Можна ли е буџетска дупка од милјарда евра?

  • Креатор на темата Креатор на темата ceasar
  • Време на започнување Време на започнување

Како власта ќе се справи со економските предизвици?

  • Со ребаланс

    Гласови: 4 5,2%
  • Со задолжувања

    Гласови: 26 33,8%
  • Со ребаланс и задолжувања

    Гласови: 31 40,3%
  • Економската политика на владата е успешна, нема потреба од посебни мерки

    Гласови: 16 20,8%

  • Вкупно гласачи
    77
Тргни ги фрустрациите настрана и немој да се дрзнуваш да ми лепиш етикети да не те снајде истото па да неможеш да кренеш глава. Значи не ми држи демагогии каков е наставниот систем и како треба да се образуваат деца и како има недостаток на наставници. Има во Свирипичино недостаток каде никој не сака да иде да работи, но во градски средини е тепачка за едно работно место. Така да недостаток во образовен систем немало 20 години ниту во следните 20 ќе има. А како што видовме ти појма немаш каков им е трошокот пред стално вработување и каков е од кога ќе се вработат, али важно се правиш паметен. Кога неможеш економски да си го издржиш ставот, сврте на човечки приод, абе ти што мислиш на пазар разговараш или?
Нас ништо не ни се допаѓа, тебе се ти се допаѓа. На различни планети живееме изгледа.
Ај ти како виши експерт од сите области што постојат на форумот, кажи колку бил трошокот тогаш , колку е трошокот сега, со бројки искочи сега постирај ги.
 
Ај ти како виши експерт од сите области што постојат на форумот, кажи колку бил трошокот тогаш , колку е трошокот сега, со бројки искочи сега постирај ги.
Просто за да можеш да сфатиш:
Пред - неосигурани со договор за давање услуги и максимална плата до 10000
Потоа - осигурани со договор за вработување и плата до 25000 во зависност од фонд на часеви
Исто е или не е исто економисту? Или повеќе од дупло е?
1000евра анализа ќе правел, а нема блага веза у трошоци :pos:
 
Просто за да можеш да сфатиш:
Пред - неосигурани со договор за давање услуги и максимална плата до 10000
Потоа - осигурани со договор за вработување и плата до 25000 во зависност од фонд на часеви
Исто е или не е исто економисту? Или повеќе од дупло е?
1000евра анализа ќе правел, а нема блага веза у трошоци :pos:
Никат сум немал работа со луѓе со неопределено работно време па ниту сум имал потреба да го знам тој податок не ми требал за мојата работа не може човек се да знае , особено нешто што не го бара неговата работа или не го интересира приватно.
 
Сигурен ли си? Исти ли се трошоците тогаш и сега?
Исти се...
Финтата е во тоа што станува збор за ТРАНСФОРМАЦИЈА на работниот однос од определено на неопределено работно време.
А целата работа оди вака:
Даскалите кога ги вработуваат ги вработуваат по закон за работни односи, но на определено време т.е. од 01.09. годинава на пр. па до 31.08 догодина...
Е, тоа вработување не е она т.н. договор на дело, туку баш вработување, со придонеси платени, со се она што оди како право и обврска од работен однос.
Проблемот настанува со тоа што наместо после првата година и положениот стручен испит, договорот не го трансформираат во договор за вработување на неопределено време, како што треба според законите за основно и средно образование, туку им ги продолжуваат (или не, зависи од политичка припадност, наклонетост прма наставникот и сл, да не зборуваме сега, знаеме како одат некои работи..) се до законските, по закон за работни односи, пет години потребни едно вработување на определено време да премине во вработување на неопределено време...
Во 2010 година мислам беше, се измени законот за работни односи во тој дел, и образованието и некои други дејности добија пократок рок за трансформација на раб. однос од две години. Тука некаде, и започна таа кампања на Министерството за образование со трансформациите на работниот однос, која апсолутно ја поддржувам, бидејќи наставниците ќе бидат избавени од притисоците врз нив од најразлична (а најчесто политичка) природа...
Но, да се вратиме на темата, а тоа се буџетските импликации...
Трошоците се исти, бидејќи како што погоре спомнав, не се тоа луѓе кои работата како волонтери или договор на дело. Тоа се вработени луѓе, но на определено време, и годишно го чинат буџетот исто како и оние редовно вработените. Единствено им се менува статусот одвработени на определено во вработени на неопределено време.
Доколку беа волонтери, или пак, договор на дело, потполно ќе бев согласен со Леандра. Тоа се помали трошоци од трошокот за редовно вработен.
А вака, можам само да ја поздравам таа трансформација, застанувајќи на страната на даскалите.
 
Чим имаат посебен закон пеким, еве мое извинување до даскалите.
 
Чим имаат посебен закон пеким, еве мое извинување до даскалите.
Значи бев во право со мојот прв пост на оваа тема, ама искочи ти дека не ја познаваш оваа проблематика а се истакна, и проба да собереш некој поен од мене , но на крај искочи ти дека си таа што не е оштра а боде.
 
Значи бев во право со мојот прв пост на оваа тема, ама искочи ти дека не ја познаваш оваа проблематика а се истакна, и проба да собереш некој поен од мене , но на крај искочи ти дека си таа што не е оштра а боде.

Незнаев дека даскалите имаат посебен закон, инаку сите други одат по системот кој јас го објаснив. Имам доблест да се извинам кога ќе погрешам. Поени од тебе не собирам, не сум политички насочена како тебе со поени. Ти и онака само лупаш без врска.
 
Чим имаат посебен закон пеким, еве мое извинување до даскалите.
Ако ме прочита внимателно, а верувам во тоа, ќе прочиташе, и си прочитала, дека имаат посебен закон (за основно и средно образование), каде се опишува процедурата за вработување во основно или средно училиште, а за другото се упатени на законот за работни односи.
Главниот проблем лежи во тоа што таа процедура сите општини ја заобиколуваат, бидејќи имаат некој чуден мерак да ги малтретираат даскалите :)
Затоа и долги години постои тој проблем со, да го наречеме, нерегулиран статус на даскалите... т.е. се плашат да дојде 1 септември да не случајно не им понудат нов договор за вработување од оние на определено време...
Е, сега, самата трансформација на работниот однос бара две години стаж, а стаж се добива само ако си редовно вработен, т.е. по закон за работни односи со сите салтанати. Башка што по закон даскал неможе да биде ангажиран со договор на дело или сл.
А, пред оваа кампања за трансформација на работниот однос на вработените во образованието, проблемот се решаваше на суд, со тоа што до 2009 година рокот за трансформација на работниот однос од определено на неопределено време беше 4 години, па со измените на законот за работни односи беше качен на 5 години и во 2010-та пак имаше измена, како што погоре спомна, за определени дејности, рокот се намали на 2 години...
Кога даскалот направи 5 години стаж, едноставно тужеше, бидејќи претходно барал од директорот на училиштето трансформација, а овој секако не дозволува, и во тужбата бара согласно законот, бидејќи ги исполнува условите, да му биде трансформиран работниот однос од определено на неопределено време. И ги добиваа тие тужби, па им се завршуваше работа...
Разликата е сега што тоа оди бесплатно за даскалот, не се влечка по судови, не дава пари за адвокати, судски трошоци и сл.
Сега, даскалите само ги прибавуваат потребните докази (од ПИОМ земаат потврда за стаж, си пишат едно барање, државјанство, и сл.), и ги предаваат во училиштата, кои по службена должност ги препраќаат во МОН, па МОН бара одобрение од МФ за да се одобрат средства за тоа место (врз основ на доказ од училиштето дека местото е од трајна природа, иако сето тоа е само формалност бидејќи МФ тие пари веќе со години ги исплаќа, а со тоа и ги одобрило уште некогаш оддамна), и праќаат решение до училиштето дека се трансформира раб. однос.
Ова беше само појаснување на мојот погорен пост.
 
Незнаев дека даскалите имаат посебен закон, инаку сите други одат по системот кој јас го објаснив. Имам доблест да се извинам кога ќе погрешам. Поени од тебе не собирам, не сум политички насочена како тебе со поени. Ти и онака само лупаш без врска.
Гледам колку мене што ми се извини , ама важно немамам везе од трошоци што на крај искочи обратно.
 
Гледам колку мене што ми се извини , ама важно немамам везе од трошоци што на крај искочи обратно.

Немаш тоа е факт. Да имаше поим ќе ти се извинев не ми е проблем. Патем немаш везе од трошоци.
 
*LION* и leandra, би Ви апелирал да не се расправате на темата.
Ве ценам како луѓе кои навистина ја разбирате проблематиката која на Економија ја дискутираме, и сметам дека нема потреба од лични препирки.
Никој од нас не знае, и неможе да знае се. Затоа и се надополнуваме, а тоа води кон квалитетна дискусија.
Да си ги искажуваме ставовите!
Благодарам!
 
Не ти имаш, да имаше немаше да се извинуваш на даскалите.
Само за законот, иначе на партиски приврзаници не се извинувам. И на некои кои немаат појма од трошоци.
 
sunday+funnies+2010-06-06+real+economy.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom