МНР ќе испитува дали во американската серија “Одред” случајно или намерно е направен скандал во кој се вмешани Македонија и Грција
Во една од епизодите специјалната единица треба да спречи атентат врз македонскиот премиер. Интересно, датумот е 2 август, а локацијата Крушево. Целиот амбиент и архитектура го отсликувааат овој наш историски град. Го има и нашето знаме.
Македонски мотиви има и черѓичето пред снајперистите. На полицискиот автомобил со кирилица пишува Полиција. И се паѓа во вода по оваа скандалозна сцена.
Но не само јазикот туку и униформите на полицајците се грчки.
Познавачите на филмската уметност се изненадени. Со став дека не е вкусно во ваков чувствителен период поради името да се направи дури и случајна грешка.
- Во секој случај не е вкусно, може да се работи за грешка на костимограф, сценограф, на продуцентот, но ова е чувствителен период за името и не е вкусно, вели Дарко Башевски директор на филмскиот фонд на Македонија.
Додека американски конгресмени и невладини организации лобираат САД да притисне да се реши спорот за името, филмаџиите очигледно прават почетнички грешки.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/mnr-ke-go-ispituva-skandalot-vo-serijata-%E2%80%9Dodred%E2%80%9C