Немам некој кој не сум била со него, а сеуште да го сакам. Ако ништо не испаднало, сум се ладела доста брзо. Не сум си ја тупела главата со „Леле, зашто не ме сака?“... Можеби сум помислила на тоа што би било, ама не си фантазирам многу многу ако знам дека нема шанси.
Меѓутоа има некој со кој сум била и уште го сакам. Ама не на љубовен начин. Едноставно, како личност. Сме поминале многу работи, и ми бил основа за се` што знам за врските и љубовта. И секогаш бил фер према мене и ме има научено на многу работи. Не верувам дека некогаш ќе го заборавам или ќе престанам да го сакам. Едно време мислев дека има шанси да се залажувам сама себеси и дека всушност го сакам на љубовен начин, ама се видовме после долго време и ми се потвди дека не сум се залажувала и дека сепак го гледам само како пријател. Сакам да е дел од мојот живот затоа што мислам дека е многу добар човек. Се надевам ќе си најде некоја и ќе биде среќен како јас што сум.