Младински лиги и првенства!

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување
Во периодот од 14 до 16 декември во Струмица ќе се одржи мечународен турнир за кадети (родени 1993 година и помлади), во организација на КК Милениум.

На турнирот ќе учествуваат 6 екипи, поделени во две групи:

“А“ Група:
Цибона (Хрватска),
Рилски спортист (Бугарија),
Милениум (Македонија).

“Б“ Група
Борац (Србија)
Мандулинис (Грција),
Фершпед Работнички (Македонија).

На 14 и 15 декември се играат натпреварите по групи, а финалните борби се закажани за 16 декември (недела).
 
Во периодот од 14 до 16 декември во Струмица ќе се одржи мечународен турнир за кадети (родени 1993 година и помлади), во организација на КК Милениум.

На турнирот ќе учествуваат 6 екипи, поделени во две групи:

“А“ Група:
Цибона (Хрватска),
Рилски спортист (Бугарија),
Милениум (Македонија).

“Б“ Група
Борац (Србија)
Мандулинис (Грција),
Фершпед Работнички (Македонија).

На 14 и 15 декември се играат натпреварите по групи, а финалните борби се закажани за 16 декември (недела).

овие момци се добри, ако се уште тие деца шо ги знам дека тама играт
 
Вака заврши турнирот

1. Цибона
2. Борац
3. Милениум
4. Фершпед
5. Мандулинис
6.Рилски
 
cibona zasluzeno prva, dobra ekipa nema dilemi ( pobeda so domasniot milenium 95-75 ), samo se plasam da nemase nekoj falsifikate vo vrska so god. na raganje

a rilski sportist - samokov decata bea mnogu pomali od gen. 1993 i zasluzeno posledno mesto
 
Ова коло играме со Стипион...

Најверојатно сабота ќе биде Плејмејкер-Стипион...
 
19.12.2007 :: Резултати од младинските лиги

Резултати од 8. коло во младинските лиги на КФМ:

Прва лига за јуниори (родени 1990-1991 година)
“А“ Група
Фершпед Работнички - Куманово 77:51.

“Б“ Група
Торус - Вардар Центар 64:67.

Втора лига за јуниори (родени 1990-1991 година)
“А“ Група
Вардар Центар 1 - Поп Спорт ВСА 85:99,
Пантери - Вардар Осигурување 60:73,
АБА - Пиколо 58:60.

“Б“ Група
Санс - Вардар Центар 72:61.

Втора лига за помлади јуниори (родени 1992 година)
“А“ Група
Јуниор 1 (Скопје)- Пантери 69:50.

“Б“ Група
Јуниор (Скопје) 2 - Студент (Битола) 36:58.

Прва лига за кадети (родени 1993 година)
“А“ Група
Плејмејкер Центар - Борец 92:69,
Јуниор (Битола) - Вардар Центар 26:61,
Јуниор (Скопје) - Торус 64:52.

Втора лига за кадети (родени 1993 година)
“А“ Група
Милениум - Фершпед Работнички 65:57.

Прва лига за помлади кадети (родени 1994 година)
“А“ Група
Скупи 2020 - Водњански лисици 59:66,
Вардар Центар - Колибри 97:56.

Втора лига за помлади кадети (родени 1994 година)
“Б“ Група
Академија Баскет - Борец 53:23.

Прва лига за пионери (родени 1995 година)
“А“ Група
Фершпед Работнички - Поп Спорт ВСА 65:70,
Скупи 2020 - Плејмејкер Центар 41:55,
Водњански лисици - Јуниор (Скопје) 60:73.

Прва лига за јуниорки (родени 1990-1991 година)
Водњански лисици - Пантери 78:36,
Кимико - Младинец 38:59..

www.basketball.org.mk
 
KFM_sred.jpg


24.12.2007 :: Кадетите против Турција, Грција и Романија

Македонската У15 репрезентација во машка конкуренција ќе настапи на Балканијадата, која ќе се одржи од 27 до 29 декември во романскиот град Сибиу.

