the Consigliere
не читам дугачки постови
- Член од
- 17 јуни 2007
- Мислења
- 5.595
- Поени од реакции
- 263
Јасен е насловот на темата .
Има уште 2 недели до стартот на континенталниот шампионат , играчите веќе се речиси селектирани и добро се познати составите на репрезентациите . Секое првенство се раѓа некоја нова ѕвезда која испливува и веднаш по турнирот е во центарот на вниманието . На минатиот шампионат тоа беше домашниот Руди Фернандез кој годинава беше едно од откровенијата во НБА лигата .
Константинос Куфос е едно од имињата кои во минатите години доста често се спомнуваа во соседна Грција . Често нарекуван наследникот на легендарниот Фасулас, ова младо момче кое се школуваше и растеше во САД ги привлече скаутите и менаџерите и веќе со 20 години е еден од најголемите потенцијали на грчката кошарка .Драфтуван е од Јута Џез, а со помладите категории на својата земја има сребро од минатогодишниот У-20 шампионат . Се очекува селекторот Казлаускас да му додели рамноправна минутажа со поискусните Скорцинаитис и Бурусис .
Србија на ЕП доаѓа во подмладен состав, но со играчи кои имаат доста искуство во играњето на еврокуповите . Познатото ТНТ трио на Партизан составено од Трипковиќ,Величковиќ и Тепиќ се очекува да го понесе главниот товар во нападот .Сите се кошаркарски едуцирани и со доста искуство во помладите категории каде што ги имаат освоено сите можни трофеи .Прашање на време е кога овие момци ќе бидат водечки ликови во европската кошарка, иако и сега се доста актуелни со нивните преминувања во големите клубови како Реал,Хувентуд и Панатинаикос. Како и да е, тие на овој шампионат треба да блеснат и да и го вратат сјајот на српската кошарка .
Сепак, како најголема млада ѕвезда се најавува вториот пик на овогодинешниот НБА драфт, 18-годишниот шпанец Рики Рубио . Зад себе веќе има 2 големи натпреварувања како ЕП во Полска и Олимпијадата во Пекинг , но со речиси епизодни улоги . Овојпат за Шпанија нема да настапи Хозе Калдерон кој во минатите 7 години беше незаменлив на местото организатор на играта . Соочени со неговото неиграње,шпанците мораат да се потпрат на Рубио кој има покажано дека има и знаење и храброст да биде голем играч . Медиумите веќе на големо шпекулираат дека тој би можел да биде откровението на овој шампионат .
Ваши фаворити ...