Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Факт е дека не се доволно запознаети и дека сексуалната едукација изостанува. Меѓутоа проблемот е што и да постави некој од нив прашање, одма од останатите добива смеење, иронија, сарказам и тролање, наместо паметен одговор. Не можам, а да не го споменам форумов како пример. Секогаш кога некое девојче или машко (14-17 год.) ќе постави прашање поврзано со секс, секогаш се дочекувани со исмевање, иронија, обиди за сарказам level House, па имаш натпревар меѓу членовите кој поголема навреда или повицкаст пост ќе напише, некои се поставуваат со толкава ароганција, што на тоа момче или девојче што ќе праша потоа ќе му биде срам било кога пак да постави прашање. За постарите или поискусните можеби некое прашање е смешно, но никој не се родил учен и подобро да праша и да дознае, отколку од срам да постави прашање да направи глупост, па после да си ја треска главата од земја. Некои луѓе кога ќе наполнат 18 години, се однесуваат како амнезија да добиле, па не паметат дека и тие врска немале кога биле помали.
Тие деца се во пубертет, чудни промени им се случуваат, телата им се менуваат, љубопитноста им се зголемува и не е начин да ги исмееш кога ќе прашаат нешто, макар и најсмешно било прашањето.
Тие деца се во пубертет, чудни промени им се случуваат, телата им се менуваат, љубопитноста им се зголемува и не е начин да ги исмееш кога ќе прашаат нешто, макар и најсмешно било прашањето.