Чим имаат посебен закон пеким, еве мое извинување до даскалите.
Ако ме прочита внимателно, а верувам во тоа, ќе прочиташе, и си прочитала, дека имаат посебен закон (за основно и средно образование), каде се опишува процедурата за вработување во основно или средно училиште, а за другото се упатени на законот за работни односи.
Главниот проблем лежи во тоа што таа процедура сите општини ја заобиколуваат, бидејќи имаат некој чуден мерак да ги малтретираат даскалите

Затоа и долги години постои тој проблем со, да го наречеме, нерегулиран статус на даскалите... т.е. се плашат да дојде 1 септември да не случајно не им понудат нов договор за вработување од оние на определено време...
Е, сега, самата трансформација на работниот однос бара две години стаж, а стаж се добива само ако си редовно вработен, т.е. по закон за работни односи со сите салтанати. Башка што по закон даскал неможе да биде ангажиран со договор на дело или сл.
А, пред оваа кампања за трансформација на работниот однос на вработените во образованието, проблемот се решаваше на суд, со тоа што до 2009 година рокот за трансформација на работниот однос од определено на неопределено време беше 4 години, па со измените на законот за работни односи беше качен на 5 години и во 2010-та пак имаше измена, како што погоре спомна, за определени дејности, рокот се намали на 2 години...
Кога даскалот направи 5 години стаж, едноставно тужеше, бидејќи претходно барал од директорот на училиштето трансформација, а овој секако не дозволува, и во тужбата бара согласно законот, бидејќи ги исполнува условите, да му биде трансформиран работниот однос од определено на неопределено време. И ги добиваа тие тужби, па им се завршуваше работа...
Разликата е сега што тоа оди бесплатно за даскалот, не се влечка по судови, не дава пари за адвокати, судски трошоци и сл.
Сега, даскалите само ги прибавуваат потребните докази (од ПИОМ земаат потврда за стаж, си пишат едно барање, државјанство, и сл.), и ги предаваат во училиштата, кои по службена должност ги препраќаат во МОН, па МОН бара одобрение од МФ за да се одобрат средства за тоа место (врз основ на доказ од училиштето дека местото е од трајна природа, иако сето тоа е само формалност бидејќи МФ тие пари веќе со години ги исплаќа, а со тоа и ги одобрило уште некогаш оддамна), и праќаат решение до училиштето дека се трансформира раб. однос.
Ова беше само појаснување на мојот погорен пост.