Можен ли е баланс? (работа, семејство, пријатели)

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
38
Можно ли е истовремено да се биде добар шеф, добар пријател и добар татко? Која е цената за успехот на професионален план?

Можен ли е успех на сите овие полиња?

Може ли да се направи совршен баланс помеѓу пријатели, семејството и работата?
Вреди ли успехот на професионален план за сметка за заспоставеноста на синот?

Колкава е посветеноста која ја бара семејесвтото (сопруг(а), цена, родители)?

Според мене, едно од овие три работи мора да трпи. Ако се решиш за посветеност кон работата тогаш семејството е тоа што трпи, тогаш не можеш да се посветиш на пријателството и да изградиш големи пријатели. Јас ова го имам доживеано, лично. И токму поради тоа ми е потребно вашето мислење.

Дополнителен мотив на темава ми е изјавата на г. Антонио Милошски од пред некој ден:
„Да се биде добар министер или подобар татко? Таа дилема често ме придружуваше. Предолго по странските аеродроми, прекратко со своите дома. ВМРО-ДПМНЕ има човечки, потенцијални и сигурно неколку способни кандидати за министер за надворешни работи. Одлуката не ми беше лесна, но го известив премиерот уште пред половина година, а вчеравечер, во полна доверба, ја потврдивме“

Пред некој ден еден пријател ми го кажа следново:
Додека јас работев макотрпно, растеа моите деца. Сега ги гледам порасните и не сум свесен кога помина тој период. Додека бев јас на работа помина најзначајниот период од мојот живот, кој јас немав можност да го видам. Сега ми е криво за истото, но сега е доцна. Поради работата ја изгубив близината со моите две ќерки. Не вреди да си посветен толку. Ништо нема толава цена!


Кој е вашиот став?
 
Работа. Семејство. Пријатели.
Избери било кои две.
 
се се може ако се сака
 
Можен е само во ситуација кога секое од овие три полиња ќе има еден многу мал дел од твоето внимание. Но во таков случај, не можеш да се посветиш на нешто за да тоа има некаков развој и напредок.
Општеството диктира темпо кое не ни дава време на изобилство... Причина плус е што многу луѓе стануваат кариеристи затоа што веруваат дека така ќе си осигураат поубава иднина...

Лично верувам дека не може да се одржи правилен баланс меѓу овие три работи. Па дури и да се посветувате одреден период на едно, па после на друго, ефектот нема да биде комплетен затоа што веќе претходно работејќи на едното, сте се оддалечиле од другото.

Звучи лошо, но понекогаш дури и кога имаме многу мили работи околу нас, треба некои од нив да ги избереме пред другите.
 
Можно е но бара големо планирање и ефикасност, доста отстапки, огромна толеранција и разбирање од двата партнера како и откажување од дел од профитот за сметка на повеќе време со семејството и тоа под услов да имаш приватен бизнис каде донекаде работите зависат од тебе. Ако си вработен кај друг немаш никакви шанси да направиш баланс помеѓу сите три затоа што со самото доаѓање дома после 17 часот веќе си го загубил најголемиот дел од денот.
 
Пред некој ден еден пријател ми го кажа следново:
Додека јас работев макотрпно, растеа моите деца. Сега ги гледам порасните и не сум свесен кога помина тој период. Додека бев јас на работа помина најзначајниот период од мојот живот, кој јас немав можност да го видам. Сега ми е криво за истото, но сега е доцна. Поради работата ја изгубив близината со моите две ќерки. Не вреди да си посветен толку. Ништо нема толава цена!

Ова вака кажано просто ме преплашува...

Наидов на статија една на нет :

"Направете баланс меѓу семејството и кариерата
Ова може да биде навистина тешка задача во која некои жени се многу поуспешни во однос на други. Но, не отстапувајте, со малку вежбање и добра организација и двата сегменти од животот може одлично да функционираат. Прочитајте и дознајте како!
1. Одредете приоритети
Едноставно не можете да правите сé во одреден момент, затоа одредете приоритети, одлучете која обврска е поважна за вас и посветете ú повеќе внимание. Научете да кажете „не“ и не губете време и енергија на помалку важните нешта.
Значи, дали е поважно вашиот дом секогаш да изгледа совршено, чиниите да бидат измиени веднаш по ручекот, или повеќе би сакале да го поминете времето со своите деца играјќи монопол? Посветете дел од времето што го поминувате во чистење и работа во градината, на своите деца.
Искористете ги предностите на „дупките“ во времето
Модерниот начин на живот, ја наметнува потребата голем дел од времето да поминуваме во својот автомобил.
Кога го возите вашиот син или ќерка до училиштето и вон училишните активности, не губете време нервирајќи се поради сообраќајниот метеж или пак разговорајќи на мобилен – искористете го времето во разговор со своето дете.
На тој начин воспоставувате врска заснована на доверба и љубов, бидејќи детето ќе знае колку ви значи.
2. Преговарајте
Поделете ја работата во домот и градината помеѓу сите членови на семејството. Мајката не е слуга. Секој член треба да има своја задача. Навикнете го детето да ја расчистува масата, да ја средува својата облека, книгите и играчките. На овој начин децата учат да бидат внимателни.
Со ваквата поделба на работата, децата стануваат свесни за нивната значајна улога во животот на семејството, а обврските се завршува побрзо и полесно доколку повеќе луѓе се посветуваат на нив.
Најдобро е да направита листа на обврски која ќе ја закачите на фрижидерот – кој кога ќе мие садови, ќе брише прашина...
Направете пријатна атмосфера
Започнете со чистење и средување на домот заедно со своите деца, особено ако тие се уште мали бидејќи за нив чистењето претставува одлична забава.
Пуштете цд со детски песнички и пејте додека бришете прашина или миете садови. Иако на овој начин работата ќе ви одземе повеќе време, задржете го убавото расположение.
3. Организирајте се
Размислете која обврска ви одзема најмногу време и како може да ја завршите поинаку. На пример купување преку интернет, плаќање на сметките со налог... со што ќе заштедите час или два од своето драгоцено време.
Исто така може да ги земете децата со вас и да ги научите за вашите активности и обрски.
Бидете организирани и кога е во прашање утрото кое вообичаено е најтешкиот дел од денот. Затоа подгответе ја вашата и облеката на вашите деца од вечер, (децата не смеет да заборават да ја подготват училишната торба, спортската опрема, топлинките), подгответе ги однапред состојките за појадок и уживајте во утрото.
Саботата е семеен ден
Направете договор, на пример, саботата да биде ден кога семејството ќе бидете заедно – дома, на прошетка, во кино, на посета кај дедото и бабата...
Но, посветувајте му време на семејството и во текот на неделата – на пример секој понеделник пред спиење играјте карти или прочитајте приказна, во вторник прошетајте во блискиот парк...
4. Не заборавајте на себе!
Посветете го слободното време на своето семејство – учете нови нешта, истражувајте, патувајте ... Но, секако, особено важно е да посветите малку време само за себе. Тоа може да биде кратка прошетка во природа за да ги приберете и расчистите своите мисли."

Знам дека не ми успева секогаш ама се трудам да се однесувам кон семјството како ко нешто свето... Работата во последно па и во претпоследно време ме убива али незнам што би правел без моите најблиски ( вклучувајќи ги тука и пријателите). И да дефинитвно се трудам да не ја носам работата дома како во буквална смисла така и во однос на фрустрации и притисоци.
 
Замисли ги тие 3 наведени работи како триаголник, избери 2...едното секогаш нема даго постигнеш или ќе му недостига внимание.
 
Јас како вага (во хороскоп) секогаш се трудам да одржувам баланс, но некои работи не зависат само од нас, туку е потребна поддршка и разбирање од најблиските.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom