Момче/девојка кој/а се уште ја/го сакате?

Dodeka si trckate po niv kako slepci, i te kako ke ve zaebavaat, i potoa ne vi ostanuva nisto drugo osven da gi klasificirate kako Kurvi!:icon_lol::sick:
 
не постои девојка за сакање, секоја е курва, прво ќе напраи да се затрескаш во неа после ќе те одјебе

Брависимо.Клуч на темата.Еве ви го одговорот.:facepalm:
Од вакви коментари на човек да му се одмили да чита вакви теми.Наместо да се отвори добра дискусија секогаш ке се појави некоја црна дамка за да го зае*е тоа.
Размисли најпрвин дека со тоа к*рва ги ставаш и сестрата(ако ја имаш де)братучеда...Од едно вакво искуство не можеш да судеш за сите девојки.

Silvio да ти одговорам на прашањето.
Секој преболува различно.Некој порано некој подоцна но мислам дека не секогаш може да се заборави бившиот партнер.Секогаш ке постои нешто што ке не потсека на претходната љубов,ке се прашуваме дали е добро,дали има друга...Дури и местата на кои сте биле заедно е уште една причина за да се сетиш.Но зависно од тоа како завршила врската.Ако е лошо дури и спомените кои ме потсекале на него ке се потрудам да ги избришам...Иако како што кажав веке дека можеби ке постои нешто што ке ме потсети барем за миг.Сега за сега јас добро се справувам.
А за прашањето кој побрзо преболува и како се чувствува дали машкото или женското и мене ме интересира тоа прашање бидејки не можам да одговорам од аспект на спротивниот пол.
 
marama. фала на одговорот. Така и си мислев дека горе доле се случува баш како што опиша, нормално во зависност од причината за раскинување, квалитетот на врската, карактерот на луѓето и слично. Секогаш има можност и место за изненадувања, како добри така и лоши изненадувања. Без разлика како било во врската , после врската факт е дека се менуваат работите.. тука зборувам за некое да речеме нормално раскинување без драма, ефекти и огномети. Кај овие турбулентниве раскинувања се очекуваат сите тие постраскинувачки моменти. Но тоа не е битно.
За побрзо преболување не ни можеме да збориме зошто тоа е сепак индивидуална карактеристика. Гледано од аспект на полови - мислам дека машките по раскинувањето не се доволно свесни за последиците, дека ги чувствуваат после извесно време, почнуваат да се навраќаат назад и такви ствари. Тоа е моето мислење...
Факт е дека ако постоела цврста љубов не може целосно да се избрише и заборави. Ситните работи постојано ке носат барем спомени ако веќе нема чувства.
 
Далеку не одиш со овој мозок братче верувај :) додека не расчистиш со поранешната никогаш не можеш да имаш друга девојка и да ја засакаш вистински а ако имаш тогаш можеш само да ја повредиш таа која ќе ти биде партнер пошто ти не си ја преболел другата ... гледај расчисти си со поранешните спомени бидејќи ако не расчитиш со минатото немаш иднина ;)
 
Јас за бивши партнери/партнерки би го рекол само ова:

Инспириран од минатото, фокусиран кон иднината :)
 
Далеку не одиш со овој мозок братче верувај :) додека не расчистиш со поранешната никогаш не можеш да имаш друга девојка и да ја засакаш вистински а ако имаш тогаш можеш само да ја повредиш таа која ќе ти биде партнер пошто ти не си ја преболел другата ... гледај расчисти си со поранешните спомени бидејќи ако не расчитиш со минатото немаш иднина ;)
Фала за загриженоста братче ;) Муабетот ми беше за у минато свршено време, се ми е чисто , патот ми е слободен немам никаков проблем :)
 
Има една... не дека ја сакам, чудно ми е да го речам тоа... ама ми е многу криво што остана приказната недовршена. Барем да доживеше расплет, макар и да не беше happy end. Ќе знаев, едноставно дека и не ни било судено за повеќе. Во последнава година едно 2 пати се сретнавме само :unsure:случајно. Првиот пат бев пијан, вториот запелтечив од што не знам како да реагирам :eek: се збунив скроз начисто. А кога ја запознав имав впечаток дека ја познавам цел живот - и се среќававме скоро секој ден - случајно. Иако предтоа никогаш во животов ја немав приметено. Си помислев дека сум карактер во некакво реално шоу како Џим Кери во Truman Show и некој прави сплетки, некој рчка во матриксот. Кога ќе го земам во предвид фактот што не сум баш флексибилен карактер посебно при запознавање нови лица меѓу нас имаше толку неверојатна хемија, како да се знаевме цел живот, никогаш не ми се случило тоа. Не беше претерано убава, не беше претерано паметна, ама беше на некој необјаснив начин посебна. И набрзо премина во нешто повеќе. И набрзо почнав пренесериозно да го сваќам тоа, заборавив колку екстраординарна личност имам покрај себе. И набрзо баш поради тоа таа реши да го прекине тоа. Не бев нешто разочаран, не е единствена нели :) Иако заврши се смирено, многу ретко и контактиравме, иако и имав шанса за поправен, ама сакав да и вратам :facepalm: Демек таа така одлучи, ако сега трчам по неа ќе испаднам слабак си мислев. Впрочем, и не ми беше гајле, барем навистина мислев така, дека не ми е. По неколку месеци ја видов со друг. Почнав да вријам од нервоза, револтираност, бес, лутина, не спрема неа воопшто туку спрема мене. Два три дена не можев да се смирам. Сфатив кој глупак сум испаднал, отпосле сфатив што сум пропуштил. Со личноста која беше е до ден денеска, и колку и да звучи патетично и неискрено за некого навистина ми е мило за неа. Се гледа дека е среќна и дека некој друг повеќе ја заслужува. А кога ќе помислиш дека ако малку си мрднел со прстот можеби истото можело да биде тоа така и со тебе... ако барем малку ебано си се потрудел... но сега се е поинаку, сега е веќе се сменето, а и пламенот е изгаснат :) мислам дека засекогаш ќе ми биде криво за неа, зошто не бев поинаков кога можев, а можев (n)

И така, ќе го сфатам тоа како една тешко научена лекција, се надевам дека ќе имам шанса барем еднаш во животот да повторам таков тест :(
 
Ех тој беше тој.... го знаев од порано ама не лично, trouble bad boy.. баш онаков каков одсекогаш ме привлекувал, таков каков всушност замислував дека еден ден ке сретнам и ке се обидам да го сменам..
Не бевме долго заедно ама за времето кое бевме е нешто што со ништо на овој свет не би можела да го споредам..
Одкако го запознав увидов дека е карактер како мојот, луда глава, авантурист, по малце побркан со мислите... чувствував дека тоа е мојата друга половина која некаде беше изгубена.
Не знам што се случи и како се случи, до сега со никој со кој сум била не сум се чувствувала така.. како да имаше не искри туку цел огномет меѓу нас, таа хемија.. го засакав толку многу што испаднав слепа на сите негови лоши страни. Не увидов ништо.. и другите ми велеа дека со него само го губам времето затоа што тој нема да застани само за мене и нема да се промени, и таа љубов која ми ја ветуваше не беше искрена...
несакав да верувам дека во неговиот живот имаше и други додека беше со мене... слепа бев на се.
Нашето немаше збогување, едноставно... се гледавме.... ни беше како во сон... и наеднаш исчезна, го снема... не ме бараше веќе. А јас не сум тип кој ке трча и моли на коленици некој да се врати иако ден денес кога ке се присетам солзи ми идат на очите... тој беше првиот и единствен за кој досега сум плачела. И колку да се обидувам неможам да го заборавам...и ден денес кога ке го сретнам сме во добри односи, сеуште ме вика како што ме викаше порано,сеуште исто ме гушка и бакнува.. дури некои и ме прашуваат дали сме уште заедно... а можеби тоа е поради тоа што се зближивме толку многу.
Можеби тоа е тоа што сеуште не ми дава да го заборавам...
ама знам што и да биде.. тој ке биде единствениот на кој кога и да е би му се вратила и да би била и со сто не би можела да го заборавам.
 
The one that got away. Секако. Кој нема. :)
Hurts like a motherfucker.
Тоа е суштината бе.
Барем од мушки аспект би кажал. Муж не е муж ако не добил солиден број на корпи и од тие да има барем една што ќе го чешка подолго време. Такви работи те челичат.
 
ВИСТИНСКА ЉУБОВ
мислев дека ја доживеав љубовта
мислев дека ја најдов љубовта

ја доживеав, ја најдов

но еден ден...

еден ден
си замина
ТИ си замина од мене

И да надополнам ПРАВАТА ЉУБОВ НЕ СЕ ЗАБОРВА
НЕ СЕ ПРЕБОЛУВА (пошто не е болест)
и ПРАВАТА ЉУБОВ Е ВЕЧНА
од мене толку
 
Ех тој беше тој.... го знаев од порано ама не лично, trouble bad boy.. баш онаков каков одсекогаш ме привлекувал, таков каков всушност замислував дека еден ден ке сретнам и ке се обидам да го сменам..
Не бевме долго заедно ама за времето кое бевме е нешто што со ништо на овој свет не би можела да го споредам..
Одкако го запознав увидов дека е карактер како мојот, луда глава, авантурист, по малце побркан со мислите... чувствував дека тоа е мојата друга половина која некаде беше изгубена.
Не знам што се случи и како се случи, до сега со никој со кој сум била не сум се чувствувала така.. како да имаше не искри туку цел огномет меѓу нас, таа хемија.. го засакав толку многу што испаднав слепа на сите негови лоши страни. Не увидов ништо.. и другите ми велеа дека со него само го губам времето затоа што тој нема да застани само за мене и нема да се промени, и таа љубов која ми ја ветуваше не беше искрена...
несакав да верувам дека во неговиот живот имаше и други додека беше со мене... слепа бев на се.
Нашето немаше збогување, едноставно... се гледавме.... ни беше како во сон... и наеднаш исчезна, го снема... не ме бараше веќе. А јас не сум тип кој ке трча и моли на коленици некој да се врати иако ден денес кога ке се присетам солзи ми идат на очите... тој беше првиот и единствен за кој досега сум плачела. И колку да се обидувам неможам да го заборавам...и ден денес кога ке го сретнам сме во добри односи, сеуште ме вика како што ме викаше порано,сеуште исто ме гушка и бакнува.. дури некои и ме прашуваат дали сме уште заедно... а можеби тоа е поради тоа што се зближивме толку многу.
Можеби тоа е тоа што сеуште не ми дава да го заборавам...
ама знам што и да биде.. тој ке биде единствениот на кој кога и да е би му се вратила и да би била и со сто не би можела да го заборавам.
Извини шо ќе ти речам ама арно ти се деси.Не знам со кој ум ќе пробаш некој да смениш,поготово некој шо пробале многу пред тебе (а ќе пробат и многу после тебе,и сите испрани во мозоците од филмој ко три метри над облаци, walk to remember и шо ти јас знам). И зошто некој да го менуваш,зошто не си најдиш некој кој веќе е таков? Или тие таквите не знаат како да те третират ко мивка па зато досадни се.
Со тој ум шо го имаш,ниту ти некогаш покрај некој бидиш среќна,а уште понесреќни ќе бидат тие тебе шо те сакаат,ама едно биди сигурна,ти подобар не ни заслужуваш
 
Извини а кој си тоа ТИ да ме осудуваш? ти случајно да не си безгрешник, ангел слезен од небото :facepalm:
И како можеш веднаш да даваш такви закличоци дека заслужив тоа што ми се случи и не заслужувам подобро.. ти беше со мене кога сетоа тоа ми се случуваше, го позанваше него, знаеше каков е? знаеш јас каква сум? ПРЕКУ ... со ваквите осудувања, не можеш да осудуваш некој се додека не го запознаеш...
Еве пример, него го осусуваа сите, познаници другарки... зошто? Зошто не го познаваа.. немаа ни две минути муабет направено со него, и секогаш е најлесно да залепиш етикета „не чини“ на некој што не го знаеш...
Јас не побарав од него да се смени, јас го сакав таков каков што е.. со сите негови маани,
верувај ни одблиску не можеш да знаеш каков беше всушност тој.. Не го споредувам со никој од филмовите, тој од Трес Метрос е преблага верзија од него.. и апсолутно не ми беше филмот да правам такви споредби.
мене не ми сметаше ништо кај него... и не се обидов да го сменам... тоа значи беше фраза ако нашето траеше подолго, ама за жал рано заврши.
И извини ама кој си да речиш дека на овој свет никој не заслужува подобро???
Баш јас саслужувам најдобро, а тој не .. затоа што не знаеше да го цени тоа што некој го сака поради тоа што е.. а такви се наоѓаат ретко.
 
Токму така
важи и за мажи и за жени(y)
 
Мислам дека до сега нема таков случај во мојот живот. Има такви кои ми останале во многу добро сеќавање, кои и ден денес ги почитувам, а има и такви кои кога ќе ги видам едноставно не гледам ништо, само проаѓам со празен поглед покрај нив.

Обично додека не преболам, не одам понатаму. Кога ќе сум сигурна дека сум преболела, тогаш сум и спремна да започнам нова врска. Не ми се случило да влезам во врска без да ги расчистам чувствата од старата. Јас едноставно тоа го велам - рестартирање на срцето. После некое време, кога знам дека сум подготвена - удирам еден рестарт или реформатирање и одам понатаму.

Понекогаш ми се случувало да ми фалат делови од врската, во смисла одредени спомени и мигови, но повеќе ми фалеле спомените и убавите моменти отколку личноста сама по себе. Но и тоа го надминав. Било, поминало, завршило. Имало убави моменти, имало лоши моменти, ама најбитното е дека завршило, па затоа и се насочувам кон тоа да создадам убави моменти со нова личност и тој да ми биде во мислите и она што во моментот го градиме.

Се надевам дека нема да ми се случи ваква работа, знам за доста вакви случаеви и тоа е навистина болна работа, затоа што на одредено ниво никогаш нема да можеш да продолжиш со животот, затоа што секоја нова личност ќе ја споредуваш со старата. А често се случува по раскинување, посебно ако на личноста и раскинале, да почне да идеализира и да ги преувеличува карактеристиките на личноста од претходната врска, иако реално можеби и самата таа не била толку задоволна, па затоа и самата почнува во глава да си прави филм дека нема да најде подобра од таа личност, што многу често е и страв од осаменост. Или некад викаат: Може ти си ја нашол својата Јулија, ама што ако ти не си нејзиниот Ромео? И обратно: Може ти си го нашла својот Ромео, ама што ако ти не си неговата Јулија? Некад едноставно двајца се промашуваат.

А некогаш и од чисто его се случува тоа. Егото удира во глава: еј како бе така ме откачи и со тоа човек си прави опсесии во главата и после тоа го меша со непреболување и се уште сакање.

А некогаш и едноставно се дешава, има милион песни каде се вели дека сите прави љубови се тажни/несреќни. Се надевам само дека мене нема тоа никад да ми се деси и дека нема никад истото да го доживеам и проживеам. Не за друго, тажно е тоа многу.
 
Си објаснуе

Потврдуе

Песмици кои....едноставно, ги прават дискусиите на темава излишни....

:)
;)
:vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom