ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
За лицата кои веќе имаат американски, канадски или австралиски пасош, овие промени не се голем проблем. Оние што долетале, сепак, преку океанот во татковината за да извадат нови документи, се жалат на долготрајната и бавна постапка за издавање на пасошите. „Мора да се земе предвид фактот дека иселениците имаат ограничен временски престој во Македонија и би требало да има некаква забрзана постапка за добивање пасоши. Често иселениците престојуваат во земјава на кратко и надлежните мора да им излезат во пресрет на овие државјани“, велат иселениците.
-Досега постапката околу вадење нови пасоши можеше да се заврши релативно брзо, доколку се достават потребните документи до конзуларното претставништво. Исто така, можеше да се вади пасош во отсуство, доколку стариот пасош се прати во Македонија и се даде нотаризирано полномоштво на некој член на семејство да ги поднесе документи. Овој процес беше доста побрз, но повеќе не е остварлив, по воведувањето на биометриските пасоши и усложнувањето на процедурата за нивно вадење. Според новиот систем, подносителот на барањето мора лично да ги поднесе документите, со цел да биде фотографиран и да остави отпечаток од прстите. Поради тоа, сите оние на кои што им истекуваат старите пасоши, се принудени да доаѓаат во земјава само за да поднесат барања за нови документи. Оние од прекуокеанските земји, оваа авантура до родната земја често ги чини многу пари. „Потребно е да постојат повеќе мобилни станици во странство кои ќе овозможат собирање биометриски податоци, кои потоа безбедно би се испратиле во Македонија. Доволно е да биде испратена само дел од технологијата во дијаспората за да не мора да патуваме во земјата само за да извадиме нови пасоши“, вели Методија А. Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора во Вашингтон, САД.
Според него, постапката која е покомплицирана од досегашната, особено ќе им предизвика проблеми на лицата што се во емиграциона процедура во САД, а на кои им истекува пасошот. „За едно лице да го промени статусот во САД и да добие какви било владини документи како што се лична карта, возачка дозвола, дозвола за брак или упис во училиште, мора да поседува важечки пасош од земјата на која е државјанин. За жал, голем е бројот на македонските граѓани со нефинализиран статус, на кои не им е дозволено да ја напуштат Америка. Ако го направат тоа, ќе го изгубат правото на престој, како и на повторен влез, а со неважечки пасош не можат да го регулираат статусот“, укажува Колоски.