Македонија ќе игра против репрезентациите на Турција, Грција и Романија. Ќетирите селекции ќе играат меѓусебно, по што ќе биде познат конечниот пласман на Балканијадата.

Распоред на одигрување на натпреварите:

1. коло
27 декември (четврток)
Турција - МАКЕДОНИЈА (17.00 часот),

2. коло
28 декември (петок)
МАКЕДОНИЈА - Романија (19.15 часот),

3. коло
29 декември (сабота)
Грција - МАКЕДОНИЈА.

Боите на Македонија на Балканијадата ќе ги бранат следните кошаркари: Бранко Гавриловски (Гостивар), Горјан Марковски (Фершпед Работнички), Љубен Коцев (Вардар Осигурување), Никола Гајдаџиев (Вардар Осигурување), Дино Крезовиќ (Вардар Центар), Владимир Готиќ (Вардар Осигурување), Димитар Делипетров (Вардар Осигурување), Дарко Ѓорѓиевски (Плејмејкер Центар), Александар Ристов (Киндер Баскет), Даријан Сотироски (Вардар Осигурување), Михајло Михајловски (Вардар Осигурување), Ненад Станков (Вардар Осигурување).


www.basketball.org.mk
 
Mene mi kazaja deka gi odlozile site utakmici edno kolo pred zavrsuvanjeto na ovaj del od prvenstovoto zaradi toa sto nekoj sali ne bile stopleni.Kolku e toa vistina ne znam ama logicno e taka da imaat napraeno.
 
Одмор,припреми,тренинзи тоа не очекува следно..
 
Za kogo kako.Jas ke se odmaram dodeka ne pocnime naskola.Kakvi treninzi, pripremi, uzivaj dodeka mozes zs posle ke zalis sto ne si go iskoristil vremeto za odmor veruvaj mi.
 
Ги известуваме сите кошаркарски клубови и школи, дека во Франција во текот на 2008 година ќе се одржат бројни турнири за млади кошаркари и кошаркарки. Тие ќе бидат одржани во повеќе градови ширум државата.

Во По од 21 до 23 март ќе се одржи турнир во женска конкуренција за родени во 1993 и 1994 година.

Во Виолен (во близина на Лил) од 9 до 12 мај ќе се игра турнир во женска конкуренција за родени 1990, 1991 и 1992 година.

Во Шантепи (предградие на Рен) на 17 и 18 мај ќе се одигра турнир во женска конкуренција за родени 1992, 1993 и 1994 година.

Во Сен Ромен ле Пуј (сместен на 80 километри од Лион) на 10 и 11 мај ќе се одигра турнир во женска конкуренција, за родени 1995 и 1996 година.

Во Комуне-Терне (оддалечен 20 километри од Лион) на 31 мај и 1 јуни ќе се одржат турнири во женска конкуренција за родени во 1990-1996 година.

Во Оксер на 13 и 14 септември ќе се одигра турнир во женска конкуренција за родени 1993 и 1994 година.

Во Самур од 21 до 23 март ќе се одигра турнир во машка и женска конкуренција за родени во 1993 и 1994 година.

Во Шатору од 11 до 13 април ќе се одржи турнир во машка и женска конкуренција за родени во 1995 и 1996 година.

Во Калуар (оддалечен 20 километри од Лион) на 31 мај и 1 јуни се игра турнир во машка и женска конкуренција за родени 1990-1992 година.

Во Сент Андре де Корси (ситуиран на 100 километри од Лион) на 7 и 8 јуни ќе се одиграат турнири во четири возрастни групи: во машка и женска конкуренција за родени во 1997 и 1998 година; машка и женска конкуренција за родени во 1995 и 1996 година; во машка и женска конкуренција за родени во 1993 и 1994 година; во машка и женска конкуренција за родени 1990-1992 година.

Во Амиен (оддалечен 100 километри од Париз) од 30 мај до 1 јуни ќе се одржи турнир во машка и женска конкуренција за родени во 1993 и 1994 година.

Во Прис (на 80 километри од Лион) на 7 и 8 јуни ќе се одржи турнир во машка и женска конкуренција за родени во 1995 и 1996 година.

Во Мартиг (оддалечен 30 километри од Марсеј) од 22 до 24 март ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени 1990-1992 година.

Во Шербур (оддалечен 250 километри од Париз) од 21 до 23 март ќе се одигра турнир во машка конкуренција за родени 1990-1992 година.

Во Бурбур (оддалечен 200 километри од Париз) од 22 до 24 март ќе се одигра турнир во машка конкуренција за родени во 1997 и 1998 година.

Во Ескоден (оддалечен 250 километри од Париз) од 22 до 24 март ќе се одигра турнир во машка конкуренција за родени во 1993 и 1994 година.

Во Бервилер (оддалечен 20 километри од Милуз) на 22 и 23 март ќе се одигра турнир во женска конкуренција за родени во 1990-1992 година.

Во Ардр (оддалечен 200 километри од Париз) од 10 до 12 мај ќе се одигра турнир во машка конкуренција за родени во 1995 и 1996 година. Овој турнир се наоѓа на официјалниот календар на ФИБА.

Во Реим (оддалечен 100 километри од Париз) на 1 јуни ќе се одржат два турнира. Првиот е во машка конкуренција за родени во 1995 и 1996 година, додека вториот е во машка конкуренција за родени во 1997 и 1998 година.

Во Фор (оддалечен 60 километри од Лион) на 31 мај и 1 јуни ќе се одржат три турнира во женска конкуренција: за родени во 1995 и 1996 година; за родени во 1993 и 1994 година и за родени 1990-1992 година.

Во Ле Гран Лам (оддалечен 80 километри од Лион) на 10 и 11 мај ќе се одржат два турнира во машка и женска конкуренција: за родени во 1993 и 1994 година и за родени во 1990-1992 година.

Во Вилфранш-Божоле (на 50 километри од Лион) на 10 и 11 мај ќе се одржи турнир во машка и женска конкуренција за родени во 1997 и 1998 година.

Во Венеј (оддалечен 20 километри од Марсеј) од 10 мај и 12 мај ќе се одржат четири турнира во машка и женска конкуренција: за родени во 1997 и 1998 година; за родени во 1995 и 1996 година; за родени во 1993 и 1994 година и за родени 1990-1992 година.

Во Бур на Рона (на 15 километри од Париз) на 31 мај или 1 јуни ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени во 1990-1992 година.

Во Грас (на 30 километри од Ница) од 22 до 24 март ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени во 1990-1992 година.

Во Гипава (на 10 километри од Брест) од 22 до 24 март ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени во 1990-1992 година.

Во Ла Рош сур Јон (на 60 километри од Нант) од 21 до 24 март ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени во 1992 и 1993 година.

Во Монбрисон (на 60 километри од Лион) од 21 до 23 март ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени во 1995 и 1996 година.

Во Туркоан (на 180 километри од Париз) од 22 до 24 март ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени во 1998 година.

Во Салие ду Сала (оддалечен 70 километри од Тулуз) на 31 мај и 1 јуни ќе се одржат два турнира во женска конкуренција: за родени во 1993 и 1994 година и за родени во 1990-1992 година.

Во Арас (оддалечен 180 километри од Париз) од 6 мај и 12 април ќе се одржат седум различни турнири во машка и женска конкуренција: во машка и женска конкуренција за родени во 1997 и 1998 година (6 април); во машка конкуренција за родени во 1993 и 1994 година (7 април); во женска конкуренција за родени во 1993 и 1994 година (8 април); во машка конкуренција за родени 1990-1992 година (9 април), во женска конкуренција за родени 1990-1992 година (10 април), во машка и женска конкуренција за родени во 1995 и 1996 година (11 април).

Скоро на сите турнири организаторот ги сноси трошоците за сместувањето и исхраната. Клубот учесник на турнирот ги сноси трошоците околу превозот.

Бројот на учесниците на сите турнири е ограничен, и затоа е потребно колку е можно побргу да се аплицира за учество на нив.

Сите заинтересирани може да се обратат за подетални информации во канцеларијата на КФМ.

www.basketball.org.mk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom