Mладите денес!

  • Креатор на темата Креатор на темата Kallista
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Локација
Скопје.
Се мислев каде да ја ставам темава , некако најприкладно ми беше тука , бидејќи содржи дел од политика малку психологија итн. Кратко сакав да го пренесам моето мислење околу една актуелна тема денес.

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ДЕНЕШНИТЕ МЛАДИ ЛИЧНОСТИ? ЗОШТО 50% ОД МЛАДИТЕ СЕ НЕВРАБОТЕНИ ? ДАЛИ Е ВО ПРАШАЊЕ САМО ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА ИЛИ ДРУГО ?


Нашиот општествен , а посебно стопански амбиент денес за жал е прилично мрачен , корумпиран , тесен што едноставно секој што е доволно смел да го спаси сопствениот живот просто се принудува - или да бега надвор од државава , или да прифати " крпење - трпење ", или да се спои со криминалот ( 60 % од народот преживуваат на овој начин ! ! ! ). Сиромаштијата е голем порок , а против неа со работа секогаш може да се борите !

  • Но како да се совлада тагата безнадежноста во очите на младината во оваа земја ?!:toe:
  • Kако да се справиме со трагичниот духовен пад , кој се согледува во речиси организираните поплави на кич , криминал .... во целосно изместениот и веќе навредувачки систем на вредности , кој е вистинска навреда за здравиот разум , правдата и човековата чесност !
Некои вината ја бараат во владата . НО ПРАВИЛАТА НА ДЕМОКРАТИЗАЦИЈАТА СЕ ЈАСНИ , А ПОНЕКОГАШ И СУРОВИ , ЗАШТО ПОДРАЗБИРААТ ПОЛИТИЧКА ЗРЕЛОСТ И ОДГОВОРНОСТ ! НАРОДОТ ЈА ИЗБИРА ВЛАСТА И ДАВА ДОЗВОЛА ДА УПРАВУВА СО ОПШТЕСТВОТО !​




ДА БИДЕМЕ НА ЧИСТО *** ИЗБРАНАТА ВЛАСТ Е ОГЛЕДАЛО НА НАРОДОТ . А ОГЛЕДАЛОТО НИКОГАШ НЕ Е ВИНОВНО ШТО ЛИЦЕТО Е ГРДО !
 
Затоа што сме мрзливи полтрони кои се навикнати на системот Тато носи Мама меси. А кога ќе дојде јајцето на гзот тогаш крив е Цацко.
 
Колку и да е лоша ситуацијата и глобално и (особено) локално морам да се согласам со Точкестиот...
Од сите тие што ги знам не работат само оние на кои што не им се работи (без разлика дали го признаваат директно, или не). Треба малце и младиве (уф.. остарев) да се замислат што праат со себе, со животот, и што уствари они очекуваат од околината.
Можам да ти набројам еден куп фирми кои што упорно го намалуваат прагот на барани способности со цел да дојдат до (веќе) било каков кадар... без успех!

Чисто пример, некои од огласите за вработување на кои што налетувам во последно време, од наши компании, парафразирани гласат: бараме луѓе, не е битно дали се дипломирани или не, дали имаат искуство или не. Што сакате повеќе?
 
Одговорот е : постојат светски стандарди и сфаќања и постојат уникатни македонски стандарди и сфаќања. Нема бегање од тоа.
 
Затоа што сме мрзливи полтрони кои се навикнати на системот Тато носи Мама меси. А кога ќе дојде јајцето на гзот тогаш крив е Цацко.


Па да се сложувам и ова е една од најважните причини . Но што е со духовноста кај младите ? Што секојдневието им е полно со глупости , кич работи или таканареченото " модернизирање ". Поради која причина се донесовме како народ до ова ниво да бидеме хедонисти грубо кажано легни, спиј, јади и уживај - само да се гледа на материјалното . Што викаш и ти да чекаме од мама и тато да ни го избришат дури и газот . Имаше една добра реплика во диво семе . Одприлика беше :
"Вие македонците сте осудени на постојано пропаѓање . Дупка без дно ! Зашто ако го допреме дното тоа е веќе дефинитивиното , крајното . Туку на ист начин , во исти дупки тврдоглаво и упорно , без притоа да се обрне внимание и да се извлече поука од сето тоа !"

Колку и да е лоша ситуацијата и глобално и (особено) локално морам да се согласам со Точкестиот...
Од сите тие што ги знам не работат само оние на кои што не им се работи (без разлика дали го признаваат директно, или не). Треба малце и младиве (уф.. остарев) да се замислат што праат со себе, со животот, и што уствари они очекуваат од околината.
Можам да ти набројам еден куп фирми кои што упорно го намалуваат прагот на барани способности со цел да дојдат до (веќе) било каков кадар... без успех!

Чисто пример, некои од огласите за вработување на кои што налетувам во последно време, од наши компании, парафразирани гласат: бараме луѓе, не е битно дали се дипломирани или не, дали имаат искуство или не. Што сакате повеќе?


Можеби сеуште спијат на тоа увце дека одкога ќе заврши факултет одма газот ќе си го стави на директорска столица, без притоа малце да се испоти .
 
Можеби сеуште спијат на тоа увце дека одкога ќе заврши факултет одма газот ќе си го стави на директорска столица, без притоа малце да се испоти .

Ете го муабетот што го праам постојано, тоа демек од факултетот куцало магарето. И одкако ќе се заврши факултетот и се најде работа ко келнер-шанкер (не омаловажувам со ова да се разбереме) ќе почнат да го дрват со тоа како државата не им НУДИ работа.
Па мамата, да не сакате на врата да ви дојдат и да ве молат?

Јес да иам некои 20 години, и јес да неам факултет али си го препотив гзот за работното место, и имам полно право да се курчам :):):)
 
јес да неам факултет али си го препотив гзот за работното место

Од лично искуство во соработка и со дипломци, постдипломци, доктори и деца со средно, оваа варијанта произведува страшно поквалитетни кадри од смешките од факултети кај нас (зборам и за приватни и за државни).
 
Ете го муабетот што го праам постојано, тоа демек од факултетот куцало магарето. И одкако ќе се заврши факултетот и се најде работа ко келнер-шанкер (не омаловажувам со ова да се разбереме) ќе почнат да го дрват со тоа како државата не им НУДИ работа.
Па мамата, да не сакате на врата да ви дојдат и да ве молат?

Јес да иам некои 20 години, и јес да неам факултет али си го препотив гзот за работното место, и имам полно право да се курчам :):):)

Така е ! Еве баш еден пример ќе ти кажам . Едниов завршил средно стручно, да речеме информатика и од приватни причини не можел да факс да се упише па принудно се запослил. Си ја сакал струката ама ете желбата е едно , можностите сосем друго. За разлика од друг кој се запишува на факс и си ги зема испити просечно да кажам . Додека едниов учи , другиов со средно веќе за тие години стекнал добро искуство ( ако збориме за човек со труд ) , оставил добар впечаток кај газдата и најбитно доверба. Во тие неколку години работење и со носење на поголем профит во нормални услови добива повисоко работно место. И сеа пази истиов со факс доаѓа во истата фирмата како почетник и разбира дека раководителот пример му е со средно. И почнува да се буни мисли дека гаранција му е факултетот , не остава простор да се докаже и да стекне доверба. И на крај напушта мн му било тешко , па топло па дрн дрн. Читав статистика пред некое време дека најневработени се тие баш со факултет. :toe:
 
еее какви се....не работат, цел ден пред ПЦ (купено од родителите),навечер искачање (со пари од родителите)...ете тоа е,
 
Зошто младите не се вработени?

Затоа што работата во Државна админстрација е единственото нешто кое тие го посакуваат, сите сакаат да седат цел ден и на 1ви да земат плата. Тоа треба да се заборави!

Не можам да сфатам како за еден интелектуалец (правник, економист и особено инжинер) може јавната админстрација да е предизвик. Додека вака размислуваме и не се цениме и проценуваме самите, не се стремиме кон постигнување на поголеми успеси во животот се до тогаш ќе ни биде ваква ситуацијата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom