И колку има гаранција на чудово. Не само дај парите, па по 3 дена цркна или не работи...
 
Па линкот Андроник го има постирано. Прашањето е каде може да се најди од тип продавница, некој сервисер за тв/аудио опрема и сл. И колку има гаранција на чудово. Не само дај парите, па по 3 дена цркна или не работи...

Тоа ми е зборот. :)
 
јас имам вакво више oд година дена :) иначе 20 евра е кај мене :) хаха...

dsc00056pz5.jpg


работи и на мемориска картичка и на усб флеш, само неможе да чита повеќе од 1 гига, иначе работи беспрекорно и сигналот ми е на радиус од 100/120 метри.

т.е. лажам - не работи беспрекорно, ако возите како мене и ги погаѓате сите поголеми дупки се дисконектира т.е. губи контакт :)

квалитот на звукот пред се зависи од вашите звучници кои се инсталирани во колата, потоа и до квалитетот на песната, чита само мп3 формат.

Значи работи како радио предавател, не е забрането затоа што дометот е до 100 метри, забранети се радио предавателите над 4 километри, само си подесувате фреквенција пример 98.4 и на радиото ја подесувате истата фреквенција, си пуштате песна и дали сакате да ви иде само таа на рипит, значи чита секакви усб уреди, дали е од кард ридер, мемориска картичка, флеш меморија или телефон кој има опција како флеш да се поврзи - пример мојата е 50-ка со дата кабел ке ја поврзам на ова и ги наоѓа сите ем-пе-тројки во мемориската картичка и се свири најнормално :) е сеа во врска со цркнувањето велите? ова има осигурач до 15 волти, пред да влезе струјата во него и од запалката има осигурач еден што недава повеке од 15 волти струја и пред се и во колата се надевам имате исправни осигурачи. Ако ви цркне не е вината во него - туку во електрониката на колата, како и да е јас веќе година и неколку месеци си користам вакво и супер е :) најефтина замена, освен тоа сите останати коли што ке ја уклучат таа фреквенција на која ми е подесено можат да си ја слушаат песната што јас ке ја пуштам - погодно е за на излети кога идете со друштво :)

п.с. ова треба да оди во хардвер.
 
Муабетот не ми беше за струјата од возилото и осигурувачите, туку колку се квалитетни? И даваш гаранција со него? Инаку за 20 евра би земал едно вакво зошто да не... Супер работа е :).

А ако го ставиме во хардвер никој од посетителите на автомобилизам нема да го види :)
 
Да, затоа е тука. Некро, имаш за мене и за Џиш по едно?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom