Млади фудбалски таленти - странци

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
Serge Gnabry и Tomas Eisfeld од Арсенал. Гнабри поседува страшна техника и оваа сезона потпиша професионален договор, а Ајсфелд сличен на Геце од школа на Борусија. :icon_lol:
 
Patrickbamford300x200.png
Патрик Бемфорд, 19 години, напаѓач, моментално е на позајмица во МК Донс, инаку во Челзи дојде минатата зима за 1.5м од Нотингем Форест.
За резервите на Челзи има извонредна статистика заедно со Феруз, типичен гол играч е, налик Чичарито, Инзаги и остали мајстори со неверојатно чувство за гол. Повеќе овде.

0,,10268~9998386,00.jpg
Ромелу Лукаку, 19 години, моментално на позајмица во ВБА, дојде од Андерлехт во Челзи за неверојатна сума од 18м на само 18 години. За многу критичари Ромелу е новиот Дрогба, за некого тој е само Ромелу, но едно е дефинитивно, момчево има неверојатен талент и физички предиспозиции да биде еден од најдобрите, ќе видиме како ќе се одвива и развива неговата кариера, засега е 3 најефикасен напаѓач во ПЛ после Џеко и Суарез, иако често пати влегуваше од клупа. Повеќе овде.

0,,10268~11176353,00.jpg
Лукас Пиазон, плејмејкер кој дојде во Челзи минатата зима од бразилскиот Сао Паоло. Од земјата на фудбалот дојде со прекар 'Новиот Кака'. Според тоа што го прикажа во Челзи дефинитивно е голем талент и се работи за исклучително квалитетен техничар кој знае со топка да игра, колку ќе се развие во Челзи е знак прашање особено сега откако во Челзи дојдоа играчи од тип на Оскар и Хазард кои се на негова позиција. За Челзи имаше неколку настапи за прв тим, и имаше солидни партии.

Од редовите на Челзи уште еден млад играч што би вредел да се спомне е младиот Ислам Феруз, кој мене лично ми е еден од поинтересните млади играчи за следење, на кратко ќе кажам дека е Руни тип на играч, и многу очекувам од него, затоа што и многу ветува, моментално за Академијата на Челзи е главен играч.

Доволно е за младите играчи на Челзи, подоцна ќе напишам и за други млади играчи од други клубови кои ми се интересни и ги сметам за големи таленти, да не испадне дека само Челзи го форсирам овде. Овие 4ца играчи се единствено нешто добро од Академијата на Челзи после Џон Тери и Рајан Бертран, и искрено се надевам дека еден ден ќе добијат шанса да се покажат како што доби Рајан под водство на Роби Ди Матео.
 
Hachim Mastоur кој има 15 години игра во примавера тимот, управата на Милан побарала дозвола за да игра во првиот тим.
http://bleacherreport.com/articles/...add-a-15-year-old-prodigy-to-their-first-team

Минатата сезона Bryan Cristante на 16 години имаше натпревар во ЛШ исто и Де Шиљо кој веќе почнува да го зазема местото во првиот тим.
За Bryan Cristante нема место има тешка конкуренција за неговата позиција инаку и тој ќе се најдеше во првиот тим.

За талент го сметам оној играч кој игра во голем клуб и е до 21-22 год тоа се најдобрите години за покажување на на талентот.
До 18 години ретко некој играч да покаже што знае.

Oскар на 20 год покажа колкав талент има, а не на 16 год кога никој не го ни знаеше дека постои.
--- надополнето: 28 ноември 2012 во 18:41 ---
Лукас Пиазон, плејмејкер кој дојде во Челзи минатата зима од бразилскиот Сао Паоло. Од земјата на фудбалот дојде со прекар 'Новиот Кака'. Според тоа што го прикажа во Челзи дефинитивно е голем талент и се работи за исклучително квалитетен техничар кој знае со топка да игра, колку ќе се развие во Челзи е знак прашање особено сега откако во Челзи дојдоа играчи од тип на Оскар и Хазард кои се на негова позиција.
Тоа е тоа што го мразам кај секоја управа и тренер.
Купуваат двајца играчи за 65 мил евра, а чуваат талент во школата или ќе го дадат на позајмица. Исто и моите зимаат играчи како Траоре кој цела сезона нема да ја види тревата, а не му даваат шанса на Кристанте.
И Челзи го следат овој играч.
Да е Ајакс, Порто, Барселона, Дортмунд дали вака ќе им прават на талентите.
 
За талент го сметам оној играч кој игра во голем клуб и е до 21-22 год тоа се најдобрите години за покажување на на талентот.
До 18 години ретко некој играч да покаже што знае.

Се сложувам со тебе.
 
Темава е што би било кога ги било. Многу млади играчи се губат па и поискусните не можат да го достигнат својот максимален потенцијал. Чиста споредба се Сахин и Видал, Сахин во Бундес беше за класа подобар од Видал ама кариерите им отидоа во различни правци.

И Јунајтед колку младинци има форсирано во прв тим и на крај тие завршуваат во Евертон и Њукасел во најдобар случај.
 
Па и јас тоа викам, некој што ептен почнал да блеска за млада репрезентација, младински тим, првотимци со стаж од 2-3 сезони не знам зашто се на темава кога сите ги знаеме. :eek: Не се тие веќе таленти, играчи се. Кажете некој еве ко овој Халиловиќ на пример што не се со стаж, овој Горецка.... Гледам погоре и 25 годишни ставале.

Како Филип Лазаров, уште талент е.
За таленти, ние што играме Football Manager повеќето ги знаеме.
 
Тоа е тоа што го мразам кај секоја управа и тренер.
Купуваат двајца играчи за 65 мил евра, а чуваат талент во школата или ќе го дадат на позајмица. Исто и моите зимаат играчи како Траоре кој цела сезона нема да ја види тревата, а не му даваат шанса на Кристанте.
И Челзи го следат овој играч.
Да е Ајакс, Порто, Барселона, Дортмунд дали вака ќе им прават на талентите.
Потполно се согласувам со тебе. Многу мразам политики како што тера Челзи, Милан или Реал Мадрид. Во сите 3 клуба има извонредни таленти и играчи во Академија, но ниту еден од овие тимови не ги форсира, ниту пак сака да им даде шанса да се докажат.
За Челзи можам уште сега да ти кажам какви играчи се испуштиле од нивна Академија, еден од тие е Скот Синклер за кого рекоа дека не е квалитет за Челзи, а еве го сега игра во Сити, дур играше за Свонси правеше растур на крило, прејак играч, а Челзи го карактеризираше ко недоволно талентиран. Плус на ова додај дека немаше менаџер пред Ди Матео кој има муда да им даде шанса во прв тим на млади играчи, Роби беше првиот после Мурињо.
Ама тоа е, кога има луѓе кои раководат со тим ко да раководат тим на Фудбал Менаџер.
 
Скот Синклер е земен во Сити за да имаат 8 англичани и да игра купови, не дека е којзнае шо :). Имаш у денешното издание на ДМ интервју со него и помошникот на Манчини , дека тој им бил договорот.
 
Скот Синклер е земен во Сити за да имаат 8 англичани и да игра купови, не дека е којзнае шо :). Имаш у денешното издание на ДМ интервју со него и помошникот на Манчини , дека тој им бил договорот.
Може, ништо чудно кога станува збор за Сити. Ама факт е дека во Свонси им беше лидер, и најак играч.
 
7561_crop_galeria__1__929698567.jpg


Бошиља, гази за Бразил на СП у-17.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom