Можно ли е да правиме нешто што не ни се допаѓа ?

  • Креатор на темата Креатор на темата [zEUs]
  • Време на започнување Време на започнување

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Мислам дека е јасно прашањето . Можно ли е да правиме нешто што не ни се допаѓа ? На пример ...Да бидете со некој што не ви се допаѓа (во врска или во друштво) , да одете во некој кафич или дискотека која не ви се допаѓа, да играте некој спорт кој не ви се допаѓа, да учите некој факултет кој не ви се допаѓа, да веруваве во нешто што не ни се допаѓа, да сакаме некого кој не ни се допаѓа и.т.н . Можно ли е ова да се нарече дека само правиме на некого услуга. Ме инспирираше темава откако некои блиски личности ми велат дека не сакаат нешто а го прават тоа. Дали ме лажат или навистина го прават тоа. Ја никогаш не правам нешто што не сакам. Правам само услуги на некого. Но тоа дали е дел од ова прашање?

Чекам ваши размисљувања .:smir:
 
Mlad si, imas vreme, kako starees ke ima se povekje i povekje raboti koi ke gi pravis, a ne gi sakas.
 
Бидејќи сметам дека што и да правиме е водено од интерес - мислам дека што и да правиме, го сакаме тоа. Можеби не во моментот, но на долги патеки, ако ни носи корист - го сакаме тоа што го правиме.
 
Нешто што не ми се допаѓа правам само кога имам некоја цврста причина за тоа или кога сум принудена.На пример ми се има случено да одам на место каде што не сакам,ама сум отишла заради друштвото и слично.
Сепак овие работи треба да бидат ситници,а не работи за кои после може цел живот да се каеме,како одење на факултет што не го сакаш.
 
Зависно како налагаат околностите.
Не е прашање дали сакаш, туку едноставно мораш.


Иначе јас стално контрам, настојувам да правам што сакам безразлика на последицитте. :smir:
 
[zEUs];2541296 напиша:
Мислам дека е јасно прашањето . Можно ли е да правиме нешто што не ни се допаѓа ? На пример ...Да бидете со некој што не ви се допаѓа (во врска или во друштво) , да одете во некој кафич или дискотека која не ви се допаѓа, да играте некој спорт кој не ви се допаѓа, да учите некој факултет кој не ви се допаѓа, да веруваве во нешто што не ни се допаѓа, да сакаме некого кој не ни се допаѓа и.т.н . Можно ли е ова да се нарече дека само правиме на некого услуга. Ме инспирираше темава откако некои блиски личности ми велат дека не сакаат нешто а го прават тоа. Дали ме лажат или навистина го прават тоа. Ја никогаш не правам нешто што не сакам. Правам само услуги на некого. Но тоа дали е дел од ова прашање?

Можно е. Зошто не би било ?
Јас лично можам. Кога од инает, кога зависно од околностите и условите.
И кога се наоѓаш во ситуација, 5 од 6 души да сакаат да одат во еден кафич, ти во друг, вероватно не би одел сам во кафичот каде што сакаш ти да одиш. Мора да се постигне некој баланс, некогаш ќе направиш жртва за другите, некогаш тие за тебе.
Или бидејќи не правиш нешто што не сакаш, ќе си заминиш дома :).
 
Никој не прави нешто што не му се допаѓа,за џабе..Секогаш мора да има и некоја корист од тоа...

Some of them want to use you
Some of them want to get used by you
Some of them want to abuse you
Some of them want to be abused.
 
Ова е реторско прашање?:vozbud:

Секако дека правиме работи што не ни се допаѓаат. Понекогаш зошто сакаме да направиме компромис со некој, да попуштиме, да не бидеме глупи саможивци (примерот со кафичот/кафаната и друштвото).
Понекогаш зошто гледано на подолга временска линија би било тоа корисно за нас, на пример, ќе учиш цела недела ко фрик(=не сакаш), ама после ќе добиеш добра оценка(=корист).
 
[zEUs];2541296 напиша:
Мислам дека е јасно прашањето . Можно ли е да правиме нешто што не ни се допаѓа ? На пример ...Да бидете со некој што не ви се допаѓа (во врска или во друштво) , да одете во некој кафич или дискотека која не ви се допаѓа, да играте некој спорт кој не ви се допаѓа, да учите некој факултет кој не ви се допаѓа, да веруваве во нешто што не ни се допаѓа, да сакаме некого кој не ни се допаѓа и.т.н . Можно ли е ова да се нарече дека само правиме на некого услуга. Ме инспирираше темава откако некои блиски личности ми велат дека не сакаат нешто а го прават тоа. Дали ме лажат или навистина го прават тоа. Ја никогаш не правам нешто што не сакам. Правам само услуги на некого. Но тоа дали е дел од ова прашање?

Чекам ваши размисљувања .:smir:
Јас на пример правам многу работи што не ми се допаѓаат.
Но еве со ред:
1. Неможам да одам со некој што не ми се допаѓа, со сила ништо не бидува. Истото важи и за друштвото, шо фала богу добро ми е засега, тие што не ми се допаѓаат па не ни се дружам со нив, едно здраво ми е доволно. Со тек на време тие што не ми се допаѓале некако се одделуваат така да...:toe:
2. Одам и во дискотеки и кафичи што не ми се допаѓаат, но се додека ми е добро друштвото, не ми е важно местото. Знам дека добро ќе си поминам. На крај краева мнозинството одлучува, ако гледаме така секој за себе... далеку ќе стигниме никогаш нема да се разбериме.
3. И пак и за спортот истово, со сила да играм,а да не ме бидува? Кога не оди, не оди..
4. За факултет сама одлучувам, значи штом сум го одбрала значи ми се допаѓа, ама некогаш има нешто што си обврзан да правиш за да успееш во животот и без да сакаш.
Еве на пример, сакам многу да студирам психологија,ама поради тоа што во Македонија ретко се наоѓа работа, морам да се одлучам за друг факултет. Некогаш ги жртвуваш сопствените желби, само да успееш понатака..
..Некогаш мора да прифатиме и туѓи желби и по цена да не ни се допаѓаат, нормално тие да се до некоја одредена граница..
Но еве да речиме во пријателство, значи мора сите да имаме меѓусебна почит и да прифатиме туѓи желби и мислења,колку и да не ни се допаѓаат.
Ама пак постојано тоа да го правиме, неможиме..
 
Многу пати ми се случило да направам нешто што не сакам. Дали од инат на другите, дали заради компромис. Се случува, некогаш светот не се врти заради нас, едноставно сме приморани на некои работи.

А ми се случило да направам нешто што мислев дека го сакам, а да испадне дека воопшто не сум го сакала тоа.
 
Секако дека правиме секојдневно работи кои не ни се допаѓаат. Сите живееме во затворен морал, а оние кои живеат со отворен ги отфрламе од општеството. Така да сакаш-нејќеш.. мораш
 
Се случува да правам работи што можеби и не ги сакам баш, ама сепак во одредени ситуации мора да се биде флексибилен. Некогаш јас ќе попуштам, некогаш некој друг и така ќе се најде некоја средина. Сепак секогаш гледам да правам тоа што сакам во најголем дел од случаите.
 
Не само што е можно да правиме нешто што не ни се допаѓа, туку постојано мораме да правиме нешто што не ни се допаѓа, од едноставна причина што, логиката за функционирање на еден свет со различни карактери е токму во правење на постојани нешта кои на нас во еден одреден момент не ни се допаѓаат. Како инаку би го објасниле самата поставеност на општествените норми кои што ние како единки секојдневно мораме да ги исполниме, (да станеш во точно одредено време, да трчаш на училиште, факултет, работа, да бидеш секој ден концентриран за она што го работиш итн.) а од друга страна пак и свесни сме дека обратно од тоа (да не мора да станеш тогаш кога некој ти одредил, да не мораш да учиш, да не мораш да работиш итн.) секогаш ни е послатко од она што мора да го направиме. Оттука еден од главните постулати за функционирање на едно општество е токму правењето на моногу работи кои нам не ни се допаѓаат. Значи знаејќи ја природата на човекот, но и суровоста на реалноста, неминовно е за да се најде една хармонија, а таа хармонија во еден голем дел се потпира врз правење на работи кои нам не ни се допаѓаат.
 
Нашето е општество со механичка солидарност. Ако си различен и свој, тогаш си екцентрик, лезбејка, феминистка или продавач на јаготки во тунелот пред Беверли Хилс. Различноста не се толерира и не многу личности се родени под толку среќна ѕвезда за да можат да ја доведат нивната мисла до степен на прифатлива за сите. Затоа, а и поради двоумење дали она што го правиме во моментот е правилното, лажеме и правиме работи кои не се оние што би сакале.

Кога би гледале исклучиво за себе и своите потреби, без притоа да го вклучиме сензорот за колективна свест (која напати не ни се допаѓа и не детерминира), ние не би ги следеле културолошките принципи што со колективната свест се пренесуваат. Постојат позитивни последици по општеството од правењето на она што не го сакаме (понекогаш). Во принцип, тоа го одржува општеството неанархирано.

Јас правам работи што не ги сакам за да ги задржам сопствените позиции во очите на другите и за да не ги повредам, како и заради тоа што моментално не ми дошла некоја покреативна идеја и сум се слеала со толпата благодарение на тоа. Законски сум детерминирана да плаќам сметки, процедурално и не би поминувала низ тој процес на пример:).

Во врска со љубовта, не е убаво, но од некаква си корист, можно е да го повредиме другиот кој развил чувство за нас. Може да се случи да не сакаме, а да сме со некого. Тоа е лажење на нас самите кое боли.
 
можно е да се прави нешто што не се сака. мислам, јас така имам направено некои работи, и тоа ми се најголемите грешки во животот. тоа е најчесто кога мислиш дека така треба да направиш, дека така е правилно, дека не гледаш што навистина мислиш, и после кога ќе го направиш тоа ја глеаш вистината, ама веќе касно е. се надевам дека на повеќето не им се десило тоа, пошо гадно е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom