Apokalipto
Tredici
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 15.576
- Поени од реакции
- 2.586
Каокија е индијанското име на населба која сеуште постои во близина на Колинсвил - Илиноис. Археолозите заклучиле дека градот е основан некаде околу 650та година пред нашата ера, се работи за комплексна мрежа од од гробници и доста развиена населба. Се проценува дека градот имал преку 40,000 жители што за тоа време и пред доаѓањето на Европјаните, бил можеби најнаселениот град на Американскиот Континент. Највпечатливата одлика на Каокија денес се 80те могили (тумби, брда), некои високи околу 30 метри, кои зафаќаат површина од приближно 900 хектари.
Со ова оформена е и мрежа на плоштади низ градот, и се верува дека важните згради (куќата на поглаварот) се градени на врвовите на овие така оформени ширини (плоштади). Низ градот се наоѓаат цели "колонии" од дрвени столбови што тимот на археолози кои го истражувале локалитетот ги нарекле “woodhenge.” За столбовите се верува дека биле "мерки" за движењата на сонцето и месечината, од причина што верувањето на жителите кои живееле тука биле тесно поврзани со митологијата и астрономијата.
Мистеријата:
Како што научниците константно дознаваат нови информации за Каокија, сеуште останува мистеријата за тоа кое индијанско племе живеело во овој раскошен древен град, и како истиот бил брзо напуштен, а со тоа и кои би биле причините за таквото напуштање
Бонус: