THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.735
- Поени од реакции
- 1.341

Неможноста да се најде работа во главниот град го почна процесот на миграција – кон дома
Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ
Атина - Тодорис, 30-годишен архитект од Атина минатата недела го спакува цел живот во неколку кутии и во два големи куфери, па замина на Кипар. Веќе една година неговото архитектонско студио е речиси без работа, па сосема случајно преку една исто случајна и нова љубовна врска со девојка од Кипар тој пред неколку недели одлучи да се збогува со Атина. На Кипар најде работа и како архитект и дополнително волонтерска работа во група за драма терапија за деца. „Архитектонското студио го отворивме со помош од државата преку програмата за млади претприемачи заедно со една другарка пред три години. На почетокот имавме полни раце работа, наоѓавме проекти, но веќе една година сме без работа... „Работите не се толку сјајни за градежништвото во моментов во Грција, а не морав да си ја повратам финансиската независност“, додава.
Тодорис не е единствениот случај на млади кои поради невработеност или финансиски проблеми заминуваат од Атина. Јоана од Јанина која веќе 15 години живее во Атина на крајот на октомври го напушта главниот град и се враќа дома затоа што последните две години се издржува со парите од стан што го изнајмува во родниот крај. Работела како професорка по англиски и во агенција за медија клипинг, но поради склоп на околностите последните две години не може да најде работа. На крајот на октомври се враќа дома.
Можеби на голото око на туристот не му се видливи овие Грци бидејќи не се дел од групите кои се заседнати во кафулињата покрај море и популарните ноќни барови. Неможноста да се најде работа се повеќе влијае на дел од популацијата во Атина и се одлучуваат или да се вратат во родните градови или пак да побараат работа некаде во странство. Кипар и Обединетото Кралство се популарна опција и за оние кои се занимаваат со академска работа и бараат позиции за професори или асистенти на факултетите, а во изборот на оние кои бараат работа по секоја цена се и грчките фирми во Бугарија и Романија. Освен Грците, заминуваат и дел од имигрантите во Атина. Медиумите се почесто пишуваат дека поради празниот пазар на труд голем дел од странските граѓани дојдени во Атина за работа како обични градежни работници, па дури и имигрантите кои продаваат разни производи нелегално размислуваат за враќање назад дома.
Младиот Димитрис, студент по социологија на факултетот „Пантио“ во Атина пред еден месец се врати назад во Лариса. Има уште неколку испити за да го заврши факултетот, но поради финансиски проблеми беше принуден да замине назад во родната Лариса. „Моите родители плаќаа за станот во Атина. Меѓутоа татко ми летово беше отпуштен од работа и тоа силно не погоди финансиски. Ги разгледавме опциите, јас се обидов да најдам работа, барем и хонорарно нешто во Атина, но не ми успеа. Во Атина месечно плаќав 200 евра кирија, а ми даваа и околу 300-400 евра во месецот за излегување и трошоци. Но, само со една плата дома не можеме веќе да ги поднесеме овие трошоци. Заминав, па ќе доаѓам за време на испитните сесии само за да полагам“, вели 22-годишниот Димитрис. Ни раскажува дека за да заштеди на трошоци за храна во Атина, како и на секој друг студент, неговите секоја недела му испраќале зготвена храна во пакет по автобус, додека па за излегување преферирал или да се соберат дома друштво или да одат во некој од поефтините студентски кафулиња.
„Ретко кој колега од факултет има најдено работа. Некои се уште студираат, а оние кои завршија или се невработени и бараат работа, или пак се одлучуваат да одат на магистерски.
Како во Македонија !?
Оние кои се невработени и се во Атина имаат финансиска поддршка од родителите, или им ги плаќаат становите или едноставно живеат со родителите заедно. Никој се нема отселено да живее сам и сам да си ги плаќа сите трошоци сега за сега“ додава Димитрис.
Неговата пријателка Христина, дипломиран правник, во моментов е на стенд-бај за постдипломски студии на правниот факултет во Солун. Штрајковите на професорите и студентите и затворените факултети ја оневозможиле на време да земе потврда од факултетот и да аплицира за стипендија за магистерските кои на државниот факултет чинат 9.000 евра. „Ти се случуваат вакви работи и потоа си велиш зошто да останеш тука и да ги дадеш тие пари кога со истата сума можеш да одиш на магистерски во Англија. Со се ова што се случува во државата кога луѓе се запишуваат на факултет нивните познати им коментираат дека тоа е првиот чекор до запишување на листата на невработени. Дојдовме до степен факултетите во Грција само да нудат една диплома како парче хартија, а не добра основа за работа. Се повеќе студенти, мои пријатели се водат по мотото дека не студираат за да научат туку студираат за да најдат што побрзо некоја работа “, објаснува Христина.
За студентскиот живот вели дека значително се изменил минатата година. Ако претходно повеќе излегувале сега се повеќе се собираат дома на седенки. „Некој ќе донесе кафе, некој сок, друг нешто благо и седиме дома наместо да седиме во кафулињата. Дома и да огладниме со една или две кесички шпагети многу поевтино ќе се најадеме сите.
Студентите како Димитрис и Христина се спремаат и за посурова есен, затоа што се очекува поскапување на прехранбените производи, веќе се поскапени цигарите за 20-50 центи, а се очекува поскапување и на алкохолот, по што би се очекувало ноќниот живот да стане уште по пуст низ Грција. Цените за ноќниот живот за оние кои преферираат излегување во клубови и се без сопствено возило се толку високи што пред секое излегување постои дилемата дали да се излезе или со тие пари да си купите нов чифт чевли или пантолони. Пијалаците се движат од 8 до 10 евра, додека пак коктелите по цена од 15 евра се веќе во категоријата недозволено овошје. Влезот во дискотеките се движи од 10 до 20 евра, со вклучен пијалок, а оние што се без сопствен автомобил се одлучуваат да останат надвор до 5 часот наутро и потоа да фатат метро или автобус за да не плаќаат дополнително за такси превоз.
Меѓутоа ноќниот живот е само дел од секојдневните трошоци. Месечната карта за јавен превоз е 45 евра, 20 евра ако се возите само со автобуси, трамвај и тролејбуси, додека пак карта за едно возење е 1.40 евра. Државата предложи и измена на даноците за храната во рестораните и млечните ресторани што ќе ги излуди граѓаните. Така ако се одлучат да купат едно парче пита со сирење без оглед на тоа дали ќе јадат во ресторанот или за носење ДДВ-то ќе биде 23 отсто, додека пак ако земете блага пита со крем ако ја земете за носење ќе ви ја наплатат со ддв 13 отсто, а ако ја јадете во ресторанот 23 отсто. Уште еден момент е купувањето сендвич. Ако сендвичот е ладен и запакуван, има цена со 13 отсто данок, а ако побарате да ви го стоплат сендвичот, ДДВ-то скока на 23 отсто. Оние што размислуваат за свадби и крштевки од сега веројатно сами ќе си спремаат храна за гостите затоа што цените за храната за кетеринг на вакви настани скокаат на 23 отсто.
Предизвик се и цените во маркетите и цените на пазарите. Векна леб се движи од 50 до 90 евроценти, кило јаболка во зависност од сортата варира од 1.20 до 1.73 евро, млекото чини 1.40 евра, а толку се и јогуртот и киселото млеко, додека пак 400 грама спакувано парче фета ќе ве чини од 4 до 6 евра во зависност од брендот. Супермаркетите за да се справат со поевтината конкуренција „Лидл“ се повеќе форсираат поевтини производи со брендот на самиот маркет. Синџирот супермаркети „Карфур“ во моментов има силна кампања за евтина линија прехранбени производи и електрични уреди во сопствено производство во впечатливо бело пакување, додека, пак, супермаеркетите „АБ“ веќе подолго време имаат своја линија на поевтини прехранбени и козметички производи. Покрај тоа, традиционално, секоја сабота големите маркети имаат понуди за попусти на голем дел од производите.
Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=10A3E475FD45244C82B25E65A2BC234C