Монтажни куќи

Во октомври 2008 г. дојде првиот багер да направи ископ за оградата околу плацот.
Во март 2009 г. на сцена повторно стапија геодетите, го исколчија објектот и направија Протокол. На 23 август започна ископот на земјата за подрумскиот дел.
Од 25 – 26.9.2009 се подготвуваа темелите за делот во подрумот.
Во периодот од 4-7 октомври 2009 се работеше на позицијата
Од 1-4 ноември 2009 се работеше на првата плоча на објектот.
работите повторно продолжија на 25.11.2009 кога се продолжи со поставување на блоковите
работата продолжи следниот ден на 4 март 2010. Еве го напредокот од денес, 5 март 2010
Го објавувам армирањето и бетонирањето на последната плоча со мало задоцнување поради Велигденските празници. Истото се случи на 31 март 2010
Ја комплетирамве столаријата на 6.7.2010
Од 4 октомври почнавме со малтерисување на ѕидовите на приземјето и катот. (2010)
Поставивме хоризонтални олуци на кровот. Монтажата траеше кратко време во периодот од 14-16 март 2011
Во периодот меѓу 6 и 20 април 2011 работевме на поставување инсталации за греење и затоплување
На 8 мај 2011 го изработивме слојот за израмнување на подните површини во куќата или народски кажано „кошулка“.
Во периодот од 24-25 јули 2011 започнавме да го градиме огништето-каминот

He знам дали уште ја гради куќата но дефинитивно предолго трае, од 2008 до 2011. 3 години рачунај имаш обврска да одиш на плац да однесеш донесеш работи, одиш по стоваришта договараш работи контролирашм заштитуваш објектот и материјалите таму.... сето тоа кошта и пари и време а нигде не ти е вклкулирано и на крај му излегува куќата по квадрат како монтажна да ја направил за месец дена
Куќата е веќе завршена, а тоа што долго време траел процесот на градба траел. Но ако се спореди монтажна куќа со тврда градба (читај цигла + стиропор или сендвич ѕид), пак излегува дека тврдата градба е поефтина, а времето на градење е тука негде. Исто го најдов видеово на Јутуб за споредба на монтажна и куќа тврда градба......:)

 
Prednosti montažnih kuća su u najkraćem: kratak period izgradnje, laka konstrukcija, ekološki prihvatljivi materijali, ušteda energije, fiksna cena i uslovi plaćanja i niski troškovi održavanja.
 
Prednosti montažnih kuća su u najkraćem: kratak period izgradnje, laka konstrukcija, ekološki prihvatljivi materijali, ušteda energije, fiksna cena i uslovi plaćanja i niski troškovi održavanja.
Да, тоа е она што и баш ми се свиѓа кај овие куќи. Но нивната помала отпорност, век на траење и цена при продавање, им се негативна страна:)
 
Да, тоа е она што и баш ми се свиѓа кај овие куќи. Но нивната помала отпорност, век на траење и цена при продавање, им се негативна страна:)
Имаш монтажни куќи со гаранција од 30 - 70 години
Даваат таква гаранција кај зиданите?
 
А што правиме ако фирмата пропадне?
поентата е во трајноста, ако некој е спремен да даде 30 години гаранција на монтажна куќа значи сигурен е во тоа што го нуди, и сигурно не си мисли “шо го матам и така ќе пропаднам за 5 години“
 
Здраво. Дали знае некој финална цена за принцип клуч на рака со веке постоечка плоча, одвод, довод, струја од програмата на ytong за површина од 90м2...
 
Здраво. Дали знае некој финална цена за принцип клуч на рака со веке постоечка плоча, одвод, довод, струја од програмата на ytong за површина од 90м2...
Ако имаш проект пушти абер по фирми ќе ти дадат понуди;)
 
@Итар Пејо имаше право дека има подобри фирми од Хот Хот (,но не викам дека Хот Хот се лоши). Случајно шетајќи низ Интернет наидов на странава/фирмава и се воодушевив од материјалите кои ги користат (читај посебно дрвото) и од начинот на кој градат. Види на сликите само како се гради......., ваквата конструкција се гледа дека ќе биде долготрајна. @ВладимирК види ги овие...., можеш да се обратиш и кај нив:)

http://www.geo-ing.com/монтажни-куќи-производи
 
Монтажна куќа многу лесно можеш и сам да монтраш се разбира ако знаеш што ти треба.

А ти треба L провил 8х8 најмалку или U профил 8х12х8,иверка од внатрешна страна и таван,даски 7-8или 15 м3,стиропор најламлку 3 цм за изолација,ламинат или паркет,плочки,...............

И за да ја склопиш ти треба проект,инвеститор,изведувач,надзорник и најважното дозвола за градба
 
Дали некој има контакт од цовек или фирма што врши демонтажа и монтажа на монтажни бараки?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom