Ги известуваме сите кошаркарски клубови и школи, дека во Франција во текот на 2008 година ќе се одржат бројни турнири за млади кошаркари и кошаркарки. Тие ќе бидат одржани во повеќе градови ширум државата.
Во По од 21 до 23 март ќе се одржи турнир во женска конкуренција за родени во 1993 и 1994 година.
Во Виолен (во близина на Лил) од 9 до 12 мај ќе се игра турнир во женска конкуренција за родени 1990, 1991 и 1992 година.
Во Шантепи (предградие на Рен) на 17 и 18 мај ќе се одигра турнир во женска конкуренција за родени 1992, 1993 и 1994 година.
Во Сен Ромен ле Пуј (сместен на 80 километри од Лион) на 10 и 11 мај ќе се одигра турнир во женска конкуренција, за родени 1995 и 1996 година.
Во Комуне-Терне (оддалечен 20 километри од Лион) на 31 мај и 1 јуни ќе се одржат турнири во женска конкуренција за родени во 1990-1996 година.
Во Оксер на 13 и 14 септември ќе се одигра турнир во женска конкуренција за родени 1993 и 1994 година.
Во Самур од 21 до 23 март ќе се одигра турнир во машка и женска конкуренција за родени во 1993 и 1994 година.
Во Шатору од 11 до 13 април ќе се одржи турнир во машка и женска конкуренција за родени во 1995 и 1996 година.
Во Калуар (оддалечен 20 километри од Лион) на 31 мај и 1 јуни се игра турнир во машка и женска конкуренција за родени 1990-1992 година.
Во Сент Андре де Корси (ситуиран на 100 километри од Лион) на 7 и 8 јуни ќе се одиграат турнири во четири возрастни групи: во машка и женска конкуренција за родени во 1997 и 1998 година; машка и женска конкуренција за родени во 1995 и 1996 година; во машка и женска конкуренција за родени во 1993 и 1994 година; во машка и женска конкуренција за родени 1990-1992 година.
Во Амиен (оддалечен 100 километри од Париз) од 30 мај до 1 јуни ќе се одржи турнир во машка и женска конкуренција за родени во 1993 и 1994 година.
Во Прис (на 80 километри од Лион) на 7 и 8 јуни ќе се одржи турнир во машка и женска конкуренција за родени во 1995 и 1996 година.
Во Мартиг (оддалечен 30 километри од Марсеј) од 22 до 24 март ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени 1990-1992 година.
Во Шербур (оддалечен 250 километри од Париз) од 21 до 23 март ќе се одигра турнир во машка конкуренција за родени 1990-1992 година.
Во Бурбур (оддалечен 200 километри од Париз) од 22 до 24 март ќе се одигра турнир во машка конкуренција за родени во 1997 и 1998 година.
Во Ескоден (оддалечен 250 километри од Париз) од 22 до 24 март ќе се одигра турнир во машка конкуренција за родени во 1993 и 1994 година.
Во Бервилер (оддалечен 20 километри од Милуз) на 22 и 23 март ќе се одигра турнир во женска конкуренција за родени во 1990-1992 година.
Во Ардр (оддалечен 200 километри од Париз) од 10 до 12 мај ќе се одигра турнир во машка конкуренција за родени во 1995 и 1996 година. Овој турнир се наоѓа на официјалниот календар на ФИБА.
Во Реим (оддалечен 100 километри од Париз) на 1 јуни ќе се одржат два турнира. Првиот е во машка конкуренција за родени во 1995 и 1996 година, додека вториот е во машка конкуренција за родени во 1997 и 1998 година.
Во Фор (оддалечен 60 километри од Лион) на 31 мај и 1 јуни ќе се одржат три турнира во женска конкуренција: за родени во 1995 и 1996 година; за родени во 1993 и 1994 година и за родени 1990-1992 година.
Во Ле Гран Лам (оддалечен 80 километри од Лион) на 10 и 11 мај ќе се одржат два турнира во машка и женска конкуренција: за родени во 1993 и 1994 година и за родени во 1990-1992 година.
Во Вилфранш-Божоле (на 50 километри од Лион) на 10 и 11 мај ќе се одржи турнир во машка и женска конкуренција за родени во 1997 и 1998 година.
Во Венеј (оддалечен 20 километри од Марсеј) од 10 мај и 12 мај ќе се одржат четири турнира во машка и женска конкуренција: за родени во 1997 и 1998 година; за родени во 1995 и 1996 година; за родени во 1993 и 1994 година и за родени 1990-1992 година.
Во Бур на Рона (на 15 километри од Париз) на 31 мај или 1 јуни ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени во 1990-1992 година.
Во Грас (на 30 километри од Ница) од 22 до 24 март ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени во 1990-1992 година.
Во Гипава (на 10 километри од Брест) од 22 до 24 март ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени во 1990-1992 година.
Во Ла Рош сур Јон (на 60 километри од Нант) од 21 до 24 март ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени во 1992 и 1993 година.
Во Монбрисон (на 60 километри од Лион) од 21 до 23 март ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени во 1995 и 1996 година.
Во Туркоан (на 180 километри од Париз) од 22 до 24 март ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени во 1998 година.
Во Салие ду Сала (оддалечен 70 километри од Тулуз) на 31 мај и 1 јуни ќе се одржат два турнира во женска конкуренција: за родени во 1993 и 1994 година и за родени во 1990-1992 година.
Во Арас (оддалечен 180 километри од Париз) од 6 мај и 12 април ќе се одржат седум различни турнири во машка и женска конкуренција: во машка и женска конкуренција за родени во 1997 и 1998 година (6 април); во машка конкуренција за родени во 1993 и 1994 година (7 април); во женска конкуренција за родени во 1993 и 1994 година (8 април); во машка конкуренција за родени 1990-1992 година (9 април), во женска конкуренција за родени 1990-1992 година (10 април), во машка и женска конкуренција за родени во 1995 и 1996 година (11 април).
Скоро на сите турнири организаторот ги сноси трошоците за сместувањето и исхраната. Клубот учесник на турнирот ги сноси трошоците околу превозот.
Бројот на учесниците на сите турнири е ограничен, и затоа е потребно колку е можно побргу да се аплицира за учество на нив.
Сите заинтересирани може да се обратат за подетални информации во канцеларијата на КФМ.
www.basketball.org.mk