Моменти на...

  • Креатор на темата Креатор на темата VeGaS
  • Време на започнување Време на започнување
Утрово...
Се враќав од локалниот маркет со цигари во џеб, јагоди и јаболки и се смеев ко морон!
Зошто?
Зошто ми беше мерак на душава! Зошто сум тука! Зошто ги имам Џесика, Тамара, Јела, Вероника, Скот, Мајки, Мишел, Зек, Колин, Мика, Ивета, Марке, Џесика намбр ту, Би Џеј...
Зошто вечер ќе им се бапнам у станот, ќе пијам пиво со нозете на маса, ќе вдишувам отров, тие ќе се надуваат, ќе создадат музика, Би Џеј ќе слика, Јела ќе мрчи, Вероника ќе се дере со лоѓиот мексикански акцент...Зошто сите сме тука да го вдишуваме животот, да јадеме од забранетото овошје, да си играме со ангелите!
Ете затоа!
Затоа што добив А на испитите! Затоа што завршив со тоа и сега одам релакс енд ајм тејкинг ит изи!
Зошто дома се малото, мама, тато, Ивана, Ѓурѓето, Тањичка, Габи, Влатко намбр уан и ту, Нино, Емил, Милена уел Иван ќе си дојде од Швицарска...
Ете затоа имав таков момент на среќа и задоволство од животот!
Јас го љубам..тој ми возвраќа!
Јас се заебавам со него...тој ми возвраќа!
Затоа!
 
...овој на многу околна тишина! ... и на missing Кате :smir:
 
па скоро секој ден имам такви моменти, поточно секој ден кога ќе се разбудам и видам дека надвор е сончево едноставно сум пресреќна и презадоволна, и знам дека целиот ден ќе ми убав!!! а има и голем број ситници кои ми го разубавуаат секо момент!
 
Ќош, и во него јас со шолја какао во раце, пишти Мајлс Дејвисовата харизма, гледам низ прозорец, се радувам што сум жива.
Задоволство на секоја минута од протрчаниот факс, колегите со мили лица, скриптите што живот значат, театарот и перформансот со кафе и листови од весник среде аула на универзитет, мачките што ги хранам пред влез, на мајка ми смотаните бакнежи и залепените ливчиња на компјутер со потсетница да и купам хулахопки бисер боја на враќање... Шнолите криво закачени, палтото со отров зелена боја на Џепароски кој во радост ни говори за убавината и уметноста...
Мекиците на тато во сабота, мирисот на чај од нане кај дедо, прошетката со Сандре и Ики во парк, нивните мажи или немажи, Наташа патува, а со неа и нашите грижи и љубов, Наталија пишти на кревет, покриј ме со едно ќебе плус, ми смрзнаа прстите, оо сестричке моја драга...
Влезот кога мириса на туршија и стар велосипед, мојот стан со поглед кон иднината наречена лулашки за деца, кутрето на Мими кое лае како улаво, грдо, а сепак дел од мојот пејсаж на ЖИВОТОТ...Задоволства колку сакаш.
Мм, живот, живот. Како рум коцка. Има рабови, ама можеш да му ги стопиш... И те опива од што е сладок понекогаш...:pipi:
 
Токму сега се чувстувам така. Презадоволен сум од се’ што е околу мене. Празнината која до вчера ја чувствува денс ја нема. Наместо неа во мене жари невидена среќа.
Среќен сум што го добивам она што го сакам. А го сакам она што го добивам.
 
Ми се случило неколку пати да почувствува вака,задоволство.Да почувствувам дека ништо повеќе не ми е потребно,да се задоволам со ова што го имам.Да,често.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom