Mozilla Firefox бета тестирања

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.584
Поени од реакции
7.653
Еве ги моите.



Не знам зошто вака се поставени, а кај тебе поинаку. Прашај овде, сигурно ќе ти одговорат.

http://my.opera.com/community/forums/
 

neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
500
Поени од реакции
2
Acid напиша:
Ми ги чува комплет, ама иксчињата ми ги има.
Има опција да се исклучат? :wink:
Tools>Preferences>General и одштиклирај го 'Show close button on each tab'
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Ево колку крка меморија мозилата со 18 табови отворени и без табови. Стварно е многу (ако имаш добар рам и не се осеќа којзнае колку). Јас додуша отварам максимум 5-6 табови така да не ми оди многу RAM. Може некој да ми даде screenshot од операта да видам колкава е разликата.

 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
deXterche напиша:
Ево колку крка меморија мозилата со 18 табови отворени и без табови. Стварно е многу (ако имаш добар рам и не се осеќа којзнае колку). Јас додуша отварам максимум 5-6 табови така да не ми оди многу RAM. Може некој да ми даде screenshot од операта да видам колкава е разликата.

Намали го cache-от на 10 или 20 мб, ќе ти се намали и меморијата :)

Отвори 18 интернет експлорер прозори, па да видиш што е кочење и јадење рам :)
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
А како да го намалам cash-ot?
 

neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
500
Поени од реакции
2
Еве со 18 табови кај операта колку ресурси троши

 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Ама сите табови се вчитани до крај?
 

neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
500
Поени од реакции
2
deXterche напиша:
Ама сите табови се вчитани до крај?
сега пробав и со сите отворени табови и не мрдна повеќе од 75к, ме мрзеше пак да правам скриншотови
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
deXterche напиша:
А како да го намалам cash-ot?
Во tools оди кај опциите и таму ќе го видиш caсhe.

Јас сега пробав по не знам кој пат, отворив едно 20 табови, па не мрдна од 70000 нагоре. Не користам скинови, немам многу екстензии, само 4 до 5.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
На колку да го ставам кешот? Мене ми е на 50МВ
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Многу актуелен и си попопуларен е т.н. minimize hack за Mozilla Firefox кој има за цел да ја преполови вредноста на меморијата што Mozilla Firefox ја присвојува додека работи. Станува збор за релативно едноставна процедура на додавање на непостоечка вредност во about:config регистарот на Firefox. Еве како и на вашиот Firefox да му го направите т.н. minimize hack.

Додека работите во Mozilla Firefox, отворете нов таб. Во адресната лента, внесете about:config. Ќе ви се отвори регистарот со сите постоечки подесувања на Mozilla Firefox, од кој во овој случај не треба ништо да бришете, туку ќе треба нешто да додадете. Со десен клик на било кој дел од about:config регистарот, од лебдечкото мени изберете New и потоа Boolean. Со тоа создавате нова променлива величина која ќе има за цел да ја контролира меморијата што ќе ја користи Firefox во текот на својата работа. Следниот чекор се состои од внесување соодветно име за штотуку создадената променлива. Името се внесува во ново отворениот прозорец, а инаку треба да гласи: config.trim_on_minimize. Изберете OK и во следниот дијалог прозорец изберете ја вредноста True. Рестартијате го Mozilla Firefox, отворете десеттина интерактивни веб сајтови, повикајте го Task Manager-от во Windows и видете колку помалку меморија сега користи firefox.exe, како активен процес од листата системски процеси во Task Manager-от.

Сепак си уште не сте готови. Постои уште една грешка или за некои предност во Mozilla Firefox, која во нашиов случај ќе ја корегираме за да заштедиме на системската меморија. За да ви овозможи да ги користите командите back и forward во рамките на еден прозорец, Mozilla Firefox мора да ги памети претходно отворените страници, за што повторно нескромно посегнува по системската меморија. Ако ја смениме постоечката вредност за соодветната променлива тоа може да се промени. Со таа цел повторно се упатуваме во about:config регистарот на Mozilla Firefox. Повторно отвораме нов таб и внесуваме about:config во адресната лента. Овој пат ја бараме integer вредноста browser.sessionhistory.max_total_viewers која по правило во сечиј неменуван Firefox регистар е означена со -1. Ќе ја промениме таа вредност на нула, со двоен клик на името на конкретнава функција и внесување 0 (нула) во ново отворениот дијалог прозорец. Потврдуваме со клик OK. Потоа го рестартираме Firefox, повторно отвораме неколку богати веб сајтови, го повикуваме Windows Task Manager и следиме што се случува со процесот firefox.exe.

Не се случуваат никакви чуда, само што firefox.exe како процес, користи уште помалку системска меморија, од пред извршувањето на оваа измена. Проверете, па кажете за вашите искуства.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.181
Поени од реакции
34.392
Го направив.
Навистина штеди на меморија, фала. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom